Борка • Здружение за борба против рак » ЛЕКУВАЊЕ

Цитостатици
Повеќе од 50 цитостатици се во моментов на располагање за лекување на карциноми и многу повеќе се тестираат за нивната способност да ги уништат клетките на ракот. Околу 30% од антиканцер лековите доаѓаат од или се добиени од природни извори. Повеќето цитостатици интерферираат со способноста на клетките да растат или да се размножуваат. Иако овие лекови влијаат на сите клетки во телото, најефективни се против брзорастечките клетки. Клетките на ракот растат побрзо отколку повеќето други телесни клетки. Други клетки кои растат брзо се клетките на коскената срцевина кои произведуваат крвни зрнца, клетките во желудникот и цревата и клетките на фоликулите на косата. Затоа, најчестите несакани ефекти од хемотерапијата се поврзани со нивните ефекти врз другите брзорастечки клетки. Некои туморски клетки се отпорни на лекови, што ги прави уште потешко да се таргетираат.

Алкилирачки агенси

Алкилирачките лекови ги убиваат клетките на ракот со директно напаѓање на ДНК, генетскиот материјал на гените. Со напаѓање на ДНК, лекот ја спречува клетката од формирање на нови клетки. Азотни мустарди, кои биле првите нехормонски хемикалии со антиканцер способности, се всушност алкилирачки лекови. Cyclophosphamide и mechlorethamine се два алкилирачки агенси. Cyclophosphamide, најчестиот алкилирачки агенс, често се користи во комбинација со други лекови за лекување на рак на дојка, лимфоми и други тумори кај децата и возрасните. Mechlorethamine е дел од третманот за Хочкиновата болест.

Лекови кои содржат платина

Лековите кои содржат платина се корисни во лекувањето на голем број на малигни тумори. Примери за овие лекови се cisplatin, carboplatin и oxaliplatin. Cisplatin е повеќе токсичен од другите два и тоа било причина за откривањето на другите два платина лекови, кои се помалку токсични и поефективни. Carboplatin се покажал дека предизвикува помалку гадење и повраќање од cisplatin, и со тоа го замени cisplatin во многу тераписки режими. Нови лекови кои содржат платина се испитуваат.

Aнтиметаболити

Aнтиметаболитите интерферираат со производството на ДНК, клеточниот раст и множење. Тие се користат за лекување на различни типови на рак вклучувајќи рак на дојка, леукемија, лимфом, колоректален карцином, рак на главата и вратот, остеогенетски сарком, хориокарцином (редок рак на матката) и рак на уротелот. Примери на aнтиметаболити се 5-fluorouracil (5-FU), Tegafur – uracil.

Антитуморски антибиотици

Антитуморски антибиотици се направени од природни супстанции како што се габи во земјата. Тие интерферираат со важни клеточни функции, вклучително и производство на ДНК и клеточни протеини. Doxorubicin, daunorubicin, idarubicin, epirubicin и dactinomycin припаѓаат на оваа група на цитостатици.

Топоизомераза инхибитори

Топоизомераза инхибитори се ефикасни во лекувањето на голем број на ракови. Топоизомераза е ензим потребен за репликација на ДНК во клетката.Топоизомераза инхибиторите делуваат на овој ензим со што клетката на крајот умира. Лековите од оваа класа се etoposide и teniposide.

Camptothecin аналози се класифицирани како топоизомераза инхибитори. Специфични лекови се topotecan и irinotecan.

Антрациклини се топоизомераза инхибитори како на пример daunorubicin, doxorubicin, epirubicin и idarubicin. Недостатокот на антрациклините е нивната токсичност за срцето. Поради ова, се прават напори да се развијат синтетски лекови слични на антрациклините. Mitoxantrone и losoxantrone се два примери на синтетски лекови.

Dactinomycin е друг лек кој делува на ДНК на клетката. Тоа е ефикасен лек за лекување на различни типови на рак вклучувајќи Ewing-ов сарком, Wilms-ов тумор, ембрионален рабдомиосарком и гестациски хориокарцином (ретки ракови на матката). Исто така, се користат за лекување на рак на тестисите, лимфом, како и Капошиев сарком.

Антимикротубулни агенси

Микротубулите се важен дел на клетката и се таргет на една цела класа на цитостатици. Винка алкалоидите, кои ги напаѓаат микротубулите на клетката, се наоѓаат во многу мали количини во растението Periwinkle. Три типа на винка алкалоиди се vincristine, vinblastine и vinorelbine. Vincristine почесто се користи во лекувањето на ракови во детството. Тој се користи во комбинирана хемотерапија за лекување на акутна лимфоцитна леукемија и Хочкин и не-Хочкин лимфом, како и други видови на рак. Vinblastine се користи во комбинирана хемотерапија за Капошиев сарком, како и рак на мочниот меур, мозокот и градите. Тој исто така се користи во третманот на напреднатите случаи на лимфом и рак на герминативните клетки.

Taksanite се друга група на антимикротубулни агенси. Тие се дел од растението Тaxus од Пацификот и се прв пат изолирани во 1963 година. Во 1971 година, paclitaxel е пронајден како активна состојка во кората на ова дрво. Paclitaxel покажал ветувачки резултати кај луѓе со рак на јајниците или градите. Тој исто така се користи ка заболените од СИДА кои имаат Капошиев сарком, а во комбинација со cisplatin во третманот на не-ситноклеточен рак на белите дробови. Paclitaxel е исто така дел од хемотерапија кај пациенти со рак на дојка каде што ракот се проширил и на лимфните јазли. Docetaxel се користи за лекување на напреднатите случаи на рак на дојка, како и одредени не-ситноклеточни видови на рак на белите дробови. Estramustine phosphate е поврзан со азотни мустарди. Овој лек делува на микротубулите на клетката и е ефикасен во лекувањето на одредени видови рак на простата.

Хормони

Стероидните хормони го забавуваат растот на некои типови на рак кои зависат од хормони. На пример, tamoxifen се користи за лекување на ракот на дојката чиј раст зависи од хормонот естроген. Покрај тоа, андрогена супресиона терапија се користи во третманот на рак на простата. Целта на оваа терапија е да се намали нивото на машки хормони (андрогени), особено тестостерон, што може да предизвика клетките на ракот на простата да растат. Аналози на ослободувачкиот фактор на лутеинизирачкиот хормон (LHRH) доведуваат до пониски нивоа на тестостерон преку намалување на андрогените произведени од страна на тестисите. Два LHRH aналози достапни во САД во 2001 година се leuprolide acetatе и goserelin acetatе.

Ризици од хемотерапија

Цитостатиците се токсични за клетките на ракот, како и за нормалните клетки. Дозата која ќе ги уништи клетките на ракот веројатно ќе предизвика оштетување и на некои нормални клетки. Лекарите ги прилагодуваат дозите за да се направи колку е можно помала штета на нормалните клетки. Некои пациенти чувствуваат малку или воопшто не чувствуваат несакани ефекти, а други може да имаат повеќе сериозни несакани ефекти. Во некои случаи, прилагодување на дозата е се што е потребно за да се намалат или спречат несаканите ефекти.

Едно лице може да има несакани дејства веднаш или реакцијата може да биде одложена. Несаканите ефекти се класифицирани како што следуваат:

• акутни, се развиваат во рок од 24 часа од третманот

• одложени, се развиваат по 24 часа, но во рок од шест до осум недели од третманот

• краткорочни, комбинацја од акутни и одложени

• доцни / долгорочни, се развиваат месеци или години по третманот или траат подолг временски период

• очекувани, се развиваат кај три четвртини од пациентите

• чести, се јавуваат кај 25-75% од пациентите

• невообичаени / повремени, се јавуваат кај помалку од една четвртина од пациентите

• ретки, се јавуваат кај 5% од пациентите

• многу ретки, се случуваат кај помалку од 1% од пациентите

Одредени цитостатици имаат повеќе несакани ефекти од другите. Пациентите се охрабруваат да разговараат за можноста за несакани ефекти со својот лекар. Тие треба веднаш да побараат медицинска помош доколку се соочат со било какви невообичаени симптоми. Некои од најчестите несакани ефекти се:

Гадење и повраќање / губење на апетитот

Гадење и повраќање се честа појава, но обично може да се контролираат со земање антиеметици – лекови против гадење, пиење доволно течности и избегнување на зачинета храна. Губење на апетитот (анорексија) може да се должи на гадење или стрес поради лекување на ракот. Лекови кои имаат голема веројатност за предизвикување гадење или повраќање се cisplatin, mechlorethamine, streptozotocin, dacarbazine, carmustine и dactinomycin. Оние со умерен потенцијал за поттикнување на гадење вклучуваат cyclophosphamide, doxorubicin, carboplatin, mitomycin, и L-asparaginase. Цитостатици со мали шанси за предизвикување гадење или повраќање се fluorouracil, mеthotrexate, etoposidе, vincristine и bleomycin.

Губење на косата

Некои цитостатици предизвикуваат губење на косата (алопеција), но тоа е речиси секогаш привремено. Растот на косата не може повторно да започне се додека не поминат неколку недели од последниот третман. Ова е најчестото влијанието што хемотерапијата го има на надворешните површини на телото. Кај некои пациенти, облога од мраз, наречен мраз-турбан, може да го намали опаѓањето на косата. Ефикасноста ќе зависи од повеќе фактори како што се видот на лекот, дозата, и распоредот на лекувањето. Овој превентивен третман треба да се избегнува кај пациенти со леукемија, лимфом, mycosis fungoides или од оние со тумори на скалпот.

Пациентите треба да го користат со претпазливост, ако имаат васкулитис, криоглобулинемија или историја на зрачење на главата. Пациентите треба да разговараат со својот лекар за третманот со мраз-турбан пред да го пробаат.

Анемија и замор

Намален број на крвни клетки предизвикан од ефектот на хемотерапијата врз коскена срцевина може да доведе до анемија, инфекции, лесно крварење и модринки. Пациентите со анемија имаат малку црвени крвни зрнца за да пренесуваат кислород и хранливи материи на ткивата на телото. Анемичните пациенти се чувствуваат уморни и слаби. Ако нивото на црвени крвни клетки падне многу ниско, може да се даде трансфузија на крв.

Инфекции

Пациентите кои примаат хемотерапија се со поголема веројатност да добијат инфекција. Ова се случува поради тоа што нивните бели крвни клетки кои се борат со инфекции се намалуваат. Нивото на намалување може да варира во зависност од дозата и распоред на третманот и дали лекот се користи самостојно или во комбинација со други цитостатици. Тоа е важно за пациентите кои примаат хемотерапија за да се избегне инфекција. Кога бројот на бели крвни клетки ќе падне премногу ниско, лекарот може да препише лекови наречени колонија стимулирачки фактори кои им помагаат на белите крвни клетки да растат. Filgrastim и Sargramostim се два колонија стимуланси кои се користат како третмани за да се помогне во борбата против инфекцијата.

Лесно крварење и модринки

Тромбоцитите се крвни клетки кои го прават згрутчувањето на крвта. Кога пациентите немаат доволно тромбоцити, тие можат да крварат или да добиваат модринки многу лесно, дури и од мали повреди. Пациенти со ниски крвни тромбоцити треба да преземат мерки на претпазливост за да се избегнат повреди. Лекови како ацетилсалицилна киселина и други аналгетици може да влијаат на тромбоцитите и да го забават процесот на коагулација.

Рани во устата

Хемотерапијата може да предизвика иритација и сувост во устата и грлото. Воспаление во устата се нарекува стоматитис. Болни ранички кои се формираат може да крварат и да се инфицираат. Мерки на претпазливост за да се избегне овој несакан ефект вклучува давање на стоматолошка заштита пред да започне хемотерапијата, четкање на забите и непцата редовно со мека четка и избегнување на средства за миење на устата кои содржат сол или алкохол. Добра орална хигиена е многу важна. Корисно е за некои пациенти џвакање на парченца мраз половина час за време на хемотерапијата, но ова треба да се разговара со докторот пред да се направи.

Невропатија и други оштетувања на нервниот систем

Пациентите со рак може да развијат невролошки проблеми поради ракот или антиканцер лековите. Различни проблеми може да се развијат, вклучувајќи променета ментална свесност, промени во вкусот и мирисот, грчеви и периферна невропатија (трнење и жарење и / или слабост или вкочанетост во рацете и / или нозете). Различни лекови може да доведат до различни типови на невролошки нарушувања. Пациентите треба да разговараат за невролошките симптоми со лекарот.

Срцево оштетување

Некои антиканцер лекови се штетни за срцето. Во овие случаи, дозата будно се набљудува во обид да се избегне срцево оштетување. Специфични лекови кои можат да бидат токсични за срцето вклучуваат doxorubicin, daunorubicin, високи дози на cyclophosphamide, а во некои случаи, 5-FU. Пациентите кои доживуваат болка во градите или срцеви симптоми треба веднаш да побараат медицинска помош.

Оштетување на бубрезите

Голем број на антиканцер лекови може да ги оштетат бубрезите. Примерите вклучуваат високи дози на methotrexate  или 6 – MP, како и редовни дози на L-asparaginase, cisplatin, mithramycin, streptozocin, и mitomycin C. Некои проблеми со бубрезите може да се намалат со користење на соодветни количини на течности. Следна опасност од оштетување на бубрезите е тоа што помалку функционалните бубрези може да бидат повеќе подложни на понатамошна токсичност предизвикана од други антиканцер лекови кои пациентот ги зема.

Респираторни проблеми

Пациентите со рак кои имале зрачење во градната област се повеќе подложни на респираторни компликации. Nitrosourea или bleomicyn го предизвикуваат најчестиот тип на респираторна токсичност, наречен белодробна фиброза. Пациентите треба да добијат итна медицинска помош, ако имаат потешкотии со дишењето.

Сексуални проблеми

Некои лекови може да доведат до оштетување на сексуалната функција. Алкилирачки агенси и procarbazine може да резултираат со отсуство на сперматозоиди кај мажот и недостатокот на менструација кај жената. На пациентите во герминативна возраст обично им се кажува да се воздржат од зачнување за време на процесот на хемотерапија

поради дефектите кои може да ги предизвика врз фетусот.

Проблеми со видот

Некои антиканцер лекови може да влијаат на видот на едно лице. Високи дози на cyclophosphamide може да предизвикаat заматен вид кај децата, а некои алкилирачки агенси може да предизвикаat катарактa. Tamoxifen може да биде штетен за ретината, а cisplatin може да го оштети оптичкиот нерв. Конјунктивитис, често наречен “розево око“, е излечлив проблем што се јавува со многу антиканцер лекови.

Принципи на хемотерапија
Хемотерапијата е системски (на целото тело) третман на ракот со антиканцерогени лекови (цитостатици).

Цел

Главната цел на хемотерапијата е да се уништат канцерските клетки. Таа може да се користи како примарна форма на терапија или како дополнување на другите третмани. Хемотерапијата се користи за лекување на пациентите со рак што се шири од местото каде што започнал (метастазирал) во останатите делови на телото, но исто така може да се користи за да се спречи ракот повторно да настане (адјувантна терапија) кога ракот претходно е отстранет со хируршка интервенција. Хемотерапијата ги уништува клетките на ракот било каде во телото. Таа дури и ги убива клетките кои се одвоени од главниот тумор и патуваат преку крвта или лимфата во другите делови на телото.

Хемотерапијата може да излечи некои видови на рак. Во некои случаи, таа се користи за да се забави растот на клетките на ракот или да се спречи ширењето на ракот на други делови на телото. Таа е исто така корисна во намалувањето на големината на туморот пред операција (примарна [неоадјувантна] хемотерапија). Хемотерапијата може да ги олесни симптомите на ракот (палијативна), помагајќи им на некои пациенти да имаат подобар квалитет на живот.

Видови на хемотерапија

Хемотерапијата може да се користат како прва линија на третман или може да се започне одкако туморот е отстранет. Различни фактори, вклучувајќи го видот и стадиумот на ракот, ќе го одреди типот на хемотерапијата кој ќе се користи.

Адјувантна хемотерапија

Адјувантната хемотерапија се однесува на давање на пациентите цитостатици откако примарниот тумор е отстранет и нема докази дека ракот останува во телото. Таа била прв пат изучувана во 1950-тите. Оваа форма на третман на почетокот стекнала популарност, бидејќи покажала надеж во подобрување на севкупното преживување кај пациентите со одредени видови на рак. Теоријата е дека адјувантната хемотерапија ќе ги нападне микроскопските клетки на ракот кои останале по отстранување на туморот. Адјувантната хемотерапија може да биде ефективна кај некои видови на рак, вклучувајќи рак на дојка, колоректален карцином, остеогенетски сарком и Wilms – oв тумор. Одговорот на пациентот на адјувантната терапија се одредува со различни фактори, вклучувајќи ја дозата на лекот, распоредот на терапијата и резистентноста кон лекот. Токсичните несакани ефекти и економичноста се исто така важни прашања. Оваа област е во процес на понатамошна истрага.

Примарна (неоадјувантна) хемотерапија

Примарна хемотерапија, исто така, понекогаш наречена неоадјувантна хемотерапија или индукциона хемотерапија, е употреба на цитостатици како главна форма на терапија. Хемотерапијата може да биде примарна терапија кај ракови како што се: некои лимфоми, детски и некои адултни форми на Хоџкиновата болест, Wilms – ов тумор, ембрионален рабдомиосарком и ситноклеточен рак на белите дробови.

Примарната хемотерапија, исто така, може да се користи за лекување на тумори пред операција или зрачење. Во некои случаи, туморот може да биде толку голем што операцијата за негово отстранување ќе ги уништи главните органи или ќе биде доста обезличувачка. Примарната неоадјувантна хемотерапија може да ја намали големината на туморот, со што е можно за хирургот вршење на помалку трауматична операција. Примери на рак во која примарната хемотерапија може да се следи со помалку екстензивна операција вклучуваат: анален рак, ракот на мочниот меур, ракот на дојката, езофагеален рак, ларингеален карцином, остеоген сарком и мекоткивен сарком.

Предноста на примарната хемотерапија е дека крвните садови се непроменети, бидејќи тие не биле изложени на оперативен зафат или зрачење. Затоа, лекот лесно може да патува низ крвотокот кон туморот. Всушност, терапијата може да го подобри протокот на крв на туморот, што го прави повеќе приемчив за влијанието на зрачењето. Покрај тоа, употребата на хемотерапија пред хируршко отстранување на ракот му овозможува на лекарот да го процени одговорот на туморот на лекот (лековите) што се користат. Бидејќи не сите хемотераписки режими се подеднакво ефикасни, знаејќи како дадениот тумор одговара на пропишаниот хемотераписки режим може да биде предност во лекувањето на болеста.

Примарната хемотерапија има и некои недостатоци. Некои клетки на ракот може да бидат отпорни на лекот, со што терапијата е неефикасна (иако откривањето дека лекот е неефикасен го минимизира бројот на циклуси на лекот кој пациентот мора да ги помине). Лекот може значително да не ја намали големината на туморот или туморот може да продолжи да расте и покрај третманот. Исто така, првичната употреба на лекот може да доведе до повисока токсичност кога хемотерапијата се дава подоцна во текот на третманот.

Примарната хемотерапија станува принцип во лекувањето на некои пациенти со одредени видови на рак, како што се одредени видови на лимфоми, некои ситноклеточни ракови на белите дробови, детски ракови, ракови на главата и вратот и локално напреднат рак на дојка. Дополнителни истражувања за користењето на овој вид на хемотерапија е во тек.

Комбинирана хемотерапија

Во повеќето случаи, еден цитостатил не може сам да го излечи ракот. Користењето на два или повеќе лекови заедно често е поефективна алтернатива. Овој пристап се нарекува комбинирана хемотерапија. Научните истражувања на различни комбинации на лекови им помагаат на докторите да дознаат кои комбинации делуваат најдобро за различни видови на рак.

Комбинираната хемотерапија дава поголема шанса за уништување на канцерските клетки. Онкологот одлучува кој хемотерапевтски лек или комбинација на лекови ќе делуваат најдобро за секој пациент. Различни лекови ги напаѓаат клетките на ракот во различни фази на нивниот развоен циклус, правејќи ја комбинацијата посилно оружје против канцерските клетки. Исто така, со користење на комбинација на лекови може да се намалат шансите за резистентност кон лековите.

При изборот на комбинација на лекови, различни фактори се разгледуваат. Важно е за секој лек да биде ефикасен против одреден тумор кој се таргетира. Токсичноста, исто така, мора да се испитува за да се биде сигурен дека секој различен лек кој се користи во комбинација не е токсичен за истиот орган.

Начин на аплицирање на хемотерапијата

Хемотераписките лекови влегуваат во телото на едно лице на различни начини, во зависност од лекот кој се дава и видот на рак. Целта е хемотерапискиот лек да стигне до туморот. Некои делови од телото се помалку достапни за цитостатиците и тоа се зема во предвид кога докторот го утврдува начинот на употреба. На пример, крвномозочната бариера ја дава неможноста на некои антиканцер лекови да патуваат низ крвотокот и да влезат во мозокот или течноста која го опкружува мозокот. Делови од телото кои се недостапни за одреден лек го создаваат феноменот наречен “ефект на светилиште“. Со други зборови, туморот е безбеден, бидејќи хемотерапијата не може да го досегне. За да се надмине проблемот како што е овој, лекарот мора да смета на пат со кој најефикасно ќе се пренесе лекот во канцерските клетки. Хемотерапијата може да се даде со една или повеќе од следниве методи:

Перорално

Орална хемотерапија се дава преку уста во форма на таблети, капсули или течност. Ова е најлесниот начин и обично може да се применува дома.

Инјекционо

Интрамускулна (IM) хемотерапија се инјектира во мускул. Хемотерапијата дадена со интрамускулна инјекција се апсорбира во крвта побавно од интравенска (IV) хемотерапија. Поради ова, ефектите на IM хемотерапија може да траат подолго од хемотерапијата која се дава интравенски. Хемотерапијата исто така може да се инјектира субкутано (SQ или SC), што значи под кожата.

Интравенски

Интравенска (IV) хемотерапија е најчестиот начин за да се внесат цитостатиците во телото на едно лице. Лекот се вбризгува директно во вена. Една мала игла се вметнува во вената на шаката или подлактицата. Хемотерапијата исто така може да биде дадена со катетер или порт вметнат во централна вена или телесна празнина, каде што може да остане за подолг временски период. Портот е мал резервоар или контејнер кој е ставен во вена или под кожата, во област каде што лекот ќе се даде. Овие методи ја елиминираат потребата за повторни инјекции и може да им овозможат на пациентите да потрошат помалку време во болницата додека примаат хемотерапија. Честа локација за траен катетер е надворешната југуларна вена во вратот. Катетри и портови бараат прецизна нега и чистење за да се избегнат компликации, како што се згрутчување на крвта или инфекција. Тие можат да се вметнуваат со помош на хируршка процедура. Хемотерапијата дадена со IV метод може да се администрира интермитентно или постојано. Главните причини за континуиран проток се да се зголеми ефективноста против туморот или да се намали токсичноста. Некои лекови делуваат поефикасно кога се изложени на ракот во текот на еден период на време, со што континуираниот проток го прават повеќе пожелен. Лек кој најчесто се користи за лекување на колоректален карцином во континуирана инфузија е флуороурацил. Лек кој има помалку токсичност за срцето со континуирана инфузија е doxorubicin. Во некои случаи, токсичноста се јавува кога лекот го достигнува највисокото ниво. Континуираната инфузија го спречува лекот од постигнување на ова ниво, а со тоа намалување на шансите за токсични несакани ефекти.

Интраартериски

Туморите бараат снабдување со крв и кислород, за да може да растат. Тие ги добиваат овие есенцијални материи од артериите кои ги снабдуваат органите со крв и кислород. Ставањето на цитостатици во артериите обезбедува добар пристап до канцерскиот тумор. Интраартериската  хемотерапија не е наменета за сите пациенти. Туморот мора да биде ограничен на еден специфичен орган и снабдувањето со крв на туморот мора да биде достапно. Црниот дроб е најчестиот орган таргетиран со овој вид на хемотерапија, иако таа исто така е ефективна и кај одредени мозочни тумори. Нејзината употреба кај карциномите на главата и вратот останува контроверзна. Понатамошната употреба на овој вид на хемотерапија е сеуште под истрага. Катетер се вметнува со користење радиолошки техники или операција. Хируршко вметнување е најчесто користено.

И покрај тоа што е поефтино и помалку стресно, радиолошкото вметнување резултира со катетер кој не може да остане во место се како катетер кој е вметнат хируршки. Радиолошки вметнат катетер останува во место за неколку недели во споредба со хируршки вметнат катетер кој останува во место од неколку недели до повеќе години. На долги стази, хируршки имплантиран артериски катетер има помалку компликации, како што се тромбоза или инфекција и е повеќе прифатлив за пациентот. Радиолошки ставениот катетер на почетокот се вметнува во артерија во раката или ногата на пациентот, а потоа се води до неговата крајна дестинација во близина на туморот, каде што може да остане за подолг период.

Катетерот бара прецизна грижа да биде чист и безбеден на местото, со што се намалува можноста од компликации. Проблемите поврзани со катетери вклучуваат движење на врвот, згрутчување на крвта и инфекции. Пумпи може да се користат за движење на лекот преку артеријата до туморот. Пумпата може да биде надворешно или внатрешно вградена. Димензиите на надворешните пумпи се движат од големи машини кои се наоѓаат во болниците до преносни уреди со големина на паричник. Вградените пумпи им даваат на пациентите поголема слобода и се безбедни и ефикасни. Некои внатрешни пумпи даваат постојан проток на лекот, додека другите се програмирани да ги испорачуваат наизменично дозите. Лекови кои се користат за интраартериска хемотерапија се флоксуридин, флуороурацил, митомицин, цисплатин и стрептомицин. Помалку често, доксорубицин се користи преку артериска хемотерапија за лекување на одредени видови на рак на дојка, мочниот меур, желудникот и други органи.

Интралезионо (во самата промена)

Интралезиона хемотерапија е инјектирање на цитостатици директно во туморот, кој е во кожата, под кожата или во некој орган во телото. Некои примери кои вклучуваат користење на интралезиона хемотерапија се меланом и Капоши сарком. Овој вид на хемотерапија покажува надеж за други малигни заболувања како што се ларингеални ракови, иако понатамошното користење е под истрага.

Интраперитонеално

Интраперитонеална (IP) хемотерапија се спроведува во абдоминалната празнина преку катетер или порт кој е ставен на местото со хируршка интервенција. Ракот на јајникот е понекогаш третиран со IP хемотерапија бидејќи овој тип на рак обично останува во затворен простор. Овој вид на терапија е погоден само за некои пациенти. Пациенти со рак на јајник чии тумори имаат дијаметар поголем од два сантиметри не можат да ја добијат оваа терапија бидејќи цитостатиците не стигнуваат многу далеку во туморот. Исто така, пациентите чии ракови се отпорни на одредени лекови не може да подлежат на IP терапија. Пациентите со помали тумори или оние кои покажуваат одговор на хемотерапијата се подобри кандидати. Лекови кои се користат во IP хемотерапија се цисплатин, paclitaxel, floxuridine, флуороурацил, mitoxantrone, carboplatin, а алфа-интерферон.

Интратекалено

Интратекална хемотерапија е инјектирање на цитостатици во спиналната течност. Овој метод се користи главно во лекувањето на акутна лимфоцитна леукемија. Таа е ефективна во пласирањето на цитостатици директно во цереброспиналната течност што го опкружува ‘рбетниот мозок и мозокот. ’Рбетната дренажа, исто така, наречена лумбална пункција, е постапката која најчесто се користи за да се добие пристап до спиналната течност. Ако многу третмани се потребни, уред наречен Ommaya резервоар може да се искористи. Овој уред се вметнува под скалпот и овозможува инјектирање на цитостатици во текот на спиналната течност преку резервоар. Пациентите можат да се вратат дома со резервоарот. Чести лекови кои се користат интратекално вклучуваат метотрексат и cytarabine, кои се обично дадени од страна на лекар со помош на сестра. Некои пациенти со леукемија добиваат IV третмани во исто време кога имаат интратекален третман.

Топично (локално)

Локална хемотерапија се дава како крем или маст применета директно на ракот. Овој метод е почест во третманот на некои видови на рак на кожата. Еден пример е флуороурацил локален цитостатик.

Локација и распоред на третманот

Пациентите може да ја применуваат хемотерапијата дома, во ординацијата на лекарот или како болнички или амбулантски пациенти во болница. Повеќето пациенти престојуваат во болница на почетокот на хемотерапијата, па нивниот лекар може да провери било какви несакани ефекти и промена на дозата доколку е потребно. Многу важен дел од хемотерапијата е одредување на соодветната доза. За да го направи тоа, лекарот мора да ја разгледа големината на пациентот како и токсичните несакани ефекти на лекот кој може да ги има. Колку често и колку долго хемотерапија ќе се дава е во зависност од видот на ракот, видот на дадениот лек, како пациентите реагираат на лековите, здравјето на пациентите и способноста да се толерира лекот. Администрацијата на хемотерапијата може да трае неколку минути или може да трае толку долго како неколку часа. Хемотерапијата може да се даде дневно, неделно или месечно. Одмор може да следи по секој третман, пред почетокот на следниот курс. Во комбинираната хемотерапија, повеќе од еден лек може да се даде истовремено или тие може да се дадат алтернативно, еден по друг.

Мерки на претпазливост

Постојат многу различни видови на цитостатици. Онколозите, лекарите кои се специјализирани во лекувањето на рак, ќе утврдат кои лекови се најпогодни за секој пациент. Оваа одлука е врз основа на видот на рак, возраста на пациентот и здравјето на пациентот, како и други лекови кои пациентот ги зема. Некои пациенти не треба да се третираат со одредени цитостатици. Возраста и други услови може да

влијаат на лековите со кои едно лице може да се третира. Срцевата болест, бубрежни заболувања и дијабетес се состојби кои можат да го ограничуваат изборот на третман на лекови. Бременоста е друга мерка на претпазливост поради влијанието на антиканцер лековите врз феталниот развој.

Подготовка

Голем број на медицински тестови се вршат пред хемотерапијата да започне. Онкологот ќе утврди колку ракот се шири според резултатите од Х зраците и други тестови, како и од примероци на туморот земени за време на операцијата. Целосната медицинска историја на пациентот ќе биде земена, вклучувајќи ги сите минати хемотерапии. Ќе биде побарано од пациентот да потпише формулар за согласност и ќе му биде објаснето за лековите и постапките кои се вклучени со хемотерапијата. Важно е пациентот да ги разбере и ризиците и придобивките од лекувањето.

Сестрата го објаснува она што ќе се одржи за време на третманот и сите несакани ефекти кои се очекуваат. Во прилог на физичките несакани ефекти, стресот од хемотерапија ќе се дискутира. Пациентите кои се подобро подготвени имаат тенденција да имаат помалку несакани ефекти и поголема емоционална способност да се справат со хемотерапијата.

Крвните тестови му даваат на лекарот важни информации за функцијата на крвните клетки и нивоата на хемикалии во крвта. Комплетна најчесто се прави пред и редовно во текот на лекувањето. Крвната слика го покажува бројот на белите крвни клетки, црвените крвни зрнца и тромбоцитите во крвта. Бидејќи хемотерапијата влијае на коскената срцевина, каде крвни клетки се создаваат, нивото на овие клетки често паѓа за време на хемотерапијата. Белите крвни зрнца и тромбоцитите најмногу ќе бидат погодени од хемотерапијата. Падот на белите крвни клетки значи дека имунолошкиот систем не може да функционира правилно. Ниското ниво на тромбоцити може да предизвика пациентот да крвари лесно од исекотиние или други рани. Ниските црвени крвни клетки може да доведат до анемија (недостаток на црвени крвни клетки) и замор. Понекогаш, на пациентите кои користат цитостатици кои можат да предизвикаат гадење, им се даваат лекови наречени антиеметици пред хемотерапијата да се даде. Антиеметиците се лекови кои помагаат да се намали чувството на гадење. Два антиеметици кои може да се користат се granisetron и ondansetron. Други начини за подготовка за хемотерапија и намалување на гадењето се:

• редовно јадење здрава храна и пиење многу течности.

• јадење и пиење нормално до два часа пред хемотерапијата.

• јадење нискомасна храна која содржи многу јаглени хидрати и избегнување зачинета храна.

Опоравување

За контрола на несаканите дејства после хемотерапијата, пациентите треба да:

• ги почитуваат ги упатствата дадени од страна на лекарот или медицинската сестра.

• ги ​​земат сите пропишани лекови.

• јадат мали количини на блендирана храна.

• пијат многу течности.

• одмораат доволно. На некои пациенти им помага кога дишат чист воздух или прават умерени вежби, како што е правење прошетка.

Резултати

Главната цел на хемотерапијата е да се излечи ракот. Многу видови на рак се излечливи со хемотерапија. Хемотерапијата може да се користи во комбинација со операција за да се задржи ширењето на ракот на други делови на телото. Некои широко распространети, брзорастечки ракови потешко се третираат. Во овие случаи, хемотерапијата може да го забави растот на клетките на ракот.

Лекарите може да кажат дали хемотерапијата има ефект според резултатите на медицинските тестови. Физикалниот преглед, крвните тестови и рентгенските снимки се користат за проверка на ефектите од третманот на ракот. Можни исходи на хемотерапија се:

• комплетна ремисија или одговор. Ракот целосно исчезнува за најмалку еден месец. Текот на хемотерапија е завршен и пациентот редовно се тестира за евентуално повторување на ракот.

• делумен одговор. Ракот се намалува во големина од најмалку 30-50%, намалување на големината се одржува најмалку еден месец, а нови лезии не се наоѓаат во текот на лекувањето. Истата хемотерапија може да се продолжи или друга комбинација на лекови може да се користи.

• мал одговор. Ракот се намалува 1-29%.

• стабилизација. Ракот не расте или се намалува. Други тераписки опции може да бидат истражени. Туморот може да остане стабилизиран за многу години.

• прогресивна болест. Ракот продолжува да се зголемува во големина од најмалку 25% или нови лезии се забележи. Други тераписки опции може да бидат истражени.

• секундарен малигнитет може да се развие од првичниот кој се третира и вториот рак може да има потреба од дополнителна хемотерапија или друг третман.

Третман на ракот на дојката
Најдобри шанси за успешно лекување на ракот на дојката е истиот да се открие што порано. Ракот на дојката е болест која е опасна по животот и точното дијагностицирање и соодветниот третман е од клучно значење за контрола на болеста. Опциите за третман вклучуваат хирургија, хемотерапија, зрачење, како и употреба на биотерапевтици. Ракот на дојката се лекува на два начина: на локално ниво, за да се елиминираат туморските клетки од дојката со хируршки зафат и зрачна терапија, и системски, за да се уништат клетките на ракот кои допатувале во другите делови на телото. Системската терапија вклучува употреба на лекови за хемотерапија, хормонска терапија за да се намали количината на естроген што циркулира во крвта и биотерапевтици за таргетирање на залутаните клетки на ракот.

ХИРУРГИЈА

Историски гледано, хируршкото отстранување на целата дојка и аксиларните лимфни јазли, заедно со мускулите на ѕидот на градниот кош (радикална мастектомија), била изведувана како приоритетна терапија за рак на дојка. Денес, хируршкиот третман е најдобар како комбинација од отстранување на примарниот тумор и одредување на стадиумот на аксиларните лимфни јазли. Ако целата дојка е отстранета, заедно со целата аксиларна содржина, но мускулите на градниот кош не се отстранети, во тој случај изменета радикална мастектомијата е изведена.

Ако туморот е помал од 4 cm во големина и локализиран, така што тој може да се отстрани без да се наруши козметичкиот изглед на резидуалната града, само примарниот тумор и ивиците на нормалното ткиво ќе бидат отстранети.

Аксиларните јазли се отстрануваат заради стејџирање, обично преку посебна инцизија. Поради ризикот од повторување на ракот во останатото ткиво на дојката, зрачење се користи за да се намали можноста од локално повторно појавување. Овој тип на примарна терапија е познат како лумпектомија (или сегментална мастектомија) и аксиларна дисекција. Сентинел биопсија на лимфните јазли, техника за идентификување кои јазли во пазувата го дренираат туморот, е развиена за да се обезбеди селективно земање примероци за понатамошно намалување на степенот на хируршка траума која пациентот ја доживува. Кога пациентите се соодветно одбрани врз основа на клиничката предоперативна фаза, сите овие хируршки пристапи покажале слични резултати.

Патолошкиот стадиум е дефиниран откако хируршкиот третман апсолутно ги дефинира локалните параметри. Во прилог на стадиумот, има и други тестови кои се многу потребни за да се помогне во одлуките во врска со третманот.

Ткивото треба да се анализира за присуство или отсуство на хормонски рецептори и рецептор наречен HER-2. Присуството на овие рецептори ќе влијае на дополнителните терапии. Микроскопската евалуација, исто така може да вклучува и проценка на инвазијата во лимфните или крвните садови што предвидува полош исход. ДНК на клетките на туморот квантитативно се анализира со цел да се одреди биолошката агресивност на туморот. Овие параметри се користат заедно со статусот на аксиларните лимфни јазли за да се дефинира статусот на предвидената агресивноста на ракот. Оваа проценка, заедно со возраста и општата состојба на пациентот, се зема во предвид кога се планира адјувантна терапија.

Адјувантната терапија се користи по примарниот третман за да се осигура дека не постои микроскопска болест и да се пролонгира времето на преживување на пациентите.

ЗРАЧЕЊЕ

Како и хируршката терапија, терапијата со зрачење е локален модалитет – таа го третира ткивото изложено на неа, а не на остатокот на телото. Зрачење обично се дава пост-оперативно по заздравувањето на хируршките рани. Патолошкиот стадиум на примарниот тумор, сега е познат и помага во планирањето на третманот. Степенот на локалната хирургија, исто така влијае на планирањето. Зрачењето може да не бидат потребно воопшто после изменета радикална мастектомија за стадиум I на болеста, но скоро секогаш се користи кога се изведува хирургија која ја штеди дојката. Ако туморот бил голем или ако повеќе јазли биле вклучени, областа на изложеното ткиво ќе се разликува соодветно. Зрачењето се користи како додаток на хируршката терапија и се смета за важен модалитет во стекнување на локална контрола на туморот. Употребата на терапија со зрачење не влијае врз одлуките за адјувантна терапија.

Зрачењето исто така има важна улога во лекувањето на пациентите со дисеминирана болест, особено ако го вклучува скелетот. Радиотерапијата може да врши контрола на болката и превенција на фрактурите во овие околности.

ХEMOTЕРАПИЈА

Преживувањето по локален третман во стадиум II на рак на дојка било подобрено со додавање на хемотерапија. Адјувантна хемотерапија во интервал од 4-6 месеци сега е стандарден третман за пациентите со стадиум II на болеста. Додавање на системска терапија на локален третман кај пациенти кои немаат доказ за болест се врши врз основа на претпоставката дека некои пациенти имаат метастази, кои во моментот не се докажуваат затоа што се микроскопски. Со рано третирање на пациентот во целина, пред распространетата болест да се дијагностицира, адјувантната терапија ја подобрува стапката на преживување за пет години по третманот од околу 60% за стадиум II на околу 75%. Стандардниот режим на cyclophosphamide, methotrexate и floururacil (CMF), се дава во период од шест месеци и добро се поднесува. Режимот на cyclophosphamide, doxorubicin и floururacil, (CAF), е малку повеќе токсичен, но се потребни само четири месеци. Doxorubicin и cyclophosphamide, исто така, може да се користат сами, без floururacil. Двете методи се речиси еквивалентни во резултатите. Адјувантната хормонска терапија може да се додаде кон адјувантната хемотерапија  бидејќи тие делуваат преку разни патишта.  Како што би се очекувало, охрабрувачките резултати од адјувантната терапија во стадиум II на болеста доведоа до студии на ваквата терапија кај стадиум I на болеста. Резултатите не се толку драматични, но тие се реални.

Во моментов, стадиумот I на болеста е поделен во категории a, b и c, врз основа на големината на туморот. Стадиумот Ia е тумор помал од еден сантиметар во дијаметар. Адјувантната хормонална или хемотерапија сега најчесто се препорачува за Ib и Ic стадиум на пациенти. Токсичноста на третманот мора да се процени поединечно за секој пациент бидејќи пациенти со стадиум I на болеста имаат преживување повеќе од 80% без адјувантна хемотерапија.

Ако пациентите се дијагностицираат со стадиум IV на болеста или и покрај третманот, напредуваат во состојба на широко распространета болест, системската хемотерапија се користи на повеќе агресивен начин. Во прилог на режими кои содржат doxorubicin, docetaxel и paclitaxel се открило дека се ефективни во индуцирањето на ремисија.  Врз основа на прогностичките фактори, како што се вкупниот број на јазли кој вклучува над 10, анеуплоидна ДНК со висока вредност на синтеза или агресивни наоди на микроскопската проценка, некои пациенти со стадиум II или III на болеста може да се предвиди дека ќе одговорат лошо на третманот. Ако нивниот статус на перформанс дозволува, тие може да се сметаат за третман со високо агресивна хемотерапија. Токсичноста е таква што ќе резултира со откажување на коскената срж. За да се заобиколат овие предвидени пропратни ефекти од агресивната терапија, или ќе бидат трансплантирани пациентите со свои матични клетки (клетки кои ќе создадат нова срцевина) или алогена трансплантација на коскена срцевина ќе биде потребна.  Оваа терапија може да биде високо ризична постапка за пациентите. Таа е дадена со познат ризик за пациентите кои се предвидени да реагираат лошо, и тоа само ако се претпостави дека тие може да ја толерираат. Повеќето пациенти кои ја примаат оваа терапија ја примаат како дел од клиничко испитување. Во моментов не е јасно дали ваквите агресивни терапии може да се оправдаат и тие сеуште се проучуваат.  За пациентите кои се дијагностицирани со напредна локална болест, операцијата може да биде проследена со хемотерапија и радиотерапија. Оваа болест локално регресира овозможувајќи го традиционалниот хируршки третман за оние кои не можат да го добијат на друг начин. Хемотерапијата и понекогаш радиотерапијата ќе продолжат и по операцијата.

БИОТЕРАПЕВТИЦИ

Биотерапевтици се еден вид на таргетирана терапија. Големи количини на антитела од еден тип (наречени моноклонални антитела) кои реагираат со специфични рецептори на клетките на ракот се направени во лабораторија. Кај пациентот, тие ги инактивираат или ги уништуват оние клетки кои содржат конкретни рецептори, но не реагираат со други клетки. Trastuzumab и lapatinib ги таргетираат клетките, кои содржат протеини на раст познати како HER/2. Помеѓу 15 и 25% од жените имаат рак на дојка кој реагира на овие лекови. Bevacizumab е биотерапевтик корисен за лекување на рак на дојка кој метастазирал. Тој помага во спречување на туморите преку интерферирање со растот на крвните садови на туморот. Без пристап до хранливите материи од крвта, туморите не може да пораснат во големина. Биотерапеутиците обично се користат во прилог на цитостатиците.

Режимите од овој вид се познати како нео-адјувантна терапија. Тие се докажани дека се ефективни во стадиум III на болеста. Нео-адјувантна терапија сега се студира кај пациенти со големи тумори, кои се во стадиум II, во обид да им понуди зачувување на дојката на овие пациенти.

Лек познат како trastuzumab, моноклонално антитело, сега се користи во третманот на  оние со системска болест. Производот на човековиот епидермален фактор на раст 2 ген, (HER-2) е премногу експресиран кај 25% -30% од раковите на дојката. Тrastuzumab се врзува за HER-2 рецепторите на ракот, што резултира со застој на растот на овие клетки.

ХОРМОНСКА ТЕРАПИЈА

Многу ракови на дојката, особено оние кои се со потекло од пост-менопаузални жени, одговораат на хормони. Овие ракови имаат рецептори на нивните клетки за хормонот естроген. Дел од постоперативното оценување на примарниот тумор е евалуација за присуство на естроген и прогестерон рецептори. Ако тие се присутни на клетките на ракот, менување на хормонскиот статус на пациентот ќе го забави растот на туморот и ќе има позитивно влијание врз преживувањето. Хормонскиот статус може да се смени со медикаментозна терапија. Лекот tamoxifen се врзува за рецепторите на естрогенот врз клетките на ракот, така што хормоните не можат да комуницираат со клетките и да го стимулираат нивниот раст. Ако пациентот ги има овие рецептори, тамоксифенот најчесто се препишува за пет години како додаток на примарниот третман. Кај жените чии канцерските клетки имаат естрогенски рецептори, tamoxifen ја намалува можноста за повторно појавување на рак на дојка за околу 50%.

Toremifene и fulvestrant се лекови слични на тамоксифенот кои ги таргетираат хормонските рецептори на клетките на ракот. Тие често се користат кога клетките на ракот не реагираат на tamoxifen. Покрај тоа,  група на лекови наречени инхибитори на ароматаза кои ги блокираат ензимите кои произведуваат естроген кај пост-менопаузални (но не и пред-менопаузални) жени се користат за да се третираат ран и доцно напреден рак на дојка.  Овие лекови ги вклучуваат letrozole, anastrozole и exemestane. Користењето на овие средства ја намали потребата за хируршко отстранување на хормон-продуцирачки жлезди, како што се јајниците или надбубрежните жлезди, што понекогаш се правело во минатото.

КЛИНИЧКИ ИСПИТУВАЊА

Употребата на tamoxifen и други агенти, кои го менуваат хормонскиот статус на пациентот сеуште се студираат. . The National Surgical Adjuvant Breast and Bowel Project (NSABP) со поддршка од National Cancer Institute почна една студија во 1992 (наречен Breast Cancer Prevention Trial или BCPT) проучувајќи ја употребата на tamoxifen како превенција на рак на за жени со висок ризик. Резултатите од оваа студијата покажале дека tamoxifen значително го намалува ризикот за рак на дојка, а U.S. Food and Drug Administration ја одобри употребата на tamoxifen за намалување на ризикот за рак на дојка кај високо ризични пациенти во 1998 година. Друга NSABP студија, позната како STAR, се обидувала да открие дали друг лек, raloxifene, е исто толку ефективен како tamoxifen во намалувањето на ризикот за рак на дојка кај високо ризични пациенти. Таа студија била започната во 1999 година, а учесниците биле следени пет години.

ПРЕВЕНЦИЈА

Правејќи избор на животен стил, кој ги елиминира факторите на ризик е претпазливост која го промовира општото здравје и благосостојба. И покрај прашањата во врска со ефикасноста на мамографијата во откривањето на ракот на дојката, редовните скрининг мамограми остануваат најефикасен инструмент на располагање за откривање на ракот на дојката во рана фаза, кога најмногу е излечлив. Основен мамограм треба да биде направен на возраст од 35, така што оваа нормална рендгенска снимка може да се користи да се споредува со идните мамограми.

Покрај тоа, жените треба да вршат само-преглед на дојките во исто време секој месец. The American Cancer Society (ACS) објави упатства колку често и на која возраст жените треба да прават скрининг мамограми. Во 2008 година препораката беше за годишни скрининг мамограми за жените на 40 годишна возраст. Како што беше спомнато претходно, заради резултатите од BCPT клиничкото испитување, tamoxifen сега може да се препишува на жените со висок ризик за да помогне во спречувањето на ракот на дојката.  Ракот на дојката може да се дијагностицира со мамограм во рана фаза, кога тој е најмногу излечив. Резултатите од јавната свест и рутински скрининг дозволуваат рано дијагностицирање, што резултира со подобра прогноза за оние кои се откриени.

Биолошки третман на рак
Биолошки третмани за канцер, познати и како метаболички третмани, се базираат на принцип на детоксифицирање и зајакнување на телото, така што тоа да може да ги надмине и метаболизира клетките на ракот. Овој приод речиси секогаш се спроведува преку исхраната, во повеќето случаи со помош на додатоци во исхраната и/или билки, или со применување на процедури за детоксификација, како што се прочистување на цревата и клизми.

Потекло

Се смета дека Парацелзус и Хипократ го лечеле канцерот со помош на природни лекови (преку храна), но тешко е да се потврди дека тие всушност лекувале канцер, којшто најчесто се смета како болест на модерниот човек. Современите биолошки терапии за канцер почнаа да се појавуваат на почетокот на дваесеттиот век. Терапијата развиена од страна на Max Gerson (1881 – 1959) е веројатно најистакната меѓу првите терапии, иако Gerson имал подеднакво еминентни современици.

Терапијата Gerson го нагласува јадењето органска храна, користењето на клизми со кафе и прочистување на телото со одредени додатоци во исхраната. И покрај тоа што резултатите варираат, многу експерти по алтернативна медицина специјализираат во областа на пронаоѓање лек за канцер.

Предности

Биолошките третмани за канцер не се инвазивни и ги немаат тие последици како при хемотерапијата и зрачната терапија. За разлика од биолошките третмани, конвенционалните медицински третмани го ослабуваат или целосно го уништуваат имунолошкиот систем на телото и возможно е да го остават пациентот во многу слаба состојба.

Биолошките третмани функционираат преку зајакнување на имунолошкиот систем, така што тој да може да ги надмине сите абнормални состојби. Успешните биолошки третмани на туморите прават пациентот да се чувствува подобро од што се чувствувал пред да се разболе, со ефикасно усогласени телесни функции и повисоко ниво на енергија.

Опис

Сите биолошки терапии за канцер се фокусираат на зајакнување на човечкиот организам, така што тој да може да го уништи канцерот, наместо да се фокусираат на самиот канцер, како што е случај со конвенционалната, стандардна медицина. На тој начин, сите овие терапии го промовираат здравиот начин на живот, како суштински дел од лечењето. Конкретно, оваа состојба бара воздржување од обработена, денатурализирана храна и со тоа елиминирање на токсините од режимот на исхрана и животната средина. Природната хигиена и другите алтернативни терапии препорачуваат свежо овошје и зеленчук во изобилство.

Терапијата Gerson користи свежи сокови од органски извори. Особено во почетокот, од витално значење за третманот е детоксификацијата, која е процес на охрабрување, а понекогаш и поттикнување на телото да ги елиминира отровите, кои се складирани во клетките на телото и гастроинтестиналниот систем. Во случајот на заболени од рак, овој процес вклучува значително количество на токсичен отпад, којшто мора да се исфрли надвор од организмот.

Паралелно со процесот на детоксификација, овој третман има за цел да му обезбеди на организмот обилни резерви на свежи ензими и хранливи состојки кои му овозможуваат на телото да се обнови и да го обнови ендокриниот и имунолошкиот систем. При лекување на повеќето заболувања и болести со природни терапии, пациентот се охрабрува да вклучи и програма на вежби, за да се подобри ефективноста на третманот. Сепак, пациентите со рак може да не се доволно силни за такви активности и притоа да им е потребна на располагање целата сила за да се борат против ракот. Во тој случај, тие се советуваат да се вклучат на програма за вежбање, во моментот кога ќе се почувствуваат  доволно силни за да го сторат тоа.

Лекари – практикувачи

Лекарите кои се успешни во лекувањето на сериозни болести, особено ракот, имаат репутација на многу строги лекари за нивните пациенти. Кога се прашани, многумина велат дека доколку пациентот заболен од рак не е подготвен сериозно да се справи со проблемот на детоксификација и прецизно да ја следи диетата, постои мала надеж дека тие ќе бидат во можност да ја надминат болеста. Често пациентите кои се во послаба здравствена состојба имаат потреба од поддршка на терапевт, кој е подготвен да биде упорно до нив.

MAX GERSON. Герсоновата терапија веројатно се смета за оригиналниот биолошки третман за ракот. Во својата книга ‘‘Терапија за Ракот, Резултати од Педесеттина Случаи‘‘ Gerson има документирано 50 успешни случаи на пациенти лекувани од рак. Тој објаснува дека случаите во неговата книга биле најопширно документирани и поради тоа, повеќето од нив биле погодни за целите на неговата демонстрација на лекување. Gerson верува дека хронични болести се јавуваат како резултат на нутритивниот дефицит и токсичноста.

За да ги победи овие недостатоци, самата терапија се потпира главно на свежи органски сокови, но вклучува и додатоци во исхраната, како и строги инструкции за начинот на живот. Од витално значење на овој третман е кафе клизмата, објаснува тој, за да се постигне темелна детоксикација. Во Обединетото Кралство, на Универзитетот во Манчестер, едно истражување следеше шест пациенти заболени од рак, сите со слаба прогноза, кои се придржуваа до Герсоновиот режим. Истражувачите забележале дека Герсоновата програма овозможува и физичка и психичка поддршка. Американското здружение за рак предупредува дека може да се случат несакани последици кога се користи овој вид на терапија.

LINUS PAULING. Добитник на Нобеловата награда за мир, Linus Pauling (1901-1994), многу години ги истражувал влијанијата на исхраната и суплементите во истата при лекување на болеста, а тој е генерално прифатен како најкомпетентен авторитет на оваа тема. Во 1979 година, тој е ко-автор на книгата “Ракот и Витаминот Ц“, заедно со Ewan Cameron. Паулинг се залагал за додатоци во исхраната, особено огромни дози на витамин Ц, при лекување на ракот и другите дегенеративни болести. Во 1979 година, во Калифорнија, бил формиран The Linus Pauling Institute of Science and Medicine. Во 1996 година, Тhe Linus Pauling Institute во Oregon State University ја заменил поранешната организација. Истражувањата на Институтот покажале дека исхраната влијае врз генетската поврзаност со ракот, бидејќи одредени компоненти на диетата имаат способност да ги активираат или деактивираат гените.

Истражувачите, исто така, откриваат дека елементи во рамките на круциферните зеленчуци, од фамилијата Brassicaceae, како што се брокулите, кинеска зелка и прокељот, имаат моќни антиканцерогени својства. Голем број на студии во Институтот, од 2008 година па до денес, се обидуваат да ги прошират знаењата во оваа област.

ANN WIGMORE. Сок житни треви и зелје се основата на режимот осмислен од страна на Ann Wigmore (1909 -1994). Таа првично го осмислила овој третман за да ги излечи сопствените хронични болести, вклучувајќи го и ракот, и била успешна во помагањето на луѓето со децении. Вигморовата диета се фокусира првенствено на свежа храна. Wigmore почувствувала дека суровиот зеленчук содржи повеќе хранливи состојки отколку кога се готви и е без хемиски адитиви со кои се преработува храната.

Нејзиниот третман продолжува да се практикува во 2000-тите на Hippocrates Institute и бил усвоен од страна на голем број на лекари по алтернативна медицина, како основа за нивниот третман. Во книгата, ‘‘Wheatgrass Nature’s Finest Medicine: The Complete Guide to Using Grasses to Revitalize Your Health“, авторот Steve Meyerowitz пишува дека житните треви  ”го подобруваат и максимизираат потенцијалот за целосно исцелување.”

Според Американското здружение за рак, житните треви се ‘‘генерално безбедни”, со само неколку инцидентни реакции, како гадење, главоболки, трески или отоци на грлото. Доколку поединци доживеат треска или оток на грлото, тие треба да побараат итна медицинска нега, бидејќи тоа може да биде показател на сериозна алергиска реакција.

RANDOLPH STONE. Randolph Stone (1890-1981) за време на неговата кариера, која траела 60 години, развил систем познат како Поларна Терапија. Стоун верувал дека здравјето треба да се мери со проценка на енергетското поле на човекот, што е под влијание, на пример, на секојдневниот живот, исхраната, вежбањето, допирот и звукот. Stone препорачува сеопфатен режим кој се состои од терапија со допир (каде рацете на лекарот се проводни цевки на енергија), начин на исхрана (вегетаријанската исхрана е нагласена, поради тоа што се смета дека храната собрана на ненасилен начин содржи повеќе енергија), како и јога (за синхронизирање со сопственото тело). Овие практики го балансираат здравјето и така се произведуваат задоволителни енергетски полиња.

MICHIO KUSHI. Микробиотиците се однесуваат на систем на верување, во кој се наведува дека луѓето се под влијание на сето она околу нив, вклучувајќи ја и животната средина, храната што тие ја конзумираат, па дури и местото каде што живеат. Се промовира позитивниот начин на живот, со цел да се задржи добриот изглед и менталното здравје. Веројатно најпознатиот учител по микробиотици во САД, Michio Kushi, ја напишал книгата ‘‘The Cancer Prevention Diet ‘‘ во соработка со Alex Jack во 1993 година. Таа претставува сеопфатен водич за превенција и лекување на ракот со макробиотичка исхрана.

Терапии

БОТАНИЧКА МЕДИЦИНА. Постојат неколку различни терапии кои се вклопуваат во оваа категорија, кои генерално опфаќаат хербални лекови, кинеско билкарство и неколку други етнички билкови дисциплини. Едно истражување од University of Toronto објави докази дека растенијата како што се зелениот чај, Азискиот женшен, доматите, лукот и сојата имаат способности да го спречат ракот и посочи дека се изведуваат дополнителни истражувања за да се утврди ефикасноста при лекување на ракот на куркумот, essiac мешавините на билки, маслото од вечерна јаглика, реиши печурките, имелата и шитаке. Научниците, исто така, сугерираат дека ѓумбирот може да биде ефикасен избор при лекување на гадење и повраќање, кои понекогаш ја придружуваат хемотерапијата.

ПРИРОДНА ХИГИЕНА. Применувачите на Природната хигиена  имаат долга историја на успешно лекување на сериозни болести, како што е ракот. Оваа вегетаријанската исхрана е наменета за одржување на здрав и среќен живот. Се препорачува одмор, свеж воздух, житарици, овошје и зеленчук. The American Natural Hygiene Society е добар извор на информации во врска со лекувањето и применувачите.

АЈУРВЕДСКА МЕДИЦИНА. Овој, со векови стар систем на природна медицина, потекнува од Индија. Arvada има концепт на животна сила, кој е сличен на Кинеското хи. Таа има за цел да го исчисти телото од непожелната материја, потоа да го обнови со помош на добра исхрана, а во исто време им приоѓа на сите аспекти на животот на пациентот, и физички и духовно. Овој систем е признат од страна на Светската Здравствена Организација.

MAКРОБИОТИЦИ. Оваа диета се состои претежно од Зрнеста храна и зеленчук. Таа е создадена во контекст на единствената филозофија за храна, која влече свои корени од јапонските и кинеските теории. Бидејќи цената во различни места на светот варира, од суштинско значење за пациентот е да разговара за истата со својот лекар пред почетокот на третманот.

Препарати

Сите овие лекари, на пациентите заболени од рак и на сите оние кои сакаат да го подобрат своето здравје, им препорачуваат свежи природни производи, по можност органски. Онаму каде што се препишуваат хербални лекови или други додатоци, од голема важност е да се купи оригинална формула, а не копија. Се случувало да се користат неавтентични лекови од страна на бескрупулозни индивидуи и тоа да се препише на имињата на добро познати лекари.

Мерки на претпазливост

Ниту една од терапиите нема да биде ефикасна ако режимот не е проследен во целост. Не е важно колку е добар квалитетот на органското производство, пациентот нема да почувствува придобивки доколку е изложен на загадување во животната средина или ако процедурите за детоксификација се несоодветни. Поради таа причина повеќето лекари препорачуваат лечењето да се одвива во условите на една клиника каде што сите овие детали ќе бидат одговорност на вработените, пациентот ке биде ослободен од стресот и ќе може да се концентрира на тоа да се подобри.

Всушност, многу лекари кои третираат карцином, го сваќаат нивното лекување многу сериозно и ќе одбијат да третираат пациенти кои не се подготвени да ги преземат сите неопходни чекори и вистински да се посветат на нивното подобрување. Тие предупредуваат дека природните лекови за рак не се лесни, ракот е знак дека интегритетот на телесниот систем е сериозно компромитиран, и ништо друго освен најстрог режим, нема да го олесни враќањето на здравјето кај луѓето.  И покрај тоа, овие терапии сеуште се експериментални и не постојат гаранции за лекување.

Несакани ефекти

Несаканите ефекти поврзани со природните терапии се благи во споредба со оние кои најчесто се доживуваат со стандардните третмани. Цената е еден од главните инхибитори на овие начини на лекување.

Како и да е, во случаи каде што се лекува ракот, кризата при самото заздравување може да биде непријатно искуство. Применувачите на алтернативната медицина сметаат дека сите болести се резултат на токсична состојба во телото, и ракот, како една од најсериозните болести, е показател за посериозни нивоа на токсичност.

Нивото на токсичност кај пациентот, кој е подложен на овие алтернативни третмани, означува дека неговото тело почнува да ги ослободува овие токсини, крвниот систем станува преоптоварен и пациентот искусува главоболки, треска, гадење, а во некои случаи и екстремна чувствителност на стимули, како што се звукот и светлината. Во тој случај, поради овие несакани ефекти, мошне препорачливо е да се побара лекар кој ќе помогне при детоксификацијата.

Истражување и општо прифаќање

Стандардната медицина најсилно се спротиставува на алтернативната медицина во своите третмани за рак и овие природни третмани се предмет на многу негативен публицитет. Алтернативните практичари тврдат дека пациентите со рак, во најмала рака треба да имаат можност за избор на биолошки лек за нивната болест. Голем број применувачи на алтернативната медицина,  им препорачуваат на своите пациентите да ги споредат статистиките кога се одлучуваат за начинот на лекување кој е најдобар за нив и да побараат да видат документација.

Обука и сертификација

Сите погоре именувани применувачи поседуваат дипломи од висок степен,  некои од нив се со медицински дипломи, други со професорски титули. Организацијата People Against Cancer специјализира во помагањето на луѓето да најдат соодветен кадар и соодветни терапии. Тие, исто така, обезбедуваат практична помош во врска со спроведувањето на терапиите, може да даваат совети за книги и слично.

ВО ИЗРАБОТКА