За многу пациенти болни од рак, големите семејни вечери и забави што се дел од празничната сезона може да донесат стравови. Речиси секој што поминал низ лекување од болест која претставува закана за живот ќе ви кажат дека кога се опкружени од пријателите и фамилијата – далечни и блиски роднини – најверојатно ќе има еден гостин кој ќе има навика да даде несоодветна и неразумна изјава.
Дејна Манчали, пациентка која преживеала рак на дојка, се сеќава како организирала празнична забава во 2002 година за да го прослави крајот на лекувањето за таа година.
– Една жена дојде до мене и ми рече : Како можеш да бидеш толку среќна? Имаш рак ! Бев изненадена што не носеше црно на забавата, изјави Манчали.
Манчали неодамна ја изгуби својата идентична близначка од рак на града и во текот на годините двете составуваа листа на работи што никогаш не треба да ги кажете на пациент болен од рак.
Како што жените наизменично се бореа со болеста, тие заедно пронајдоа начини за да се соочат со нервозните, нечувствителните и едноставно чудни коментари со кои се сретнуваа и беа опкружени на јавните собири.
– Знам дека секој е погоден од ракот , но не сакам да слушам за никого. Тие буквално зборуваат за нивните кучиња што имале рак“. Ако се чувствувате необично, најверојатно и нешто необично ќе излезе од тоа, додаде таа.


Доктор Џо Таравела, психолог во институтот за рехабилитација во Њујорк , рече дека е природно да се чувствувате загрижено во присуство на некој за кого знаете дека е многу болен, особено на празничен социјален собир.
– Мислам дека во суштина луѓето не знаат што да кажат во тешки или тажни ситуации или кога ќе слушнат не толку добри вести. Луѓето едноставно не знаат што да прават со тоа. Наместо да слушаат, тие сакаат да дадат совет и да направат некој да се чувствува подобро, вели докторот.
Но Таравела додаде дека социјалните средби не се време за давање медицински совет, дури и може да изгледа чудно да не се зборува за проблемот за којшто секој е свесен, но никој не сака да зборува.
– Луѓето често ќе бидат нечувствителни, без разлика дали е намерно или не, рече тој.
Тој рече дека ако на социјален настан комуницирате со некој за кого знаете дека е сериозно болен, најдобро е да ја оставите личноста да го превземе водството и да определи за што сака да зборува, без разлика дали е временската прогноза или работата или лекувањето.
Таравела додава дека празниците се исто така време за повторно да се поврзете со луѓето, што е особено важно во случај кога е некој болен.
– Продолжете со плановите за во иднина и во крајна линија бидете свои, ако сте забавни останете забавни, а ако личноста сака да ја искаже својата тага сослушајте ја и не се обидувајте да и го одземете тоа, советува докторот.
За оние кои се соочуваат со сериозна болест, социјалните средби може да бидат стресни или анкциозни. Но, некои мислат дека малку хумор може да има влијание.
Сара која преживеала рак на дојка, вели дека додека била на лекување научила вредна лекција што и служи и денес:


– Не ги сфаќајте луѓето толку сериозно и охрабрете ги да го направат истото. На пример, ако некој досадува околу темата за вашата коса, може да кажете нешто како, “денес денот не ми е посветен на косата, вели таа.
Сара е основач на невладината фондација „Комедијата лекува“, која го користи хуморот како терапија за да помогне во подигнување на свеста за ракот, рече дека многу луѓе погрешно претпоставуваат дека и во (радосни) ситуации, личноста која боледува од рак сака или има потреба да разговара за прогнозата и лекувањето. Таа додава дека е прифатливо да се одговори едноставно велејќи дека би сакале да ја задржите таа информација за себе си или кажете нешто како ? – Ќе ви дадам ажурирани податоците за мојот рак, ако ми кажете шега.
Што НЕ треба да кажете на болен од рак за време на празниците или во било кој период во годината, навистина
НЕ:
„Ќе бидеш добро.“
„Се ќе биде добро.“
„Знам како се чувствуваш.“
„Колку е сериозно?“
„Господ не ти дава повеќе од она колку што можеш да поднесеш.“
„Имам (пријател, братучед, баба, роднина, куче, риба) што преживеа рак.“
„ Имам (пријател, братучед, баба, роднина, куче, риба) што почина од рак.“
„Зошто не ја пробаш оваа терапија за која што читав на интернет (или слушнав од пријател на мој пријател)?“
ДА:
„Ти треба ли нешто?“
„Може ли нешто на направам?“
„Сакаш да зборуваме за тоа?“
Среќен Божик, Нова Година) Многу ми е драго што те гледам!“