Борка • Здружение за борба против рак » ВИДОВИ НА РАК

Пагетова болест на дојките
Пагетовата болест на дојката е редок вид на канцер кој се карактеризира со црвена, перутеста лезија на брадавицата и околното ткиво (ареолата).

Опис

Пагетовата болест на дојката е ретка болест на дојката, која најчесто се асоцира со веќе постоечки рак на дојка. Се претпоставува дека Пагетова болест се јавува кога некој инвазивен карцином или интрадуктален карцином (карцином на млечните канали) се шири преку млечните дуктуси до брадавицата. Иако веќе постоечкиот канцер е добро развиен тој најчесто ги афектира само брадавиците и околното ткиво. Многу ретко при Пагетова болест не се среќава веќе развиен канцер на дојка.

Пагетовата болест која е локализирана на други делови од телото ретко се асоцира со веќе постоечки инвазивен канцер. Овој вид на Пагетова болест, која најчесто се среќава на или околу гениталиите, се верува дека потекнува директно од клетките кои ги обложуваат изводните канали на потните жлезди. Можно е и да малкуте случаи на Пагетова болест на дојките, кај кои не се среќава друг вид на канцер, да имаат слично потекло. На Пагетовата болест на дојката отпаѓа околу 2 % од сите ракови на дојката. Во просек кај жените се дијагностицира на 62 години додека кај мажите на 69 години. Ракот на дојка ретко се среќава кај мажи.

Причини и симптоми

Причините за појава на Пагетова болест на градите се непознати. Најчестите знаци и симптоми за постоење на Пагетова болест се црвенило, перутење и луштење на и околу брадавиците и ареолата. Другите симптоми вклучуваат чешање, жарење, преосетливост или болка. Од лезиите може да се јави исцедок или крварење, а исто така може да се јават и улцери.

Дијагноза

Треба да се направи детален преглед на градите. При прегледот кај пациентите со Пагетова болест може при палпација да се почувствува туѓо тело (грутка) во градите. Треба да се направи мамографија и ултрасонографија за да се открие евентуално постоење на канцер на дојката кој при палпација неможе да се почувствува. Дефинитивна дијагноза се поставува при верификација за постоење на посебен тип на клетки наречени Пагетови клетки кои се среќаваат во кожата од брадавицата. Ткивен примерок се добива кога со помош на предметно стакленце директно ќе се земе од ткивото кое се лушти или преку одлупување на дел од крастите кои се создаваат со перутење. Исто така ткивен примерок може да се земе и преку одсекување на мало парче ткиво од брадавицата (биопсија). Биопсијата се изведува под локална анестезија во лекарска ординација. Ако при прегледот се палпира туѓо тело во градите се прави биопсија на градите.

Терапија

Традиционален третман за Пагетова болест на градите е хируршко одстранување на дојаката (мастектомија). Конзервативна хирургија – во која само брадавицата, ареолата и околното ткиво се одстрануваат (лумпектомија), може да биде доволна во некои случаи. Многу ретко се одстрануваат аксиларните лимфни јазли (лимфаденектомија), освен во случај каде се среќава веќе постоечки инвазивен канцер на дојката.

Радијациона терапија, може да се искористи како дополнителен третман, а доколку  третманот е лумпектомија тогаш мора да се примени радијациона терапија. При радијациона терапија се користат високо енергетски гама и X-зраци за да ги уништат клетките на ракот. Кожата во регијата која се третира може да биде црвена и сува, а можна е и појава на замор како споедни ефекти од терапијата.

Хемотерапијата која исто така се употребува како дополнителна терапија при постоење на рак на дојката, користи лекарства за да ги уништи клетките на ракот. Споредните несакани ефекти од употребата на хемотерапијата се стомачни проблеми, повраќање, губење на апетитот (анорексија), болки во устата и вагината, умор, промени во менструалниот циклус, предвремена менопауза, низок број на бели крвни зрнца со зголемен ризик од инфекции.

Прогноза

Како и кај другите ракови на дојката прогнозата на Пагетовата болест ќе зависи од големината на ракот како и од тоа дали се проширил во лимфните јазли и другите ргани.

Само Пагетова болест -  Стапката на преживување кај жени со Пагетова болест на градите без асоциран рак на дојката е околу 99.5%

Пагетова болест со асоциран инвазивен рак на дојката - Прогнозата на пациентите со Пагетова болест со асоциран рак на дојката се базира врз основа на степенот на развој на асоцираниот рак на дојка. Се разликуваат повеќе степени на развој кај ракот на дојка:

Степен I –Ракот не е поголем од 2 см и не се среќаваат клетки на ракот во лимфните јазли

Степен II - Ракот е од 2-5 см во големина и се има проширено во лимфните јазли.

Степен IIIА - Туморот е поголем од 5 см или е помал од 5 см, но се има проширено во лимфните јазли, кои се споиле еден со друг.

Степен IIIБ - Туморот се има проширено околу градите (локална инвазија) или во лимфните јазли во градниот кош, по долж на градната коска.

Степен IV - Туморот се има проширено на кожата и во лимфните јазли низ целото тело, како и во другите органи.

Прогнозата зависи од видот и степенот на развој на туморот. Околу 80% од пациентите кај кои се дијагностицира Степен I на развој се излекуваат со постоечките тераписки мерки. Пациентите со Степен II на развој имаат стапка на преживување околу 70%, оние кај кои нема зафатеност на лимфните јазли имаат подобра прогноза. Околу 40% од пациентите со Степен III на развој имаат пет годишна стапка на преживување, а истата стапка на преживување важи за околу 20% од пациентите со Степен IV на развој на туморот.

Превенција

Не постојат специфични фактори кои го зголемуваат ризикот за појава на Пагетова болест. Мажите кои се ризични за појава на оваа болест се оние кои биле изложени на радијација како и оние со Клинефелтеров синдром.

Ризични фактори за појава на рак на дојка кај жените се:

- лична историја за постоење на рак на дојка

- фамилијарна историја за постоње на рак на дојка

- промени во одредени гени (BRCA1 и BRCA2)

- промени во ткивото на градите (пр. лобуларен карцином ин ситу или атипична хиперплазија)

- долготрајна изложеност на естроген (пр. при менструација во рана возраст или пак доцна менопауза) како и при користење на хормонална терапија

- изложеност на диетилстибестрол (DES) пред раѓање

- прва бременост по 30 години

- консумација на алкохол

Редовни мамограмски скрининзи се препорачуваат за жени над 40 години. Оние кај кои постио фамилијарна историја за појава на рак на дојка, треба да отпочнат со редовни скрининзи 10 години пред возраста на која што била дијагностицирана болеста кај најмладиот член во семејството, но не подоцна од 35 години. Месечни самопрегледувања, како и годишни лекарски прегледи се препорачуваат за сите жени. Секојдневното вежбање го намалува ризикот за појава на рак на дојката за околу 50-75%. Жените со висок ризик за појава на тумор може да го земаат лекот тамоксифен, за кој се смета дека го намалува ризикот за појава и рекуренција на рак на дојката. Жените со висок ризик може да се одлучат за изведување на превентивна мастектомија како начин за спречување на појавата на рак на дојката.

Карцином на грклан
Ларингеалниот карцином претставува рак на гркланот т.е. ларинксот или гласните жици.

Опис

Ракот на гркланот се развива бавно. Околу 95% од овие видови на рак се развиваат од тенки, рамни клетки наречени сквамозни епителни клетки. Овие клетки го обложуваат гркланот. Постепено, сквамозните епителни клетки почнуваат да се менуваат и се заменуваат со абнормални клетки. Овие абнормални клетки не се канцерни, но се пред-малигни клетки кои имаат потенцијал да се развијат во рак. Оваа состојба се нарекува дисплазија. Кај повеќето луѓе со дисплазија никогаш не се развива рак. Состојбата едноставно поминува без никаков третман, особено доколку лицето со дисплазија престане да пуши или пие алкохол.

Видовите на рак кои се развиваат на гласните жици често се дијагностицираат многу рано, бидејќи дури и мали тумори на гласните жици предизвикуваат зарипнатост. Покрај тоа, гласните жици немаат врска со лимфниот систем. Ова значи дека ракот на гласните жици не се шири лесно. Кога е ограничен само на гласните жици без каква било поврзаност со други делови на гркланот, стапката на лечење на овој вид рак е 75% до 95%.

Супраглотисот е областа над гласните жици. Таа го содржи епиглотисот, кој го штити дишникот од туѓи тела. Видовите на рак кои се развиваат во овој регион обично не се дијагностицираат толку рано како ракот на гласните жици, бидејќи симптомите се помалку специфични. Супраглотисот има многу врски со лимфниот систем, па ракот во овој регион има тенденција многу лесно да се прошири на лимфните јазли, а оттаму и на други делови на телото.

Кај 25% до 50% од луѓето со рак во областа на супраглотисот ракот веќе е раширен кон

лимфните јазли во моментот на дијагностицирање. Поради ова, стапките на преживување кај овие видови рак се пониски отколку кај видовите рак кои го зафаќаат само глотисот односно само гласните жици.

Субглотисот е областа под гласните жици. Ракот кој потекнува т.е. започнува во регионот на субглотисот е многу редок. Сепак, во случај да се јави, обично се открива само откако ќе се прошири на гласните жици, каде што предизвикува очигледни симптоми, како на пример зарипнатост. Бидејќи ракот веќе почнал да се шири во моментот кога е откриен, стапките на преживување се генерално пониски отколку за видовите на рак во други делови на гркланот.

Демографија

Секоја година во Соединетите Американски Држави се развиваат т.е. дијагностицираат околу 12.000 нови случаи на рак на гркланот. Истовремено, во просек 3.900 луѓе умираат од оваа болест на годишно ниво. Ларингеалниот карцином е околу четири до пет пати позастапен кај мажите отколку кај жените.

Речиси сите мажи кај кои се развил ларингеален карцином се постари од 55 години. Се смета дека главните фактори што оваа болест почесто се развива кај постарите мажи отколку кај жените се животните навики т.е. пороци како пушењето и користењето алкохол. Мажите пушат и пијат повеќе од жените. Меѓутоа, како пушењето станува се поприсутно кај жените, се чини дека треба да се очекуваат повеќе случаи на ларингеален карцином и кај жените.

Во Македонија инциденцата односно бројот на новозаболени од карцином на ларинкс за двата пола изнесува 198 случаи на 100 000 население, додека бројот на смртните случаи изнесува 109 случаи на 100 000 население (GLOBOCAN 2008 fast stats).

Причини и симптоми

Ларингеален карцином се развива кога нормалните клетки кои го обвиткуваат гркланот се заменуваат со абнормални клетки (дисплазија) кои стануваат малигни и се репродуцираат со што формираат тумори. Развојот на дисплазија е тесно поврзан со животните навики како пушење и прекумерна употреба на алкохол.

Колку повеќе човек пуши, толку поголем е ризикот за развој на ларингеален карцином. Многу невообичаено е кај некој кој не пуши или пие да се развие рак на гркланот.

Сепак, понекогаш и кај луѓето кои вдишуваат азбестни честички, честички т.е. прав од дрво, бои или некои индустриски гасови во тек на подолг временски период може да се развие болеста.

Симптомите на ларингеалниот карцином зависат од локацијата на туморот. Туморите на гласните жици ретко предизвикуваат болка, но затоа предизвикуваат зарипнатост. Секој кој континуирано има зарипнат глас повеќе од две недели или пак има кашлица која не поминува треба да се провери кај лекар.

Туморите во областа над гласните жици – супраглотисот често предизвикуваат повеќе различни, но помалку специфични симптоми. Во нив спаѓаат:

постојана болки во грлото

болка при голтање

отежнато голтање или често загушување со храна

лош здив

грутки во вратот

постојана болка во увото (која често се нарекува проектирана болка; извор на болката не е увото)

промена во квалитетот на гласот

Туморите кои започнуваат под гласните жици се ретки, но може да предизвикаат бучно или отежнато дишење. Сите горенаведени симптоми може да бидат предизвикани како и од други видови на рак така и од помалку сериозни болести. Меѓутоа, доколку овие симптоми продолжат т.е. траат подолг временски период, многу важно е да се оди на лекар и да се најде нивната причина, бидејќи колку порано започне лекувањето на ракот, толку поверојатно е дека ќе биде успешно.

Дијагноза

При првата посета на лекар во врска со симптомите кои укажуваат на ларингеален карцином, лекарот прво ја прегледува комплетната медицинска историја, вклучувајќи ја и семејната историја на рак, а ги зема во предвид и информациите во врска со начинот на живот на пациентот во врска со пушењето и употребата на алкохол. Докторот исто така прави физички преглед, обрнувајќи посебно внимание на регионот на вратот, барајќи грутки, преголема осетливост или оток.

Следниот чекор е испитување од страна на оториноларинголог односно специјалист за уво, нос и грло. Овој лекар исто така врши физички преглед, но дополнително ќе сака да погледне и во внатрешноста на грлото т.е. да го види гркланот.

Малку посеопфатен преглед вклучува и процедура наречена ларингоскопија. При ларингоскопијата (оптичка или видео ларингоскопија), фибер-оптичка цевка (која служи за обезбедување светлина) на која е прикачена минијатурна камера – наречена ларингоскоп се вметнува низ носот или устата на пациентот и се провлекува надолу во грлото, така што лекарот ќе може да го види гркланот и областа околу него. Снимките добиени со оптичкиот ларингоскоп може да му послужат т.е. помогнат на докторот да земе биопсии (примероци од ткиво) од области кои изгледаат абнормално.

Врз основа на наодите на патологот, може да се дијагностицира и одреди стадиумот т.е. фазата на развој на ракот. Откако ракот ќе се дијагностицира, најверојатно ќе бидат потребни други тестови со цел да се утврди точната големина и локацијата на туморите. Оваа информација е корисна за одредување кои третмани би биле најсоодветни. Овие тестови вклучуваат:

Ендоскопија. Процедура слична на ларингоскопијата, се прави кога се претпоставува дека ракот најверојатно се проширил и во други области, како што е хранопроводот  или дишникот.

Компјутерска томографија. Оваа процедура помага да се лоцираат и да се одреди големината на туморите и обезбедува информации за тоа дали тие можат да бидат хируршки отстранети.

Магнетна резонанца. Деталните информации кои ги обезбедува оваа процедура се неопходни доколку се планира операција во областа на гркланот.

Бариумова каша. Проголтаниот бариум го обложува грлото и овозможува да се направат рентгенски снимки на ткивата кои го обложуваат грлото.

Рентгенска снимка на градите. Оваа процедура се врши со цел да се утврди дали ракот се проширил на белите дробови. Бидејќи повеќето луѓе со ларингеален карцином се пушачи, ризикот исто така да имаат и рак на белите дробови или емфизем е висока.

Биопсија со тенка игла. Доколку се пронајдат грутки на вратот, се вметнува тенка игла во грутката и се вадат неколку клетки за анализа од страна на патолог.

Дополнителни тестови на крв и урина. Овие тестови не дијагностицираат рак, но помагаат да се утврди општата здравствена состојба на пациентот и да се обезбедат информации кои третмани за рак би биле најсоодветни.

Стадиуми

Кај ракот на гркланот одредувањето на раните фази зависат од тоа каде ракот започнал.

Стадиум I. Ракот се наоѓа само во областа каде што и започнал, се нема проширено во лимфните јазли во близина или пак некои други делови на телото:

Супраглотис: ракот е само во една област на супраглотисот и гласните жици можат да се движат нормално

Глотис: ракот е присутен само во гласните жици и гласните жици можат да се движат нормално

Субглотис: ракот се нема проширено надвор од субглотисот

Стадиум II. Ракот е само во гркланот и се нема проширено во лимфните јазли во близина или во некои други делови на телото:

Супраглотис: ракот е во повеќе од една област на супраглотисот, но гласните жици можат да се движат нормално

Глотис: ракот се има проширено во супраглотисот или во субглотисот, или пак во двете области. Гласните жици може или не може да се движат нормално

Субглотис: ракот се има проширено на гласните жици, кои можат или не можат да се движат нормално

Стадиум III

ракот се нема проширено надвор од гркланот, но гласните жици не можат да се движат нормално или ракот се има проширено и на ткивата соседни на гркланот

ракот се проширил и на еден лимфен јазол на истата страна на вратот на која се наоѓа ракот и големината на лимфниот јазол е околу 3 сантиметри

Стадиум IV

ракот е проширен и на ткивата околу гркланот, како што е грлото или ткивата на вратот. Лимфните јазли во областа може да се зафатени од ракот или не

ракот се проширил на повеќе од еден лимфен јазол на истата страна на вратот, на лимфни јазли од едната или двете страни на вратот или пак на било кој лимфен јазол кој во големина е повеќе од 6 сантиметри

ракот е проширен на други делови од телото

Повторувачки т.е. рекурентен рак. Рекурентна болест значи дека ракот се вратил (повторно се појавил) откако бил успешно излечен. Може повторно да се појави во гркланот или во друг дел на телото.

Tретман

Третманот се базира на фазата во која се наоѓа ракот како и неговата локација, и од здравјето на поединецот.

Хирургија

Ракот кој се наоѓа во стадиум III или IV обично се третира со целосна ларингектомија. Ова претставува операција за отстранување на целиот грклан. Со целосната ларингектомија се отстрануваат и гласните жици. Поради тоа мора да се научат алтернативни методи на говорна комуникација со помош на логопед.

Помалите тумори понекогаш се третираат со делумна ларингектомија. Целта е да се отстрани ракот, но се спаси што е можно повеќе од гркланот (и способноста за говор). Многу мали тумори на ова место понекогаш успешно се третираат со ласерска хирургија (ласерско засекување т.е. отстранување на туморот). Ракот во напредни стадиуми (стадиум III и IV) што се има проширено во лимфните јазли често бара операција наречена дисекција на вратот. Целта на дисекцијата на вратот е да се отстранат лимфните јазли и да се спречи ширењето на ракот. Радикална дисекција на вратот е операција при која се отстранува најголем дел од ткивото.

Зрачење

Предноста на радиотерапијата е во тоа што го зачувува гркланот и способноста за говор. Недостатокот е тоа што може да се случи да не ги убие сите клетките на ракот. Радиотерапија може да се користи само во рана фаза на ракот или во комбинација со операција. Понекогаш радиотерапијата се користи како првичен план т.е. обид, при што доколку не успее сеуште останува опцијата за хируршка процедура. Често, радиотерапијата се користи по операција на напредни форми на ракот, со цел да ги убие клетките кои хирургот можеби не ги отстранил.

Несаканите ефекти на терапијата со зрачење вклучуваат сува уста, болки во грлото, зарипнатост, проблеми со кожата, проблеми со голтањето и намален осет за вкус.

Хемотерапија

Оваа постапка се користи главно за лекување на напреден ларингеален карцином, кој не може да се оперира или има метастазирано во многу напредна фаза. Хемотерапијата често се користи по операција или во комбинација со радиотерапија. Во тек се клинички испитувања со цел да се утврди најдобрата комбинација за третман на рак во напредна фаза.

Двата најчести хемотераписки лекови кои се користат за лекување на ларингеален карцином се цисплатин и флуороурацил (5-FU). Постојат многу несакани ефекти поврзани со цитостатиците, вклучувајќи гадење и повраќање, губење на апетитот (анорексија), губење на косата (алопеција), дијареа и рани на устата. Хемотерапијата исто така може да ги оштети клетките на коскена срцевина кои ја создаваат крвта, што може да резултира со слаба крвна слика т.е. намален број на крвни клетки, зголемена можност од инфекции и абнормално крварење или модринки.

Прогноза

Колку порано ларингеалниот карцином ќе се открие и ќе се третира толку поголема е веројатноста дека ќе се излечи. Ракот кој ќе се пронајде во стадиум 0 и стадиум I има стапка на успешност во лечењето од 75% до 95% , во зависност од случајот. Ракот во понапредните фази кој веќе има метастазирано има многу ниска стапка на преживување, додека стапките за ракот кој се наоѓа во средна фаза се некаде на средина.

Кај луѓето кои веќе имале ларингеален карцином постои најголем ризик тој да се врати (ракот да се повтори), особено во главата и вратот, во текот на првите 2-3 години после третманот. Токму затоа во текот на првата година после операцијата неопходни се прегледи на секој втор месец (6 пати во годината), а четири пати годишно во текот на втората година. Многу ретко се случува ларингеалниот карцином да се повтори после пет години без рак.

Превенција

Досега се покажало дека најефикасен метод да се спречи ларингеалниот карцином е да не се пуши. Пушачите кои се откажале од пушењето исто така значително го намалуваат ризикот кај нив да се развие болеста.

Други начини да се спречи ларингеалниот карцином се: ограничување на употребата на алкохол, јадење на добро избалансирана храна, барање на третман во случај на подолготрајна појава на пирозис (враќање на желудочните сокови кон грлото) и избегнување на вдишување азбестни честички и хемиски пареи.

Kaрциноми во детска возраст
Детските облици на рак се малигни заболувања кои ги погодуваат децата со возраст под 18 години.

Опис

Ракот кај децата се разликува од ракот кај возрасните на неколку начини. Најважната разлика е во тоа што кај децата генерално ракот има подобра прогноза отколку кај возрасните. Две третини од децата на кои им е дијагностициран рак се излекуваат од болеста. Сепак и покрај огромниот напредок во лекувањето на ракот кај децата од 1960-ите, тој е втората најчеста причина за смрт кај децата постари од една година, со тоа што несреќите се причината број еден.

Друга разлика меѓу ракот кај децата и оној кај возрасните е во однос на клетките од кои ракот потекнува. Многу видови на рак кај возрасните започнуваат во одредени органи, како што се белите дробови, градите или дебелото црево. Ракот кај децата, освен леукемиите и туморите на мозокот, често се јавуваат во сврзните ткива, како  што се коските и мускулите.

Ракот кај децата е често поагресивен отколку оној кај возрасните. Тој расте побрзо и често метастазира во други делови на телото или во поголемите органи до моментот додека биде дијагностициран. Токму затоа малку е веројатно дека дете заболено од рак може да се излечи само со хирургија. Сепак, ракот кој се јавува кај децата има тенденција повеќе да реагира на хемотерапија и зрачење отколку оној кај возрасните.

Средната возраст на децата во моментот на дијагностицирање на рак е шест години; за возрасни таа е 67 години. Повеќето деца кои имаат рак се здрави, додека многу возрасни имаат одредени здравствени проблеми, како на пример срцеви заболувања, кои го прават нивниот третман и закрепнување потешко. Друга важна разлика е тоа што постојат скрининг тестови (тестови за дијагностицирање) на одредени облици на рак кај возрасните, како на пример мамографиите за откривање на рак на дојка или ПАП тестови за откривање на рак на матката. Од друга страна не постојат корисни скрининг тестови за дијагностицирање на детски облици на рак. Прилично често дијагнозата се прави при рутински педијатриски посети. Исклучително важен фактор во подобрување на прогнозата на ракот кај децата е вклучувањето на поголемиот дел од децата со рак во истражувачки цели.

Демографија

Во САД секоја година се дијагностицираат околу 8.700 случаи на рак кај деца на возраст под 15 години. Дополнителни  2.000 – 3.000 случаи се дијагностицираат кај тинејџери над 15 години, но тие често се сметаат во групата со дијагнози кај возрасни лица.

Истражувачите проценуваат дека едно на секои 333 деца ќе биде дијагностицирано со рак на возраст помала од 20 години. Леукемијата завзема 31% од случаите на рак кај децата, при што околу три четвртини од нив се акутна лимфобластна леукемија, додека преостанатата една четвртина воглавно е акутна миелоцитна леукемија. Типовите на рак на централниот нервен систем, кои најчесто се стават во ист кош со туморите на мозокот, се следната најголема група и сочинуваат уште 17%. Лимфомот, како Хоџкин-ов така и не-Хоџкин-ов облик, завзема 15 проценти од вкупниот број случаи на рак кај децата. Остатокот од дијагнозите се поделени на оние кои се нарекуваат солидни (цврсти) тумори, како што се невробластом, ретинобластом, Вилмс-ов тумор, рабдомиосарком и рак на коските. Овие статистички податоци се слични и во други делови од развиениот свет. Во Африка, најчестата форма на рак кај децата е Буркит-ов лимфом, кој е поврзан со Epstein-Barr вирусна инфекција.

Стапката на преживување на децата со рак во САД изнесува приближно 80%.

Причини

Причините за повеќето видови на рак кај децата се непознати, но може да се препознаат одредени поврзаности. Ризикот од детска леукемија е зголемен кај децата со Даунов синдром, кај момчињата, кај белците и кај оние со повисок социоекономски статус. Изложеноста на зрачење во матката исто така го зголемува ризикот. Типовите на рак на централниот нервен систем исто така се почести кај момчињата, кај белците и кај оние кои веќе примиле радиотерапија за други типови на рак.

Голем број на наследени и развојни состојби се поврзани со зголемен ризик за рак кај децата. Овде се вклучени неурофиброматозата, Блумов синдром, атаксија – телеангиектазија и туберозна склероза. Семејна историја на Хоџкин-ова болест ја зголемува веројатноста за појава на истата, а семејна историја на ретинобластом во двете очи дава 50% шанса децата да го носат истиот ген. Кај деведесет проценти од децата кои го носат генот болеста ќе се развие.

Третман

Третманите на рак кај децата зависат од конкретната болест, кои ткива се зафатени и колку ракот се има проширено во моментот на дијагностицирање.

Подоцнежни ефекти од третманот

Високата стапка на излечени деца болни од рак не доаѓа без своја цена. Освен што хемотераписките лекови и зрачењето се високо токсични за клетките на ракот, тие исто така се многу токсични и за здравите клетки и органи. Повеќе органски системи можат да бидат погодени од лекувањето на ракот и децата кои биле излекувани од рак често се соочуваат со доживотни последици од тие третмани.

Централен нервен систем. Децата кои примаат терапија со зрачење на нивниот мозок често прикажуваат пад во резултатите на когнитивните тестови. Повеќе од една половина од децата кои примиле високи дози  на зрачење на мозокот имаат резултат на IQ тестовите под 90. Децата со акутна леукемија на кои им се давани хемотераписки агенси директно во нивната спинална течност се исто така изложени на ризик да имаат проблеми со учењето и други невролошки ефекти.

Очи и вид. Зрачењето на мозокот како и хемотерапијата можат да предизвикаат оштетување на видот. Ако очите се вклучени во областа на зрачење, детето може да  развие радијациска катаракта. Долгорочната употреба на стероиди, кои се дел од повеќето хемотераписки режими и се користат по трансплантација на коскена срцевина, исто така може да предизвикаат катаракта.

Слух. Зрачењето и одредени лекови, како на пример цисплатин, може да предизвикаат губење на слухот.

Заби и плунковни жлезди. Радиотерапија на главата и вратот може трајно да ги оштети  забите и плунковните жлезди. Хемотерапијата применета на многу мали деца со акутна лимфобластна леукемија, исто така може да предизвика оштетување на забите.

Срце. Оштетувања на срцето може да се јават поради токсичните ефекти на терапијата со зрачење и поради одредени хемотераписки лекови. Тие оштетувања може да го засегнат срцевиот мускул, перикардиумот (обвивката) на срцето или коронарните артерии. Лековите за кои најчесто е забележано дека предизвикуваат оштетувања на срцето се даунорубицин  и  доксорубицин. Тие особено предизвикуваат оштетување на левата комора, главната комора за испумпување крв на срцето. Ова може да доведе до срцева слабост, состојба во која срцето не може да пумпа крв доволно ефикасно низ целото тело. Оваа состојба може да не се појави се до некои подоцнежни периоди во животот и може да биде предизвикана од стресни ситуации, како што се интензивно вежбање или бременост. Некои луѓе кои преживеале детски (или возрасен тип на) рак порано или подоцна имаат потреба од трансплантација на срце.

Бели дробови. Блеомицин и кармустин се два хемотераписки лекови кои може да предизвикаат воспаление на белите дробови со понатамошно создавање на лузни и намалување на функцијата на белите дробови. Терапијата со зрачење на градите исто така може да предизвика нарушување на функцијата на белите дробови.

Бубрези. Бубрезите можат да бидат оштетени со радиотерапија на абдоменот или од поголем број хемотераписки лекови. Некои од овие лекови се цисплатин, кармустин, ифосфамид, метотрексат, винбластин и блеомицин. Децата третирани од Вилмс-ов тумор може да развијат бубрежна болест во бубрегот кој не бил третиран [засегнат] повеќе години после третманот.

Мочен меур. Зрачењето на карлицата во комбинација со лекот циклофосфамид може да предизвика циститис или воспаление на мочниот меур.

Црн дроб. Оштетување на црниот дроб може да се случи со зрачење или со хемотерапија. Лековите кои се користат за лекување на леукемии се особено познати по нивниот токсичен ефект врз црниот дроб. Кармустин е уште еден лек за кој исто така се знае дека има токсичен ефект врз црниот дроб.

Тенко црево. Зрачењето може да предизвика акутно воспаление на цревата со повраќање и дијареа. Некои деца може да развијат лузни на цревата што може да доведат до блокади, и бараат хируршка интервенција.

Мускулно-скелетен систем. Зрачење на ’рбетот, кое понекогаш се користи кај деца со Хоџкин-ова болест или медулобластом, може да предизвика искривување на ‘рбетот во форма на кифоза, грпка или сколиоза, искривување на ‘рбетот во облик на латиничната буква S. Зрачење на колковите може да предизвика оштетување на коските на колковите. Двете најчести форми на ова оштетување се спуштање (лизгање) на капиталната бутна епифиза и аваскуларна некроза, при што и двете оштетувања вклучуваат оштетување на крајот на бутната коска на местото каде се поврзува со карличната коска.

Кај деца третирани од рак на мозокот, акутна лимфобластна леукемија, лимфом и некои цврсти тумори може да се забележи губење на потребните минерали во коските. Долготрајната употреба на стероиди или метотрексати е честа причина за тоа. Овие деца се изложени на ризик од фрактури.

Ендокрин систем.

- Хипофиза: Зрачењето на мозокот може да предизвика недостаток на хормонот за раст. Дури и кога се присутни нормални нивоа на хормонот за раст, децата кои биле подложени на зрачење на мозокот често се дебели и не успеваат да ја постигнат очекуваната висина. Оние чии нивоа на хормонот за раст се ниски ќе растат само кога се применуваат инјекции со хормонот за раст.

- Тироидна жлезда: Тироидната жлезда може да биде оштетена од терапија со зрачење која го вклучува вратот, при што обично станува недоволно активна (појава на гушавост). Ова може да се јави дури неколку години после третманот, а се третира орално, со внес на  хормони на тироидната жлезда.

- Репродуктивна функција: Радиотерапијата како и хемотерапијата може да ги оштети јајниците, предизвикувајќи загуба на хормони, недостаток на месечни циклуси и неплодност. Тестисите малку потешко се оштетуваат, па возрасните мажи кои преживеале третман на рак често имаат нормални хормонални нивоа и сексуална функција, но може да бидат стерилни. На адолесцентите може да им биде понудена можноста да зачуваат сперма во банка за сперма пред третманот, со цел да се осигура дека тие ќе може во иднина да имаат деца по пат на вештачко оплодување. Оние кои биле подложени на операција за отстранување на внатрешни јазли кои биле засегнати од рак на тестисите како возрасни може да бидат импотентни, како последица на оштетување на нервите кои ја контролираат сексуалната функција.

Со оглед на тоа што хемотераписките лекови може да предизвикаат генетски мутации, голема е загриженоста дека кај оние преживеани чија плодност е зачувана после третманите постои ризик за раѓање деца со вродени дефекти (мани). Ова сеуште не е забележано, но забележано е дека децата на жени кои биле третирани за Вилмс-ови тумори имале мали тежини при раѓање.

Секундарни ракови

Најсериозниот подоцнежен ефект на успешен третман на детски рак е секундарен рак. Секундарниот рак е посебен вид и е поврзан или со наследни фактори или многу почесто со подоцнежни ефекти од терапијата.

Генетски причини. Околу педесет проценти од оние кои биле третирани од наследна форма на ретинобластом развиваат секундарен рак во одреден момент во својот живот.

Хируршки третман. Децата со типови на рак кои го попречуваат протокот на урина понекогаш имаат потреба од процедура наречена уретеросигмоидостомија . При оваа хируршка  процедура, уретерот (канал кој ја пренесува урината од бубрезите до мочниот меур) се поврзува со сигмоидалното дебело црево. Овие деца имаат значително зголемен ризик од развој на аденокарцином на дебелото црево на местото на поврзување во позрела возраст.

Радиотерапија. Зрачење на вратот може да предизвика подоцнежен рак на тироидната жлезда. Зрачење на мозокот може да предизвика тумори на мозокот подоцна, како на пример менингиоми или глиоми. Ова било поприлично честа појава кај деца лекувани од леукемија и на кои им било давана профилактичка радиотерапија со цел да се спречи повторување на болеста во централниот нервен систем. Саркомите на коските (малигни тумори на сврзните ткива) се можни после терапија со зрачење на ретинобластом или   Ewing-ов сарком. Ризикот од подоцнежен рак на дојката е зголемен кај оние кои биле лекувани со радиотерапија за Хоџкин-ова болест (лимфом – рак кој потекнува од белите крвни клетки) во детството.

Хемотерапија. Етопозид и тенопозид, хемотераписки лекови познати како епиподофилини, се поврзуваат со ризикот од развој на акутна миелогена леукемија во годините после првичниот третман за рак. Овие се користат во третманите на некои тумори на гаметните клетки, акутна лимфобластна леукемија и не-Хоџкин-ов лимфом.

Потиснување на имунолошкиот систем. Со цел да се спречи отфрлање, децата кои се подложени на трансплантација на коскена срцевина добиваат лекови за да се потисне нивниот имунолошки систем. Долготрајната употреба на овие лекови се поврзува со ризикот од развој на карцином кој потекнува од белите крвни клетки познати како Б-клетки.

Рак на тестиси
Карцином на тестиси е болест при која малигни клетки се откриени во едниот или двата тестиси. Постојат неколку типови на клетки содржани во тестисите, и било кои од овие клетки може да се развијат во еден или повеќе видови на рак. Над 90% од сите случаи на рак на тестисите почнува во клетките наречени герминативни клетки. Постојат два главни типови на тумори на гаметните клетки кај мажите: семиноми и несеминоми. Семиномите сочинуваат околу 40% од сите тумори на герминативните клетки во тестисите. Несеминомите сочинуваат група на карциноми, кои вклучуваат хориокарцином, yolk sac (герминативни) тумори, ембрионален карцином и тератома.

Иако ракот на тестисите  вклучува помалку од 2% од сите случаи на рак кај мажите, тој најчесто се среќава кај млади мажи на возраст од 15-35 години. Исто така е еден од најизлечивите.

Демографија

Иако инциденцата на рак на тестисите се зголемува двојно во последните 30 години, тој сеуште ретко се случува. Скандинавските земји имаат највисока стапка во светот. Германија и Нов Зеланд исто така, имаат високи стапки. Најниската инциденца на рак на тестисите се наоѓаат во Азија и Африка.

Инциденцата за рак на тестис за Македонија изнесува 5.1 или 59 случаи на 100 000 жители, додека морталитетот изнесува 0.8 или 10 случаи на 100 000 жители (GLOBOCAN 2008, fast stats).

Причини

Точната причина за ракот на тестисите не е позната. Ризикот за рак на тестисите е многу повисок за момчиња родени со еден или двата тестиси, кои се наоѓаат во долниот дел на стомакот, а не во скротумот. Оваа состојба се нарекува крипторхизам или неспуштени тестиси. Животниот ризик за добивање рак на тестиси е четири пати повисок за момчињата со крипторхизам одколку за општата популација. Овој ризик фактор останува дури и ако е направена операција за враќање на тестисите назад во скротумот.

Мажите кои имале абнормален развој на нивните тестиси се изложени на зголемен ризик, како што се мажите со Klinefelter-ов синдром (нарушување на половите хромозоми). Семејната историја за рак на тестиси ја зголемува можноста за добивање на оваа болест. Мажите заразени со вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ), особено оние со развиена СИДА, имаат повисока инциденца, како и неплодните мажи. Одредени тумори на тестисите се појавуваат почесто кај мажите со одредени професии, како рудари, нафтени работници и комунални работници.

Симптоми

Карцином на тестисите обично не покажува рани симптоми. Сомнеж се јавува кога во тестисите се чуствува маса или грутка, иако маса во тестисите не секогаш укажува на рак и обично е безболна. Симптомите на рак на тестисите вклучуваат:

• грутка во тестисот (обично со големина на грашок, но тестисот може да биде зголемен колку јајце)

• зголемување или значајно намалување на едниот тестис

• чувство на тежина во скротумот

• непријатна болка во препоните или долниот дел на стомакот

• секоја ненадејна колекција на течност во скротумот

• осетливост или зголемување на градите

• болка или непријатност во едниот тестис или во скротумот

Дијагноза

Историја и физикален преглед. Лекарот зема лична и семејна медицинска историја и се врши комплетен физикален преглед. Лекарот го испитува скротумот, како и стомакот и други области за да провери за дополнителни маси.

Ултразвук. Ако масата е пронајдена, лекарот, најверојатно, ќе изврши ултразвук. Преку употреба на звучните бранови, ултразвукот може да помогне да се визуелизираат внатрешните органи и може да биде корисен во покажување на разликата помеѓу циста исполнета со течност или цврста маса. Ако туморот е солиден, тој најверојатно е малиген.

Крвни тестови. Некои видови рак на тестисите лачат високи нивоа на одредени протеини како што се алфа-фетопротеинот (AFP), хуман хорионски гонадотропин (HCG) и ензими како лактат дехидрогеназа (LDH). Овие маркери може да помогнат да се најде тумор кој е премногу мал за да се почувствува за време на физикалниот преглед. Покрај тоа, овие тестови се исто така корисни во одредувањето на тоа колку ракот е всушност развиен, а во евалуацијата на одговорот на третманот, да се биде сигурен дека туморот нема да се врати.

Хирургија. Ако е пронајден сомнителен раст, хирургот треба да го отстрани туморот и да го испрати во лабораторија за тестирање. Патологот го испитува тестикуларното ткиво микроскопски, за да се утврди дали клетките на ракот се присутни. Ако се пронајдат клетки на ракот, патологот праќа назад извештај и го опишува видот и степенот на зафатеност. Во речиси сите случаи, хирургот го отстранува целиот погоден тестис преку рез во препоните, не преку скротумот. Оваа постапка се нарекува радикална ингвинална орхиектомија.

Откако ракот на тестисите е определен, неопходни се дополнителни тестови, за да се дознае дали ракот е метастазиран (раширен) на други делови од телото и да се утврди стадиумот или степенот на болеста. Оваа информација му помага на лекарот да направи план за соодветен третман. Овие тестови можат да вклучуваат компјутеризирана томографија (КТ скен), лимфангиографија (ртг на лимфниот систем), скенирање на коските и ртг на градниот кош.

Тестикуларно самоиспитување

Тестикуларно самоиспитување (ТSE) е постапка со која пациентот ги проверува изгледот и конзистентноста на неговите тестиси. Повеќето ракови на тестисите за прв пат се забележани од страна на самиот пациент. Мажите треба да прават ТSE секој месец за да дознаат дали нивните тестиси содржат некакви сомнителни грутки или други неправилности, кои би можеле да се знаци на рак или инфекција.

Опис

ТSЕ треба да се прави за време на топол туш или во полна када, кога кожата е топла, влажна и лизгава од пената. Мажите треба да излезат од кадата и да застанат пред огледало. Топлината од кадата или тушот ќе го релаксираат скротумот и кожата ќе биде помека и потенка, правејќи полесно да се почувствува грутката. Важно е испитувањето да се направи многу нежно. Мажите треба да застанат пред огледало и да бараат оток на скротумот. Со користење на двете раце, скротумот треба да биде нежно кренат така што областа под него да може да се провери.

Следниот чекор е испитување со рака. Вториот и средните прсти треба да се стават под секој тестис, со палците на врвот. Тестисите треба да се испитаат еден по еден. Мажите треба да го тркалаат секој тестис меѓу прстите и палците. Тие треба да почувствуваат грутки од која било големина (дури и мали како зрно грашок) особено од предната страна или од страната на секој тестис. Мажите, исто така би требало да проверат постоње на болка или неправилности. Следно, треба да се почуствуваат epididymis и vas deferens, кој се наоѓаат на врвот и на задниот дел од тестисите. Оваа област се чувствува како јаже и не треба да биде осетлива.

Нормални резултати

Нормално е едниот тестис да биде поголем од другиот и да се обесени на различни нивоа, но големината да остане иста, од месец до месец. Тестисите треба да бидат без грутки, болка, неправилности и оток.

Абнормални резултати

ТSЕ се смета за ненормално ако се најдат било оток, осетливост, грутки или неправилности. Тврди, неподвижни грутки се ненормални, дури и ако тие се безболни. Грутката може да биде знак на инфекција или малиген тумор. Промената на големината на тестисите од еден месец до следниот, исто така, е абнормално. Чувството на тежина во скротумот е уште еден абнормален знак. Ако е пронајдена било каква абнормалност, мажот се охрабрува да го посети неговиот лекар што е можно поскоро, затоа што ракот на тестисите се лекува ако се открие рано.

Стејџирање

• Стадиум I. Оваа фаза се однесува на рак кој се наоѓа само во тестисот, без ширење во лимфните јазли или во далечните органи.

• Стадиум II. Ова покажува дека ракот се проширил и во лимфните јазли во абдоменот, но не и во лимфните јазли во други делови на телото.

• Стадиум III. Во оваа фаза, ракот се проширил и надвор од лимфните јазли во абдоменот, и / или ракот е во некои делови од телото далеку од тестисите, како што се белите дробови или црниот дроб.

• Рекурентен рак. Рекурентната болест покажува дека ракот се вратил откако веќе бил третиран. Ракот на тестисите може да се врати во истиот тестис (доколку не е хируршки отстранет) или во некој друг дел од телото.

Третманот

Одлуката за третманот за ракот на тестисите зависи од стадиумот и клеточниот тип на карциномот, како и возраста на пациентот и општата здравствена состојба. Најчесто се користат четири видови третмани, тоа се хирургија, радиотерапија, хемотерапија и трансплантација на коскената срж или матични клетки.

Хируршката операцијата е нормално првата линија на третман за ракот на тестисите и вклучува отстранување на погодениот тестис. Оваа постапка е позната како радикална ингвинална орхиектомија. Во зависност од типот и стадиумот на ракот, во исто време може да бидат отстранети и некои лимфни јазли или можеби со втора операција. Оваа постапка се нарекува ретроперитонеална лимфонодална дисекција и може да биде голема операција. Некои пациенти ќе доживеат привремени компликации по операцијата, вклучувајќи инфекции и опструкција на дебелото црево. Ако тестисите се отстрануваат, мажот нема да има способност да произведува сперматозоиди и ќе стане неплоден (неспособен да биде татко). Хирургијата со отстранување на лимфните јазли може да предизвика некои оштетувања на околните нерви, што може да интерферира со способноста да се ејакулира. Мажите пред операција за рак на тестисите, може да поразговараат со својот лекар за операција со зачувување на нервите, како и за донирање на сперма.

Радијационата терапија за ракот на тестисите се прави со машина однадвор и е позната како надворешено зрачење. Еден потенцијален проблем со овој вид на зрачење е тоа што, исто така, може да се уништат околните здрави ткива, како и клетките на ракот. Други потенцијални несакани ефекти вклучуваат гадење, пролив и замор. Посебен уред може да се користи за да се заштитат тестисите и да се зачува плодноста.

Хемотерапијата се однесува на употребата на цитостатици при лекување на ракот. Бидејќи лековите влегуваат во крвотокот и циркулираат низ телото, хемотерапијата се смета за системска терапија. Лекови кои главно се користат при третман на рак на тестисите се cisplatin, vinblastine, bleomycin, cyclophosphamide, etoposide и ifosfamide.

Овие лекови се даваат во различни комбинации, бидејќи употребата на два или повеќе лекови се смета за поефикасна од употребата на само еден лек. Хемотераписките агенси може да влијаат на нормалните, како и канцерогените клетки, така што се можни неколку несакани ефекти, како на пример:

• гадење и повраќање

• промени во апетитот (анорексија)

• привремено губење на косата (алопеција)

• рани во устата

• зголемен ризик од инфекции

• крварење или модринки

• замор

• пролив или запек

Неколку лекови се на располагање за да помогнат во лекувањето на овие несакани ефекти, од кои повеќето ќе исчезнат откако ќе заврши третманот. Сепак, некои од хемотераписките агенси кои се користат за време на третманот на рак на тестисите може да предизвикаат долгорочни несакани ефекти. Тие вклучуваат губење на слухот, оштетување на нервите и можно оштетување на бубрезите или белите дробови.

Друга потенцијално сериозна долгорочна компликација е зголемен ризик од леукемија. Ова е ретко пропратен ефект, но се случува кај помалку од 1% од случаите со рак на тестисите кај пациентите кои примаат хемотерапија. Хемотерапијата исто така може да влијае на производството на сперма. Ова може да биде перманентно кај некои случаи, но многумина ќе ја добијат назад нивната плодност во рок од неколку години.

Клинички студии се во тек, за да се утврди дали високите дози на хемотерапија во комбинација со трансплантација на матични клетки ќе се покажат ефективни во лекувањето на некои пациенти со напреднат рак на тестисите. При овој третман, од пациентот се земаат клетки прекурзори на крвните, наречени матични клетки (од коскената срж или филтрирани од крвта на пациентот). Овие клетки се чуваат замрзнати додека се даваат високи дози на хемотерапија. По примање на хемотерапијата, на пациентот му се даваат матични клетки преку инфузија. Овој третман овозможува користење на дополнителни големи дози на хемотерапија и може да ја зголеми стапката на лекување кај некои видови на рак на тестисите.

Превенција

Главните фактори на ризик поврзани со рак на тестисите – крипторхизам и фамилијарната историја на болеста, се неизбежни, бидејќи тие се присутни од раѓањето. И покрај тоа, многу мажи дијагностицирани со оваа болест, немаат познати фактори на ризик. Поради овие причини, не е можно да се спречат повеќето случаи на рак на тестисите, но самопрегледот овозможува рано откривање и успешно лекување на истиот.

Рак на овариум (јајник)
Ракот на јајникот е рак на органите за ослободување на јајце-клетки и производство на хормони во женскиот репродуктивен тракт. Канцерските или малигните клетки се делат и множат во абнормална состојба.

Видови

Деведесет проценти од сите случаи на рак на јајниците се развива во клетките поставени на површината или лигавицата на јајниците кои се нарекуваат епителни клетки. Околу 15% од епителните канцерски клетки се сметаат дека имаат ниско малиген потенцијал или LMP тумори. Овие тумори се јавуваат почесто кај помладите жени, а се со поголема веројатност да бидат откриени рано, па прогнозата е добра.

Тумори на гаметните клетки се развиваат во јајце-клетките што ги создаваат јајниците и опфаќаат околу 5% од  туморите на јајниците. Овие тумори обично се наоѓаат кај тинејџерки или млади жени. Прогнозата е добра ако се откријат на почетокот, но како и со другите видови рак на јајници, раното откривање е многу тешко.

Демографија

Ракот на јајникот може да се развие во било која возраст, но е поверојатно да се појави кај жени кои се на 50 години или постари. Повеќе од половина од случаите се кај жените кои се на возраст на 65 години и постари. Индустријализираните земји имаат највисока инциденца за рак на јајник. Жените со бела кожа се изложени на малку поголем ризик; афро-американски и азиски жени се изложени на помал ризик. Ризикот за развој на болеста се зголемува со возраста. Ракот на јајникот е петти најчест рак кај жените во САД и вториот најчест гинеколошки рак. Тоа се 4% од сите случаи на рак кај жените. Меѓутоа, поради лошото рано откривање, стапката на смртност за рак на јајник е повисока отколку за кој било друг рак кај жените.

Во Македонија инциденцата за карцином на овариум изнесува 6.3 % или 12.8 случаи на 100 000 жители, додека морталитетот изнесува 8.7% или 5.4 случаи на 100 000 жители (Globocan 2008).

Само 50% од жените кои се дијагностицирани со рак на јајник, ќе преживеат пет години по првичната дијагноза. Ова се должи на напредна фаза na ракot во време на дијагнозата. Со раното откривање, сепак, опстанокот на пет години посle дијагнозата може да биде 95%.

Причини

Вистинската причина за рак на јајник останува непозната, но неколку фактори се познати дека ги зголемуваат шансите за развој на болеста. Жените со поголем ризик од просекот за развој на рак на јајникот се жени кои:

• никогаш не биле бремени или имале деца

• белите жени, особено во Северна Европа

• жените над 50 години. Половина од сите дијагностицирани случаи се со жени над 65 години.

• имаат фамилијарна историја на рак на дојка, јајници, ендометријален (матка), простата или рак на дебело црево

• имале рак на дојка

• жени кои имаат роднина од прв степен (мајка, ќерка, сестра) што има рак на јајник. (Ризикот е поголем ако две или повеќе роднини од прв степен имаат болест. Жените кои имаат баба, тетка или роднина со рак на јајник, исто така, се во повисоката група од просечниот ризик).

• имаат генетска мутација на BRCA1 или BRCA2 генот. (Не кај сите жени со овие генетски мутации на ракот на дојката ќе се развие рак на јајник. На 70 години, жената која има BRCA1 мутација носи 40-60% ризик од развој на рак на јајчник. Жените со генетска мутација BRCA2 имаат 15% поголем ризик од развој на рак на јајник. Сепак, наследноста само игра улога во околу 5-10% од случаите на рак на јајник.) Жените кои имаат силна фамилијарна историја може да имаат корист од генетско советување за подобро да ги разберат нивните фактори на ризик.

Во прилог на погоре наведените фактори на ризик, следниве фактори се чини дека играат улога, која влијае врз шансите жените да развијат рак на јајник:

Репродукција и хормони. Почетокот на менструацијата (пред да наполнат 12) и доцната менопауза се чини дека ги става жените на поголем ризик за рак на јајник. На овој начин жената почесто овулира и е повисок степенот за ризик од рак на јајник. Како што споменавме погоре, жените кои никогаш не биле бремени имаат поголем ризик за развој на болеста отколку жените со една или повеќе бремености. Сеуште не е јасно од истражувањата дали бременоста, која завршува со спонтан абортус или раѓање на мртво дете го намалува ризик факторот до истиот степен како и бројот на самите бремености. Употребата на додатоци од естроген во пост-менопаузата за 10 или повеќе години, може двојно да го зголеми ризикот на жената за рак на јајник. Краткорочното користење не се чини дека го менува факторот на ризик.

Лековите за неплодност кои ја стимулираат овулацијата. Се чини дека жените кои земаат лекови за да стимулираат овулација, а сепак не забременуваат, се изложени на поголем ризик за развој на рак на јајник. Жените кои забременуваат по користењето на лекови за плодност, нема веројатност дека се изложени на поголем ризик. Една студија објави дека употребата на лекот за плодноста clomiphene citrate за повеќе од една година го зголемува ризикот за развој на LMP тумори.

Талк. Употребата на талк прав (пудра) во пределот на гениталиите е вмешан кај ракот на јајникот во многу студии. Тоа може да биде поради тоа што талкот содржи честички на азбест, познат карциноген. Женските работници изложени на азбест се изложени на повисок од нормалниот ризик од развој на рак на јајник. Гениталните дезодоранси и спрејови, исто така, може да претставуваат зголемен ризик.

Маснотии. Масната исхрана е забележана во некои студии, како зголемувач на ризикот за развој на рак на јајчник. Во една студија на ниво на ризик, ризикот се зголемува со секој 10 грама заситени масти додадени во исхраната. Ова може да биде поради нејзиниот ефект врз производството на естроген.

Симптоми

Вообичено не постојат рани предупредувачки симптоми за болеста. Ракот на јајникот е често нарекуван како тивок убиец, бидејќи жените или не се свесни дека го имаат или имаат симптоми кои не се прецизно дијагностицирани се додека болеста не е во напредната состојба.

Следниве симптоми се знаци на предупредување за рак на јајникот, но исто така може да се должи на други причини.

• дигестивни симптоми, како што се гасови, варење, запек или чувство на исполнетост по лесен оброк

• подуеност, дистензија или грчеви

• абдоминална непријатност или непријатност во задниот долен предел

• притисок во карлицата или често мокрење

• необјаснети промени во цревата

• гадење или повраќање

• болка или оток во стомакот

• губење на апетит (анорексија)

• замор

• необјаснето зголемување или губење на тежината

• болка за време на секс

• вагинално крварење кај жените во пост-менопауза

Дијагноза

• комплетна медицинска историја, за да се проценат сите фактори на ризик

• темелен бимануелен карличен преглед, кој треба да вклучува преглед на следните органи за сите абнормалности во формата или големината: јајниците, јајцеводите, матката, вагината, мочниот меур и ректумот. Бидејќи јајниците се наоѓаат длабоко во областа на карлицата, малку е веројатно дека со ова испитување ќе се откријат абнормалностите,  додека ракот се уште не е локализиран. Проширените јајници не потврдуваат рак, бидејќи тие може да бидат зголемени поради појава на циста или ендометриоза.

• CA-125 есеј. Ова е тест на крвта за да се утврди нивото на CA-125, тумор маркер. Тумор маркер е мерач на супстанцата која е составена од протеини и се произведува од страна на туморот. Зголемувањето на CA-125 нивото обично укажува на рак, додека стабилност или намалување на вредноста е повеќе одлика на циста. CA-125 нивото никогаш не треба да се користи само за да се дијагностицира рак на јајник. Тоа е покачено во околу 80% од жените со рак на јајник, но во 20% од случаите не е така. Покрај тоа, тоа може да биде покачено не само поради рак на јајник или може да биде покачено со немалигни гинеколошки услови, како што се ендометриоза или ектопична бременост. За време на менструацијата CA-125 нивото може да биде покачено, па тестот е најдобро да се прави кога жената не е во циклус.

• различни рентген процедури. Ултразвук може да се направи надвор преку стомакот и долната карлична област или со трансвагинална сонда. Други безболни техники се компјутеризирана томографија (КТ) и магнетна резонанца (МРИ). Колор доплер анализата обезбедува дополнителен контраст и точност во разликувањето на масите. Останува нејасно дали доплерот е ефикасен во намалување на високиот број на лажни позитиви случаи со трансвагинална ултрасонографија.

• ниска ГИТ серија или бариум клизма користи серија на X зраци за да се потенцира дебелото црево и ректумот. За да се ​​обезбеди контраст, пациентот пие варовита течност која содржи бариум. Овој тест може да се направи за да се види дали ракот се проширил во овие области.

• дијагностичка лапароскопија. Оваа техника користи тенки, шупливи, осветлени инструменти, кои се вметнуваат низ мал засек на кожата во близина на папокот, за да се визуелизираат органите во внатрешноста на абдоминалната празнина.

Клиничкистадиуми

• Стадиум I: ракот е ограничен на едниот или на двата јајника.

• Стадиум II: ракот се наоѓа на едниот или на двата јајника и / или се шири на матката, јајцеводите и / или други делови од телото во карличната празнина.

• Стадиум III: ракот се наоѓа на едниот или на двата јајника и се шири во лимфните јазли или другите делови од телото во телесната празнина, како што се површини на црниот дроб или цревата.

• Стадиум IV: ракот се наоѓа на едниот или на двата јајника и се шири до другите органи, како црниот дроб или белите дробови.

Поединечните фази, исто така, дополнително се делат во подстадиуми, како што се Ia, Ib итн.

Третман

Понудениот третман првенствено ќе зависи од стадиумот на ракот и возраста на жената.

Хирургија

Операцијата се прави за да се отстрани туморот, колку што е можно, се користи хемотерапија и / или зрачење, за да се нтаргетираат канцерските клетки кои останале во телото, без да се загрози здравјето на жената. Ова може да биде тешко да се балансира, кога веќе еднаш ракот се проширил. Отстранувањето на јајниците се нарекува оофоректомија, додека отстранување на двата јајника се нарекува билатерална оофоректомија. Освен ако не е многу јасно дека ракот не е проширен, се отстрануваат обично и јајцеводите (салпинго-оофоректомија). Отстранување на матката се нарекува хистеректомија.

Ако жената е многу млада, се прават сите обиди, за да се зачува матката. За жал, ракот на јајникот се шири лесно и често многу брзо во репродуктивниот тракт. Во тој случај, може да биде потребно да се отстранат сите репродуктивни органи, како и дел од перитонеумот за да и се обезбеди на жената најдобра можна шанса за долгорочен опстанок. Операцијата за зачувување на плодноста може да биде успешна ако ракот на јајникот е откриен многу рано.

Несаканите ефекти од операцијата зависат од степенот на операција, но може да вклучуваат болка и повремени проблеми со мочниот меур и дебелото црево, како и реакција на загуба на хормони произведени од страна на отстранетите органи. Може да се примени хормонска замена, за да се помогне при транзицијата.

Хемотерапија

Во моментов често се користат цитостатици, во комбинација за лекување на напреднат рак на јајник, а обично комбинацијата вклучува лекови базирани на платина (како што е cisplatin) со тaxol агент, како што е paclitaxel. Некои од комбинациите кои се користат или се изучуваат, вклучуваат: carboplatin / paclitaxel, cisplatin / paclitaxel, cisplatin / topotecan и cisplatin / carboplatin.

Кога се оценуваат и се развиваат нови лекови, целта е секогаш  максимална ефикасност со минимум несакани ефекти. Несаканите ефекти вклучуваат гадење и повраќање, дијареа, намален апетит и губење на тежината, замор, главоболка, губење на косата и вкочанетост и пецкање во рацете или нозете. По завршување на циклусот на хемотерапијата, хирургот може да изврши “second look” операција, за да се испита абдоминалната празнина повторно и да се оцени успехот на лекувањето.

Зрачење

За пациенти со неизлечив рак на јајник, зрачењето може да се користи за да се намали туморот, со цел да се обезбеди намалување на болката и подобрување на квалитетот на животот. Откако лекувањето е целосно завршено, важно е да има редовно следење, да се проследуваат некои долгорочни несакани ефекти, како и понатамошен релапс или метастази.

Прогноза

Прогнозата за рак на јајник е многу зависна од стадиумот во кој тој за прв пат е дијагностициран. Рано откривање може да донесе петгодишното преживување приближно 95%. За жал, околу 75% од жените (3 од 4) имаат напреден рак на јајник во време на дијагнозата. (Напреднат рак е во стадиум III или IV кога веќе се шири во другите органи.) Петгодишното преживување кај жените со стадиум IV на рак на јајник е помало од 5%.

Клинички испитувања

Почнувајќи од 2001 година, многу клинички испитувања за рак на јајник се во тек. Поголемиот дел од овие испитувања истражуваат различни цитостатици и нивните комбинации. Некои нови истражувања за ракот на јајник се чини дека се во насока на ангиогенеза инхибиторите (лекови, како што е талидомид, кои се чини дека се поврзани со снабдување на туморот со крв) и трансплантација на коскената срцевина и трансплантанти од периферните крвни матични клетки.

Превенција

Бидејќи причината за рак на јајник не е позната, болеста не може целосно да се спречи. Сепак, постојат начини да се намали ризикот за развој на болеста.

Намалување на овулацијата. Бременоста дава пауза од овулација и повеќето бремености го намалуваат ризикот од рак на јајник. Истражувањето не е јасно дали бременоста мора да резултира со раѓање за да се има целосна корист. Жените кои ги дојат своите деца, исто така, имаат помал ризик за развој на болеста. Бидејќи оралните контрацептиви ја потиснуваат овулацијата, жените кои земаат контрацептивни средства, дури и за кратко, како 3-6 месеци, имаат пониска инциденца на болеста. Исто така, оваа корист може да трае до 15 години по престанувањето. Меѓутоа, бидејќи контрацептивните средства го менуваат хормоналниот статус на жената, нејзиниот ризик за други хормонално поврзани болести може да се промени. Поради оваа причина многу е важно да се дискутираат ризиците и придобивките од овие здравствени услуги.

Генетско тестирање. Генетско тестирање е на располагање и може да помогне да се утврди дали жената која има семејна историја на рак на дојката, ендометриумот или рак на јајник има наследено мутиран BRCA ген и има предиспозиција за овие малигноми. Ако тестовите се позитивни за мутација, тогаш таа е во можност да избере да и се отстранат јајниците. Дури и без тестирање на мутираниот ген, некои жени со силни семејни истории на рак на јајник, може да ја разгледаат опцијата за отстранување на јајниците како превентивна мерка (профилактичка оофоректомија).

Хирургија. Процедури, како што е тубарна лигатура (во која јајцеводите се блокирани или отсечени) и хистеректомија (во која е отстранета матката) се прават за да се намали ризикот од рак на јајник. Сепак, секое отстранување на органи од репродуктивниот тракт е хируршко и може да доведе до хормонални несакани ефекти.

Скрининг. Нема дефинитивни тестови или скрининг процедури за откривање на рак на јајник во раните фази. Жени со висок ризик треба да се консултираат со своите лекари за редовни скрининзи, кои можат да вклучат трансвагинален ултразвук и испитување на крвта за CA-125 протеини. Американското здружение за рак препорачува годишни карлични прегледи за сите жени по 40 годишна возраст, со цел да се зголемат шансите за рано откривање на ракот на јајникот.

Леукемија
Леукемијата е карцином, кој започнува во органите кои ја создаваат крвта, главно коскената срцевина и лимфниот систем. Во зависност од специфичните карактеристики, леукемијата може да се подели на два големи типови: акутна и хронична. Акутните леукемии се брзонапредувачки леукемии, додека хроничните леукемии напредуваат бавно. Поголемиот дел од детските леукемии се од акутна форма.

Хронични леукемии

Кај хроничните леукемии, ракот започнува во крвните клетки кои се создаваат во

коскената срцевина. Клетките созреваат, а само мал дел остануваат незрели. Сепак,

иако клетките созреваат и се појавуваат како нормални, тие не функционираат како нормалните клетки. Во зависност од видот на белите крвни клетки кои се вклучени, хроничната леукемија може да се класифицира како хронична лимфоцитна леукемија или хронична миелогена леукемија.

Хроничната леукемија се развива многу постепено. Абнормалните лимфоцити се размножуваат полека, но на лошо регулиран начин. Тие живеат многу подолго и на тој начин нивниот број се зголемува во телото. Двата типа на хронична леукемија може лесно да се препознаваат под микроскоп. Хроничната лимфоцитна леукемија (CLL) вклучува Т или Б лимфоцити. Б клеточните абнормалности се почести отколку Т клеточните абнормалности. Т клетките се погодени само кај 5% од пациентите. Т и Б лимфоцитите се разликуваат од другите видови на бели крвни клетки врз основа на нивната големина и отсуството на гранули во нив. Кај хроничната миелогена леукемија (CML), клетките кои се засегнати се гранулоцити. Хроничната лимфоцитна леукемија (CLL) често не покажува рани симптоми и може да остане неоткриена долго време. Хроничната миелогена леукемија (CML), од друга страна, може да напредува во повеќе акутна форма.

Акутни леукемии

Кај акутната леукемија, созревањето на белите крвни зрнца е прекинато. Незрелите клетки (или ”бласти”) се размножуваат брзо и почнуваат да се акумулираат во различни органи и ткива, а со тоа влијаат на нивното нормално функционирање. Оваа неконтролирана пролиферација на незрели клетки во коскената срцевина влијае на производството на нормалните црвени крвни зрнца и тромбоцитите.

Акутните леукемии се два типа: акутна лимфоцитна леукемија и акутна миелогена леукемија. Различни видови на бели крвни клетки се вклучени во двете леукемии. Во акутната лимфоцитна леукемија (ALL), Т или Б лимфоцити стануваат канцерогени. Б клеточните леукемии се почести отколку Т клеточните леукемии. Акутната миелогена леукемија, исто така позната како акутна нелимфоцитна леукемија (ANLL), е рак на моноцитите и / или гранулоцитите. Леукемиите зафаќаат 2% од сите случаи на рак. Бидејќи леукемијата е најчестата форма на рак кај децата, таа е често се смета како болест на детството. Сепак, леукемиите ги погодуваат девет пати повеќе возрасните околку децата. Половина од случаите се јавуваат кај луѓе на 60 години или постари. Инциденцата на акутните и хроничните леукемии е скоро иста. Според проценките на GLOBOCAN, морбидитетот за леукемија изнесува околу 200 000 нови случаи во 2008 година на светско ниво или 87 случаи во Македонија, од кои 61 смртни. На меѓународно ниво, леукемија е четвртиот најчест рак кај луѓето на возраст од 15 до 19 години.

Причини и симптоми

Леукемијата ги погодува двата пола и сите возрасти и нејзината причина е главно непозната. Сепак, хроничната леукемија е поврзана со генетски аномалии и еколошки фактори. На пример, изложеност на јонизирачко зрачење и на одредени органски хемикалии, како што се бензен, се верува дека го зголемува ризикот за добивање на леукемија. Хронична леукемија се јавува кај некои луѓе кои се инфицирани со два човечки ретровируси (HTLV-I и HTLV-II). Абнормален хромозом познат како Филаделфија хромозом се гледа во 90% од случаите со CML. Инциденцата на леукемијата (акутна и хронична) е малку повисока кај мажите отколку кај жените. Повисока инциденца на леукемија, исто така, е забележана кај лицата со Даунов синдром и некои други генетски аномалии. Историја на болести со оштетување на коскената срцевина, како што се апластична анемија или историја на рак на лимфниот систем ги изложува луѓето на висок ризик за развој на акутна леукемија. Слично на тоа, употребата на антиканцер лекови, имуносупресиви и антибиотикот хлорамфеникол, исто така, се сметаат за ризик фактори за развој на акутна леукемија.

Симптомите на леукемијата се обично нејасни и неспецифични. Пациентот може да ги

доживее сите или некои од следниве симптоми:

-          слабост или хроничен замор

-          треска од непознато потекло

-          губење на телесна тежина кое не се должи на диета или вежбање

-          чести бактериски или вирусни инфекции

-          главоболки

-          црвенило на кожата

-          неспецифични болки во коските

-          лесно добивање на модринки

-          крварење од непцата или носот

-          крв во урината или столицата

-          зголемени лимфни јазли и / или слезина

-          абдоминална исполнетост

Дијагноза

Како и сите видови на рак, леукемиите се третираат најдобро кога ќе се откријат на почетокот. Нема скрининг тестови на располагање. Ако лекарот има причина да се сомнева на леукемија, тој ќе спроведе темелен физички преглед за да открие зголемени лимфни јазли на вратот, пазувите и пределот на карлицата. Отечени непца, зголемен црн дроб или слезена, модринки или црвен точкест осип по целото тело се некои од знаците на леукемијата. Може да се направат уринарни и крвни тестови за да се провери евентуално присуство на микроскопски количини на крв во урината и да се добие комплетна диференцијална крвна слика. Абнормална крвна слика би можело да сугерира леукемија, сепак, дијагнозата треба да биде потврдена од страна на повеќе специфични тестови.

Лекарот може да изврши биопсија на коскената срж за да се потврди дијагнозата на леукемија. Во текот на биопсијата, цилиндричен дел од коскената срцевина се отстранува, генерално од карличната коска. Овие примероци се испраќаат во лабораторијата за испитување. Во прилог на дијагнозата, биопсијата, исто така, се повторува за време на третманот на болеста за да се види дали леукемија дава одговор на терапијата.

Спинална дренажа (лумбална пункција) е уште една постапка која лекарот може да ја направи за да се дијагностицира леукемија. Во оваа постапка, мала игла се вметнува во ‘рбетниот канал во долниот дел на грбот за да се извлече малку цереброспинална течност и да се побараат леукемични клетки.

Стандардни тестови, како што се рентгенски снимки, компјутерска томографија (КТ-скен) и магнетна резонанца (МРИ) може да се користат за да се провери дали леукемичните клетки дошле од други делови на телото, како што се коските, градите, бубрезите, стомакот или мозокот. Галиум скенирање или коскен скен е тест во кој радиоактивни хемикалии се вбризгуваат во телото. Оваа хемикалија се акумулира во областа на ракот или инфекцијата, овозможувајќи да се видат со специјална камера.

Третман

Постојат две фази во третманот за леукемија. Првата фаза се нарекува индукциона терапија. Главната цел на третманот е да се намали бројот на леукемични клетки колку што е можно и да предизвика ремисија на пациентот. Откако пациентот не покажува очигледни знаци на леукемија (без леукемични клетки откриени во крвта и биопсии од коскената срцевина), пациентот се вели дека е во ремисија. Тогаш започнува втората фаза на третманот. Ова се нарекува продолжувачка или терапија на одржување; целта на овој третман е да се убие секоја останата клетка и одржување на ремисијата што е можно подолго. Хемотерапијата претставува употреба на лекови за да се уништат клетките на ракот. Тоа е третман на избор и се користи за да се ублажат симптомите и да се постигне долгорочна ремисија на болеста. Општо земено, хемотерапијата, во која повеќе лекови се користат, е поефикасна отколку користење на еден лек за третман. Бидејќи леукемијата може да се прошири на сите органи преку крвта и лимфните садови, хирургијата не се смета за опција за лекување на леукемии.

Терапија со зрачење, што вклучува употреба на Х зраци и други високоенергетски зраци за да се убијат клетките на ракот и да се намали туморот, може да се користи во некои случаи. За акутни леукемии, изворот на зрачење е обично надвор од телото (надворешна радиотерапија). Ако леукемичните клетки се шират во мозокот, радиотерапијата може да биде применета на мозокот.

Трансплантација на коскена срцевина (BMT) е процес во кој заболената коскена срцевина на пациентот се заменува со здрава коскена срцевина. Постојат два методи за трансплантација на коскена срцевина. Кај алогениот трансплантант на коскена срцевина, здрава срцевина се зема од донатор чие ткиво е исто или многу наликува на ткивото на пациентот. Прво, коскената срцевина на пациентот се уништува со многу високи дози на хемотерапија и радиотерапија. Здравата срцевина од донаторот потоа се дава на пациентот преку игла во вена за да ја замени уништената срцевина. Во вториот тип на трансплантација на коскена срцевина, наречена автологна трансплантација, дел од сопствената срцевина на пациентот е извадена и се третира со комбинација на антиканцерогени лекови за да се убијат сите абнормални клетки. Оваа срцевина потоа се замрзнува и чува. Преостанатата срцевина во телото на пациентот се уништува со високи дози на хемотерапија и радиотерапија. Срцевината, кој била замрзната потоа се одмрзнува и се враќа во пациентот преку игла во вена. Овој начин на трансплантација на коскена срцевина во моментов е во клинички испитувања.

Биолошката терапија или имунотерапија е начин на третман во кој сопствениот имунолошкиот систем на телото се користи за борба против ракот. Супстанции кои рутински се создаваат од страна на имуниот систем (како што се фактори за раст, хормони и протеини за борба против болести) се или синтетички направени во лабораторија или нивната ефикасност се зголемува и тие потоа се враќаат назад во телото на пациентот. Овој начин на третман, исто така, се испитува во клинички истражувања.

Очекувани резултати

Како и сите видови на рак, прогнозата за леукемија зависи од возраста на пациентот и општата здравствена состојба. Според статистичките податоци, повеќе од 60% од пациентите со леукемија преживуваат најмалку една година по дијагнозата.

Акутната миелоцитна леукемија (АМЛ) има полоша прогноза од акутната лимфоцитна леукемија (АLL) и хроничните леукемии. Во последните 15 до 20 години, петгодишна стапка на преживување кај пациентите со ALL се зголемила од 38% до 57%. Интересен е податокот дека повеќето леукемии во детството се од типот ALL и хемотерапијата е многу успешна во третманот бидејќи хемотераписките лекови се најефективни кај активно растечките клетки. Поради новите комбинации на антиканцер лекови кои се користат, преживувањето кај децата со ALL е подобрено драматично.

Осумдесет отсто од децата дијагностицирани со АLL сега преживуваат пет или повеќе години, во споредба со 50% во доцните 1970-ти. Според статистичките податоци, кај хроничната лимфоидна леукемија, вкупното преживување за сите фази на болеста е девет години. Повеќето од смртните случаи кај луѓето со CLL се должат на инфекции и други болести кои се јавуваат како резултат на леукемија. Кај CML, ако трансплантацијата на коскената срцевина се врши во рок од една до три години од дијагнозата, 50-60% од пациентите преживуваат три или повеќе години. Ако болеста напредува во акутна фаза, прогнозата е лоша. Помалку од 20% од овие пациенти одат во ремисија.

Превенција

Повеќето видови рак може да се спречат со промени во начинот на живот или исхраната, кои ќе ги намалат факторите на ризик. Меѓутоа, кај леукемиите, не постојат познати фактори на ризик. Затоа, во сегашно време, не постојат вистински превентивни препораки за леукемијата. Луѓето кои се со зголемен ризик за развој на леукемија, поради докажана изложеност на јонизирачко зрачење или изложеност на токсичен течен бензен и луѓето со Даунов синдром, треба да прават периодични прегледи. Некои експерти препорачуваат ограничување на токсичната изложеност, јадење здрава и необработена храна, воздржување од пушење, физичка активност и внесување многу течности, па дури и повремени пости, како можни превентивни мерки. Во 2003 година, новите истражувања покажаа дека возрасните жени кои примале ацетилсалицилна киселина два или повеќе пати неделно имале 50% помал ризик за развој на возрасна леукемија.

Научниците продолжуваат да работат на можна вакцина против леукемија. Тие постигнаа одреден напредок во 2002 година, со откривање на моделот на трансфер на гени кој може да го поттикне имунитетот против леукемичните клетки.

Рак на панкреас
Панкреасот е долг околу 15 сантиметри и изгледа како круша која лежи на страна. Панкреасот е многу важен дел од нашиот дигестивен систем. Тој лачи хормони, вклучувајќи го и инсулинот, кој му помага на нашето тело да го процесираме шеќерот. Тој произведува дигестивни сокови, кои му помагаат на нашето тело да ја вари храната.

Ракот на панкреасот започнува во ткивото на панкреасот и често има лоша прогноза, дури и кога се дијагностицира рано. Ракот на панкреасот обично се шири брзо и ретко се открива во раните фази, што е главната причина тој да е водечка причина за смрт од рак. Знаците и симптомите не може да се појават се додека ракот не е доста напреднат и хируршкото отстранување не е возможно.

Ракот на панкреасот се јавува кога клетките во панкреасот развиваат генетски мутации. Овие мутации предизвикуваат клетките да растат неконтролирано и да продолжат да живеат откако нормалните клетки ќе умрат. Овие клетки можат да се акумулираат во форма на тумор.

Видови на рак на панкреасот

Видовите на клетките кои се вклучени во ракот на панкреасот помагаат при одредување на најдобриот третман. Видови на рак на панкреасот се:

- рак кој се формира во каналите на панкреасот (аденокарцином). Клетки кои ги обложуваат каналите на панкреасот ги произведуваат дигестивните сокови. Повеќето видови на рак на панкреасот се аденокарциноми. Понекогаш овие видови на рак се нарекуваат егзокрини тумори.

- рак кој се формира во клетките за производство на хормони се нарекува ендокрин рак. Ендокрин рак на панкреасот се среќава многу ретко.

Ризик фактори

Во фактори кои го зголемуваат ризикот од рак на панкреасот спаѓаат:

- постара возраст, особено над 60 години

- црна раса

- прекумерна тежина или дебелеење

- хронично воспаление на панкреасот (панкреатитис)

- дијабетес

- семејна историја на генетски синдроми кои може да го зголемат ризикот од рак, вклучувајќи ја и мутацијата на BRCA2 генот, Peutz-Jeghers-овиот синдром, Lynch синдромот и семеен со атипични бемки – малиген меланом (FAMMM)

- лична или семејна историја на рак на панкреасот

- пушење

Симптоми

Знаците и симптомите на ракот на панкреасот често не се појавуваат се додека болеста не е напредната. Кога знаците и симптомите се појавуваат, тие може да вклучуваат:

- болки во горниот дел на стомакот, кои може да зрачат и во грбот

- пожолтување на кожата и белките на очите (жолтица)

- губење на апетитот

- слабеење

- депресија

- крвни коагулуми (згрутчување на крвта)

Компликации

Како што напредува ракот на панкреасот, тој може да предизвика компликации како што се:

- Жолтица. Ракот на панкреасот, кој го блокира жолчниот канал на црниот дроб може да предизвика жолтица. Знаци се жолта кожа и очи, темна боја на урината и бледа боја на столицата. Вашиот доктор може да препорача да се стави пластична или метална цевка (стент) во внатрешноста на жолчните канали, за да се одржат истите отворени. Во некои случаи може да е потребен бајпас, за да се создаде нов пат за жолчните течности да стигаат од црниот дроб до цревата.

- Болка. Поголемиот тумор може да ги притисне нервите во стомакот и да предизвика болка која може да стане сериозна. Лековите против болка може да помогнат. Радиотерапијата може да помогне да се спречи растот на туморот привремено и да даде некои олеснувања. Кај тешките случаи, лекарот може да препорача постапка со инјектирање на алкохол во нервите кои ја контролираат болката во стомакот (целијачен плексус). Оваа постапка ги запира нервите да испраќаат сигнали на болка до мозокот.

- Опструкција на дебело црево. Ракот на панкреасот кој расте во или го притиска тенкото црево (дуоденум) може да го блокира протокот на варената храна од желудникот до вашите црева. Вашиот доктор може да препорача да се стави цевка (стент) во тенкото црево, за да го држи отворено. Може да биде потребна бајпас хирургија, за да се закачи цевка на желудникот за најдолната точка во цревата, која не е блокирана од ракот.

- Губење на тежина. Голем број фактори може да предизвикаат губење на тежината кај луѓето со рак на панкреасот. Гадењето и повраќањето предизвикани од третманите против ракот или туморот и притисок врз желудникот може да го отежни јадењето. Телото може да има тешкотии правилно да ги обработува хранливите материи од храната бидејќи панкреасот не произведува доволно дигестивни сокови. Може да се препорачаат панкреасни ензимни додатоци за помош во дигестијата.

Дијагноза

Ако лекарот се сомнева за рак на панкреасот, можно е да направи еден или повеќе од следните тестови за дијагностицирање на рак:

- Ултразвук. Ултразвукот користи висока фреквенција на звучни бранови за креирање подвижни слики од внатрешните органи, вклучувајќи го и панкреасот. Ултразвук сензорот (конверторот) се наоѓа на горниот дел од стомакот за да се добие слика.

- Компјутерска томографија (КТ – скенирање). КТ скен користи рентген слики за да му помогне на лекарот да ги визуелизира внатрешните органи. Во некои случаи може да се стави инјекција со боја во вената од раката за да помогне да се потенцираат областите кои лекар сака да ги види.

- Магнетна резонанца (МРИ). МРИ користи моќно магнетно поле и радио бранови за да се создаде слика од панкреасот.

- Ендоскопска ретроградна холангиопанкреатографија (ERCP). Оваа постапка користи боја за да се потенцираат жолчните канали во панкреасот. Во текот на ERCP, тенка, флексибилна цевка (ендоскоп) нежно се пренесува преку грлото, желудникот, се до горниот дел од тенкото црево. ЕР се користи да се надува цревниот тракт, така што докторот полесно може да ги види и отвори жолчните канали на панкреасот. Бојата, потоа се вбризгува во каналите низ една мала шуплива цевка (катетер) која поминува низ ендоскопот. Конечно, се прават рентгенски снимки на каналите. За време на ERCP може да се собере ткиво или мобилен примерок (биопсија).

- Ендоскопски ултразвук (EUS). EUS користи ултразвук за да се направат слики од панкреасот од внатрешноста на стомакот. Ултразвукот се пренесува преку ендоскоп во желудникот, со цел да се добијат слики. Лекарот може, исто така, да собере примероци од клетките (биопсија) за време на EUS.

- Перкутана трансхепатична холангиографија (PTC). PTC користи боја за да се потенцираат жолчните канали во црниот дроб. Докторот внимателно внесува тенка игла во црниот дроб и инјектира боја во жолчните канали. Посебна машина за Х-зраци (флуороскоп) ја следи бојата како што се движи низ каналите.

- Отстранување на примерок од ткивото за тестирање (биопсија). Биопсијата е постапка за отстранување на мал примерок на ткивото од панкреасот за испитување под микроскоп. Еден примерок за биопсија може да се добие со вметнување на игла низ кожата дирекно во панкреасот (тенкоиглена аспирација). Или може да се направи со користење на ендоскопски ултразвук за внесување на посебни алатки во панкреасот каде може да се земе примерок од клетките за тестирање.

Одредување на стадиумот на рак

Откако дијагнозата на ракот на панкреасот е потврдена, лекарот ќе работи на тоа да се утврди степенот или стадиумот на ракот кој помага да се одредат третманите кои се на располагање. Со цел да се утврди стадиумот на ракот на панкреасот, докторот може да препорача:

- користење на ендоскоп, за да се види внатрешноста на телото. Лапароскопијата користи осветлена цевка со видео камера, за да се истражуваат панкреасот и околното ткиво. Хирургот го внесува лапароскопот преку рез на стомакот. Камерата на крајот на ендоскопот пренесува видео на екран во операционата сала. Ова му овозможува на лекарот да  најде знаци дали ракот се проширил и во стомакот.

- тестови, кои вклучуваат Х – зраци, КТ и МРИ.

- крвни тестови за специфични протеини (туморски маркери) произведени од канцерогените клетки на панкреасот. Еден тумор маркер тест кој се користи при откривање на ракот на панкреасот се нарекува CA19-9. Некои истражувања покажуваат дека колку е покачено нивото на CA19-9, толку повеќе е напреднат ракот. Но тестот не е секогаш сигурен и сеуште не е јасно како најдобро да се користат резултатите од CA19-9 тестот. Некои лекари ги мерат фазите пред, за време и после третманот. Други го користат за да се измерат прогнозите.

Користејќи ги информациите од тестовите за стејџирање, лекарот го определува стадиумот на ракот на панкреасот:

- Стадиум I – ракот е ограничен на панкреасот.

- Стадиум II – ракот се шири надвор од панкреасот во близина на ткивата и органите и може да се шири во лимфните јазли.

- Стадиум III- ракот се шири надвор од панкреасот на големите крвни садови околу панкреасот и може да се шири во лимфните јазли.

- Стадиум IV – ракот се шири во далечните органи надвор од панкреасот, како што се црниот дроб, белите дробови и обвивката што ги опкружува стомачните органи (перитонеумот).

Третман

Третманот за ракот на панкреасот зависи од стадиумот и локацијата на ракот, како и од возраста, целокупното здравје и личните преференци. Првата цел на третманот за рак на панкреасот е да се елиминира ракот, кога тоа е можно. Кога тоа не е опција, фокусот е на тоа да се спречи ракот на панкреасот да расте или да предизвикува повеќе штета. Кога ракот на панкреасот е во напредна фаза и третманите не нудат корист, докторот може да предложи начини да се ублажат симптомите и пациентот да биде колку што е можно подобар.

Хирургија

Операцијата може да биде опција доколку ракот на панкреасот е ограничен на панкреасот. Во операции кој се користат кај луѓето со рак на панкреасот спаѓаат:

- операција за тумор во главата на панкреасот. Ако ракот на панкреасот се наоѓа во главата на панкреасот, може да се разгледа операцијата наречена Whipple постапка (панкреатодуоденектомија), која вклучува отстранување на главата на панкреасот, како и еден дел од тенкото црево (дуоденум), жолчното кесе и дел од жолчниот канал. Дел од желудникот, исто така, може да биде отстранет. Хирургот одново ги поврзува останатите делови на панкреасот, желудникот и цревата за да овозможи варење на храната. Whipple хирургијата носи ризик од инфекција и крварење. По операцијата, некои луѓе чуствуваат гадење и повраќање кои може да се случат ако желудникот доживува тешко празнење (одложено желудочно празнење). Закрепнувањето е долго по Whipple постапката.

- операција за тумор во опашката и телото на панкреасот. Операцијата за отстранување на опашката на панкреасот и еден мал дел од телото се нарекува дистална панкреатектомија. Хирургот, исто така, може да ја отстрани и слезената. Операцијата носи ризик од крварења и инфекции. Истражувањата покажуваат дека операциите за рак на панкреасот имаат тенденција да предизвикуваат помалку компликации, кога се вршат од страна на искусни хирурзи.

Радиотерапија

Радиотерапијата користи високоенергетски зраци за да ги уништи клетките на ракот пред или после операцијата, често во комбинација со хемотерапија или кога ракот не може да се третира хируршки.

Радиотерапијата може да се спроведе од апарат надвор од телото (надворешно зрачење) или може да се стави во телото во близина на вашиот рак (брахитерапија). Радиотерапија може да се користи за време на операцијата (интраоперативно зрачење).

Хемотерапија

Хемотерапијата користи лекови за да помогне да се убијат канцерогените клетки. Хемотерапијата може да се инјектира во вена или да се зема орално. Може да се даде само еден вид на лек или може да се даде комбинација на цитостатици.

Хемотерапијата исто така може да се комбинира со радиотерапија (хеморадиација). Хеморадиацијата обично се користи за лекување на рак кој се шири надвор од панкреасот, но само во близина на органите, а не во далечните региони на телото. Оваа комбинација, исто така, може да се користи по операцијата, за да се намали ризикот од повторно појавување на рак на панкреасот таргетирана терапијата со лекови.

Таргетирана терапија

Насочената терапија користи лекови кои напаѓаат одредени абнормалности во клетките на ракот. Лекот erlotinib ги блокира хемикалиите кои ги сигнализираат клетките на ракот да се развиваат и делат. Erlotinib обично се комбинира со хемотерапијата кај луѓето со напреднат рак на панкреасот. Другите лекови за насочени третмани се под истрага во клиничките испитувања.

Клинички испитувања

Клиничките испитувања се студии за тестирање на нови форми на третман, како што се нови лекови, нови пристапи кон операциите или третманите со зрачење и нови методи како што е генската терапија. Ако третманот кој се изучува се покаже како побезбеден или поефикасен отколку што се сегашните третмани, тој може да стане нов стандард на здравствената заштита. Клинички испитувања не може да гарантираат нов лек и тие може да имаат сериозни или неочекувани несакани ефекти. Од друга страна, клиничките испитувања за ракот се внимателно следени од страна на властите за да се обезбеди тие да се спроведат што е можно побезбедно. Тие нудат пристап до третмани кои инаку не би биле достапни.

Новите третмани кои во моментов се под истрага во клиничките испитувања вклучуваат:

-          лекови кои го спречуваат ракот да расте во нови крвни садови. Насочените третмани со лекови кои работат на спречување на ракот од растење во нови крвни садови се нарекуваат ангиогенезата инхибитори. Без нови крвни садови, клетките на ракот не се во можност да добијат хранливи материи. Крвните садови, исто така, им овозможуваат на клетките на ракот да се шират во другите делови на телото.

-          вакцини за рак на панкреасот. Вакцините се изучуваат како еден вид на лекување на ракот, а не спречување на болеста, како што обично се користат вакцините. Лекувањето на ракот со вакцини, користи разни стратегии за подобрување на имунолошкиот систем, за да му помогне на телото да ги препознае клетките на ракот како натрапници. На пример, вакцината може да помогне да го обучи имунолошкиот систем да нападне одреден протеин кој се излачува во панкреасот од страна на клетките на ракот. Студии за вакцини против рак на панкреасот сеуште се во многу рана фаза.

Превенција

Иако нема докажан начин да се спречи ракот на панкреасот, може да се преземат чекори за да се намали ризикот, вклучувајќи:

- откажување од пушењето. Ако сте пушач, престанете. Разговарајте со вашиот лекар за стратегии кој ќе ви помогнат да престанете, вклучувајќи групи за поддршка, лекови и никотинска терапија за замена. Ако не сте пушач, не почнувајте.

- одржување на здрава телесна тежина. Ако во моментов имате здрава тежина, работете на тоа да ја задржите. Ако треба да изгубите телесна тежина, поставете си за цел бавно и стабилно губење на тежината.

- вежбајте повеќето денови во неделата.

- изберете здрава исхрана. Исхраната полна со разновидно овошје, зеленчук и интегрални житарици може да помогне да се намали ризикот од рак.

Рак на простата
Ракот на простатата е малигнитет на една од најголемите машки полови жлезди. Простатата е со големина на орев и се наоѓа веднаш зад мочниот меур. Туморот во простатата интерферира со соодветната контрола на мочниот меур и нормалната сексуална функција. Често првиот симптом на рак на простата е тешкотија во мокрењето. Сепак, затоа што многу честа неканцерогена состојба на простатата, позната како бенигна простатична хиперплазија (BPH), исто така, го предизвикува истиот проблем, тешкотјата при мокрењето не е нужнa последица на рак. Канцерогените клетки во простатата обично не се смртоносни сами по себе. Сепак, како што туморот расте, некои од клетките се откинуваат и се шират во другите делови на телото преку лимфата или крвта, процес познат како метастазирање. Најчестите локации за метастази на ракот на простата се семените везикули, лимфните јазли, белите дробови и коските околу пределот на колковите и карлицата. Ефектите од овие нови тумори се она што може да предизвика смрт. Почнувајќи од раните 2000-ти, ракот на простата е најчесто дијагностицирано малигно заболување кај возрасни мажи во западните земји. Иако ракот на простатата често многу бавно расте, може да биде агресивен, посебно кај помладите мажи. Со оглед на неговиот бавен раст, многу мажи со ова заболување умираат од други причини отколку од самиот рак.

Причини и симптоми

Точната причина за ракот на простата не е позната до почетокот на 2000-те години. Сепак, постојат неколку познати фактори на ризик за болеста, вклучувајќи возраст над 55 години, афроамериканци, фамилијарна историја на болеста, професионална изложеност на кадмиум или гума и масна исхрана. Мажите со високо плазма ниво на тестостерон, исто така, можат да имаат зголемен ризик за развој на рак на простата. Најчесто, ракот на простатата нема симптоми и болеста се дијагностицира кога пациентот оди на рутински скрининг преглед. Сепак, кога туморот е голем или ракот се проширил на околните ткива, следниве симптоми може да се видат:

- слаб или прекинат проток на урина

- често мокрење (особено навечер)

- тешкотии со започнување на мокрење

- неможност за мокрење

- болка или чувство на печење при мокрење

- крв во урината

- постојана болка во долниот дел на грбот, колковите или бутовите (болки во коските)

- болна ејакулација

Дијагноза

Ракот на простатата е излечлив кога е откриен рано. Сепак, во раните фази ракот на простата е често асимптоматски, па болеста често тече неоткриена се додека пациентот не направи рутински лекарски преглед. Дијагнозата на ракот на простатата може да се направи со користење на некои од следните тестови.

Дигитален ректален преглед (DRE)

Со цел да се изврши овој тест, докторот става подмачкан прст со ракавица во ректумот на пациентот за да се почувствуваат евентуални грутки во простатата. Ректумот се наоѓа веднаш зад простатата и поголемиот дел од туморите на простатата започнуваат во задниот регионот на простатата. Ако лекарот детектира абнормалност, тој може да направи дополнителни тестови со цел да се потврдат овие наоди.

Крвни тестови

Крвни тестови се користат за мерење на одредени количини на протеин маркери, како што е простата специфичниот антиген (ПСА), кои циркулираат во крвта. Клетките кои ја обложуваат простатата главно го создаваат овој протеин и мало количество може да се открие нормално во крвта. Спротивно на тоа, ракот на простата произведува многу од овој протеин, што претставува значително зголемување на циркулирачките нивоа. Наод на ниво на ПСА поголемо од нормалното за возрасната група на пациентот укажува на тоа дека ракот е присутен.

Трансректален ултразвук

Една мала сонда се внесува во аналниот отвор и звучните бранови се одбиваат од ткивото на простатата со што се креира слика. Ткивото на нормалната простата и ткивото на туморот на простатата различно ги одбиваат звучните бранови, со што тестот е ефикасен и претцизен начин за откривање на тумори. Иако вметнувањето на сондата во ректумот може да биде малку непријатно, постапката е генерално безболна и се потребни само 20 минути.

Биопсија на простата

Ако се сомнева на рак од резултатите на кој било од горенаведените тестови, докторот ќе отстрани еден мал дел од ткивото на простатата со помош на шуплива игла. Овој примерок се проверува под микроскоп за присуство на канцерогени клетки. Биопсија на простата е најдефинитивна дијагностичка постапка за рак на простата. Ракот на простатата, исто така, може да се дијагностицира врз основа на испитување на ткивото отстрането за време на трансуретрална ресекција на простатата (TURP). Оваа процедура се изведува за ублажување на симптомите на бенигната простатична хиперплазија (BPH). Како и биопсијата, ова е дефинитивна дијагностичка метода за ракот на простатата.

Рентгенски снимања и imaging техники

Рентгенска снимка на градниот кош може да се направи за да се утврди дали ракот се проширил на белите дробови. Imaging техниките (како што е компјутеризираната томографија (КТ) и магнетната резонанца (МРИ)), каде компјутерот се користи за генерирање на детална слика на простатата и околните области, може да се направат за да се добие јасна слика за внатрешните органи. Коскениот скен може да се користи за да се провери дали ракот се проширил до коските.

Градирање на туморот (одредување туморски градус)

Првично, патологот ќе го градира туморот врз основа на неговото испитување на биоптичното ткиво. Патологот го оценува примерокот од биопсијата со користење на Gleason системот. Овој систем користи скала од 1-5 врз основа на сличноста или различноста на примерокот со нормалното ткиво на простатата. Ако ткивото е многу слично на нормалното и се уште е добро диференцирано се дава низок градус, како што е еден или два. Како ткивото станува се повеќе и повеќе абнормално (помалку и помалку диференцирано), градирањето се зголемува, се до пет. Помалку диференцирани ткива се сметаат за агресивни и со поголема веројатност да бидат извор на метастази.

Градирањето според Gleason системот е најдобар начин за предвидување на прогнозата за пациентот. Највисока оцена на располагање е 10, со чист модел на високо недиференцирано ткиво, што одговара на градус пет. Колку е повисок градусот, толку повеќе абнормално се однесува ткивото и поголема е шансата за метастази, а посериозна прогнозата по хируршкиот третман. Една студија покажа дека стапката на десет годишно преживување од ракот без докази за болест со градус два, три и четири изнесува 94% од пациентите. Стапката е 91% за градус пет, 78% за градус шест, 46% за градус седум и 23% за градус осум, девет и десет на ракот.

Стејџирање на туморот

Вториот нумерички резултат кој го одредува докторот е стадиумот на ракот, кој го зема во предвид градусот на туморот утврден од страна на патологот. Врз основа на препораките на American Joint Committee on Cancer (AJCC), два вида на податоци се користат за одредување на стадиумот на ракот на простата. Клиничките податоци се базираат врз основа на надворешните симптоми на ракот, додека хистопатолошките податоци се базирани на хируршкото отстранување на простатата и испитување на ткивото. Клиничките податоци се најкорисни за да се направи одлука за третман, додека патолошките податоци се најдобар индикатор за прогнозата. Поради оваа причина, стејџирањето на ракот на простата ги зема во предвид и клиничките и хистопатолошките информации. Поточно, лекарите ја оценуваат големината на туморот (Т), лимфните јазли (N), присуството на висцерална (внатрешни органи) зафатеност (метастази = М) и градусот на туморот (G).

Градусот на туморот (G) се проценува за време на биопсија, TURP операцијата или по отстранувањето на простатата. Постојат три признаени градуси: G1, G2 и G3, укажувајќи на добро, средно или лошо диференциран тумор, соодветно.

Третман

Лекарот и пациентот ќе одлучат за начинот на третман по разгледувањето на многу фактори. На пример, возраста на пациентот, стадиумот на болеста, неговата општа здравствена состојба и присуството на коегзистирачки болести треба да се разгледуваат посебно. Покрај тоа, личните преференци на пациентот, ризиците и придобивките од секој протокол за третман, исто така се земаат во предвид пред да се донесе одлука.

Хирургија

За стадиум I и II на рак на простата, операцијата е најчест метод на лекување поради тоа што теоретски нуди можност за целосно отстранување на ракот од телото. Радикална простатектомија подразбира комплетно отстранување на простатата. Операцијата може да се направи со користење на перинеален пристап, каде што засекот е меѓу скротумот и анусот или со користење на ретропубичен пристап, каде што засекот е во долниот дел на стомакот. Перинеалниот пристап е исто така познат како простатектомија со заштеда на нервите, што подразбира намалување на ефектот врз нервите, а со тоа и намалување на несаканите ефекти од импотенција и инконтиненција. Сепак, ретропубичниот пристап овозможува симултано отстранување на карличните лимфни јазли, кои можат да дадат важни патолошки информации за ширењето на туморот.

Дури и со користење на техника со заштеда на нервите, студиите водени од National Cancer Institute (NCI) откриле дека 60-80% од мажите третираат со радикална простатектомија се пријавиле себеси како импотентни (не можеле да постигнат ерекција доволна за сексуален однос) две години по операцијата. Овој несакан ефект може да биде надминат со пропишување на силденафил цитрат. Понатаму, 8% до 10% од пациентите биле инконтинентни во тој временски период. Исто така, постојат докази дека вештината и искуството на хирургот се централни фактори во крајните несакани ефекти.

Вториот метод на хируршки третман на рак на простата е криохирургија. Водени од ултразвук, хирурзите вметнуваат до осум криопроби преку кожата во непосредна близина со туморот. Течен азот се дистрибуира преку сонда за замрзнување на туморското ткиво, а цевка за затоплување се користи за превенција на уретрата од замрзнување. Пациентите моментално поминуваат еден или два дена во болница по операцијата, но тоа може да биде амбулантска процедура во блиска иднина. Време за опоравување обично е една недела. Несаканите ефекти се намалени во последните години, иако импотенцијата уште ги погодува скоро сите кои имале криохирургија за рак на простата. Криохирургијата се смета за добра алтернатива за оние кои се премногу стари или болни да имаат традиционална операција или третмани со зрачење или кога повеќе традиционални третмани се неуспешни. Постои ограничена количина на информации за долгорочната ефикасност на овој третман за рак на простата.

Терапија со зрачење

Радијационата терапија вклучува користење на високоенергетски X зраци за да ги убие канцерските клетки или да го намали туморот. Таа може да се користи наместо операција за стадиум I и II на ракот. Зрачењето може да биде администрирано од машина надвор од телото (надворешно зрачење) или мали радиоактивни пелети може да бидат вграден во простатата во околината на туморот, наречено брахитерапија или интерстицијална имплантација. Пелетите содржат радиоактивен јод (I-125), паладиум (Pd 103) или иридиум (Ir 192) може да бидат вградени амбулантски, каде што остануваат трајно. Радиоактивниот ефект на имплатантите трае само околу една година. Несаканите ефекти на радијацијата може да вклучуваат воспаление на мочниот меур, дебелото и тенкото црево, како и нарушувања на згрутчување на крвта (коагулопатии). Импотенција и инконтиненција најчесто се одложени несакани ефекти од терапијата. Една студија покажа дека проблемите со контролата на дебелото црево се поверојатни после радиотерапијата во споредба со хирургија, додека, импотенциајта и инконтиненцијата се поверојатни после хируршкиот третман. Долгорочните резултати од радиотерапија зависат од стадиумот на ракот. Ревизија на речиси 1000 пациенти третирани со мегаволтажно зрачење покажало дека десет годишното преживување е во зависност од Т-стадиумот: T1 (79%), T2 (66%), Т3 (55%) и Т4 (22%). Не се појавува голема разлика во преживувањето помеѓу надворешното или интерстицијалното зрачење.

Хормонска терапија

Хормонската терапија најчесто се користи кога ракот е во напредна фаза и се проширил на други делови од телото, како што се стадиум III или IV. На клетките на ракот на простата им треба машки хормон тестостерон за да растат. Намалувањето на нивото на овој хормон или инхибиција на неговата активност ќе предизвика ракот да се намалува. Количеството на хормонот може да биде намалено на неколку начини. Орхиектомија е хируршка процедура која вклучува целосно отстранување на тестисите, што доведува до намалување на нивото на тестостерон. Друг метод е администрирање на женски хормон естроген. Кога се дава естроген, телото го чувствува присуството на женскиот полов хормон и го запира создавањето на машкиот хормон тестостерон. Сепак, постојат некои непријатни несакани ефекти од хормонската терапија. Мажите може да имаат ”топли бранови,”, зголемување и чувствителност на градите или немоќ и губење на сексуалната желба, како и крвни згрутчувања, срцев удар или мозочни удари, во зависност од дозата на естрогенот. Друг несакан ефект е остеопорозата или губење на коскената маса што доведува до лесно кршливи коски и фрактура на коските.

Будно чекање

Будното чекање значи дека не е препорачливо веднаш да се делува, туку докторите го задржуваат пациентот на внимателно набљудување. Ова често се прави со користење периодични PSA тестови. Оваа опција генерално се користи кај постари пациенти кога туморот не е многу агресивен и пациентите имаат и други болести поопасни за животот. Ракот на простата кај постарите мажи се стреми бавно да расте. Затоа, ризикот пациентот да умре од рак на простата, а не од други причини, е релативно мал. Третманите за ракот на простата, кои сеуште се студираат од почетокот на 2000 година вклучуваат оцена на комбинација на терапии, како постоперативно зрачење, употребата на цитотоксични агенси и хормонски третман со користење на агонисти на ослободувачкиот фактор на лутеинизирачкиот хормон (LHRH) и / или антиандрогени за забавување на растот на хормон – зависните тумори. Други лекови кои се тестираат од 2003 година се хемопротективните агенси како amifostine, кои се даваат на пациентите со рак на простатата за да се спротистават на штетните несакани ефекти од терапијата со зрачење.

Очекувани резултати

Според American Cancer Society, стапката на преживување во сите фази на рак на простата комбинирано се зголемила од 50% на 87% помеѓу 1975 и 2005 година. Поради раната детекција и подобрите скрининг методи, речиси 60% од туморите се дијагностицираат додека се уште се ограничени на простатата. Петгодишното преживување за ракот во рана фаза е речиси 99%. 63% од пациентите преживуваат 10 години, а 51% преживуваат 15 години по првичната дијагноза.

Превенција

Поради тоа што причината за ракот не е позната, не постои дефинитивен начин да се спречи ракот на простата. Сепак, American Cancer Society препорачува дека сите мажи над 40- годишна возраст треба да прават годишен ректален преглед и да прават годишен PSA тест со почеток во 50-годишна возраст. Оние кои имаат повисок просечен ризик, вклучувајќи Афроамериканци и мажи со фамилијарна историја на рак на простата, би требало да почнат со годишно PSA тестирање дури и порано, на 45 години. Некои истражувања покажале дека исхраната богата со масти го зголемува ризикот од рак на простата. Исхрана богата со овошје и зеленчук може да го намали ризикот. Студиите исто така, укажуваат на тоа дека хранливи материи како што се изофлавоноидите од сојата, витаминот Е, селенот, витаминот Д и каротеноидите (вклучувајќи ликопен, кој ја дава црвената боја на доматите и цвеклото) може да го намалат ризикот за рак на простата. Научниците, исто така, бараат начини да се запре ракот на простата да се повторува кај мажите кои веќе се третирани од оваа болест. Овие пристапи користат лекови, како што се finasteride, flutamide, nilutamide, и LH-RH агонисти, кои манипулираат со хормоните.

Рак на бубрезите
Рак на бубрезите е болест, при која клетките во одредени ткива на бубрегот почнуваат да растат неконтролирано и да формираат тумори. Бубрежниот карцином, кој понекогаш се нарекува хипернефрома, се јавува во клетките кои ги обложуваат бубрезите (епителните клетки). Тоа е најчест тип на рак на бубрезите. Осумдесет и пет проценти од сите бубрежни тумори се карциноми на бубрежните клетки. Wilms – овиот тумор е брзо-растечки рак на бубрегот најчесто забележан кај децата под возраст од четири години.

Опис

Бубрежниот карцином, генерално се развива во слузницата на тубулите кои ја филтрираат и чистат крвта. Рак кој се развива во централниот дел од бубрезите (каде што се собира урината и празни во уретерите) е познат и како преоден карцином на бубрежната карлица. Ракот на преодните клетки е сличен на ракот на мочниот меур. Wilms-овиот тумор е најчест тип на рак на бубрезите во детството и се разликува од ракот на бубрезите кај возрасните.

Демографија

Инциденцата на ракот на бубрезите изнесува околу 4% од сите случаи на рак. Во САД, ракот на бубрезите е деветтиот најчест рак и инциденцата е зголемена за 43% од 1973 година, стапката на смртност е зголемена за 16%. Постојат околу 20.000 нови случаи на рак на бубрезите секоја година. Постојат околу 72.000 смртни случаи годишно во светот поради рак на бубрезите. Во Македонија ракот на бубрегот се наоѓа на единаесетто место по честота, со 91 новооткриен случај на 100 000 население и смртност од 41 случаи на 100 000 население (според GLOBOCAN 2008). Ракот од бубрежните клетки претставува 90-95% од сите малигни неоплазми кои потекнуваат од бубрезите. Ракот на бубрезите се јавува најчесто кај мажи на возраст над 40 години. Средна возраст на дијагностицирање е 65 години. Мажите имаат два пати поголеми шанси од жените да добијат рак на бубрегот.

Причини и симптоми

Причините за појава на рак на бубрезите се непознати, но постојат многу фактори на ризик поврзани со рак на бубрезите. Фактори на ризик, наведени од најчести до најретки вклучуваат:

• болеста на von Hippel-Lindau

• хронична дијализа

• дебелина

• пушење цигари

• роднина од прв степен со рак на бубрезите

• хипертензија

• работници во хемиско чистење

• диуретици (не-хипертензивна употреба)

• изложеност na trichloroethylene

• голема употреба на phenacetin

• полицистични бубрежни заболувања

• изложеност на кадмиум

• изложеност на арсен

• азбестоза

Најчестиот симптом на рак на бубрезите е крв во урината (хематурија). Други симптоми вклучуваат болно мокрење, болка во долниот дел на грбот или од страните, абдоминална болка, грутка или тешка маса која може да се почувствува во пределот на бубрезите, необјаснето губење на тежината, треска, слабост, замор и висок крвен притисок.

Дијагноза

Дијагностички преглед за рак на бубрезите вклучува земање на детална анамнеза и правење на целосен физички преглед при кој лекарот ќе го палпира абдоменот за појава на грутки. Лабораториските тестови може да  покажат абнормални нивоа на железо во крвта. Ниски црвени крвни клетки (анемија) или високи црвени крвни клетки (еритроцитоза) може да го придружуваат ракот на бубрезите. Повремено, пациентите имаат високо ниво на калциум.

Доколку лекарот се сомнева во рак на бубрезите, интравенска урографија (исто така наречена пиелограм или IVP) може да се направи. Еден IVP е тест со x-зраци при кој боја се инјектира во вена на раката. Бојата патува низ телото и кога е концентрирана во урината која треба да се исфрли, таа ги истакнува бубрезите, уретерите и мочниот меур. На рентгенската слика, бојата ќе ги открие сите аномалии на уринарниот тракт. IVP може да ги заобиколат малите тумори на бубрегот.

Бубрежен ултразвук е дијагностички тест во кој се користат звучни бранови за да се формира слика на бубрезите. Ултразвукот е безболна и неинвазивна постапка која може да се користи за да се детектираат дури и многу малите тумори на бубрегот. Imaging тестовите, како компјутеризираната томографија (КТ) и магнетната резонанца (МРИ) може да се користат за да се оценат бубрезите и околните органи. Овие тестови се користат за да се провери дали туморот се шири надвор од бубрезите во други органи во абдоменот. Ако пациентот се жали на болки во коските, посебно рендгенско скенирање може да се направи за да се отфрли ширење во коските. Рентгенска снимка на градниот кош може да се направи за да се исклучи ширење во белите дробови.

Бубрежна биопсија се користи за да се потврди дијагнозата на рак на бубрезите. Во текот на оваа процедура, мало парче ткиво се отстранува од туморот и испитува под микроскоп. Биопсијата ќе даде информации за видот на туморот, клетките кои се инволвирани и агресивноста на туморот (стадиумот на туморот).

Одредување на стадиумот

Насоки за стејџирање на рак на бубрезите се следните:

• Стадиум I: примарниот тумор е 5 cm во најголемиот дијаметар и е ограничен само на бубрегот, без зафатеност на лимфните јазли

• Стадиум II: примарниот тумор е поголем од 5 cm во најголемиот дијаметар и е ограничен само на бубрегот, без зафатеност на лимфните јазли

• Стадиум III: примарниот тумор може да се прошири во главните вени или инвадира во надбубрежните жлезди или перинефритичното ткиво, но не надвор од фасцијата на Gerota. Може да има метастази во поединечни лимфни јазли.

• Стадиум IV: примарниот тумор инвадира подалеку од фасцијата на Gerotа. Метастази има во повеќе од еден лимфен јазол. Можни метастази во далечните структури на телото.   Третман

Tретманот кај секој човек е различен и зависи од повеќе фактори. Локацијата, големината и степенот на туморот мора да се земат во прилог на возраста на пациентот, општата здравствена и медицинска историја. Примарен третман за рак на бубрезите, кој не се проширил на други делови од телото, што е стадиум I, II, или III, е хируршко отстранување на заболениот бубрег (нефректомија). Бидејќи повеќето канцери опфаќаат  само еден бубрег, пациентот може да функционира добро со останатиот. Два типа на хируршка процедура се користат. Радикална нефректомија значи отстранување на целиот бубрег и на околните ткива. Понекогаш, лимфните јазли околу бубрезите исто така се отстрануваат. При делумна нефректомија се отстранува само дел од бубрезите, заедно со туморот. Оваа процедура се користи било кога туморот е многу мал или кога не е практично да се отстрани целиот бубрег, а тоа е кога пациентот има само еден бубрег или кога и двата бубрези имаат тумори. Нефректомија исто така може да биде корисна за стадиум IV на рак, но алтернативни хируршки процедури, како што трансартеријална ангиоинфаркција може да се користат.

Терапијата со зрачење, која се состои од изложување на клетките на ракот на високо-енергетски гама зраци од надворешен извор, генерално ги уништува клетките на ракот со минимална штета на нормалното ткиво. Несаканите ефекти се гадење, замор и стомачни тегоби. Овие симптоми исчезнуваат кога третманот е завршен. Кај рак на бубрезите, радијационата терапија се покажа за олеснување на болката и крварењето, особено кога ракот е иноперабилен. Меѓутоа, таа не покажа дека е од голема корист во уништувањето на клетките на ракот на бубрезите. Затоа зрачната терапија не се користи многу често како третман за рак или како рутинска адјувантна терапија при нефректомија. Радиотерапијата, сепак, е корисна за справување со метастатски рак на бубрезите.

Третман на рак на бубрезите со анти-канцер лековите (хемотерапија) не даде добри резултати. Сепак, нови лекови и нови комбинации на лекови продолжуваат да бидат тестирани во клинички испитувања.

Имунотерапија или имунолошка терапија, еден вид на третман во кој имунолошкиот систем на организмот е ангажиран да помогне во борбата против ракот, е нов режим на терапија која се тестира за рак на бубрезите. Клинички испитувања со супстанци произведени од страна на имуните клетки алдеслеукин и интерферон, покажаа некои ветувања во уништување на клетките на ракот на бубрезите. Овие супстанции се одобрени за употреба, но тие можат да бидат многу токсични и да произведат сериозни несакани ефекти. Придобивките кои произлегуваат од третманот треба да се проценуваат многу внимателно во однос на несаканите ефекти за секој случај поединечно. Имунотерапијата е системска терапија која најмногу ветува за метастатски рак на бубрезите.

Прогноза

Бидејќи рак на бубрезите често се открива рано, а понекогаш и напредува бавно, шансите за хируршко излекување се добри. Исто така е еден од ретките случаи на рак за кој постојат добро документирани случаи на спонтана ремисија без терапија.

Клинички испитувања

Постојат многу клинички испитувања за проучување на нови видови на терапија со зрачење и хемотерапија, нови лекови и комбинации на лекови, биолошка терапија, начин на комбинирање на различни видови на третман за рак на бубрезите, пропратни ефекти, намалување и подобрување на квалитетот на животот. Имуностимулаторните агенси и техниките на генска терапија кои ги менуваат туморските клетки, соединенијата за антиангиогенеза, циклин-зависни киназа инхибитори и диференцирачки агенси се тестираат како можни терапии.

Превенција

Точната причина за рак на бубрезите не е позната, па поради тоа не е можно да се спречат сите случаи. Сепак, бидејќи постои силна поврзаност помеѓу ракот на бубрезите и тутунот, избегнување на тутунот е најдобар начин да се намали ризикот од развој на овој рак. Користење на заштита при работа со канцерогени агенси како што се азбест и кадмиум и јадење добро балансирана исхрана, исто така, може да помогне во спречување на ракот на бубрезите.

Рак на црниот дроб
Ракот на црниот дроб е рак со висока стапка на смртност. Ракот на црниот дроб може да се класифицира во два вида. Тој е или примарен, кога ракот на црниот дроб почнува во самиот црн дроб или метастатски, кога ракот се шири во црниот дроб од некој друг дел од телото.

Опис и демографија

Примарен рак на црниот дроб

Примарниот рак на црниот дроб е релативно ретка болест во САД, претставувајќи околу 2% од сите малигноми и 4% од новодијагностицирани случаи на рак. Хепатоцелуларниот карцином (HCC) се вбројува во осумте најчести видови на рак во светот. Тој е сепак, многу повеќе застапен надвор од САД. Застапеноста на HCC кај мажите е најмалку два до три пати поголема отколку кај жените.

ВИДОВИ НА ПРИМАРЕН РАК НА ЦРНИОТ ДРОБ. Кај возрасните, повеќето примарни ракови на црниот дроб припаѓаат на еден од двата вида: хепатоми или хепатоцелуларен карцином (HCC), кои почнуваат во самото ткиво на црниот дроб и холангиоми или холангиокарциноми, што претставуваат ракови кои се развиваат во жолчните канали внатре во црниот дроб. Околу 80% до 90% од примарните ракови на црниот дроб се хепатоми.

Два ретки видови на примарниот рак на црниот дроб се мешано-клеточни тумори и саркоми на Купферовите клетки.

Еден тип на примарен рак на црниот дроб, наречен хепатобластом, обично се јавува кај деца помлади од четири години и на возраст помеѓу 12 и 15 години. За разлика од ракот на црниот дроб кај возрасните, хепатобластомите имаат добра шанса за успешно да се третираат. Приближно 70% од децата со хепатобластоми целосно се излекуваат. Ако туморот е откриен рано, стапката на преживување е над 90%.

Метастатски рак на црниот дроб

Втората голема категорија на рак на црниот дроб, метастатски рак на црниот дроб, е околу 20 пати почеста од примарниот рак на црниот дроб. Бидејќи крвта од сите делови на телото мора да помине низ црниот дроб заради филтрација, клетките на ракот од другите органи и ткива полесно можат да дојдат до црниот дроб, каде што можат да се вгнездат и да прераснат во секундарни тумори. Примарниот рак на дебелото црево, желудникот, панкреасот, ректумот, хранопроводот, ракот на белите дробови или на кожата, најверојатно  ќе метастазираат (ќе се прошират) во црниот дроб. Не е невообичаено за метастатскиот рак на црниот дроб да претставува еден од првите забележителни знаци на рак, кој започнал во друг орган. По цирозата на црниот дроб, метастатскиот рак на црниот дроб е најчеста причина за фатални заболувања на црниот дроб.

Причини и симптоми

Фактори на ризик

Точната причина за примарниот рак на црниот дроб се уште не е позната. Кај возрасните, одредени фактори ги ставаат некои поединци во групата на поголем ризик од развој на рак на црниот дроб. Овие фактори вклучуваат:

• машки пол

• возраст над 60 години

• изложеност на супстанци во животната средина кои имаат тенденција да предизвикаат рак (канцерогени). Тука спаѓаат: една супстанца произведена од габа што расте на ориз и кикирики (афлатоксин); ториум диоксид, што беше некогаш користен како контрастна боја за рентгенски снимања на црниот дроб; винил хлорид, што се користи во производството на пластика, пушењето на цигари

• употреба на орални естрогени за контрола на раѓањето

• наследна хемохроматоза. Ова е нарушување кое се карактеризира со ненормално високи нивоа на железо складирано во телото. Тоа често се развива во цироза на црниот дроб

• цироза на црниот дроб. Хепатомите се чини дека се честа компликација на цирозата на црниот дроб. Помеѓу 30% и 70% од пациентите со хепатоми, исто така имаат цироза на црниот дроб. Се проценува дека еден пациент со цироза на црниот дроб има 40 пати поголема можност за развивање на хепатом од едно лице со здрав црн дроб

• изложеност на хепатитис вирусите: Хепатит Б (HBV), Хепатит Ц (HCV), Хепатит Д (HDV) или Хепатит Г (HGV). Се проценува дека 80% од светскиот HCC е поврзан со хронична HBV инфекција. Зголемувањето на HCC инциденцата се смета дека се должи на зголемување на стапките на HBV и HCV инфекција, поради зголемениот сексуален промискуитет и користењето на исти игли при интравенско користење дроги. Поврзаноста на HDV и HGV со HCC е сеуште нејасна.

Симптоми на рак на црниот дроб

Раните симптоми на примарниот, како и на метастатскиот рак на црниот дроб често се нејасни и не се карактеристични за нарушувањата на црниот дроб. Долгиот период помеѓу почетокот на растот на туморот и првите знаци на болеста е главната причината зошто оваа болест има висока стапка на смртност. Во време на дијагнозата, пациентите често се со замор, треска, имаат абдоминална болка и губење на апетитот (анорексија). Тие може да изгледаат ослабени и генерално лошо. Како што туморот се зголемува, се растегнува мембраната околу црниот дроб (капсулата), предизвикувајќи болка во горниот дел на стомакот на десната страна. Болката може да се прошири во грбот и рамото. Некои пациенти развиваат насобирање на течност, познато како асцит, во абдоминалната празнина. Други може да покажат знаци на крварење во дигестивниот тракт. Покрај тоа, туморот може да ги блокира каналите на црниот дроб или жолчното кесе, што доведува до жолтица. Кај пациентите со жолтица, белките од очите и кожата може да се пожолтат и урината добива темна боја.

Дијагноза

Физикален преглед

Доколку лекарот се сомнева на рак на црниот дроб, треба да се провери историјата на пациентот за факторите на ризик и да се обрне поголемо внимание на состојбата на абдоменот на пациентот во текот на физичкиот преглед. Маси или грутки во црниот дроб и асцит често може да се почувствува додека пациентот лежи рамно на креветот за испитување. Црниот дроб е обично тешко отечен и кај пациенти со рак на црниот дроб, може да биде болен кога докторот притиска на него. Во некои случаи, слезената на пациентот е исто така зголемена. Лекарот може да биде во можност да слушне абнормален звук (шум) или триење ако тој користи стетоскоп за да ги слушне крвните садови кои се наоѓаат во близината на црниот дроб. Шумот е предизвикан од притисокот на туморот врз крвните садови.

Лабораториски тестови

Помеѓу 50% и 75% од пациентите со примарен рак на црниот дроб имаат абнормално високи серумските нивоа на одреден протеин (алфа-фетопротеин или AFP) во крвта. Тестот за AFP, сепак не може да се користи сам по себе за да се потврди дијагнозата на рак на црниот дроб, бидејќи цирозата или хроничниот хепатит, исто така, може да произведат високи нивоа на алфа-фетопротеин. Тестови за алкална фосфатаза, билирубин, млечна дехидрогеназа и други хемикалии, укажуваат на тоа дека црниот дроб не функционира нормално.

Околу 75% од пациентите со рак на црниот дроб покажуваат знаци за хепатитис инфекција. Повторно, абнормалните функционални тестови на црниот дроб не се специфични за ракот на црниот дроб.

Imaging испитувања

Imaging испитувања се корисни за лоцирање на специфични области на абнормално ткиво во црниот дроб. Тумори на црниот дроб мали колку лешник сега може да се откријат со ултразвук или компјутеризирана томографија (КТ скен). Imaging испитувањата, сепак не можат да направат разлика помеѓу хепатом и други абнормални маси или грутки на ткивото (јазли) во црниот дроб.

Примерок од ткивото на црниот дроб, односно биопсија, е потребно за да се направи дефинитивна дијагноза на примарниот рак на црниот дроб. CT или ултразвук може да се користат за насочување на лекарот во изборот на најдобрата локација за добивање примерок за биопсија.

Рентгенска снимка на градниот кош може да се користи за да се види дали туморот во црниот дроб е примарен или метастазирал од примарен тумор во белите дробови.

Биопсија на црниот дроб

Биопсија на црниот дроб се користи за да се обезбеди дефинитивна дијагноза на рак на црниот дроб. Еден примерок од црниот дроб или ткивна течност се отстранува со тенка игла и се проверува под микроскоп за присуство на канцерски клетки. Кај околу 70% од случаите, биопсијата е позитивна на рак. Во повеќето случаи, постои мал ризик за пациентот заради самата постапка на биопсија. Кај околу 0,4% од случаите, пациентот развива фатални крварења од биопсијата, бидејќи некои тумори се снабдуваат со голем број на крвни садови и крвавењето е многу лесно.

Лапароскопија

Лекарот, исто така, можат да изврши лапароскопија за да му помогне во поставувањето на дијагнозата на рак на црниот дроб. Прво, лекарот прави мало засечување во стомакот на пациентот и внесува мала, осветлена цевка наречена лапароскоп за да ја види областа. Мало парче ткиво на црниот дроб се отстранува и се испитува под микроскоп за присуство на канцерски клетки.

Третман

Третманот на ракот на црниот дроб се базира на неколку фактори, вклучувајќи го и видот на ракот (примарен или метастатски); стадиумот (почетен или напреднат); локацијата на другите примарни видови на рак или метастази во телото на пациентот; возраста на пациентот; други коегзистирачки болести, вклучувајќи ги и цирозата на црниот дроб.  За голем број пациенти, третманот на ракот на црниот дроб е првенствено наменет за ублажување на болката предизвикана од ракот, но не може да го излекува.

Хирургија

Само неколку видови на рак на црниот дроб кај возрасните може да се излечат со хируршка интервенција, бидејќи тие се обично премногу напреднати во времето кога се откриени. Ако ракот се содржи во еден лобус на црниот дроб и ако пациентот нема цироза на црниот дроб, жолтица или асцит, хирургијата е најдобрата опција за третман. Пациенти кај кои може целиот тумор да биде отстранет имаат најголеми шанси за опреживување. За жал, само околу 5% од пациентите со метастатски рак (од примарни тумори во дебелото црево или ректумот) спаѓаат во оваа група. Ако целиот видлив тумор биде отстранет, околу 25% од пациентите ќе бидат излечени. Операцијата која се изведува се вика парцијална хепатектомија или делумно отстранување на црниот дроб. Хирургот ќе ги отстрани целиот лобус на црниот дроб (лобектомија) или ќе ја отсече областа околу туморот (клинеста ресекција).

Хемотерапијата

Некои пациенти со метастатски рак на црниот дроб може да имаат продолжување на нивните животи за неколку месеци со помош на хемотерапија, иако излекувањето не е можно. Ако туморот не може да се отстрани со хируршка интервенција, цевка (катетер) може да се стави во главната артерија на црниот дроб и може да се инсталира имплантибилна инфузиона пумпа. Пумпата овозможува многу повисоки концентрации на цитостатикот да се спроведат во туморот отколку што е можно со хемотерапија дадена преку крвотокот. Лекот кој се користи за терапија со инфузиона пумпа обично е floxuridine (FUDR), даден во 14-дневен период неизменично со 14-дневна пауза. Системската хемотерапија исто така може да се користи за лекување на ракот на црниот дроб. Лекови кои обично се користат се 5–fluorouracil или methotrexate. Системска хемотерапија сепак, значително не влијае на продолжувањето на времето на преживување на пациентот.

Терапија со зрачење

Употребата на радиотерапија кај ракот на црниот дроб се користи само за краткорочно ослободување од некои од симптомите. Ракот на црниот дроб не е осетлив на зрачење и радиотерапијата нема да го продолжи животот на пациентот.

Трансплантација на црн дроб

Отстранување на целиот црн дроб (тотална хепатектомија) и трансплантација на црниот дроб може да се користат за лекување на рак на црниот дроб. Сепак, постои висок ризик од повторување на туморот и метастази по трансплантацијата.

Други терапии

• емболизација на хепаталната артерија со хемотерапија (хемоемболизација)

• алкохолна аблација преку ултразвук-водена перкутана инјекција

• ултразвук-водена криоаблација.

• имунотерапија со моноклонални антитела тагирани со цитотоксични агенси

• генска терапија со ретровирусни вектори кои содржат гени кои експресираат цитотоксични агенси.

Прогнозата

Ракот на црниот дроб има многу лоша прогноза поради тоа што често не се дијагностицира додека не метастазирал. Помалку од 10% од пациентите преживуваат три години по првичната дијагноза; целокупната петгодишна стапка на преживување кај пациенти со хепатоми е околу 4%. Повеќето пациенти со примарен рак на црниот дроб умираат во рок од неколку месеци од поставување на дијагнозата. Пациентите со рак на црниот дроб кој метастазирал од ракот на дебелото црево живеат малку подолго од оние чиј рак се проширил од ракот во желудникот или панкреасот.

Превенција

Не постојат корисни стратегии во моментов за спречување на метастатскиот рак на црниот дроб. Примарниот рак на црниот дроб, сепак во 75% до 80% можат да бидат спречени. Сегашните стратегии се фокусираат на масовно вакцинирање за Хепатит Б, ран третман на наследната хемохроматоза (метаболно растројство) и скрининг на високо ризични пациенти со алфа-фетопротеин тестирање и ултразвучни прегледи. Начин на живот кој може да се менува со цел да се спречи рак на црниот дроб вклучува избегнување на изложеност на токсични хемикалии и габи од храната кои произведуваат афлатоксин. Најбитно е сепак, избегнување на алкохол и дрога. Злоупотребата на алкохол е одговорна за 60% до 75% од случаите на цироза на црниот дроб, кој е главен фактор на ризик за евентуален развој на примарниот рак на црниот дроб. Хепатитот е распространета болест меѓу интравенските корисници на дрога.