Во рамки на програмата „CIVICAMobilitas“ имплементирана од Центарот за Институционален Развој – ЦИРа и финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и Соработка, претставена од канцеларијата за соработка во Македонија (SDC),на ден 28.03.2013 беа доделени нови ад хок грантови на 9 организации. Вкупната вредност на ад хок грантовите изнесува 5.941.304 денари.

cira

Организациите кои добија поддршка во следните 6 месеци ќе спроведуваат активности од областа на социјалната заштита, преку обезбедување на сервиси за лица со инвалидност; организирање на јавни дебати со цел подобрување на квалитетот на услугите на локалните власти; активности за подигнување на свеста за правата на етничките групи; едукација на младите за толеранција, соживот и правата на етникумите; активности за борба против ракот на дојката; поттикнување на индивидуална и корпоративна филантропија; активности за примена на стандардите за заштита на животната средина на локално ниво.

Следниве организации се финансиски поддржани:

-Центар за развој на општеството Милениум– за проектот „Регионалните природни ресурси како локален потенцијал“;

-Диверзити медиа– за проектот „Дебати мк“;

Арт медиа– за проектот „Откриваме, градиме заедно сме!“;

-Здружение на лица со церебрална парализа– за проектот „Сервиси за домашна поддршка и посети на лица со инвалидност“;

-Здружение за борба против рак „БОРКА- за секој нов ден” за проектот – Напред розово 2013;

-Здружение за рурален развој ЈАВОР– за проектот „Градење на капацитетите и демократско носење на одлуки во областа на заштита на животната средина на локално ниво“;

-Еколошко друштво ЕКО Акција– за проектот „Мониторинг на процесот на издавање на Б интегрирани дозволи“;

-Институт за истражување на политики и добро владеење– за проектот „Учество на младите и младински организации во меѓу-етнички дијалог и соработка„ и

-Агенција за локален развој–за проектот „Филантропија, човекољубие на дело!“;

Здружението за борба против рак “Борка – за секој нов ден”, со добиените средства од програмата „CIVICAMobilitas“  ќе покрие дел од активностите во склоп на проектот “Напред Розово 2013” – Кампања за подигнување на свеста на населението за ракот на дојка како потенцијално излечива болест.

http://www.civicamobilitas.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=317:-9-civica-mobilitas-&catid=25:2010-10-05-22-38-33&Itemid=228