Борка • Здружение за борба против рак » СООЧУВАЈЌИ СЕ СО РАКОТ

Генетско тестирање за рак на дојка и рак на дебело црево
Почнувајќи од 2001 година, откриено е дека гените се поврзани со или пак се одговорни за неколку видови на рак, вклучувајќи хронична миелоцитна леукемија, Буркит-ов лимфом, ретинобластом, Вилмс-ов тумор, како и рак на дојка и на дебелото црево. Остатокот од овој текст ќе се фокусира само на генетско тестирање за двата најчести видови на рак – ракот на дојката и на дебелото црево.

Генетско тестирање за рак на дојка

Кај сите жени постои ризик дека ќе се развие рак на дојка или рак на јајниците во тек на нивниот живот. Додека ракот на дојка е доста чест облик на рак кај жените, ракот на јајниците не е. Поголемиот дел од жените се дијагностицирани со рак на дојка или рак на јајниците после 50-годишна возраст и поголемиот дел од случаите не се наследни. Но, од оние 5-10% од случаите на рак на дојка или рак на јајниците кои сепак се јавуваат во иста фамилија, повеќето се должат на мутацијата на два гена – генот BReast CAncer 1 (BRCA1) и генот BReast CAncer 2 (BRCA2). Првиот од овие два наведени гена (BRCA1) се наоѓа на хромозомот 17 и бил откриен во 1994 година. Генот BRCA2 се наоѓа на хромозомот 13 и бил откриен во 1995 година.

BRCA1 и BRCA2 гени

Гените BRCA1 и BRCA2 се тумор супресорните гени и се наследуваат на доминантен начин. Ова значи дека децата на родител со мутација на еден од овие два гени поврзани со ракот на дојка имаат 50% шанса да ја наследат оваа мутација. Овие мутации може да се пренесат или од мајката или од таткото и нив може да ги наследат и машките и девојчињата. Мутациите може да се откријат со генетско тестирање на  примерок од крвта на пациентот. Мутациите на овие гени се најчести кај луѓето кои се Ашкенази Евреи (Ashkenazi  Jewish) (од источна или централна Европа). Иако овој вид мутации е најчест кај оваа специфична популација, сепак мутација може да се идентификува и кај личности од било кое друго етничко потекло.

Ризици од рак

Жените кои ќе наследат мутација на гените BRCA1 или BRCA2 имаат зголемен ризик за развој на рак на дојката и / или рак на јајниците во тек на нивниот живот. Овој ризик во текот на животот кај овие жени изнесува околу 85%, за разлика од вообичаените 13% кај општата популација.  Ризикот за развој на рак на јајниците може да биде околу 60%, за разлика од ризикот од само 1,5% кај општата популација. Мажите кои имаат наследено мутација на (барем) еден од овие два гена се исто така подложени на зголемен ризик за развивање на одредени типови на рак, вклучувајќи рак на простата, рак на дебелото црево и машки облик на рак на дојка. Мажите и жените кои имаат наследено промена кај BRCA2 генот исто така имаат зголемен ризик за развивање и повеќе други ретки типови на рак, како рак на панкреасот или стомакот. Сепак, овој ризик е значително помал отколку оној кој се однесува на рак на дојка, јајници или простата.

Скрининг и опции за превенција

Се препорачува лицата кои се изложени на зголемен ризик за развој на рак на дојка да се подложат на зголемен надзор. Ова значи дека тие можат да изберат да го посетуваат својот доктор за медицински скрининг тестови од порана возраст и малку почесто отколку кога би немале изменет ген. На пример, се препорачува жените кои имаат променет BRCA1 или BRCA2 ген да се подложат на мамограм т.е. мамографски тест на порана возраст отколку што е препорачано за општата популација. Исто така се препорачува овие жени да ги посетуваат нивните лекари почесто со цел да направат испитувања на дојките, како и самите редовно да вршат испитувања.

Бидејќи жените кои имаат мутација на гените BRCA1 или BRCA2 се исто така изложени на зголемен ризик за развој на рак на јајниците, препорачливо е исто така да се подложат на зголемен надзор и за овој вид за рак. Овој скрининг процес вклучува подложување на тест, таканаречен CA-125, кој ги испитува нивоата на протеини во крвта на жената. Жените исто така може да се подложат на ултразвук на карлицата со цел да се провери големината и обликот на јајниците за да се утврди дали можеби се развива рак во таа област. Важно е да се спомене дека ракот на јајниците е доста тежок за откривање и може да се случи овие скрининг методи да не го детектираат т.е. дијагностицираат ракот во рана фаза, фаза во која е потребно да се открие ракот со цел да може да се примени успешно лекување т.е. третман.

Мажите со променети гени BRCA1 или BRCA2  исто така може да изберат да бидат подложени на скрининг тестови порано и почесто, за оние видови на рак за кои постои поголем ризик да се развијат. Скринингот на простатата се состои од тест наречен PSA (Prostate Specific Antigen – антиген специфичен за простатата) кој ги проверува нивоата на протеини во крвта на мажот. Исто така мажите може да се подложат и на преглед кај лекар. Не постои некоја стандардна скрининг препорака за мажите кои имаат зголемен ризик за развој на рак на градте. Вообичаено се препорачува тие самостојно да прават преглед на градите и да разговараат со лекар во случај да наидат на било какви промени во ткивото на градите.

Некои жени кај кои постои зголемен ризик за развој на рак на дојка или рак на јајниците може да се одлучат на профилактичка т.е. превентивна хирургија. Ова значи дека тие можат да изберат да им се отстранат здравите дојки или пак јајници пред воопшто да се развие рак. Сепак, дури и најдобриот хирург не може да го отстрани во целост ткивото на дојките или јајниците. Затоа, дури и ако некоја жена ги има отстрането дојките или јајниците превентивно, таа се уште може да развие рак во остатокот од ткивото, но се верува дека овој ризик е многу мал.

Конечно, некои здрави жени кои се изложени на зголемен ризик за рак на дојката или рак на јајниците може да одлучат да земаат одредени лекови кои се покажале дека влијаат на намалување на ризикот за појава на рак. Бидејќи некои од овие лекови се испитувани само врз општата популација, потребни се понатамошно истражување за да се утврди нивниот ефект врз жените кои имаат наследен зголемен ризик за развој на рак.

Генетско тестирање за рак на дебело црево

Мажите и жените од општата популација имаат ризик од околу 6% за развој на рак на дебелото црево во текот на нивниот живот, а просечна индивидуа се дијагностицира со овој  тип на рак на свои 60 до 70 години. Слично како и кај ракот на дојка и ракот на јајниците, повеќето случаи на рак на дебелото црево не се пренесуваат во фамилијата. Сепак, некои случаи на рак на дебелото црево се наследни и може да се резултат на мутација на ген кој ја дефинира подложноста на рак на дебелото црево. Три од најчестите синдроми на рак на дебелото црево се:

Фамилијарна аденоматозна полипоза (FAP)

FAP е синдром во кој поединци развиваат бројни полипи (израстоци) во дебелото црево или ректумот. Нарушувањето се нарекува фамилијарна полипоза или Гарднер-ов синдром. Машките или женските со FAP често имаат стотици пре-канцерогени полипи на млади години, како на пример уште додека се тинејџери или веќе млади возрасни. FAP се должи на мутација во генот наречен APC. Мутациите на овој ген се доминантно наследни. Кај околу 80% од семејствата  врз кои било извршено генетско тестирање врз примерок од крв можела да се најде промената на APC генот што всушност и го предизвикува ова нарушување. Се верува дека 2/3 од лицата со FAP го наследиле мутираниот ген од своите родители. За останатата 1/3 од лицата со FAP се верува дека станува збор за нови (спорадични) мутации, што значи дека промена во APC генот не е наследена од родителите. Поединците со спорадични мутации може да го пренесат мутираниот ген на нивните деца.

Ризици од рак

Поради фактот што лицата со FAP развиваат толку многу полипи во дебелото црево, постои многу висок ризик дека овие полипи, доколку не се отстранат, ќе се развијат во рак на дебелото црево. Поединци со FAP исто така може да развијат преканцерогени полипи и во други органи, како на пример желудникот или тенкото црево. Младите луѓе со FAP исто така може да се изложени на зголемен ризик за развој на тумор во црниот дроб, познат како хепатобластом. Тие исто така се изложени и на зголемен ризик за развој на тумори во другите делови на телото, како што се тироидната жлезда или панкреасот. Машките или женските со FAP исто така може да имаат и други манифестации на болеста. На пример, тие може да имаат цисти или испакнатини на кожата или пак на коските на нозете или рацете или точки налик на пеги во нивните очи.

APC I1307K мутација

Во 1997 година научниците идентификувале друга мутација на генот APC, позната како I1307K. Оваа мутација може да се најде само кај поединци кои се потомци на Ашкеназиските Евреи. Се проценува дека околу 6% од лицата кои се Евреи ја имаат оваа мутација. Мутацијата I1307K сама по себе не предизвикува зголемен ризик за рак на дебелото црево, туку предизвикува APC генот да има поголема веројатност да подлежи на други генетски промени. Овие други генетски промени го зголемуваат ризикот на лицето за развој на рак на дебелото црево. Може да се изврши генетско тестирање на примерок од крв за да се утврди дали поединец ја носи I1307K мутацијата. Кај лице со ваква мутација постои 50% шанса да ја пренесе мутацијата на неговите деца.

Ризици од рак

Лицата кои ја носат мутација I1307K имаат 18% – 30% ризик за развој на рак на дебелото црево во тек на нивниот живот. Во тек се истражувања со цел да се определи дали лицата со оваа мутација исто така може да бидат изложени на ризик за развој на други видови на рак, како што е ракот на дојката.

Наследен неполипозен колоректален карцином (HNPCC)

HNPCC, исто така познат како Линч-ов синдром е состојба во која поединци имаат зголемен ризик за развој на рак на дебелото црево, дури и ако има многу малку или воопшто не постојат полипи во дебелото црево. Се верува дека мутациите во еден од петте гени кои ја одредуваат подложноста на рак се поврзани со најголемиот дел од случаите на HNPCC. Овие гени се познати како hMSH2, hPMS1, MSH6 (сите на хромозомот 2), hMLH1 (хромозом 1) и hPMS2 (хромозом 7). Можно е да се пронајдат т.е. да постојат и други гени кои исто така се поврзани со HNPCC. Мутациите на овие гени се доминантно наследни и може да бидат откриени преку генетско тестирање на примерок крв од пациентот.

Ризици од рак

Поединци со променети HNPCC гени имаат многу поголем ризик за развој на рак на дебелото црево и тоа често на помлада возраст (помалку од 50 години) за разлика од општата популација. Оние со HNPCC мутација се изложени и на зголемен ризик за развој на други видови на рак, вклучувајќи рак на желудникот, уринарниот тракт, жолчните канали, матката и рак на јајниците. Заради тоа се препорачува зголемен скрининг и за овие типови на рак.

Скрининг и опции за превенција

Се препорачува сите лица кои се изложени на зголемен ризик за развој на рак на дебелото црево да подлежат на скрининг тестови за овој тип на рак. Скринингот за рак на дебелото црево се состои од два главни вида на тестови. Првиот тест е наречен сигмоидоскопија. Се изведува со внесување на флексибилна цевка наречена сигмоидоскоп во анусот со цел да се погледне ректумот и долниот дел од дебелото црево. Со оваа процедура лекарот може да види дали има присуство на полипи, но притоа овие израстоци не може да се отстранат. Вториот тест е познат како колоноскопија. Иако е многу сличен на сигмоидоскопијата, разликата е во тоа што му овозможува на лекарот да го види целото дебело црево. Исто така, со употреба на колоноскопот полипите може да биде лесно отстранети истовремено додека трае тестот. Сепак, поради тоа што колоноскопијата е поинвазивен тест, пациентите треба да бидат под седативи. За пациенти кои се со зголемен ризик за развој на рак на дебелото црево се препорачува да подлежат на овој скрининг тест на помлада возраст и почесто за разлика од луѓето од општата популација. На пример, од причина што рак може да се појави кај лица со FAP на рана возраст, се препорачува да се почне со сигмоидоскопија на 11 годишна возраст.

Конечно, мажите и жените со мутација на генот кој ја дефинира подложноста на рак на дебелото црево може да земаат одредени лекови кои се одобрени за употреба кај лица со зголемен ризик за развој на рак на дебелото црево. Единствениот начин да се спречи развој на рак на дебелото црево е да се отстрани дебелото црево во целост. Доколку кај некое лице со FAP, HNPCC или мутацијата I1307K се развие рак на дебелото црево, тоа може да избере да се отстрани дебелото црево. Покрај тоа, доколку поединецот е многу загрижен за развој на рак на дебелото црево тој може да избере да се отстрани дебелото црево пред воопшто да се појави т.е. развие рак. Постојат неколку различни постапки за отстранување на дебелото црево кои овозможуваат лицето да функционира нормално и без него.

Жените со HNPCC мутација исто така може да ја разгледаат опцијата за профилактичко  (превентивно) отстранување на јајниците и на матката.

Како да се сакаш себе си и своето тело?
НАЈДОБРАТА ВРСКА ОД СИТЕ - ВРСКАТА СО СЕБЕ

By Jenifer R.Levin

Прифаќањето на своето тело за жената е една од најкомплексните нешта, со кои таа се соочува во својот живот.

Секоја година жената поминува енормно многу време размислувајќи на  диети, пластична хирургија, теретани, козметичари, таблети за слабеење кои овозможуваат психички и естетски задоволства.

Борбата да се прифати и сака своето тело значи бесконечност..

Зачудувачки е како ние жените во поглед на својот изглед  поставуваме невозможни стандарди и болни циклуси на напор, кои потоа повлекуваат разочарување,чувство на депресија и на крај се прашуваме колку реално го познаваме своето тело и нашите недостатоци.

Како ракот на дојка влијае на перцепцијата кон себе?

Да се живее во општество каде изгледот е една од клучните обележја на една жена многу е тешко да се прифати мотото – Сакај го и почитувај го своето тело!

За жените кои живеат со рак на дојка сликата за себе, за своето тело и љубовта кон себе добива една нова динамика.

Причинителите за новонастанатата ситуација се многубројни…со поставувањето на дијагнозата рак на дојка и започнување на процесот на лекување, операција, хемотерапија, опаѓање на косата, зголемување на телесната тежина, губење на способноста за доење во крајност ја рушат позитивната слика за себе, за женственоста и чувството на привлечност.

Што значи љубов кон своето тело и самоприфаќање?

Да се сака и прифати своето тело е да се живее во сегашноста – Сега и Овде, не откако сме изгубиле некој килограм, не откако сме направиле реконструкција, туку сега во моментов.

Тоа значи прифаќање на своите предности и недостатоци, доблести и маани, квалитети и можности.

Да ја вратите назад  вашата самодоверба , повикајте се на љубовта и грижата на вашите најсилни конекции со дете, сопруг, партнер, пријател. Одвојте време за вас,  давајте и примајте љубов од вас кон вас, од вас кон другиот и од другиот кон вас.

Приберете ја сета позитивна енергија од сиве овие компоненти и искористете ја најдобро за себе. Од денес пронајдете причина и започнете да го прифаќате своето тело !

Постојат неколку совети за тоа како да почнете да се сакате себе си, да се прифаќате и доживувате токму онакви какви  сте.

1.Поставете свој стандард за убавина

Вистинската и трајна убавина престојува во сите вас. Бидејки сте соочени со ракот започнете да ги преиспитувате своите вредности, што е она што за вас е најбитно во моментов, за вас, за вашиот изглед. Изберете начин за задоволување на својот стандард и негувајте се онака како ќе се чувствувате најсигурно, најбезбедно, најубаво.

2.Негувајте добро ментално здравје

Не можеме да одиме со мисла за опасна по живот болест, без претходно да препознаеме и знаеме што е тоа здраво тело. Научете како себе си да се поставите на прво место, бидете јак и добар карактер, јадете здраво, мислете здраво и позитивно, дозволете си одмор, доведете го стресот на минимум, направете го ова најпрво за себе а потоа рефлектирајте го тоа на другите, сепак бенефитот ке биде најголем за вас.

3.Почитувајте го вашето тело и неговите достигнувања

По дијагностицирање на рак во првите моменти можеби се чувствувате предадени од своето тело. Гнев и омраза се очекувано секогаш првите чувства кои ќе се појават. Откако ќе помине почетното сознание , вратете се чекор назад и признајте си ја себе си неверојатната сила која вашето тело ја пружа за време на процесот на лекување. Одржувањето  на чувството за борба е психичкото оружје кое може да се употреби за добивање на позитивни мисли.

4. Прави работи кои те прават среќна

Твојата самопочит го рефлектира начинот на кој се однесуваш спрема своето тело. Секоја жена на свој начин си дозволува  мали задоволства. Затоа откриј што тебе те прави најсреќна, направи го најдоброто за себе и за своето тело.

5.Направи нешто за другите

Среќата и задовоството кога ке се помогне и направи нешто за некого е неизмерна и поразлична од се. Многу жени водени токму од оваа идеја сакаат да бидат дел од волонтерите или помагатели во многубројните здруженија и асоцијации. Пример се здруженијата за борба против рак на дојка каде жените си пружаат мегусебна поддршка, размена на искуства.

6.Опкружи се со љубов

Секојдневието опкружено со личности кои ни праќаат позитивна енергија, кои не прават среќни, во оваа борба  е потребно како извор од  кој ке ја црпите потребната сила.

Дозволете си токму таква средина, бидејќи тоа е најдобар начин за пронаоѓање на мир и спокој.

Превземено од Amoena Life

Жените кои немале рак на дојка неможе да замислат ништо пострашно од тоа искуство
Жените кои имале рак на дојка многу често го жалат и  оплакуваат губењето на својата дојка, или во најмала рака, губењето на чувството на сигурност во своето тело. Исто така тие се соочуваат и со обидот повторно да се присетат што ги правело да се чувствуваат женствено и посакувано пред нивната дијагноза. Ова не е секогаш лесно. Околината им дава големо значење на дојките, ги смета за симбол на женственост, и многу е важно за жените да го одржат чувството за себеси со цел да одбегнат да се чувствуваат ранливо или оштетено од физички и психички аспект.

Покрај физичкото здравје, многу важна работа за жените кои се соочуваат со рак на дојка и неговите последици е да обрнат внимание на својата емоционална, психoлошка и духовна благосостојба низ целиот пат на болеста. Многу често се случува фокусот и вниманието кое им се дава на тестовите, дијагнозите и третманот да ги засенат овие важни аспекти од животот.

После ракот на дојка треба да се обидеме да ја задржиме позитивната слика за нашето тело и чувството дека сме сексуално посакувани.

Докажано е дека на изборот на третман најмногу влијае возраста на жените, сликата која тие ја имаат за себе и своето тело, и стравовите со кои се соочуваат. Некои жени се одлучуваат за лампектомија со зрачна терапија наместо мастектомија поради козметички причини. Други жени избираат мастектомија затоа што сакаат областа која е зафатена да се отстрани целосно без разлика како тоа ќе влијае козметички.

Загриженоста за сексуалноста може да преставува проблем за жените кои имаат рак на дојка. Постојат повеќе фактори кои можат да предизвикаат сексуални проблеми. Важно е да се знае дека некои третмани, како што е хемотерапијата на пример, можат да ги променат хормоналните нивоа кај жените и да влијаат на сексуалните интереси.

Многу често кај жените може да дојде до намалување на желбата за секс после третманот. Жените кои пијат антидепресиви многу често чувствуваат намалување на либидото, а повеќето жени се обземени со негативни мисли и не се во состојба да продолжат да бидат сексуално активни после третманот. Жените кои се соочуваат со овие проблеми треба да се запрашаат што точно е тоа што ги попречува нивните сексуалните желби. Сосема е во ред да се запрашате дали се уште се чувствувам секси? Што чувствувам во врска со моето тело? Дали се чувствувам отфрлено од страна на партнерот? Лесно е да се најдат начини за да се решат овие проблеми кога ќе се обидете да ја откриете нивната причина.

Еве неколку позитивни работи кои може да помогнат во зголемување на сексуалното задоволство:

• Користење на вагинални лубриканти

• Антидепресиви кои не го намалуваат либидото и кои не оневозможуваат достигнување на оргазам

• Лекарства против мачнина и гадење

• Алтернативни начини на достигнување на сексуално задоволство

• Отворен разговор со партнерот

Врската со партнерот може да страда затоа што дијагнозата рак на дојка може да биде многу вознемирувачка и за него. Често пати сопругот или партнерот е збунет и несигурен за тоа како дијагнозата и третманот ќе влијаат на заедничката иднина и пројавува голема загриженост за тоа како физички и емоционално да ги искаже своите чувства после третманот. Ова посебно важи во оние случаи каде што е направена операција и кога партнерот се плаши дека може физички да ја повреди жената. Отворен и искрен разговор со партнерот за своите чувства може многу да помогне во комуникацијата.

Сексуалните проблеми се почести во случаите каде што е направена мастектомија. Губењето на едната или двете дојки може да биде многу трауматично не само за жената туку и партнерот. Најчестите сексуални последици доаѓаат од губењето на чувството на привлечност кај жената. Со отстранување на дојката жената може да почувствува дека губи дел од својата убавина и женственост. Скоро 50% од жените со дијагноза рак на дојка се соочуваат со сексуални проблеми. Меѓутоа многу е важно да се знае дека ист процент на жени на слична возраст и слично потекло и средина кои немале рак на дојка се соочуваат со истите проблеми.

Запамтете дека зрачната терапија или отстранувањето на градата неможе физички да ја намали сексуалната желба и неможе да ги намали вагиналната лубрикација, осетот во гениталиите или можноста за достигнување оргазам. Меѓутоа третманот за рак на дојка може да влијае на тоа како се чувствува жената кога е интимна со партнерот. После направена мастектомија на жената може да и биде многу непријатно кога некој ја допира во пределот каде што се наоѓа лузната, а во некои случаи некои жени никогаш повеќе неможат да уживаат кога партнерот ги допира за градите и брадавиците.

Истражувањата покажуваат дека психолошкото здравје на жената, задоволството во врската и сексуалниот живот пред дијагнозата се многу силни индикатори за тоа каков сексуален живот ќе имаат после дијагнозата.

Најчестиот виновник за нарушена сексуална функција не е губењето на дојката, туку предвремена менопауза предизвикана од хемотерапија или хормонална терапија. Најдобро е да се разговара со доктор – психолог  и да се изнајдат начини за да се реши проблемот.

Жените може да имаат голема корист од кратка сексуална терапија после нивната дијагноза, посебно ако ја направат заедно со нивниот партнер. Жените кои не се во брак или во врска исто така може да имаат корист од индивидуална терапија или терапија во група за поддршка, бидејќи е многу важно за нив да слушнат дека е возможно да започнат врска и после завршување на болеста.

Едно големо истражување покажува дека групата на жени кои имале рак на дојка и започнале нова врска претставува група која е најмногу сексуално задоволена споредено со сите други жени опфатени со истражувањето.

Жените кои се обидуваат да започнат врска после излекувањето треба да започнат со мали чекори:

• да се спријателат пред да станат интимни со некого

• да бидат искрени со потенцијалниот партнер

• да се стават себеси на местото на другиот и да се запрашаат како би се чувствувале ако партнерот им соопшти дека имал рак на простата? Дали сеуште би сакала да се гледам со него? Дали би сакала да се соочувам со медицинските и сексуалните проблеми?

• да ги држат на дистанца луѓето кои неможат да се соочат. Не дозволувајте некој кој неможе да се соочи со вашата болест да направи да се чувствувате лошо

Постарите жени не треба да се гледаат како асексуални. Повеќето жени над 65 годишна возраст остануваат сексуално активни и се грижат за својот изглед. Без разлика на годините, губењето на дојката е подеднакво трауматично искуство. Здравствените работници треба да го разберат ова и да го понудат истиот избор за зачувување на дојката кој би го понудиле и на помладите жени.

Добриот сексуален живот на жените со рак на дојка е многу важен дел од преживувањето и соочувањето. Овие жени имаат право да очекуваат и да сакаат да поминат низ болеста со позитивна слика за своето тело. Никој не сака да почувствува дека губењето на дојката значи и губење на женственоста. Секоја жена ќе си ги најде одговорите кои ги бара со свое време и на свој начин. Некои жени лесно поминуваат низ ова искуство, како ништо да не се променило, додека на некои им е потребно повеќе време да се прилагодат на своето ново тело или на новите чувства кои ги имаат за своето тело.

Како и со сите други здравствени проблеми, физичката активност може многу да помогне во достигнување на физичка и емоционална рамнотежа. Исто така носењето на лесна, женствена облека може да и помогне на жената да го поврати чувството на нормалност, благосостојба и женственост. Ако се чувствувате добро и другите луѓе ќе ве гледаат позитивно. Не постои ништо по секси од жена која зрачи со самодоверба. Ова чувство никогаш не смееме да дозволиме ракот на дојка да ни го одземе!

На фотографиите може да видите жени кои се оперирани од карцином на дојка со многу привлечна долна облека.

Ракот на дојка не ја намалува вашата вредност како жена. Учењето како повторно да се поврати задоволството и забавата во вашиот живот може да направи голема разлика во квалитетот на целото искуство. Можеби нема да почнете да се чувствувате добро во врска со вашето тело преку ноќ, но многу е важно да ја добивате поддршката која ви е потребна и да се чувате со цел да престанете да се сомневате во себеси.

Текстот е преземен од Амоена Лифе

ВО ИЗРАБОТКА