Опис
Витамин Д, иликалциферол, е од суштинско значење за силни заби и коски. Постојат двеглавни форми на витамин D: D2, или ергокалциферол, и Д3, или холекалциферол. Витаминот Д може да се синтетизира од страна на организмот, во присуство на сончева светлина. Тоа е единствениот витамин чијашто актива форма е хормон. Витаминот Д е липосолубилен, и ја регулира апсорпцијата и употребата на минералите калциум и фосфор. Витаминот Д не е важен само во одржувањето на густината на коските, туку и за многу други невролошки и клеточни функции за кои е потребен калциум, како и за нормален раст и развој. Исто така учествува во продукцијата на моноцити.

vitamin-D-defficiency

Употреба

Потребното количество на витамин Д се изрзува со Адекватен Внес (АI) , а не со РДА (препорачано дневно количество), поради неможноста точно да се одреди производството на витамин Д при изложување на телото на сончева светлина. АИ го одредува количеството кое треба да се внесе со храната за да се одржи нормалната функција на организмот. Измерено во интернационални единици е 40ИЕ во микрограм. АИ за витамин Д во форма на холекалиферол и ергокалциферол за лица под 50 години, вклучувајки и бремени жени и жени кои дојат е 200ИЕ. За лица од 51 до 70, изнесува 400ИЕ, и за лица постари од 70 е 600ИЕ. Доза од 700ИЕ кај лица постари од 65г, значајно го намалува бројот на фрактурите кога се зема заедно со 500мг калциум на ден. Една од главните употреби на витаминот Д е за превенција на остеопороза. Болеста главно е резултат на намален калциум, но само суплементи на калциум не би биле корисни, затоа што витаминот Д е потребен за соодветна употреба и искористување на калциумот. Земање само на витамин Д, без калциум е исто така неефикасно.

Остеомалацијата, може ефикасно да се превенира и третира со адекватни суплементи на витамин Д. Остеомалација се однесува на омекнувањето на коските, која се јавува кај возрасни кои имаат дефицит на витамин Д. Рахитис е синдром кој ги зафаќа децата кои имаат дефицит на витамин Д, и вклучува деформитети на зглобовите и коските, намален раст.

Витаминот Д игра улога и во превенцијата на рак на дебелото црево. Можни се и протективни ефекти против рак на дојка и рак на простата, но тие сеуште не се утврдени. Во тек се испитувања за неговото дејство во третманот на леукемија и лимфома.   Се покажало дека го подобрува дејството на тамоксифенот, хемотераписко лекарство кои се користи во третман на рак на овариуми, рак на матка и рак на дојка.   Многу постари возрасни лица имаат недостаток на витамин Д. Тоа може да делува на слухот, поради ослабената функција на слушните коски кои го пренесуваат звукот. Доколку тоа е причина за губитокот на слухот, можно е третманот со суплементи на витамин Д да ја подобри состојбата.    Некои од болестите на метаболизмот реагираат на третманот со витамин Д. Тука спаѓаат Фанкониевиот синдром и фамилијарната хипофосфатемија, и кај двете има ниски нивоа на фосфати. За овие состојби, витаминот Д се дава заедно со фосфати за да се подобри неговата апсорпција.

 Витаминот Д се користи и за надворешна употреба, и може да биде корисен во третманот на псоријаза. Исто така може да биде корисен и кај витилого и склеродерма. Кремата за надворешна употреба е во форма на калцитриол и се смета дека не делува на нивоата на калциум и фосфати. Оралните препарати на витамин Д не се ефикасни во третманот на псоријаза. Нема докази дека витаминот Д е корисен во третманот на алкохолизам, акни, артритис, цистична фиброза или херпес.vitamin-D

Препарати

Природни извори

Изложувањето на сонце е примарен начин за добивање витамин Д. Летно време, потребни се околу десетина минути днево, на сонце за да се произведат адекватни количества на витамин Д. Во зимските месеци, изложувањето на сонце треба да е подолго, околу два часа. Многу луѓе во зима не го произведуваат потребното количество витамин Д, но го користат вишокот кој е складиран во летните месеци. 7 дехидрохолестеролот присутен во кожата се конвертира во витамин Д3, при изложување на сонце. Понатамошната обработка во црниот дроб го прави Д3 биолошки активен, а бидејќи е липосолубилен може да се складира во масното ткиво и црниот дроб. Витаминот Д го има во рибиното масло, путерот, јајцата и збогатеното млеко и ѓитарици со витамин Д. Млечните производи, за повеќето луѓе се главен извор на витамин Д.

Суплементи

Повеќето од суплементите на витамин Д се во форма на ергокалциферол. Достапен е во форма за надворешна употреба, интравенозна или интрамускуларна. Како ис сите други суплементи, витаминот Д треба да се чува на суво, и темно место, подалеку од дофатот на децата.

Недостаток на витамин Д                                                                                                                                            

Кај возрасни, лесен недостаток на витамин Д се манифетира како губиток на апетит и тежина, проблеми со спиењето и дијареа. Потежок дефицит предизвикува остеомалација и мускулни спазми. Коските стануваат меки, кршливи и болни, како резултат на намалениот калциум во нив. Ова се случува поради неможноста на организмот, правилно да го апсорбира и користи калциумот, во одсуство на витамин Д. Кај деца недостатокот на витамин Д е причина за рахитис.

Ризик фактори за дефицит на витамин Д                                                      

Најверојатната причина за недостаток на витамин Д е неадекватно изложување на сончева светлина. Ова се јавува кај луге кои не излегуваат многу надвор, во области на светот каде има големо загадување и ги блокира УВ зраците, или каде временските услови не дозволуваат да се поминува време на отворено. Стаклените филтери, како и кремите за заштита од сонце ги блокираат УВ зраците, кои се потребни за продукција на витаминот Д. Луѓето со потемна кожа апсорбираат помали количества на УВ зраци. Доволно изложување на сонце за време на летните месеци како и соодветен внес со храната би требало да е доволно за да го снабдува организмот со витамин Д и во зимските месеци.  Веганите, или било кој којшто не внесува доволно млечни производи со исхранат а во исто време не се изложува доволно на сонце, исто така има зголемен ризаик за дефицит на витамин Д, исто и постарите лица, поради намалената способност да синтетизираат витамин Д. Бебињата обично се раѓаат со девет месечна залиха на витамин Д . Тие кои се предвремено родени имаат зголемен ризик за дефицит на витамин Д и калциум. Исто така и доенчиња после девет месеци кои не добиваат млеко збогатено со витамин Д и соодветно изложување на сонце исто така имаат зголемен ризик за дефицит на витамин Д. На лица со болести на црниот дроб, и бубрезите, потребно им е витамин Д суплемент, во активна форма, поради неможноста за негово синтетизирање. Исто така суплементи на витамин Д им се потребни и на лица кои земаат одредени лекарства, како антиконвулзиви, кортикостероиди, холестирамин, или холестипол. Тоа значи дека пациенти кои примаат терапија за артритис, астма, алергии, автоимуни состојби, висок холестерол, епилепсија, треба да се консултираат со лекар, пред да започнат да земаат суплементи на витамин Д. Како што е случај и со другите витамини, прекумерната употреба на алкохол има негативен ефект врз апсорпцијата и складирањето на витаминот Д. Кај населението во сиромашните, неразвиени земји, почесто се јавува дефицит на витамин Д, како и на други витамини, поради недоволен внес со храната. Намалена способност за апсорпција на витамин Д, земен орално, може да биде поради цистична фиброза или отстранување на делови од дигестивниот тракт. Други групи на луѓе каде се потребни повисоки дози на витамин Д, од просечните се кај лица кои имале хируршки зафат, поголеми телесни повреди, или изгиреници. Зголемен стрес и хронични исцрпувачки болести, исто така бараат повисоки дози на витамин Д.

Мерки на претпазливост                                                                                                                                        

Организамот нема да произведе премногу витамин Д доколку предолго се изложува на сонце, но бидејки витаминот Д се складира во масните ткива во организмот, можно е предозирање со суплементи.   Симптомите на хиперкалцемија вклучуваат зголемен крвен притисок, главоболка, замор, аритмија, губиток на апетит, наузеа, повраќање, констипација, иритабилност, оштетување на бубрезите, болки во стомакот, мускулите и коските. Доколку токсичноста продолжи, се јавува јадеж и симптоми кои упатуваат на оштетување на бубрезите, жед, зачестено мокрење, протеинурија. Предозирање за време на бременоста може да предизвика оштетување на плодот. Проблемите кај новородените вклучуваат тетанија, конвулзии, аномалии на срцевите валвули, оштетување на ретината, супресија на растот и ментална ретардација. Бремените жени не смееат да го пречекоруваат дозволеното АИ. А сите други над една година не смеет да ја преминат максималната доза од 2000ИЕ. Кај новородени и доенчиња дневната доза не траба да е повеке од 1000ИЕ.

Лицата со хиперкалцемија, саркоидоза, или хипопаратироидизам не треба да користат суплементи на калциферол. Додека тие со бубрежни заболувања, артериосклероза, или срцеви заболувања можат да користат ергокалциферол само со посебно внимание и под медицински надзор.

Несакани дејства                                                                                                                                             

 Помали несакани дејства вклучуваат намален апетит, опстипација, сува уста, зголемена жед, вкус на метал во устата, и замор. Други симптоми за кои доколку се јават треба да се побара медицинска помош се, главоболка, наусеа, повракање, дијареа и конфузност.

Интеракција                                                                                                                                                            

Калциумот, мастите, фосфатите и витаминот А и Ц ја подобруваат апсорпцијата на витаминот Д. Суплементите на витамин Д треба да се земаат за време на оброк, за да се постигне оптимална апсорпција. Има голем број на лекарства кои можат да интерферираат со витаминот Д. Рифампицин, Х2 блокатори, барбитурати, хепарин, изонијазид, холестипол, холестирамин, карбамазепин, фенитоин, фосфенитоин и фенобарбитал, го намалуваат нивото на витаминот Д и го зголемуваат неговиот метаболизам. Прекумерната употреба на минерални масла, Олестра, и лаксативи можат да го намалат витаминот Д. Остеопороза и хипокалцемија можат да бидат резултат на долготрајна употреба на кортикостероиди, затоа е потребно да се земаат суплементи на витамин Д и калциум за време на терпијата со кортикостероиди. Употребата на тиазидни диуретици заедно со витамин Д може да предизвика хиперкалцемија кај лица со хипопаратироидизам. Употреба на дигоксин заедно со други гликозиди и витамин Д може да доведе до хиперкалцемија и нерегуларна срцева работа.