Мастектомијата го менува текот на вашиот живот засекогаш. Обично се чуствувате не сигурно со вашиот нов изглед. Враќањето и задржувањето на самодовербата по мастектомија е многу важно. Гардеробата има голем удел во вашата самодоверба, затоа погрижете се и обезбедете си гардероба која ви прилега и во која ќе се чуствувате комфорно.

AtlanticOcean1

Овие денови актуелни се костумите за капење.

По операцијата, посакувате што поскоро да се вратите на вашите секојдневни рутини. Доколку пливањето е една од работите во кои што уживавте пред операцијата, сега имате уште повеќе причини да му се посветите. Со пливање се растегнува целото тело, се зајакнува кардиоваскуларниот систем, се подобува капацитетот на белите дробови и помага при намалување на стресот. Покрај многуте бенефити за физичкото здравје, пливањето исто така допринесува многу и за менталното здравје на жените што поминале низ период на мастектомија. Пливањето го освежува телото и го релаксира умот.

Ортопедските костумите за капење Amoena ви даваат самодоверба и слобода повторно да ја покажете вашата фигура како и да уживате во пливањето и сите други летни активности. Од широката палета од костуми можете да изберете совршени костуми за професионални пливачи, софистицирани класични едноделни костуми, како и модерни бикини со совршена поткрепа на градната протеза/протези.

 TasmanSeaTP_70553_aqua-coral

Костумите се кроени така што пределот под пазувите е малку повисок од стандардните костуми. Со тоа се обезбедува додатна сигурност, без прекуметно покривање. Еластичната лента под градите и специјално оформените корпи ја држат протезата блиску до градниот кош со што се спречува лизгањето на протезата и во случај кога костумот е мокар.

Тука можете да ја погледнете целата колекција на костуми за капење Лето 2013