Светскиот ден на ракот е единечна иницијатива под која Унијата за меѓународна контрола на ракот (UICC), нејзините членови, партнери, поддржувачи и целиот свет може да се обединат во борбата против глобалната епидемија на рак.

Имено секое лице, организација и владини поединци го прават својот дел со што светот ќе го намали товарот за ракот и прерани смртни случаи од незаразни заболувања за 25% до 2025 година.

После многу години во кои што превенција на ракот беше срцето на кампањите за светскиот ден на ракот, во 2013 е одлучено да се стави фокус на 5 таргети за Декларацијата на светскиот ден на ракот: Отфрлете ги штетните митови и заблуди за ракот со водечкиот став “Ракот – Дали сте знаеле?”. Светскиот ден на ракот е можност да се подигне нашиот колективен глас во име за подобро споделување на вистинските факти за ракот и разрешување на заблудите околу оваа болест.

Зошто светскиот ден на ракот е толку важен?

Најблаго кажано, глобалната епидемија на рак е огромна и има голем потенцијал да се зголемува. Секоја година, околу 8 милиони луѓе умираат од рак и овие смртни случаи можат да се избегнат со зголемена владина подршка и финансирање за превенција, откривање и третман програми. Освен ако итно не се преземат мерки за подигање на свеста за ракот и развивање на практични стратегии за решавање на болеста, милиони луѓе ќе продолжат да умираат. Значајно е тоа што бројот на случаи со рак и смртните случаи од него е проценето двојно да се зголеми во текот на следните 20-40 години. Со најголем пораст се земјите со низок и среден приход, оние што се најмалку опремени да се справат со социјалните и економските последици од болеста. Во тесна соработка со Алијансата за незаразни заболувања, Унијата за меѓународна контрола на ракот одигра клучна улога во обезбедувањето на целта на Светската здравствена организација (СЗО), а тоа е 25% намалување на прерани смртни случаи од незаразните болести до 2025 година. Сепак, околу една третина од случаите на рак можат да бидат спречени и со светскиот ден на ракот. Тоа е идеална можност да се рашири зборот и да се подигне профилот на рак во умовите на луѓето и во светските медиуми.

Што претставува светскиот ден на ракот?

Светскиот ден на ракот се одржува секоја година на 4 Февруари и е единствена иницијатива според која целиот свет може да се обедини заедно во борбата против глобалната епидемија на рак.

Светскиот ден на ракот е иницијатива на Унијата за меѓународна контрола на ракот (UICC), која има за цел да се помогне да се спасат милиони и да се спречат смртни случаи секоја година со зголемување на свеста и едукација за ракот и придобивање на влади и поединци од целиот свет да преземат акција против болеста.

Цели

Светскиот ден на ракот 2013 е особено важен затоа што е 18 месеци по првиот сосотанок на високо ниво за незаразни заболувања и потпишувањето на политичката декларација за поддршка на превенцијата и контрола на овие катастрофални болести, вклучувајќи рак.

Затоа, Унијата за меѓународна контрола на ракот сака сите нејзини членови и партнери да ја поддржат во користењето на овој ден за да се охрабрат сите (поединци, заедници, граѓански општества и влади) да ја завршат својата улога во помагањето за намалување на глобалниот товар од ракот. Крајната цел е да се помогне во намалување на прераните смртни случаи од рак и други незаразни заболувања за 25% до 2025 година.

Тема на светскиот ден на ракот за 2013

Светскиот ден на ракот 2013 е на тема “Рак – Дали сте знаеле”, бидејќи се уште има многу митови и заблуди за болеста и овој ден е совршена можност да се направи луѓето да бидат свесни за нив и да ги отфрлат. Поголема свест и едукација за ракот може да доведе до позитивни промени на индивидуално, заедничко и политичко ниво и во континиумот на грижата за ракот. Светскиот ден на ракот 2013 ќе се фокусира на четири клучни митови преку разни материјали, со цел да се понуди подобро разбирање на ракот и ако е можно да се отфрлат целосно овие митови.

Кој може да учествува во светскиот ден на ракот 2013?

Сите! Секој кој смета дека може да му помогне на светот да го намали товарот што го носи оваа болест. На пример можете да ставите некој од овие постови на Вашата Фејсбук страна:

  • “денес дознав дека ракот не е само здравствен проблем: има големи постигнувања на социјално, економско, развојно ниво како и во импликација на човековите права“
  • “денес дознав дека ракот не е само здравствено прашање, туку целокупен пристап кој вклучува невладини организации, академски институции, приватниот сектор, луѓе кои живеат со дијагностициран рак и други, кои исто толку е важно да дадат подршка во спречување и контрола на ракот“
  • “денес дознав дека ракот не е само болест на богатите: тоа е глобално прашање и треба да се здобие со зголемување на јавниот здравствен проблем во посиромашните земји“
  • “денес дознав дека ракот не е само болест на постарите: тоа е една од водечките причини за смрт на деца од 5 до 14 години“
  • “денес дознав дека ракот не е само болест на постарите: повеќе од 750.000 смртни случаи со рак на грлото на матката и градата се забележани кај жени во период кога тие се во своите репродуктивни години“
  • “денес дознав дека ракот не е само болест на развиените земји: од 7.6 милиони смртни случаи на глобално ниво од канцер во 2008, повеќе од 55%  биле во помалку развиените земји во светот“

Примарна глобална порака за ракот

Глобалната епидемија на ракот е огромна и е во пораст. Тоа е болест која не познава граници и влијае или ќе влијае на сите нас, без разлика дали директно или индиректно во текот на нашиот живот.

  • економските трошоци од смртните случаи предизвикани од рак се поголеми од било која друга болест.
  • се проценува дека до 2030 година ќе има 12 милиони смртни случаи од рак годишно во светот.
  • степенот на епидемија на ракот бара глобален одговор.
  • повеќе од 600.000 смртни случаи секој месец кои му се припишуваат на ракот може да се спречат со зголемена владина поддршка и средства за превенција, откривање и програми за третирање.
  • СЗО смета дека смртни случаи од незаразни заболувања може да бидат намалени за 25% до 2025 година.

Глобалната цена за невршење пропаганда против ракот ги надминува трошоците на вршење на истата. Мерките за контрола на ракот имаат мерливи придобивки, како што се економските влијанија и намалување на губење на животот, кои ги надминуваат нивните трошоци.

  • економските трошоци за рак во светот се околу 458 милијарди долари годишно во САД и се очекува да се зголемат.
  • ефективни решенија постојат – 1.8 милијарди долари е цената за намалување на изложеноста на клучните фактори на ризик, како пушење, пиење и лошата исхрана.

Освен ако итно не се преземат мерки за подигање на свеста за ракот и развивање на практични, мултисекторски стратегии за решавање на оваа болест, милиони луѓе ширум светот ќе продолжат да умираат прерано или ќе страдаат секоја година. За секои 100 луѓе кои се разболуваат од рак, повеќе од 30 случаи можат да бидат спречени со водење на здрав начин на живот или со имунизација против инфекции кои предизвикуваат рак.

  • Бројот на прерани смртни случаи сега е повисок од вистинската бројка на смртни случаи предизвикани од ХИВ / СИДА, маларија и туберкулоза.

Клучни пораки на Унијата за меѓународна контрола на ракот (UICC) како чувари на светскиот ден на ракот

UICC е водечка меѓународна невладина организација посветена на спречување и контрола на канцерот во светот.

  • UICC е најголемата организација од ваков вид, со над 760 организации членки низ 155 земји кои ги претставуваат главните светски општества, министерства за здравје, истражувачки институти, центри за лекување и групи на пациентити
  • UICC е посветена да продолжи да работи со светските лидери со цел да ја зголемат нивната поддршка за мерки на контрола за ракот и одговорно одржување на обврските за ракот во Политичката декларација на ОН
  • UICC го користи Светскиот Ден на Ракот да лобира за:

1. Развивање на цели и индикатори за мерење на спроведувањето на политичките и други пристапи за спречување и контрола на ракот

2. Подигање на приоритети во глобалната развојна агенда

3. Промовирање на глобален одговор за ракот.

UICC и нејзините мултисекторски партнери се залагаат за убедување на владите да ги остварат целите кои се однесуваат на глобалниот товар од рак и други незаразни заболувања.

• UICC е исто така еден од основачите на Алијансата за незаразни заболувања, глобална граѓанска општествена мрежа која сега претставува речиси 2.000 организации во 170 земји.