Хепатоцелуларен карцином е рак на црниот дроб.

Алтернативни имиња
Примарен тумор на црниот дроб; Рак на црниот дроб; Хепатом

liver_illustration

Причини

Хепатоцелуларен карцином се смета за најчестиот рак на црниот дроб. Овој тип на рак се јавува почесто кај мажите отколку кај жените. Тој обично се забележува кај луѓето на возраст од 50 или повеќе години. Сепак возраста варира во различни делови на светот. Оваа болест почесто се јавува  во делови од Африка и Азија, отколку во Северна или Јужна Америка и Европа.
Хепатоцелуларен карцином не е ист како и метастатски карцином на црниот дроб, кој започнува во друг орган (како што се рак на дојката или дебелото црево) и се шири на црниот дроб.
Во повеќето случаи, причината за рак на црниот дроб се обично лузни на црниот дроб (цироза). Цироза на црниот дроб може да биде предизвикана од:

– Злоупотреба на алкохол (најчеста причина во САД)
Автоимуни болести на црниот дроб
Хепатитис Б или Ц, вирусна инфекција
Воспаление на црниот дроб, кое е долгорочно (хронично)
Преоптоварување на телото со железо (хемохроматоза)
Пациентите со хепатит
Б или Ц се изложени на поголем ризик од рак на црниот дроб, дури и ако кај тие пациенти не е развиена цироза.

Симптоми

– Абдоминална болка или осетливост, особено во горниот десен дел
Лесни модринки или крварење
Зголемен стомак
Жолта боја на кожата или очите (жолтица)

 Испити и тестови

Физикалниот преглед може да покаже проширен црн дроб.
Тестовите вклучуваат:
  – КТ скен на абдомен
 – ултразвук на абдомен
 биопсија на црниот дроб
 ензими на црниот дроб (функцијата на црниот дроб, тестови)
 – МРИ на црниот дроб
 серумски алфа фетопротеин

Некои пациенти кои се со висок ризик за добивање рак, можат да имаат редовни тестирања на крвта и ултразвук, за да се види дали туморите се во развој.

Третман

Со агресивна хирургија или трансплантација на црниот дроб може успешно да се третираат мали или бавно-растечки тумори, доколку тие се дијагностицирани порано. Но, сепак само на мал број пациенти ракот им е дијагностициран во рана фаза.
Хемотерапија
насочена директно во црниот дроб со катетер, може да помогне, но тоа нема да ја излечи болеста. Третмани со радијација во областа зафатена со рак, исто така, може да бидат корисни. Сепак, многу пациенти кои имаат цироза на црниот дроб или други слични заболувања на црниот дроб, ги прават овие третмани потешки за третман.Сорафениб тозилат,  што го блокира растот на туморот, сега е одобрен за пациенти со напреднат хепатоцелуларен карцином.

Прогноза

Вообичаените исход е лош, бидејќи само 10-20% од хепатоцелуларен карцином може да се отстрани целосно со хирургија.
Ако ракот не може да биде целосно отстранет, болеста е обично фатална во рок од 3-6 месеци. Сепак, преживувањето  може да варира и некои пациенти ќе преживеат многу подолго од 6 месеци.

Можни компликации
гастроинтестинално крварење
откажување на црниот дроб
(метастази) ширење на ракот

Кога да се консултирате со доктор

Јавете се на Вашиот матичен доктор ако се појават посилни болки во стомакот, особено ако сте имале во минатото историја на било какво заболување на црниот дроб.

Превенција

Спречување и лекување на вирусен хепатит, може да помогне да се намали ризикот.  Вакцинација против хепатитис Б во рани години, може да го намали ризикот од рак на црниот дроб во иднина.
Избегнувајте прекумерни количини на алкохол. Одредени
пациенти може да имаат корист од скрининг.
Ако имате хроничен хепатит или цироза, периодичниот скрининг на црниот дроб, ултразвук или мерење на нивото на крвен алфа фетопротеин може да помогне во откривање на ракот во рана фаза.