Вагина – ете го, кажавме и напишавме.

И сега?200478019-001

Иако ова не е Вашата редовна тема на разговор за време на утринското кафе, неделниот ручек или попладневниот одмор, од гинеколошки аспект е важно прашање меѓу жените, кои често оваа тема ја туркаат под тепих и ја забораваат се додека не биде предоцна.

Најновите податоци открива дека младите жени во споредба со повозрасните се се’ помалку образовани и се понепријатно им е да разговараат за прашањата поврзани со проблемите на вагината и особено карциномите кои може да се јават.

Статистиките покажуваат дека 65% од младите жени на европско ниво имаат проблем со користење на зборови како вагина или вулва, додека една од пет девојки на возраст од 16-25 години не знае да наведе еден точен симптом на рак на вагината. Во меѓувреме, 40% од 16-25 годишни девојки прибегнуваат кон користење на тривијални термини како што се “овде долу” и сл.  кога разговараат за прегледите кај својот гинекол.

Краен и шокантен е фактот кој кажува  дека само половина од жените на возраст од 26-35 се во можност ја означат својата вагината точно.

Дами, девојки, женски – Ние мораме да го надмине ова.

Ви даваме краток преглед  на петте видови на рак на вагината, основни информации, кој е ризикот и како да ги препознаете:

Рак на маткатаWomb1

Што е тоа?

Ова е четвртиот најчест рак кај жените и е во пораст секоја година. Ова се должи на промените во нашиот начин на живот.

Кои се симптомите?

:: Вагинално крварење после менопаузата

:: Вагинално крварење помеѓу две менопаузи

 

Рак на грлото на маткатаCervical 2

Што е тоа?

Ракот на матката се развива на грлото на матката кое ги поврзува утробата на жената и нејзината вагина. Тоа може да влијае на жените од сите возрасти, но најчесто се јавува кај жените помеѓу 30-45 години и е многу ретка кај жени под 25 годишна возраст.

Кои се симптомите?

:: Секое невообичаено крварење од вагината особено: по секс и по менопаузата или по завршување на периодот.

:: Постојан вагинален исцедок со траги од крв, непријатен мирис.

Рак на јајнициjajnici 3

Што е тоа?

Рак на јајниците е четврта најчеста причина за смрт од рак кај жените и се смета за одговорен за најголем број на смртни случаи во споредба со останатите четири  канцери заедно. Тој главно се јавува во периодот на пост-менопауза т.е кај жените над 50, но може да се појави кај жените од сите возрасти.

Кои се симптомите?

:: Постојана  болка во карлицата и абдоминална болка

:: Зголемена абдоминална големина / постојана надуеност – не надуеност, кој доаѓа и исчезнува

:: Тешкотија при јадење и чувство на брза најаденост

:: Уринарните симптоми – потреба „олесните“  почесто од вообичаено.

Вагинален ракvagin 4

Што е тоа?

Вагинален карцином е многу ретка болест . Како пример, само 250 случаи се дијагностицирани во Велика Британија, секоја година – и најчесто се дијагностицира кај жени над 60 годишна возраст. Вагинален карцином се јавува кога клетките во поставата на вагината трпат промени.  Често овие промени не се доволни за да се јават канцерогени клетки, но ако не се лекува тие би можеле да бидат штетни.

Кои се симптомите?

:: Крварењето кога немате период  или крварење по менопаузата е најчестиот симптом. Појавата на крварење после секс е исто така еден од симптомите.

:: Вагинален исцедок што мириса или има траги од крв – околу 3 од 10 жени (30%) го имаат овој симптом

:: Болка за време на сексуален однос

:: Грутка во вагината кои вие или вашиот лекар може да го почувствувате на допир- 1 од 10 жени (10%) го имаат овој симптом

:: Вагинален јадеж што не престанува

:: Близу  20% од жените дијагностицирани со рак на вагината немаат никакви симптом. Многу од горенаведените симптоми можно е да се симптоми кои се должат на други состојби во вагината на пример  инфекции.

Вулвален ракvulv 5

Што е тоа?

Рак на вулвата е еден од ретките видови на рак. Околу 80% од вулвалниот рак се дијагностицира кај жени над 60 години, но фазите пред појавата на ракот се имаат тенденција да бидат дијагностицирани порано, кај жените на возраст од 30-50.

Кои се симптомите?

:: Постојано чешање

:: Болка или ранички

:: Задебелена, крената, кожата на вулвата со црвени, белиили темни дамки на  неа

:: Отворена рана или израстоци  видливи на кожата

:: Печење проследено со болка  кога ќе помине урина

:: Вагинален исцедок или крварење

:: Брадавица на вулвата која го менува обликот или бојата

:: Грутка или оток во вулвата

 

Следниот пат кога ќе одлучите да го одложите одењето кај Вашиот гинеколог, а чувствувате болка или промена во Вашата вагина, РАЗМИСЛЕТЕ повторно!!! Одењето на преглед веројатно ќе биде една од најдобрите одлуки која сте ја направиле тој ден.