Здружението за борба против рак “Борка – за секој нов ден“, како полноправен член на Европската асоцијација за борба против рак на дојка “EUROPA DONNA“, на 03.11.2011 година организираше донаторска забава – “Розова Ноќ 2011“ , во чест на одбележувањето на “Октомври – Светски месец посветен на борбата против ракот на дојка”. Средствата собрани од донаторската забава беа наменети за набавка на нов кабинет за припрема на цитостатски лекови, кој е дониран на ЈЗУ Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Скопје.
По тој повод, на 06.06.2012 година (среда) , во 12 часот, ќе одржиме прес конференција во Амфитеатарот на ЈЗУ Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, каде ќе бидат соопштени деталите за горенаведената донација. На прес конференцијата свои обраќања ќе имаат:
– Г- ѓица Биба Додева, Претседател на Здружението „Борка-за секој нов ден“, Скопје
– Др.Милан Ристески, в.д. Директор на ЈЗУ Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Скопје
Со Почит,
Здружение за борба против рак „Борка-за секој нов ден“
Биба Додева Претседател
O коментари