Почитувани,

На 06.06.2012 година (среда) , во 12 часот, Здружението за борба против рак – Борка – за секој нов ден, одржа прес конференција во Амфитеатарот на ЈЗУ Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во  Скопје, каде што беа соопштени деталите за набавениот нов кабинет за припрема на цитостатски лекови (дигестор), кој што беше дониран од страна на Здружението.

На прес конференцијата свои обраќања  имаа:

–  Г- ѓица Биба Додева, Претседател  на Здружението „Борка-за секој нов ден“, Скопје

– Др.Милан Ристески, в.д. Директор на ЈЗУ Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Скопје

Кабинетот  за припрема на цитостатски лекови (дигестор) беше набавен од собраните средства  од организираната донаторска забава – “Розова Ноќ 2011“ ,  во чест на одбележувањето на “Октомври  – Светски месец посветен на борбата против ракот на дојка”

На забавата  со свој перформанс се претстави балетското студио Ребис, се оддржа  модна ревија на перики и протетски градници специјализирани за жени кои се оперирани од рак на дојка. Беше оддржана модна ревија на која земаа учество и со свои креации се појавија голем број на истакнати модни  македонски дизајнерски имиња Елена Лука, Билјана Каран, Росица Мршич, Јасмина Дракул, Ношпал, Жан Мари и други…а на посебно изненадување на гостите беше присуството и настапот на познатата хрватска ѕвезда Џибони.

Донаторската забава беше подржана од првата дама на Македонија г-ѓа Маја Иванова.

Розовата Ноќ немаше да биде успешна доколку во организирањето на донаторската забава и набавката на дигесторот немаше поддршка од општествено одговорните компании.Борка изразува голема благодарност до  претставништвото Хофман ла Рош од Скопје, Алкалоид, Медикус хелп,  Козметичката компанија Есте Лаудер, Т-мобиле, Порше Македонија и Фармахем кои земаа учество и ја подржаа оваа донаторска забава заменета за купување на оваа нова и скапа апаратурам неопхпдна за нормално функционирање на УКРО.

Кабинетот за припрема на цитостатска терапија,  е дониран и поставен на ЈЗУ Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје на 22 Март 2012 година, а на 27 март 2012 година беше извршена и Обука и Фамилијаризација на Медицинските сестри на Клиниката за Онкологија и Радиотерапија, кои се задолжени да го користат Кабинетот, односно дигесторот за припрема на цитостатската терапија.

Активностите за борба против ракот ќе продолжат и во иднина и се надеваме дека  ќе организираме на уште многу вакви проекти, уште многу Розови Ноќи, кои ќе бидат фокусирани на обезбедување на средства за набавка на други слични апарати за здравствените институции.

Со почит,

Здружение за борба против рак

Борка – за секој нов ден