Прв знак за меланом е промена во големината, бојата или обликот на постоечка бенка. Меланомот може да се јави и како нова „дамка“ која обично изгледа невообичаено, црна е и со грд изглед. Запомнете: вообичаените бенки обично ги имаме од раѓање или се јавуваат до 40. година, а потоа бледнеат!

ШТО Е МЕЛАНОМ ?
Меланомот е карцином на кожа кој потекнува од клетките во кожата наречени меланоцити. Тоа се всушност клетките кои на вашата кожа ѝ го даваат тенот. Додека се сончате, меланоцитите произведуваат црн пигмент – меланин, кој има основна улога да ја заштити кожата од ултравиолетовите зраци, а од друга страна вам ви го овозможува оној прекрасен бакарен тен. За жал, сé уште не се познати точните причини за појава на меланомот.
Познато е дека одредени луѓе имаат поголем ризик за развој на меланом. Тоа се луѓе кои имаат неправилни по боја и по големина бемки или имаат повеќе од 50 вообичаени бемки на кожата. Исто така, со поголем ризик од развој на меланом се и луѓето кои имаат светол тен, лесно поцрвенуваат на сонце и им се појавуваат дамки, оние кои имаат светла или црвена коса и сини очи.
Зголемена будност е потребна кај оние кои имаат барем двајца блиски роднини со меланом или имаат друг тип на рак на кожата. Зголемен ризик од меланом имаат и оние кои имале сончеви изгореници со пликови во детството или тинејџерска возраст. Токму од овие причини клучна е улогата на родителите во заштита на децата од сонце.
Ризична група се и земјоделците и градежните работници, односно оние кои долготрајно се изложени на сонце.

ДАЛИ ОБИЧНАТА БЕНКА СЕ РАЗВИВА ВО МЕЛАНОМ?

Прв знак за меланом е промена во големината, бојата или обликот на постоечка бенка. Меланомот може да се јави и како нова „дамка“ , која обично изгледа невообичаено, црна е и со грд изглед.
Запомнете: вообичаените бенки обично ги имаме од раѓање или се јавуваат до 40. година, а потоа бледнеат.


ЗАШТИТА ОД РАК НА КОЖА?

Запомнете го златното правило: Секогаш кога вашата сенка е покуса од вас, заштитете се од сонцето. Избегнувајте изложување на сонце меѓу 10-16 часот доколку обврските ви го дозволуваат тоа. Ако мора да сте надвор, носете долги ракави и долги панталони, како и шапка со широк обод. Посебно внимавајте кога сте покрај вода или на планина. Заштитете се од ултравиолетовите (УВ) зраци кои се рефлекираат од песокта, водата и снегот.
Заштитете ја кожата со нанесување на лосиони, креми или гелови кои содржат УВ филтри. Најдобри за превенција на меланом се оние УВ филтри кои ги одбиваат и ги апсорбираат двата типа ултравиолетови зраци (А и Б). Средствата за заштита од сонце се рангираат според т.н. фактор за заштита од сонце. Средствата со заштитен фактор со вредност 2 – 11 пружаат минимална заштита, оние со фактор 12 – 29 овозможуваат средна заштита, а оние со фактор 30 или повеќе пружаат најдобра заштита од изгореници од сонце.