За околу 1,6 милиони Американци дијагностицирани со рак секоја година, да преживеат до празниците ги прави да чувствуваат личен триумф и голем благослов. Сепак, за многу пациенти со рак вечери во кругот на големото семејство и забави за празниците кои се дел од празничната сезона може да дојдат со елемент на страв. Скоро секој кој поминал низ третман за болест опасна по живот ќе Ви каже дека кога е опкружен со пријателите и семејството – и далечни и блиски роднини –  веројатно е дека таму ќе има барем еден гостин кој се чини дека секогаш ќе каже нешто погрешно во погрешно време.

Д-р Џо Taравелa, психолог од Langone’s Rusk Rehabilitation од Универзитетот во Њујорк, вели дека е природно да се чувствувате непријатно во присуство на некој што знаете дека е многу болен, особено во празнични социјални собири. “Мислам дека во основа на она што се случува е дека луѓето не знаат што да кажат во тешки ситуации, или тажни ситуации или кога ќе слушнат не-толку-добра вест”, изјавил Таравела. “Луѓето едноставно не знаат што да прават со веста. Наместо активно слушање, тие сакаат да даваат совети и да направат некој да се чувствува подобро.”

Но Таравела вели дека овие социјални средби не се време да се понуди медицинска помош, иако може да биде чудно да не се посочи на “розевиот слон во собата.”

“Луѓето често се случува да бидат нечувствителни, без разлика дали тоа е намерно или не”, вели тој.

Тој вели дека ако сте во интеракција на социјален настан со некој што знаете дека е сериозно болен, најдобро е да го оставите тоа лице само да ја преземе водечката улога и да одреди за што би сакало да разговара, без разлика дали тоа е времето или работата или неговиот третман за ракот.

Таравела додал дека празниците се исто така и време повторно да се поврзете со луѓето, што е особено важно во случај кога некој е болен. “Следете го правењето планови за иднината и на крајот бидете тоа што сте”, вели тој. “Ако сте смешни бидете смешни, доколку личноста сака да искаже тага, тогаш сослушајте ја и не се обидувајте да ја одземете од неа.”

За оние кои се справуваат со сериозна болест, социјалните средби може да им ги кинат нервите. Но, некои откриле дека малку хумор може да помогне да се продолжи патот.

Saranne Rothberg, која преживеала стадиум 4 рак на дојка, вели дека таа научила важна лекција, за време на третманот која продолжува да ја служи добро: Не ги сваќајте луѓето премногу сериозно и поттикнувајте ги самите да го сторат истото.

“Лично мислам дека хуморот е голем дифузер во социјалните ситуации, и дека ако во основа може да имате неколку реченици кои се вашите дефлектори, кои на љубезен начин го префрла разговорот во друга област или ја дифундира тензијата во ситуацијата, тоа би било голема стратегија “, изјавила таа за CBS News.

Rothberg, која е основач на Comedy Cures Foundation, непрофитна организација, која користи терапевтски хумор за да помогне да се подигне свеста за ракот, вели дека многу луѓе погрешно претпоставуваат дека дури и во (радосни) социјални ситуации, луѓето со рак сакаат или треба да разговараат за нивните прогнози и третмани. Rothberg вели дека е прифатливо да се одговори едноставно велејќи дека би сакале да ја задржите информацијата за себе. Или, пак, посочува таа, “Кажете нешто како:” Ќе ти дадам апдејт за мојот рак ако ми кажеш една шега. ”

Ако сеуште не Ви е јасно околу тоа што да кажете на некој болен од рак на празничниот собир (или било кое време од годината) еве еден брз буквар:

 

НЕ:

Ќе бидеш во ред.”

“Сè ќе биде во ред.”

“Знам како се чувствуваш.”

“Колку сериозно е тоа?”

“Господ не Ви дава повеќе отколку што можете да се справите.”

“Имам [пријател, роднина, баба, куче, риба], која го преживеа ракот.”

“Мојата [пријател, роднина, баба, роднина, куче, риба] само што почина од рак.”

“Зошто не го пробате овој третман, читав за него на интернет [или слушнале од пријател на пријател]?”

 

ДА:

“Дали има нешто што ти треба?”

“Дали има нешто што можам да направам?”

“Сакате ли да зборувате за тоа?”

“Среќен Божиќ, Среќна Нова Година, итн. Многу ми е драго да те видам!”

http://www.daily-journal.com