Борка • Здружение за борба против рак » БОРКА ВЕСТИ

“Напред розово 2012 – чекори против ракот на дојка“
http://www.youtube.com/watch?v=ZYa4sWSl-ss&feature=youtu.be

Борбата против ракот на дојка е премногу важна за секого од нас, за да им ја препуштиме на другите. Затоа, биди и ти дел од неа! Да им помогнеме на другите да победат!

Со традиционален симболичен марш по улиците на Скопје на 19 Мај 2012 година, Македонија по четврти пат ќе потсети дека е дел од големото светско семејство на борци против ракот на дојка.

Придружете се на сите оние кои се осмелија да се спротивстават на ракот на дојка !

Донирајте купувајќи розови производи и учествувајте во големата розова прошетка!

Сабота, 19 Мај 2012, 12:00 часот, Плоштад Македонија – Скопје.

Ве очекуваме!

Соопштение за медиуми

Антиоксиданси – селен и цинк
Селен

Селенот е витален минерал во трагови кој што има антиоксидантни својства. Toj e од клучна важност за создавањето на белите крвни клетки со што значително ја зајакнува функцијата на имуниот систем и притоа му овозможува на овој минерал ефикасно да се бори против болестите и инфекциите.

Селенот исто така го детоксифицира телото од хронично изложување на радијација, хемотерапија и токсични материи. Истражувачите веруваат дека селенот е еден од најважните елементи за превенција од болести- неговите антиоксидантни својства ги заштитуваат клетките од негативното дејство на слободните радикали и го намалуваат растот на туморозните ткива. Селенот исто така е од витална важност за регулирањето на функцијата на тироидната жлезда.

Највисока концентрација на селен во човечкото тело е присутна во црниот дроб, бубрезите, панкреасот и тестисите кај мажите.

Селенот е присутен во многу видови на храна како што се: морски школки, јастог, туна, остриги, говедско, мисиркино и пилешко месо, ориз, лук, пченка, зрна од соја, семки од сончоглед и бразилски ореви кои се најбогатиот извор на селен и се препорачуваат само во мали количини.

Додавање на соодветна количина на селен во вашата исхрана го подобрува и одржува здравјето на целиот организам.

Најважните медицински примени и позитивни ефекти на селенот се:

- Овој минерал помага во намалувањето на ризикот од појавата на разни видови на канцер, посебно канцер на простатата, белите дробови, цревата и канцер на градата;

- Висока доза на селен се препорачува за третманот на веќе дијагностициран канцер бидејки го намалува неговото ширење и метастазирање. Понатамошни студии покажуваат дека користењето на селен во комбинација со други моќни антиоксиданти како витамин Ц, бета-каротен, витамин Е и Коензим Q10, заедно со употреба на есенцијални масни киселини (Омега 3-6-9), го намалува евентуалното ширење на канцер на градата и генерално стапката на морталитет кај ваквите пациенти;

- Го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања (посебно ако се користи во комбинација со витамин Е);

- Го штити организмот од токсични минерали, помага во неутрализирањето на алкохолот, чадот од цигарите, оловото и кадмиумот од издувните гасови и сл.;

- Помага во сперматогенезата кај мажите и ја зголемува потенцијата;

- Се користи и за одржувањето на здрава коса и кожа (ја намалува појавата на акни);

- Го одржува здравјето на очите и видот- ги штити очите од појава на катаракта (старечко перде) и макуларна дегенерација;

- Помага во намалувањето на симптомите на лупус и може да ја намали болката и вкочанестота која се јавува како резултат на артритис бидејки има антивоспалителни дејства.

Цинк

Цинкот е составен дел на двеста ензими во организмот, неопходен е при синтеза на протеините и игра важна улога во создавањето на ДНК и еритроцитите. Цинкот е од есенцијална важност за оздравувањето и правилниот раст и развој на новоформираните клетки. Овој минерал помага во процесите на дигестија и метаболизам и исто така го стимулира лачењето на инсулинот. Допринесува во одржувањето на здравјето на нервниот систем, посебно кај фетусот во развој. Цинкот го забрзува заздравувањето на раните, го намалува таложењето на холестеролот, го подобрува растот и развојот на организмот, ја подобрува интелектуалната активност и може да помогне во лечењето на многу психички проблеми, вклучувајки ја и шизофренијата.

Цинкот е неопходен за нормално создавање на сите полови хормони, ја подобрува репродуктивната способност и е ефикасен при лечењето на стерилитет.

Во организмот цинкот се складира во многу мали количини, па затоа е потребно постојано дополнување со додатоци во исхрана.

Биди ми пријател
Почитувани,

Hа 15 февруари 2012 година, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ чиј основач е  „Алкалоид“ АД Скопје, ќе го изврши официјалното примопредавање на донацијата во опрема наменета за потребите на одделот за детска онкологија при Клиниката за детски болести во Скопје.

Истовремено, компанијата „Алкалоид“ АД Скопје, ќе го најави отпочнувањето на проектот-хуманитарната акција:  „Биди ми пријател“ во соработка со Здружението за борба против рак „Борка-за секој нов ден“ од Скопје преку кој компанијата „Алкалоид“ ќе донира дел од средствата остварени од продажбите од својот бренд „Бекутан“ за потребите на опремувањето на одделот за детска онкологија при Клиниката за детстки болести во Скопје.

По тој повод, на 15 февруари 2012 година (среда), со почеток во 11 часот во амфитеатарот на Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар во Скопје (малата зграда над невролошката амбуланта) ќе биде одржана прес конференција.

Со почит,

Алкалоид АД Скопје

Борка – за секој нов ден

4ти Февруари – Светски ден за борба против ракот
Почитувани,

Здружението за борба против рак „ Борка-за секој нов ден„ по четврти пат го одбележува 4- ти Февруари, Светскиот ден за борба против ракот.  Со нашите активности секојдневно сме ангажирани во борбата против оваа тешка малигна болест, и нашите напори се насочени кон воведување на најновите скрининг методи кои се применуваат во ЕУ, зголемување на методите за превенција, подобрување на дијагностиката и терапијата на оваа болест како и подигање  на свеста кај населението во Македонија. Константно соработуваме со претставниците од Министерството за здравство на РМ, ФЗОМ на РМ, невладиниот сектор, јавните и приватните здравствени институции, како и со сите граѓани во Македонија кои ни се обраќаат за помош и поддршка во нашето Здружение. Согласно најновите статсистички податоци од  Истражувачката светска  агенција  за рак ( IARC, GLOBOCAN 2008), карциномот е водечка причина за смрт во светот, а на второ место се кардиоваскуларните заболувања.

Во Република Македонија инциденцата за појава на рак ( освен ракот на кожа) изнесува 3.528 случаи кај мажи и 2.893 случаи кај жени  на 100.000 жители. Морталитетот изнесува 2.329 фатални исходи кај мажи и 1.539 фатални исходи кај жени на 100.000 жители ( согласно податоците на  IARC, GLOBOCAN 2008)

Во прилог следува и текстот за Светскиот ден за борба против ракот :

Светскиот ден на ракот е означен на 4 февруари со цел да се подигне свеста на глобалното влијание на ракот и да се зголеми разбирањето за негово спречување, откривање, лекување и нега. Предводен од страна на Меѓународната унија против ракот (UICC) – глобален конзорциум на повеќе од 280 организации за борба против ракот во над 90 земји – Светскиот ден на ракот 2007 е првото вистинско глобално признавање на овој ден на свеста преку лансирањето на Светската кампања за ракот наречена “Денешни деца, утрешен свет.” (“Today’s Children, Tomorrow’s World”). Петгодишната иницијатива промовираше  навики кои родителите можат да ги споделат со децата за да се спречи појава на рак подоцна во животот. Впечатлива е статистиката: 43% од ракот можат да се спречат преку овие здрави навики:

• Обезбедување на животна средина за децата без присуство на пушење

• Бидете физички активни, јадете балансирана, здрава храна, а избегнувајте ја дебелината

• Дознајте повеќе за вакцините за вирусите поврзани со цервикални карциноми и карциноми на црниот дроб

• Избегнувајте прекумерно изложување на сонце

Ракот е водечка причина за смрт во светот. СЗО проценува дека 84 милиони луѓе ќе умрат од рак во периодот меѓу 2005 и 2015 година, без интервенции. Речиси 70 проценти од сите нови случаи се очекува да се појават во земјите со низок и среден приход, каде што ресурсите достапни за превенција, дијагноза и третман на рак често се ограничени или непостоечки.

Главните видови на рак, што ја сочинуваат севкупната смртност од рак се:

• рак белите дробови (1,3 милиони смртни случаи годишно);

• рак на желудник (скоро 1 милион смртни случаи годишно);

• рак на црниот дроб (662 000 смртни случаи годишно);

• рак на дебелото црево (655 000 смртни случаи годишно) и

• рак на дојка (502 000 смртни случаи годишно).

Што прават луѓето?

Луѓе, компании, владини и невладини организации работат заедно на Светскиот ден на ракот за да и се помогне на јавноста да дознае повеќе за различните видови на рак, како да  се препознае, третмани и превентивни мерки. Разните активности и настани вклучуваат:

• телевизија, радио, интернет и огласи во весници и написи кои се фокусираат на борбата против ракот

• национлни кампањи насочени кон родителите за да им се помогне да се минимизира ризикот од рак во рамките на нивните семејства

• закуски, коктели и вечери со цел подигање на фондови за истражување на ракот или проекти кои помагаат во борбата против ракот. Многу од овие настани вклучуваат говорници или видео презентации

• информации од јавен карактер кои вклучуваат информативни сетови, информативни листови, летоци, постери и други елементи, кои промовираат свесност за ракот, превенција, намалување на ризикот и третман

Некои земји ги користат Светскиот ден на ракот за да се промовираат кампањи за различни видови на рак, како на пример рак на дојка, рак на белите дробови, рак на кожата и ракот кај децата. Поголемиот дел од фокусот оди кон подигање на свеста и намалување на ризикот.

Светската здравствена организација (СЗО), која е надлежен орган на Обединетите нации (ОН) за насочување и координирање на здравјето, на овој ден работи со организации како Меѓународната унија против ракот (UICC) за да се промовираат начините за олеснување на глобалниот товар од ракот. Континуираните теми во текот на годините се фокусираат на спречување на ракот и подигање на квалитетот на животот на пациентите со рак.

САД е лидер во глобалниот напор во борбата против ракот. Стејт Департментот на САД има неколку меѓународни проекти во тек што се фокусирани на превенција на одредени видови на рак, особено на дојка и други типови на рак кај жените. Националниот институт за канцер и Центрите за контрола на болести и превенција се две агенции на американското Министерство за здравство и хумани услуги (департманот) кои се активно вклучени во голем број на кооперативни истражувања на ракот, обука, епидемиолошки и клинички програми во земјите низ целиот свет.

Позадина

Ракот е водечка причина за смрт во светот, според податоците на СЗО, која проценува дека 84 милиони луѓе ќе умрат од рак во периодот меѓу 2005 и 2015 година, без интервенции. Земјите со ниски и средни приходи се потешко погодени од рак одколку високоразвиените земји. Од суштинско значење е решавањето на светскиот товар кој го носи ракот како болест и подобрување на ефективните мерки за негова контрола.

Светот ден на ракот е дел од Светската кампања за рак, кој одговара на Париската Повелба усвоена на Светскиот самит против ракот за новиот милениум на 4 февруари 2000 година. Тој повикува на силен сојуз помеѓу истражувачите, здравствените работници, пациентите, владите, стопанствениците и медиумите во борбата против ракот.

Париската Повелба го назначи 4 февруари секоја година како Меѓународен ден на ракот. UICC е одговорен за координирање на Светскиот ден на ракот на глобално ниво. Таа добива поддршка од разни партнери и организации, вклучувајќи ја и Светската здравствена организација, Меѓународната агенција за атомска енергија, како и други меѓународни тела. UICC го организираше првиот Светски ден на ракот во 2006 година.

Симболи

Постојат различни симболи, кои се користат за да се помогне во промоцијата на борбата против различните видови на рак. На пример, розова панделка е светски симбол на свеста за ракот на дојката, додека портокалова панделка е поврзана со свеста за ракот кај децата. Друг пример е жолтата, која Американското здружение за рак ја гледа како симбол на надежта која луѓето ја делат за иднината каде ракот повеќе не е опасна по животот болест.

Оваа година, Светскиот ден на ракот се фокусира на спречување на ракот.

Собрани заедно, различни видови на рак се сметаат дека причинуваат една осмина од сите смртни случаи во светот. Тоа е повеќе од маларија, СИДА и туберкулоза собрани заедно, според податоците на Меѓународната унија против ракот (UICC).

Денес на Светскиот ден на ракот, UICC започна нова кампања, “И ракот може да се спречи”, за да се потенцира фактот дека значаен дел од случаите на рак во иднина би можеле да бидат спречени ако луѓето превземат едноставни чекори за промена на нивниот начин на живот:

- пушењето е причина за рак која најмногу може да се спречи

- алкохолот, неговото конзумирање,  исто така може да се спречи

- телесната тежина и дебелината – еден од најдобрите начини да се намали ризикот од рак, по откажувањето од пушењето, е да се задржи здравата телесна тежина

- физичката неактивност – да се биде неактивен го зголемува ризикот од голем број на случаи на рак

- исхраната – од сите нешта во нашиот начин на живот, кои се поврзани со ракот, нашата исхрана е можеби најмногу зборуваното. Балансирана исхрана богата со растителни влакна, овошје и зеленчук и ниско ниво на црвено и обработено месо, заситени масти и сол можат да го намалат ризикот од рак – но не постои такво нешто како “суперхрана”

- УВ зрачењето од сонцето и солариумите – иако ни е потребна мала количина на УВ за да создадеме витамин Д, прекумерни количини може да предизвикаат рак на кожата

- инфекциите – иако луѓето не можат да добијат рак едни од други, некои видови на рак се предизвикани од инфекции со вирусите и бактериите. Ракови поврзани со инфекција се значаен проблем во земјите во развој, но секоја индивидуа може да превземе чекори за да се намали ризикот од овие болести. Со безбеден секс може да се спречи преносот на хепатитис Б и Ц, кои предизвикуваат рак на црниот дроб; и ХПВ, кој предизвикува неколку видови на рак, вклучувајќи ги речиси сите случаи на рак на матката.

Ова се работи врз кои можете да влијаете во ваша корист, но, како и со други нешта во животот, не постојат гаранции и нашите гени играат важна улога исто така. Но, со помагање во ширење на свеста за она што сите можеме да го направиме за да се спречи ракот може да се доведе до тоа да помалку луѓе добиваат рак во иднина.

Со Почит,

Тимот на БОРКА

Тумори на плунковите жлезди
Туморот на плунковите жлезди претставува неконтролиран раст на клетките кои потекнуваат од една од повеќето плункови жлезди во устата.

Опис

Постојат три поголеми пара на плункови жлезди кои се придружени со повеќе помали. Паротидната, субмандибуларната и сублингвалната жлезда ги претставуваат големите плункови жлезди. Паротидната жлезда е лоцирана во образите по една под секое уво. Субмандибуларната жлезда се наоѓа на подот на усната празнина по една на секоја страна од долната вилица т.е мандибулата. Сублингвалните жлезди се исто така на подот на усната празнина под јазикот.

Паротидните жлезди се најчесто афектирани од тумори. Меѓутоа најголем дел од туморите кои се развиваат во паротидната жлезда се бенигни. Приближно 8 од 10 дијагностицирани тумори се наоѓаат во паротидната жлезда. Еден од десет се дијагностицираат во субмандибуларната жлезда. Останатите 10% се дијагностицираат во другите плункови жлезди.

Воглавно жлездите кај кои е евидентен растот на туморот најчесто се жлезди кај кои најретко се среќава малиген тумор. Иако туморите на сублингвалната жлезда се ретки, скоро сите кои се дијагностицираат се малигни. Наспроти тоа еден од четири дијагностицирани тумори на паротидната жлезда е малиген. Туморите на плунковите жлезди почнуваат со раст во епителните клетки т.е плочестите клетки кои ја покриваат површината на телото. Како резултат на тоа сите се нарекуваат карциноми. Околу 7% од туморите дијагностицирани на главата и вратот потекнуваат од плунковите жлезди. Мажите и жените подлежат на подеднаков ризик за појава на овој вид на тумор.

Причини

Јонизирачкото зрачење е ризик фактор кој придонесува за развој на тумор како и радијациона терапија. Возрасни пациенти кои како деца биле третирани со радијациона терапија за аденоиди или воспалени крајници се во поголем ризик за развој на тумор на плунковите жлезди.

Друг ризик фактор представува врската помеѓу инхалацијата на дрвена прашина и појавата на аденокарциноми на малите плункови жлезди во носот и параназалните шуплини. Исто така постои доказ дека луѓето кои се инфицирани со херпес вирусот имаат поголем ризик за развој на тумор на плунковите жлезди. Лицата инфицирани со ХИВ исто така генерално имаат поголем број на заболувања на плунковите жлезди, со што имаат и поголем ризик за појава на тумори на истите.

Симптоми

Симптомите најчесто недостасуваат се додека туморот не достигне одредена големина или пак не метастазира. За време на рутински дентални прегледи, стоматологот, внимава на појава на одредени маси на непцето, јазикот, образите и овој вид на прегледи претставуваат добар начин за детекција на туморите во рана фаза.

Некои од симптомите се :

• издигнатина или поголема маса во устата

• оток на лицето

• болка во вилицита или едната страна на лицето

• потешкотија при голтањето

• потешкотија при дишењето

• потешкотија при зборењето

Дијагноза

Се зема примерок од ткивото за испитување преку биопсија. Најчесто за да се земе примерок од ткивото потребна е инцизија. Понекогаш е можно да се земе примерок со игла. Магнетна резонанца и компјутерска томографија исто така се користат за проценка на туморот. Со нивна помош може да се утврди дали туморот се има проширено во соседните органи. Магнетната резонанца овозможува добра прегледност на коренот на јазикот и крајниците кои претставуваат меки ткива. Со кумпјутерската резонанца имаме добар преглед на вилиците, кои се тврди коскени ткива.

Терапија

Воглавно, лекарите кои се специјализирани за уво, нос и грло се одговорни за грижата за пациените со рак на плунковите жлезди. Најчесто тимот го води специјалист по уво, нос и грло. Дел од тимот е и онколог. Во зависност од проширеноста на туморот во моментот на дијагностицирање некои од оперативните зафати може да доведат до екстензивни промени на грлото, вратот и вилиците.

Клинички фази

Во фаза и туморот не е поголем од 2.5 см и се нема проширено. Саливарните тумори кои се во втора фаза се поголеми од 2.5 см но помали од 6 см и сеуште се немаат проширено. Туморите во трета фаза се помали од 2.5 см но се имаат проширено во лимфните јазли. Туморите во четврта фаза се имаат проширено кон главата т.е базата на черепот или одредени нерви или пак се поголеми од 5 см и се имаат проширено во лимфните јазли.

Третман

Хируршко отсранување (ексцизија) на туморот е највообичаениот третман. Хемотерапијата и радијационата терапија може да бидат дел од третманот особено ако туморот метастазирал. Поради блискоста на плунковите жлезди а особено паротидната со голем број на крвни садови и нерви оперативниот зафат е доста комплициран. Комплексноста на операцијата е уште поголема доколку туморот се има проширено.

Прогноза

Туморите во малите плункови жлезди кои се локализирани, може да се одстранат без поголеми потешкотии. Шансата за преживување одкако ќе се извади туморот, доколку нема метастазирано, е голема.

За туморите на паротидната жлезда стапката на пет годишно преживување изнесув 85% без разлика дали има инвазија и во лимфен јазол. Стапката на десетгодишно преживување е нешто под 50%. Најголем број од рано дијагностицираните тумори на саливарните жлезди се одстрануваат и не се повторуваат. Оние кои рекурираат  се најпроблематични и ја намалуваат шансата за преживување на индивидуата.

Превенција

Минимализирање на внесот на алкохол може да биде од важност. Исто така избегнување на непотребно експонирање на главата на радиација може да се смета за превенција. Се она што го минимализира ризикот од сексуално преносливи болести, како на пример употребата на кондом, исто така го намалува и ризикот од појава на саливарни тумори.

Рак на желудник
Ракот на желудникот е болест во која клетките кои ја формираат внатрешната обвивка на желудникот растат абнормално и неконтролирано се делат формирајќи маса наречена тумор.

Опис

Постојат пет регии на желудникот од кои докторите го одредуваат потеклото на ракот на желудник. Ракот може да се развие во било кој од петте делови на желудникот. Симптомите и резултатите од болеста ќе варираат во зависност од локацијата на канцерот.

Демографија

Во повеќето земји афектираноста на мажите од рак на желудникот е двапати поголема во однос на жените. Најголем дел од случаите со канцер на желудник се дијагностицираат на возраст од 50 – 70 години, меѓутоа во фамилии каде постои наследен ризик за оваа болест може да се најдат и случаи на појава во помлада возраст. Во неколку делови од светот, најчесто Јапонија и дуги Азиски држави, ракот на желудник е водечка причина за смрт.

Инциденцата на ова заболување бележи опаѓање, особено во развиените земји.

Употребата на замрзната храна и консумацијата на свежо овошје и зеленчук, наместо конзервирана храна со висока концентрација на сол, може да преставува причина за опаѓање на ициденцата.

Причини и симптоми

Иако точната причина за појава на рак на желудник сеуште не е утврдена, неколку потенцијални фактори довеле до зголемена појава на заболени и затоа се означуваат како ризик фактори. Исхраната, работната средина, изложеноста на бактеријата Helicobacter pylori, како и историја за постоење на желудечни чиреви или полипи, се вбројуваат во тие ризик фактори. Одредени истражувања покажале дека консумацијата на храна со висока концентрација на сол и нитрати го зголемува ризикот за појава на рак на желудник. Промена на режимот на исхрана, се покажал како ефективен начин за намалување на ризикот за појава на оваа болест дури кај индивидуи кои живеат во земји со висок ризик. Консумирањето на препорачаните количини на овошје и зеленчук може да го намали ризикот за развој на оваа болест.

Висок ризик за развој на рак на желудникот се поврзува и со одредени индустрии. Најдобар пример за тоа е поврзаноста помеѓу ракот на желудникот и лицата кои работат во рудници за јаглен, обработка на дрво, никел или преработка на гума. Невообичаено голем број на луѓе кои работат во овие индустрии имаат дијагностицирано рак на желудник. Одередни студии ја идентификувале бактеријата (Helicobacter pylori) која предизвикува стомачни чиреви (инфламација на внатрешната обвивка на желудникот) како ризик фактор. Хронична инфекција на желудникот со оваа бактерија може да предизвика појава на специфичен вид на канцер (лимфом или МАЛТ-мукозно асоцирано лимфоидно ткиво) во желудникот.

Друг ризик фактор претставува развојот на полипи, бенигни израстоци на ванатрешната обвивка на желудникот. Иако полипите се бенигни, некои од нив имаат потенцијал да станат канцерогени.

Лицата со крвна група А исто така, од засега непознати причини, се сметаат како ризични за развој на овој вид на канцер.

Помеѓу другите фактори за кои се претпоставува дека можат да бидат причина за појава на рак на желудник се вбројуваат и претходни оперативни зафати на чир на желудник или други состојби, или пак еден вид на анемија позната како пернициозна анемија.

Ракот на желудникот е бавно растечки карцином. Можно е да поминат повеќе години додека туморот нарасне до доволна големина за да предизвика дистинктивни симптоми. Во раните фази на болеста пациентот може да чуствува само блага нелагодност, индигестија, жарење, чувство на надуеност по јадење како и благо гадење. Во подоцнежните фази на развојот пациентот ќе има губиток на апетитот, а како резултат на тоа и губење на телесна тежина, болки во стомакот, повраќање, потешкотии при голтањето, како и крвава столица. Ракот на желудник многу често метастазира во соседните органи како што се езофагусот, придружните лимфни јазли, црниот дроб или тенкото и дебелото црево.

Дијагноза

За жал голем дел од пациентите кај кои се дијагностицира рак на желудник чувствуваат болки во стомакот 2-3 години пред да го известат својот лекар за постоење на симптоми. Кога докторот се сомнева за постење на рак на желудник кај одреден пациент врз основа на искажаните симптоми, ќе биде земена детална медицинска анамнеза за да се провери постоењето на ризик фактори. Ќе се направи детален физикален преглед за да се проценат сите симптоми.

Може да се направи и лабораториска анализа за да се провери постоењето на крв во столицата како и за постоење на анемија (низок број на црвени крвни зрнца), кои најчесто се среќаваат кај рак на желудникот.

Во некои земји како што е Јапонија, вообичаено e на пациентите да им се прави рутински скрининг за рак на желудник, бидејќи ризикот за развој на болеста во оваа земја е висок. Заради ниската преваленца на заболувањето во Македонија рутински скриниг за оваа болест не се препорачува, освен во случаи каде постои фамилијарна историја за појава на болеста.

Без разлика дали како дел од скрининг тест или бидејќи докторот се сомнева за постоење на симптоми на рак на желудник, ендоскопијата со бариум се користи во дијагнозата на рак на желудник.

При изведување на бариум скен на горниот интестинален тракт на пациентот му се дава да испие густ, бел раствор на барим сулфат. Обложувањето кое го прави бариумот помага во идентифицирање на одредени абнормалности на внатрешната обвивка на желудникот.

Во друг почесто користен тест, попознат како горна гастроинтестинална ендоскопија, тенка, флексибилна, осветлена цевка (ендоскоп) се провлекува преку грлото на пациентот до желудникот. Докторот ја гледа слузницата на езофагусот и желудникот преку ендоскопот. Понекогаш мала ултарасонична сонда се прикачува за крајот на ендоскопот. Оваа процедура е позната како ендоскопски ултразвук EUS.

Ако при ендоскопијата се забележат одредени сомнителни промени, форцепс за биопсија може да се протне преку ендоскопката цевка за да се земе ткиво за микроскопска инспекција. Ова е познато како биопсија.

Компјутеризирана томографија се користи за добивање на дополнителни информации за тоа колкава е големината на туморот и во кои делови на желудникот е раширен; дали е проширен во лимфните јазли; како и дали метастазирал во други делови од телото како на пример во црниот дроб, белите дробови или коските.

Лапароскопијата вклучува направа која е слична на ендоскопот. Лапароскопијата е минимално инвазивна оперативна процедура која може да се изведе во амбуланта и после која има брзо закрепнување. Пациентите кои можеби ќе добијат зрачна или хемотерапија пред операција подлегнуваат на лапароскопија за да се утврди точниот стадиум на ракот.

Клинички стадиуми и прогноза

Повеќе од 95% случаи на рак на желудникот се предизвикани од аденокарциноми, малигни тумори кои потекнуваат од жлезденото ткиво. Останатите 5% вклучуваат лимфоми и други видови на карциноми. Многу е важно желудечните лимфоми да се дијагностицираат правилно, бидејќи овие тумори имаат многу подобра прогноза отколку желудочните аденокарциноми. Приближно околу половина од лицата дијагностицирани со гастричен лимфом преживуваат пет години после поставувањето на дијагнозата.  Третманот на гастричен лимфом вклучува оперативен зафат комбиниран со хемотерапија и радиотерапија.

Одредувањето на фазата на развој на канцерот се базира на тоа колку длабоко е пенетрирана обвивката на желудникот; до кој степен (ако воопшто има) е инвазијата во лимфните јазли и до кој степен (ако воопшто има) канцерот метастазирал. Колку повеќе е ограничен, толку е поголема шансата за излекување.

Има предложено неколку различни начини за класифицирање на ракот на желудник врз основа на видот на клетките. Класификацијата според Лорен е најчеста. Според овој систем за класификација, гастричниот аденокарцином се дели на интестинален и дифузен. Интестиналните тумори почесто се среќаваат кај мажи и постари пациенти. Прогнозата за овие тумори е подобра отколку за дифузните. Дифузните тумори почесто даваат метастази во други делови од телото.

Терапија

Бидејќи симптомите на ракот на желудник се благи, третманот најчесто отпочнува во напреднатите фази на болеста.

Операција

Во почетните фази на развој, операцијата може да се користи за отсранување на ракот. Оперативното отсранување на аденокарциномите е единствениот начин за елиминирање на болеста. Најчесто пред операцијата се користи лапароскопија за да се утврди дали канцерот може да се одстрани оперативно. Ако ракот е широко распространет и неможе да се одстрани хируршки, се прави напор да се одстрани блокадата и да се конторлираат симптомите како што се болка и крварење.

Во зависнот од локацијата на канцерот дел од желудникот може да биде одстранет, преку процедура која се нарекува парцијала гастректомија. Во процедурата позната како тотална гастректомија целиот желудник се одстранува. Муѓутоа лекарите преферираат, доколку е можно, да остават барем дел од желудникот. Пациентите кои биле подложни на парцијална гастректомија имаат подобар квалитет на живот одколку тие кои биле подложени на тотална гастректомија.

И тогаш кога целосно ќе се одстрани желудникот пациентите брзо се навикнуваат на друг начин на исхрана. Ова вклучува јадење почесто на помали количини на храна. Генерално се препорачува храна богата со протеини. Парцијалната или тоталната гастректомија најчесто се придружени со други оперативни зафати. Најчесто се одстрануваат и лимфните јазли, како и делови од или цели органи кои се зафатени од канцерот. Прелиминарните испитувања покажуваат дека пациенти кои пред отпочнување на третманот не биле кандидати за оперативно одстранување на туморот во подоцнежните фази на болеста може да станат подобни за оперативен третман. Комбинацијата на хемо и радиотерапија може да помогне во намалување на карциноми кои првично не можело да се одстранат оперативно.

Хемотерапија

Дали пациентите кои се оперираат од рак на желудник треба или не треба да примаат хемотерапија е контроверзно прашање. Хемотерапијата може да се користи како примарен начин на третман или после оперативниот зафат за да се уништат клетките на канцерот кои мигрирале во други органи. Најголем дел од канцерите на гастроинтестиналниот тракт не регираат добро на хемотерапија, меѓутоа, аденокарциномот на желудник како и непреднатите фази се исклучок.

Хемотерапевтскиот лек доколку се користи изолирано обезбедува бенефит кај барем еден од пет пациенти. Комбинација од агенси може да има и поголем бенефит, иако со сигурност не обезбедува подолго преживување. Иако хемотерапијата со еден лек се користи понекогаш, најдобар ефект се постигнува со комбинација на повеќе лекови. Така да,покрај истражувањата кои се прават за да се утврди ефектот на новите лекови, се спроведуваат и истражувања за да се утврди ефектот од комбинацијата на одредени медикаменти со цел да се обезбеди највисок степен на помош на пациентот.

Радијациона терапија

Радијационата терапија најчесто се користи после опертивен зафат за да се уништат оние клетки на канцерот кои можеби не биле комплетно одстранети со операцијата. Во третманот на ракот на желудник најчесто се користи надворешна радијациона терапија. Во овој случај високо енергестки зраци од машина која се наоѓа надвор од телото се концентрираат на регијата каде се наоѓа туморот. Во понапреднатите фази на болеста радијационата терапија се користи за олеснување на симптомите како што се болки и крварење. Меѓутоа голем број од испитувањата покажале дека радијационата терапија била неефективна кај голем број на пациенти.  Испитувачите активно ја проценуваат улогата на хемо и радиотерапијата пред оперативното одстранување на туморот. Тие бараат начини со кои и радијационата и хемотерапијата ќе се употребат во поефективно излекување и продолжување на животот на пациентите со рак на желудник .

Прогноза

Приближно 20% од пациентите со рак на желудник преживуваат барем пет години по поставувањето на дијагнозата. Пациентите кои се дијагностицирани во поран стадиум од развој на болеста имаат подобра прогнозаа одколу тие дијагностицирани подоцна. Во раната фаза на развој , туморот е мал,лимфните јазли не се афектирани,и туморот се нема проширено во белите дробови и црниот дроб. За жал само 20% од пациентите со рак на желудник се дијагностицираат пред туморот да се прошири во лимфните јазли или пред а метастазира.

Многу е важно да се запамти дека статистикте не се секогасш во право. Секојдневно се развираат нови терапии кај кои сеуште се нема утвредено стапката на пет годишно преживување.Исто така најголем дел од луѓето кај кои се дијагностицира овој тумор се на возраст од 60-70 години со што може да се потврди дека и дел од овие пациенти умираат не од тумор на желудникот туку од други болести поврзани со возраста. Како резултат на тоа може да се очекува дека одредени пациенти со рак на желудникот може да имаат подолга стапка на преживување одколку што имало пред десет години.

Превенција

Избегнувањето на ризик факторите кои се асоцирани со оваа болест може да спречи појава на истата. Храната која е пресолена, димена, скиселена како и богата со нитрати треба да се избегнува. Исхараната богата со зеленчук и овошје се верува дека помага во спречувањето на појава на одредени канцери, меѓу кои и канцерот на желудник. Американското Канцер Друштво препорачува консумација на пет различни порции на овошје и зеленчук дневно како и храна од други растителни извори како што се зрна, тестенини, грав, житарици итн.

Антиканцероген потенцијал на маслото од црн дроб на ајкула
Маслото од црн дроб на ајкула се добива од ајкули кои ги населуваат длабоките и чисти води на морињата.

Познато е дека маслото од црн дроб на ајкула помага да се зајакне и регенерира имуниот систем и поволно делува на многу други функции и органи на телото.

Др. Астрид Брохулт и нејзиниот сопруг Проф. Свен Брохулт востановија дека луѓето со ослабен имун систем стануваат резистентни на инфекции после примањето на алкоксиглицероли кои се содржани во маслото од црн дроб на ајкула.

Силниот имун систем може да го заштити човекот на сосема природен начин и затоа луѓето од поларните региони земаат масло од црн дроб на ајкула за да ја сочуваат високата отпорност на инфекции.

Ајкулите се познати како едни од најздравите животни кои имаат одлична отпорност на инфекции, нивните рани заздравуваат двапати побрзо одколку кај луѓето и само една ајкула од 25000 може да добие малигно заболување. Биолозите заклучиле дека ајкулите умираат од длабока старост.

Маслото од црн дроб на ајкула е промовирано како додаток во исхраната кој допринесува за зголемување на имуниот систем, во борбата против инфекциите, зараснувањето на рани и како помошна терапија на карциноми.

Маслото од црн дроб на ајкула со стотици години се употребува во народната медицина од луѓето кои живеат на бреговите на Норвешка и Шведска за заштита од грип, како ефикасен антибактериски, антивирусен, антигабичен и антипаразитен продукт.

Синдромот на хроничен замор, состојба која често ги погодува некои луѓе во поново време ефикасно се третира со препарати од црн дроб на ајкула. Во текот на животот нашиот имун систем станува помалку ефикасен како резултат на животните навики и стресот.

Алкоксиглицеролите се наоѓаат во мајчиното млеко и го заштитуваат доенчето од инфекции и други заболувања. Во црниот дроб на ајкулите алкоксиглицеролите се наоѓаат во најголема концентрација од било каде во светот.

Маслото од црн дроб на ајкула е корисно за возрасни и деца во следните состојби:

- го зајакнува имуниот систем

- состојби на стрес и умор

- состојби на нарушена крвна слика

- има антиоксидативни својства

- помага за одржување на здрава кожа

- автоимуни заболувања

- малигни заболувања

Ефектите на маслото од црн дроб на ајкула веќе половина век научно се проучувани. Тоа резултирало со објавување на студии и книги како “Shark Liver Oil, Nature’s Amazing Healer” и “Devour Disease: with shark Liver Oil.”

Европска недела за превенција од рак на грлото на матката
Почитувани,

Ве известуваме дека по повод одбележувањето на Европската недела за превенција од рак на грлото на матката 23-29 Јануари 2012 година, Здружението „ Борка- за секој нов ден“ во соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на РМ, организира Јавна Расправа на 25 јануари 2012 година (среда), со почеток во 10.00 часот, во Сала Борис Трајковски, Собрание на РМ.

ПРОГРАМА

Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на РМ, 25 јануари 2012 година, на тема:

“Превенција од рак на грлото на матката – македонско и европско искуство”

10.00 – 10.15 Поздравни обраќања

- г-ѓа Лилјана Поповска, Претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието на РМ

- г-ѓа Биба Додева, Претседател на Здружението за борба против рак “Борка”

- г-дин Никола Тодоров, Министер за здравство на РМ

10.15 – 10.45 Воведни излагања

- Др.Јованка Костовска, Раководител на секторот за превенција во Министерството за здравство на РМ

- Асс.Др.Мр.Горан Димитров, Претседател на здружение за ХПВ на Македонија.

- Др.Марија Кишман, Шеф на канцеларијата на Светска здравствена организација во Македонија

10.45 – 11.30 Дискусија

Со почит,

Тимот на Борка – за секој нов ден

Рак на паратироидна жлезда
Ракот на паратироидната жлезда е редок, бавнорастечки тумор на паратироидната жлезда на вратот.

Опис

Четирите паратироидни жлезди во човечкото тело обично лежат во непосредна близина на тироидната жлезда, но ретко може да се најдат во горниот дел на градниот кош. Паратироидните жлезди лачат паратироиден хормон, кој игра централна улога во регулирањето на нивото на калциум во крвта.

Во состојба наречена примарен хиперпаратироидизам, вишокот произведен паратироиден хормон доведува до абнормално високи нивоа на калциум (хиперкалцемија).

Аденомите или хиперплазија на паратироидние жлезди се одговорни за околу 99% од сите случаи на примарен хиперпаратироидизам. Ракот на паратироидната жлезда е одговорен за останатите 1%. Ракот на паратироидната жлезда е бавно растечки тумор кој се манифестира главно со производство на паратироиден хормон.

Демографија

Само неколку стотици случаи на рак на паратироидната жлезда се пријавени во медицинската литература. Тоа е повеќе честа појава во Јапонија отколку во западните земји. Нема разлики во однос на преваленцијата по полови. Просечната возраст на пациентите со рак на паратироидната жлезда е петта деценија.

Причини и симптоми

За разлика од некои видови рак, нема предиспонирачки фактори кои јасно го зголемуваат ризикот за рак на паратироидната жлезда. Постојат некои пријавени случаи на рак на паратироидната жлезда кои произлегуваат кај пациенти со аденоми или хиперплазија на паратироидните жлезди.

Повеќето ракови на паратироидната жлезда се функционални тумори, со тоа што претерано лачат паратироиден хормон. Поради тоа, знаците и симптомите на ракот на паратироидната жлезда се главно поврзани со хиперпаратироидизам и произлегуваат од хиперкалцемијата. Чести поплаки се слабост, замор, губење на тежината, анорексија, запек, гадење и повраќање. Пациентите, исто така, може да го пријават честото мокрење и екстремната жед. Вишокот на паратироиден хормон предизвикува коските да ослободуваат премногу калциум во крвта, пациентите може да имаат болки во коските и фрактури. Вишокот калциум во крвта може да се депонира во бубрезите, што доведува до формирање на болни камења во бубрезите. Панкреатитис е уште една последица на хиперкалцемија. Нивоата на паратироидни хормони и калциум кај пациентите со рак на паратироидната жлезда обично се драстично зголемени, многу повеќе отколку кај пациенти со бенигни причини за хиперпаратироидизам.

Понекогаш ракот на паратироидната жлезда е доволно голем за да формира маса во вратот која лесно може да се чувствува. Ако масата е доволно голема, може да притиска врз нервите што ги контролираат гласните жици, што доведува до засипнатост. Спротивно на тоа, овие карактеристики се невообичаени во бениген хиперпаратироидизам.

Дијагноза

Дијагнозата на рак на паратироидната жлезда може да биде тешкоа затоа што произведува симптоми слични на оние на бенигниот хиперпаратиреоидизам поради аденоми или хиперплазија. Сепак, симптомите на рак на паратироидната жлезда се обично потешки и нивоата на паратироидни хормони и калциум се обично повисоки. Присуството на мацса во вратот или засипнатост, исто така, укажува на рак. Покрај ова, нема биохемиски или радиолошки тестови кои дефинитивно може да дијагностицираат рак на паратироидната жлезда.

Постојат четири генерални начини за дијагноза на рак на паратироидната жлезда:

• рак на паратироидната жлезда е суспектен врз основа на симптомите и знаците. Операција се изведува со намера да се отстрани ракот.

• пациент со хиперпаратиреоидизам се подложува на операција за отстранување на една или повеќе жлезди кои се смета дека содржат аденом или хиперплазија. За време на операцијата, се открива дека основната лезија е најверојатно рак.

• слично на тоа, пациентот со хиперпаратиреоидизам се подложува на операција за отстранување на една или повеќе жлезди кои се сметаат дека содржат аденом или хиперплазија. Откако операцијата е завршена,  ресецираниот примерок содржи рак.

• кога симптомите на хиперпаратиреоидизам се појавуваат по операција, треба да се посомнева на нецелосно третиран рак на паратироидната жлезда. Овој рак може да биде локализиран на вратот или може да се шири во далечните органи.

Неколку тестови можат да бидат корисни во оваа ситуација. Сцинтиграфија и ултразвук се корисни во откривањето на рекурентни тумори на вратот. Компјутеризирана томографија (КТ скен) и магнетната резонанца (МРИ) може да откријат рак на далечните органи, како што се белите дробови или црниот дроб. Понекогаш, внимателна биопсија од сомнителниот тумор може да потврди дијагноза на рак.

Клинички стадиуми, третман и прогноза

Ракот на паратироидната жлезда започнува во паратироидните жлезди и се протега на соседните структури. Доцна во текот на болеста, се шири на лимфните јазли и на крајот на белите дробови и црниот дроб.

Најдобар лек за ракот на паратироидната жлезда е хируршко отстранување на канцерската жлезда. Со цел да се обезбеди комплетна ресекција на ракот, дел од тироидната жлезда, во близина на лимфните јазли, како и друго адхерентно ткиво мора да се отстранат заедно со примерокот. Доколку постојат метастази во далечните органи треба да се отстранат, ако е можно.

Хируршко излекување не е можно ако ракот се проширил премногу. Терапијата тогаш станува фокусирана на контролирање на хиперкалцемијата. Општи мерки вклучуваат вклучување на солен раствор интравенски за враќање на изгубените течности и поттикнување на уринарната екскреција на калциум. Диуретици се лекови кои понатаму

стимулираат уринарна екскреција на калциум. Бифосфонатите и plicamycin инхибираат ослободување на калциум од коските. Други агенси, како што се галиум нитрат, покажаа ветување во третманот на хиперкалцемија поврзани со рак на паратироидната жлезда. Сепак, понатамошните студии мора да да се спроведуваат за да се потврди нивната ефикасност и безбедност.

Прогнозата на ракот на паратироидната жлезда зависи од стадиумот на ракот и комплетноста на хируршката ресекција. Ако ракот се открие рано и целосно отстрани, излекувањето е можно, но пријавено е враќање на ракот и после 20 години по операцијата. Излекувањето е невозможно по повторувањето. И покрај тоа, преживувањето може да биде значително продолжено со хируршка интервенција со цел отстранување на што повеќе повторувачки или далечни метастази. Во принцип, ракот на паратироидната жлезда расте и се шири полека, така што преголемата секреција на паратироиден хормон е повеќе клинички евидентна од вистинскиот раст на ракот.

Има неколку случаи кај кои радиотерапијата или хемотерапијата делумно го контролираат растот и симптомите на ракот на паратироидната жлезда. Во поголемиот дел од пациентите, овие интервенции не биле успешни.