Здружението за борба против рак „БОРКА-за секој нов ден„ од Скопје, и оваа година ќе го одбележи 4 февруари – светскиот ден за рак кој се одбележува на глобално ниво. Како полноправни членови  на Меѓународната унија против ракот(UICC) –глобален конзорциум на повеќе од 280 организации за борба против ракот во над 90 земји, секоја година од 2007 се приклучуваме во организација и реализација на активности за одбележување на овој ден.Оваа година ќе лансираме веб кампања со промоција на денот и информации за сите граѓани за методите на превенција од рак како потенцијално излечива болест,печатење на лифлети со базични информации за граѓаните, делење на лифлетите од страна на нашите волонтери во Скопје и градовите низ Македонија каде што Здружението има подружници, споделување на информации од јавен карактер за превенција, намалување на ризикот и третман на оваа болест преку веб порталот на Здружението и веб апликациите фб, твитер и сл, гостување на наши претставници по медиумите и други активности. На овај ден за прв пат ке биде објавена правно формалната регистрација на Сојузот на Здруженија„АЛИЈАНСА НА ПАЦИЕНТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ(АПО)„ во Македонија.