Кружење со  рамената:

  • Подигнете ги рамената  додека  истовремено  го  држите стапот  со  рацете  и  крушете  со  рамениците кон  назад,  пет  пати
  • Кружете со рамената  кон напред, пет  пати

Ротирање на стапот:

  • Земете го стапот во  широчина  на  рамената пред градниот кош
  • Заротирајте го  стапот  на  една,  потоа  на  друга  страна
  • Повторете на секоја  страна  по  пет пати

Ротирање на  страна:

  • Земете го стапот пред  себе, заротирајте го  делото на  едната,   потоа  на  другата страна
  • Повторете пет пати  на  секоја  страна

Вежба со  истегнување:

  • Земете го стапот  со  двете  раце  и  подигнете го  над  главата, лесно  истегнете се на левата,  потоа  на  десната  страна
  • Повторете ја вежбата  на  секоја  страна  по  пет  пати
  • Повторете ја вежбата со  дишење

Ротирање на  рацете:

  • Земете го стапот  во  ширина  од  30 см,  рацете  се  испружени,  заротирајте ја  раката преку  другата рака (повторете по  пет  пати  на  секоја  страна)
  • Фатете го стапот во  средината  со  здравата  рака,  свртете ја  дланката надолу, потоа нагоре, повторувајте  пет  пати  а потоа  вежбата  повторете ја  и  со  болната  рака
  • Фатете го стапот  во  вертикална  положба со  двете  раце  и  правете  кружни  движења (мешање) на  едната,  потоа  на  другата  страна,  по  пет  пати
  • Завеслајте со  стапот  на  една, потоа  на  друга  страна,  по  пет  пати  на  секоја  страна
  • Поставете го стапот вертикално во  здравата  рака, поминете  го целиот стап стискајќи  со дланката нагоре,  потоа  надолу по  пет пати  и  истата  вежба повторете ја со  болната  рака
  • Земете го стапот  во  висина  на  градите со  здравата  рака,  правете  движења  како да  го  вртите  и  одвртувате  стапот,  повторувајте го  секое  движење по пет пати  и повторете ја  вежбата  со  болната  рака
  • Земете го стапот  во  висина  на  градите  со  свиткани  лактови,  подигнете  го  стапот  над  главата,  потоа  вратете се  во почетната положба и тоа  повторете го  пет  пати
  • Земете го  стапот  пред  себе  со  испружени  раце,  потоа приближете ги  до  градите,  повторете го  ова  пет  пати
  • Земете го стапот  со  двете  раце,  свиткајте ги лактите  кон градите,  потоа  испружете ги и  истото  повторете го  пет  пати
  • Фатете ја средината  на  стапот со  здравата рака, свиткајте ја и испружете го лактот  по пет пати и повторете ја вежбата со болната рака
  • земете го стапот со  двете  раце  во  висина  на  градите  и  развлечете го  стапот,  задржете го три  секунди,  потоа опуштете се и  повторете  пет  пати
  • Повторете ја вежбата  со кружење на  рамењата
  • Повторете ја  вежбата со  дишење