Борка • Здружение за борба против рак

4ти Февруари – Светски ден за борба против ракот
Почитувани,

Здружението за борба против рак „ Борка-за секој нов ден„ по четврти пат го одбележува 4- ти Февруари, Светскиот ден за борба против ракот.  Со нашите активности секојдневно сме ангажирани во борбата против оваа тешка малигна болест, и нашите напори се насочени кон воведување на најновите скрининг методи кои се применуваат во ЕУ, зголемување на методите за превенција, подобрување на дијагностиката и терапијата на оваа болест како и подигање  на свеста кај населението во Македонија. Константно соработуваме со претставниците од Министерството за здравство на РМ, ФЗОМ на РМ, невладиниот сектор, јавните и приватните здравствени институции, како и со сите граѓани во Македонија кои ни се обраќаат за помош и поддршка во нашето Здружение. Согласно најновите статсистички податоци од  Истражувачката светска  агенција  за рак ( IARC, GLOBOCAN 2008), карциномот е водечка причина за смрт во светот, а на второ место се кардиоваскуларните заболувања.

Во Република Македонија инциденцата за појава на рак ( освен ракот на кожа) изнесува 3.528 случаи кај мажи и 2.893 случаи кај жени  на 100.000 жители. Морталитетот изнесува 2.329 фатални исходи кај мажи и 1.539 фатални исходи кај жени на 100.000 жители ( согласно податоците на  IARC, GLOBOCAN 2008)

Во прилог следува и текстот за Светскиот ден за борба против ракот :

Светскиот ден на ракот е означен на 4 февруари со цел да се подигне свеста на глобалното влијание на ракот и да се зголеми разбирањето за негово спречување, откривање, лекување и нега. Предводен од страна на Меѓународната унија против ракот (UICC) – глобален конзорциум на повеќе од 280 организации за борба против ракот во над 90 земји – Светскиот ден на ракот 2007 е првото вистинско глобално признавање на овој ден на свеста преку лансирањето на Светската кампања за ракот наречена “Денешни деца, утрешен свет.” (“Today’s Children, Tomorrow’s World”). Петгодишната иницијатива промовираше  навики кои родителите можат да ги споделат со децата за да се спречи појава на рак подоцна во животот. Впечатлива е статистиката: 43% од ракот можат да се спречат преку овие здрави навики:

• Обезбедување на животна средина за децата без присуство на пушење

• Бидете физички активни, јадете балансирана, здрава храна, а избегнувајте ја дебелината

• Дознајте повеќе за вакцините за вирусите поврзани со цервикални карциноми и карциноми на црниот дроб

• Избегнувајте прекумерно изложување на сонце

Ракот е водечка причина за смрт во светот. СЗО проценува дека 84 милиони луѓе ќе умрат од рак во периодот меѓу 2005 и 2015 година, без интервенции. Речиси 70 проценти од сите нови случаи се очекува да се појават во земјите со низок и среден приход, каде што ресурсите достапни за превенција, дијагноза и третман на рак често се ограничени или непостоечки.

Главните видови на рак, што ја сочинуваат севкупната смртност од рак се:

• рак белите дробови (1,3 милиони смртни случаи годишно);

• рак на желудник (скоро 1 милион смртни случаи годишно);

• рак на црниот дроб (662 000 смртни случаи годишно);

• рак на дебелото црево (655 000 смртни случаи годишно) и

• рак на дојка (502 000 смртни случаи годишно).

Што прават луѓето?

Луѓе, компании, владини и невладини организации работат заедно на Светскиот ден на ракот за да и се помогне на јавноста да дознае повеќе за различните видови на рак, како да  се препознае, третмани и превентивни мерки. Разните активности и настани вклучуваат:

• телевизија, радио, интернет и огласи во весници и написи кои се фокусираат на борбата против ракот

• национлни кампањи насочени кон родителите за да им се помогне да се минимизира ризикот од рак во рамките на нивните семејства

• закуски, коктели и вечери со цел подигање на фондови за истражување на ракот или проекти кои помагаат во борбата против ракот. Многу од овие настани вклучуваат говорници или видео презентации

• информации од јавен карактер кои вклучуваат информативни сетови, информативни листови, летоци, постери и други елементи, кои промовираат свесност за ракот, превенција, намалување на ризикот и третман

Некои земји ги користат Светскиот ден на ракот за да се промовираат кампањи за различни видови на рак, како на пример рак на дојка, рак на белите дробови, рак на кожата и ракот кај децата. Поголемиот дел од фокусот оди кон подигање на свеста и намалување на ризикот.

Светската здравствена организација (СЗО), која е надлежен орган на Обединетите нации (ОН) за насочување и координирање на здравјето, на овој ден работи со организации како Меѓународната унија против ракот (UICC) за да се промовираат начините за олеснување на глобалниот товар од ракот. Континуираните теми во текот на годините се фокусираат на спречување на ракот и подигање на квалитетот на животот на пациентите со рак.

САД е лидер во глобалниот напор во борбата против ракот. Стејт Департментот на САД има неколку меѓународни проекти во тек што се фокусирани на превенција на одредени видови на рак, особено на дојка и други типови на рак кај жените. Националниот институт за канцер и Центрите за контрола на болести и превенција се две агенции на американското Министерство за здравство и хумани услуги (департманот) кои се активно вклучени во голем број на кооперативни истражувања на ракот, обука, епидемиолошки и клинички програми во земјите низ целиот свет.

Позадина

Ракот е водечка причина за смрт во светот, според податоците на СЗО, која проценува дека 84 милиони луѓе ќе умрат од рак во периодот меѓу 2005 и 2015 година, без интервенции. Земјите со ниски и средни приходи се потешко погодени од рак одколку високоразвиените земји. Од суштинско значење е решавањето на светскиот товар кој го носи ракот како болест и подобрување на ефективните мерки за негова контрола.

Светот ден на ракот е дел од Светската кампања за рак, кој одговара на Париската Повелба усвоена на Светскиот самит против ракот за новиот милениум на 4 февруари 2000 година. Тој повикува на силен сојуз помеѓу истражувачите, здравствените работници, пациентите, владите, стопанствениците и медиумите во борбата против ракот.

Париската Повелба го назначи 4 февруари секоја година како Меѓународен ден на ракот. UICC е одговорен за координирање на Светскиот ден на ракот на глобално ниво. Таа добива поддршка од разни партнери и организации, вклучувајќи ја и Светската здравствена организација, Меѓународната агенција за атомска енергија, како и други меѓународни тела. UICC го организираше првиот Светски ден на ракот во 2006 година.

Симболи

Постојат различни симболи, кои се користат за да се помогне во промоцијата на борбата против различните видови на рак. На пример, розова панделка е светски симбол на свеста за ракот на дојката, додека портокалова панделка е поврзана со свеста за ракот кај децата. Друг пример е жолтата, која Американското здружение за рак ја гледа како симбол на надежта која луѓето ја делат за иднината каде ракот повеќе не е опасна по животот болест.

Оваа година, Светскиот ден на ракот се фокусира на спречување на ракот.

Собрани заедно, различни видови на рак се сметаат дека причинуваат една осмина од сите смртни случаи во светот. Тоа е повеќе од маларија, СИДА и туберкулоза собрани заедно, според податоците на Меѓународната унија против ракот (UICC).

Денес на Светскиот ден на ракот, UICC започна нова кампања, “И ракот може да се спречи”, за да се потенцира фактот дека значаен дел од случаите на рак во иднина би можеле да бидат спречени ако луѓето превземат едноставни чекори за промена на нивниот начин на живот:

- пушењето е причина за рак која најмногу може да се спречи

- алкохолот, неговото конзумирање,  исто така може да се спречи

- телесната тежина и дебелината – еден од најдобрите начини да се намали ризикот од рак, по откажувањето од пушењето, е да се задржи здравата телесна тежина

- физичката неактивност – да се биде неактивен го зголемува ризикот од голем број на случаи на рак

- исхраната – од сите нешта во нашиот начин на живот, кои се поврзани со ракот, нашата исхрана е можеби најмногу зборуваното. Балансирана исхрана богата со растителни влакна, овошје и зеленчук и ниско ниво на црвено и обработено месо, заситени масти и сол можат да го намалат ризикот од рак – но не постои такво нешто како “суперхрана”

- УВ зрачењето од сонцето и солариумите – иако ни е потребна мала количина на УВ за да создадеме витамин Д, прекумерни количини може да предизвикаат рак на кожата

- инфекциите – иако луѓето не можат да добијат рак едни од други, некои видови на рак се предизвикани од инфекции со вирусите и бактериите. Ракови поврзани со инфекција се значаен проблем во земјите во развој, но секоја индивидуа може да превземе чекори за да се намали ризикот од овие болести. Со безбеден секс може да се спречи преносот на хепатитис Б и Ц, кои предизвикуваат рак на црниот дроб; и ХПВ, кој предизвикува неколку видови на рак, вклучувајќи ги речиси сите случаи на рак на матката.

Ова се работи врз кои можете да влијаете во ваша корист, но, како и со други нешта во животот, не постојат гаранции и нашите гени играат важна улога исто така. Но, со помагање во ширење на свеста за она што сите можеме да го направиме за да се спречи ракот може да се доведе до тоа да помалку луѓе добиваат рак во иднина.

Со Почит,

Тимот на БОРКА

Пагетова болест на дојките
Пагетовата болест на дојката е редок вид на канцер кој се карактеризира со црвена, перутеста лезија на брадавицата и околното ткиво (ареолата).

Опис

Пагетовата болест на дојката е ретка болест на дојката, која најчесто се асоцира со веќе постоечки рак на дојка. Се претпоставува дека Пагетова болест се јавува кога некој инвазивен карцином или интрадуктален карцином (карцином на млечните канали) се шири преку млечните дуктуси до брадавицата. Иако веќе постоечкиот канцер е добро развиен тој најчесто ги афектира само брадавиците и околното ткиво. Многу ретко при Пагетова болест не се среќава веќе развиен канцер на дојка.

Пагетовата болест која е локализирана на други делови од телото ретко се асоцира со веќе постоечки инвазивен канцер. Овој вид на Пагетова болест, која најчесто се среќава на или околу гениталиите, се верува дека потекнува директно од клетките кои ги обложуваат изводните канали на потните жлезди. Можно е и да малкуте случаи на Пагетова болест на дојките, кај кои не се среќава друг вид на канцер, да имаат слично потекло. На Пагетовата болест на дојката отпаѓа околу 2 % од сите ракови на дојката. Во просек кај жените се дијагностицира на 62 години додека кај мажите на 69 години. Ракот на дојка ретко се среќава кај мажи.

Причини и симптоми

Причините за појава на Пагетова болест на градите се непознати. Најчестите знаци и симптоми за постоење на Пагетова болест се црвенило, перутење и луштење на и околу брадавиците и ареолата. Другите симптоми вклучуваат чешање, жарење, преосетливост или болка. Од лезиите може да се јави исцедок или крварење, а исто така може да се јават и улцери.

Дијагноза

Треба да се направи детален преглед на градите. При прегледот кај пациентите со Пагетова болест може при палпација да се почувствува туѓо тело (грутка) во градите. Треба да се направи мамографија и ултрасонографија за да се открие евентуално постоење на канцер на дојката кој при палпација неможе да се почувствува. Дефинитивна дијагноза се поставува при верификација за постоење на посебен тип на клетки наречени Пагетови клетки кои се среќаваат во кожата од брадавицата. Ткивен примерок се добива кога со помош на предметно стакленце директно ќе се земе од ткивото кое се лушти или преку одлупување на дел од крастите кои се создаваат со перутење. Исто така ткивен примерок може да се земе и преку одсекување на мало парче ткиво од брадавицата (биопсија). Биопсијата се изведува под локална анестезија во лекарска ординација. Ако при прегледот се палпира туѓо тело во градите се прави биопсија на градите.

Терапија

Традиционален третман за Пагетова болест на градите е хируршко одстранување на дојаката (мастектомија). Конзервативна хирургија – во која само брадавицата, ареолата и околното ткиво се одстрануваат (лумпектомија), може да биде доволна во некои случаи. Многу ретко се одстрануваат аксиларните лимфни јазли (лимфаденектомија), освен во случај каде се среќава веќе постоечки инвазивен канцер на дојката.

Радијациона терапија, може да се искористи како дополнителен третман, а доколку  третманот е лумпектомија тогаш мора да се примени радијациона терапија. При радијациона терапија се користат високо енергетски гама и X-зраци за да ги уништат клетките на ракот. Кожата во регијата која се третира може да биде црвена и сува, а можна е и појава на замор како споедни ефекти од терапијата.

Хемотерапијата која исто така се употребува како дополнителна терапија при постоење на рак на дојката, користи лекарства за да ги уништи клетките на ракот. Споредните несакани ефекти од употребата на хемотерапијата се стомачни проблеми, повраќање, губење на апетитот (анорексија), болки во устата и вагината, умор, промени во менструалниот циклус, предвремена менопауза, низок број на бели крвни зрнца со зголемен ризик од инфекции.

Прогноза

Како и кај другите ракови на дојката прогнозата на Пагетовата болест ќе зависи од големината на ракот како и од тоа дали се проширил во лимфните јазли и другите ргани.

Само Пагетова болест -  Стапката на преживување кај жени со Пагетова болест на градите без асоциран рак на дојката е околу 99.5%

Пагетова болест со асоциран инвазивен рак на дојката - Прогнозата на пациентите со Пагетова болест со асоциран рак на дојката се базира врз основа на степенот на развој на асоцираниот рак на дојка. Се разликуваат повеќе степени на развој кај ракот на дојка:

Степен I –Ракот не е поголем од 2 см и не се среќаваат клетки на ракот во лимфните јазли

Степен II - Ракот е од 2-5 см во големина и се има проширено во лимфните јазли.

Степен IIIА - Туморот е поголем од 5 см или е помал од 5 см, но се има проширено во лимфните јазли, кои се споиле еден со друг.

Степен IIIБ - Туморот се има проширено околу градите (локална инвазија) или во лимфните јазли во градниот кош, по долж на градната коска.

Степен IV - Туморот се има проширено на кожата и во лимфните јазли низ целото тело, како и во другите органи.

Прогнозата зависи од видот и степенот на развој на туморот. Околу 80% од пациентите кај кои се дијагностицира Степен I на развој се излекуваат со постоечките тераписки мерки. Пациентите со Степен II на развој имаат стапка на преживување околу 70%, оние кај кои нема зафатеност на лимфните јазли имаат подобра прогноза. Околу 40% од пациентите со Степен III на развој имаат пет годишна стапка на преживување, а истата стапка на преживување важи за околу 20% од пациентите со Степен IV на развој на туморот.

Превенција

Не постојат специфични фактори кои го зголемуваат ризикот за појава на Пагетова болест. Мажите кои се ризични за појава на оваа болест се оние кои биле изложени на радијација како и оние со Клинефелтеров синдром.

Ризични фактори за појава на рак на дојка кај жените се:

- лична историја за постоење на рак на дојка

- фамилијарна историја за постоње на рак на дојка

- промени во одредени гени (BRCA1 и BRCA2)

- промени во ткивото на градите (пр. лобуларен карцином ин ситу или атипична хиперплазија)

- долготрајна изложеност на естроген (пр. при менструација во рана возраст или пак доцна менопауза) како и при користење на хормонална терапија

- изложеност на диетилстибестрол (DES) пред раѓање

- прва бременост по 30 години

- консумација на алкохол

Редовни мамограмски скрининзи се препорачуваат за жени над 40 години. Оние кај кои постио фамилијарна историја за појава на рак на дојка, треба да отпочнат со редовни скрининзи 10 години пред возраста на која што била дијагностицирана болеста кај најмладиот член во семејството, но не подоцна од 35 години. Месечни самопрегледувања, како и годишни лекарски прегледи се препорачуваат за сите жени. Секојдневното вежбање го намалува ризикот за појава на рак на дојката за околу 50-75%. Жените со висок ризик за појава на тумор може да го земаат лекот тамоксифен, за кој се смета дека го намалува ризикот за појава и рекуренција на рак на дојката. Жените со висок ризик може да се одлучат за изведување на превентивна мастектомија како начин за спречување на појавата на рак на дојката.

Тумори на плунковите жлезди
Туморот на плунковите жлезди претставува неконтролиран раст на клетките кои потекнуваат од една од повеќето плункови жлезди во устата.

Опис

Постојат три поголеми пара на плункови жлезди кои се придружени со повеќе помали. Паротидната, субмандибуларната и сублингвалната жлезда ги претставуваат големите плункови жлезди. Паротидната жлезда е лоцирана во образите по една под секое уво. Субмандибуларната жлезда се наоѓа на подот на усната празнина по една на секоја страна од долната вилица т.е мандибулата. Сублингвалните жлезди се исто така на подот на усната празнина под јазикот.

Паротидните жлезди се најчесто афектирани од тумори. Меѓутоа најголем дел од туморите кои се развиваат во паротидната жлезда се бенигни. Приближно 8 од 10 дијагностицирани тумори се наоѓаат во паротидната жлезда. Еден од десет се дијагностицираат во субмандибуларната жлезда. Останатите 10% се дијагностицираат во другите плункови жлезди.

Воглавно жлездите кај кои е евидентен растот на туморот најчесто се жлезди кај кои најретко се среќава малиген тумор. Иако туморите на сублингвалната жлезда се ретки, скоро сите кои се дијагностицираат се малигни. Наспроти тоа еден од четири дијагностицирани тумори на паротидната жлезда е малиген. Туморите на плунковите жлезди почнуваат со раст во епителните клетки т.е плочестите клетки кои ја покриваат површината на телото. Како резултат на тоа сите се нарекуваат карциноми. Околу 7% од туморите дијагностицирани на главата и вратот потекнуваат од плунковите жлезди. Мажите и жените подлежат на подеднаков ризик за појава на овој вид на тумор.

Причини

Јонизирачкото зрачење е ризик фактор кој придонесува за развој на тумор како и радијациона терапија. Возрасни пациенти кои како деца биле третирани со радијациона терапија за аденоиди или воспалени крајници се во поголем ризик за развој на тумор на плунковите жлезди.

Друг ризик фактор представува врската помеѓу инхалацијата на дрвена прашина и појавата на аденокарциноми на малите плункови жлезди во носот и параназалните шуплини. Исто така постои доказ дека луѓето кои се инфицирани со херпес вирусот имаат поголем ризик за развој на тумор на плунковите жлезди. Лицата инфицирани со ХИВ исто така генерално имаат поголем број на заболувања на плунковите жлезди, со што имаат и поголем ризик за појава на тумори на истите.

Симптоми

Симптомите најчесто недостасуваат се додека туморот не достигне одредена големина или пак не метастазира. За време на рутински дентални прегледи, стоматологот, внимава на појава на одредени маси на непцето, јазикот, образите и овој вид на прегледи претставуваат добар начин за детекција на туморите во рана фаза.

Некои од симптомите се :

• издигнатина или поголема маса во устата

• оток на лицето

• болка во вилицита или едната страна на лицето

• потешкотија при голтањето

• потешкотија при дишењето

• потешкотија при зборењето

Дијагноза

Се зема примерок од ткивото за испитување преку биопсија. Најчесто за да се земе примерок од ткивото потребна е инцизија. Понекогаш е можно да се земе примерок со игла. Магнетна резонанца и компјутерска томографија исто така се користат за проценка на туморот. Со нивна помош може да се утврди дали туморот се има проширено во соседните органи. Магнетната резонанца овозможува добра прегледност на коренот на јазикот и крајниците кои претставуваат меки ткива. Со кумпјутерската резонанца имаме добар преглед на вилиците, кои се тврди коскени ткива.

Терапија

Воглавно, лекарите кои се специјализирани за уво, нос и грло се одговорни за грижата за пациените со рак на плунковите жлезди. Најчесто тимот го води специјалист по уво, нос и грло. Дел од тимот е и онколог. Во зависност од проширеноста на туморот во моментот на дијагностицирање некои од оперативните зафати може да доведат до екстензивни промени на грлото, вратот и вилиците.

Клинички фази

Во фаза и туморот не е поголем од 2.5 см и се нема проширено. Саливарните тумори кои се во втора фаза се поголеми од 2.5 см но помали од 6 см и сеуште се немаат проширено. Туморите во трета фаза се помали од 2.5 см но се имаат проширено во лимфните јазли. Туморите во четврта фаза се имаат проширено кон главата т.е базата на черепот или одредени нерви или пак се поголеми од 5 см и се имаат проширено во лимфните јазли.

Третман

Хируршко отсранување (ексцизија) на туморот е највообичаениот третман. Хемотерапијата и радијационата терапија може да бидат дел од третманот особено ако туморот метастазирал. Поради блискоста на плунковите жлезди а особено паротидната со голем број на крвни садови и нерви оперативниот зафат е доста комплициран. Комплексноста на операцијата е уште поголема доколку туморот се има проширено.

Прогноза

Туморите во малите плункови жлезди кои се локализирани, може да се одстранат без поголеми потешкотии. Шансата за преживување одкако ќе се извади туморот, доколку нема метастазирано, е голема.

За туморите на паротидната жлезда стапката на пет годишно преживување изнесув 85% без разлика дали има инвазија и во лимфен јазол. Стапката на десетгодишно преживување е нешто под 50%. Најголем број од рано дијагностицираните тумори на саливарните жлезди се одстрануваат и не се повторуваат. Оние кои рекурираат  се најпроблематични и ја намалуваат шансата за преживување на индивидуата.

Превенција

Минимализирање на внесот на алкохол може да биде од важност. Исто така избегнување на непотребно експонирање на главата на радиација може да се смета за превенција. Се она што го минимализира ризикот од сексуално преносливи болести, како на пример употребата на кондом, исто така го намалува и ризикот од појава на саливарни тумори.

Рак на желудник
Ракот на желудникот е болест во која клетките кои ја формираат внатрешната обвивка на желудникот растат абнормално и неконтролирано се делат формирајќи маса наречена тумор.

Опис

Постојат пет регии на желудникот од кои докторите го одредуваат потеклото на ракот на желудник. Ракот може да се развие во било кој од петте делови на желудникот. Симптомите и резултатите од болеста ќе варираат во зависност од локацијата на канцерот.

Демографија

Во повеќето земји афектираноста на мажите од рак на желудникот е двапати поголема во однос на жените. Најголем дел од случаите со канцер на желудник се дијагностицираат на возраст од 50 – 70 години, меѓутоа во фамилии каде постои наследен ризик за оваа болест може да се најдат и случаи на појава во помлада возраст. Во неколку делови од светот, најчесто Јапонија и дуги Азиски држави, ракот на желудник е водечка причина за смрт.

Инциденцата на ова заболување бележи опаѓање, особено во развиените земји.

Употребата на замрзната храна и консумацијата на свежо овошје и зеленчук, наместо конзервирана храна со висока концентрација на сол, може да преставува причина за опаѓање на ициденцата.

Причини и симптоми

Иако точната причина за појава на рак на желудник сеуште не е утврдена, неколку потенцијални фактори довеле до зголемена појава на заболени и затоа се означуваат како ризик фактори. Исхраната, работната средина, изложеноста на бактеријата Helicobacter pylori, како и историја за постоење на желудечни чиреви или полипи, се вбројуваат во тие ризик фактори. Одредени истражувања покажале дека консумацијата на храна со висока концентрација на сол и нитрати го зголемува ризикот за појава на рак на желудник. Промена на режимот на исхрана, се покажал како ефективен начин за намалување на ризикот за појава на оваа болест дури кај индивидуи кои живеат во земји со висок ризик. Консумирањето на препорачаните количини на овошје и зеленчук може да го намали ризикот за развој на оваа болест.

Висок ризик за развој на рак на желудникот се поврзува и со одредени индустрии. Најдобар пример за тоа е поврзаноста помеѓу ракот на желудникот и лицата кои работат во рудници за јаглен, обработка на дрво, никел или преработка на гума. Невообичаено голем број на луѓе кои работат во овие индустрии имаат дијагностицирано рак на желудник. Одередни студии ја идентификувале бактеријата (Helicobacter pylori) која предизвикува стомачни чиреви (инфламација на внатрешната обвивка на желудникот) како ризик фактор. Хронична инфекција на желудникот со оваа бактерија може да предизвика појава на специфичен вид на канцер (лимфом или МАЛТ-мукозно асоцирано лимфоидно ткиво) во желудникот.

Друг ризик фактор претставува развојот на полипи, бенигни израстоци на ванатрешната обвивка на желудникот. Иако полипите се бенигни, некои од нив имаат потенцијал да станат канцерогени.

Лицата со крвна група А исто така, од засега непознати причини, се сметаат како ризични за развој на овој вид на канцер.

Помеѓу другите фактори за кои се претпоставува дека можат да бидат причина за појава на рак на желудник се вбројуваат и претходни оперативни зафати на чир на желудник или други состојби, или пак еден вид на анемија позната како пернициозна анемија.

Ракот на желудникот е бавно растечки карцином. Можно е да поминат повеќе години додека туморот нарасне до доволна големина за да предизвика дистинктивни симптоми. Во раните фази на болеста пациентот може да чуствува само блага нелагодност, индигестија, жарење, чувство на надуеност по јадење како и благо гадење. Во подоцнежните фази на развојот пациентот ќе има губиток на апетитот, а како резултат на тоа и губење на телесна тежина, болки во стомакот, повраќање, потешкотии при голтањето, како и крвава столица. Ракот на желудник многу често метастазира во соседните органи како што се езофагусот, придружните лимфни јазли, црниот дроб или тенкото и дебелото црево.

Дијагноза

За жал голем дел од пациентите кај кои се дијагностицира рак на желудник чувствуваат болки во стомакот 2-3 години пред да го известат својот лекар за постоење на симптоми. Кога докторот се сомнева за постење на рак на желудник кај одреден пациент врз основа на искажаните симптоми, ќе биде земена детална медицинска анамнеза за да се провери постоењето на ризик фактори. Ќе се направи детален физикален преглед за да се проценат сите симптоми.

Може да се направи и лабораториска анализа за да се провери постоењето на крв во столицата како и за постоење на анемија (низок број на црвени крвни зрнца), кои најчесто се среќаваат кај рак на желудникот.

Во некои земји како што е Јапонија, вообичаено e на пациентите да им се прави рутински скрининг за рак на желудник, бидејќи ризикот за развој на болеста во оваа земја е висок. Заради ниската преваленца на заболувањето во Македонија рутински скриниг за оваа болест не се препорачува, освен во случаи каде постои фамилијарна историја за појава на болеста.

Без разлика дали како дел од скрининг тест или бидејќи докторот се сомнева за постоење на симптоми на рак на желудник, ендоскопијата со бариум се користи во дијагнозата на рак на желудник.

При изведување на бариум скен на горниот интестинален тракт на пациентот му се дава да испие густ, бел раствор на барим сулфат. Обложувањето кое го прави бариумот помага во идентифицирање на одредени абнормалности на внатрешната обвивка на желудникот.

Во друг почесто користен тест, попознат како горна гастроинтестинална ендоскопија, тенка, флексибилна, осветлена цевка (ендоскоп) се провлекува преку грлото на пациентот до желудникот. Докторот ја гледа слузницата на езофагусот и желудникот преку ендоскопот. Понекогаш мала ултарасонична сонда се прикачува за крајот на ендоскопот. Оваа процедура е позната како ендоскопски ултразвук EUS.

Ако при ендоскопијата се забележат одредени сомнителни промени, форцепс за биопсија може да се протне преку ендоскопката цевка за да се земе ткиво за микроскопска инспекција. Ова е познато како биопсија.

Компјутеризирана томографија се користи за добивање на дополнителни информации за тоа колкава е големината на туморот и во кои делови на желудникот е раширен; дали е проширен во лимфните јазли; како и дали метастазирал во други делови од телото како на пример во црниот дроб, белите дробови или коските.

Лапароскопијата вклучува направа која е слична на ендоскопот. Лапароскопијата е минимално инвазивна оперативна процедура која може да се изведе во амбуланта и после која има брзо закрепнување. Пациентите кои можеби ќе добијат зрачна или хемотерапија пред операција подлегнуваат на лапароскопија за да се утврди точниот стадиум на ракот.

Клинички стадиуми и прогноза

Повеќе од 95% случаи на рак на желудникот се предизвикани од аденокарциноми, малигни тумори кои потекнуваат од жлезденото ткиво. Останатите 5% вклучуваат лимфоми и други видови на карциноми. Многу е важно желудечните лимфоми да се дијагностицираат правилно, бидејќи овие тумори имаат многу подобра прогноза отколку желудочните аденокарциноми. Приближно околу половина од лицата дијагностицирани со гастричен лимфом преживуваат пет години после поставувањето на дијагнозата.  Третманот на гастричен лимфом вклучува оперативен зафат комбиниран со хемотерапија и радиотерапија.

Одредувањето на фазата на развој на канцерот се базира на тоа колку длабоко е пенетрирана обвивката на желудникот; до кој степен (ако воопшто има) е инвазијата во лимфните јазли и до кој степен (ако воопшто има) канцерот метастазирал. Колку повеќе е ограничен, толку е поголема шансата за излекување.

Има предложено неколку различни начини за класифицирање на ракот на желудник врз основа на видот на клетките. Класификацијата според Лорен е најчеста. Според овој систем за класификација, гастричниот аденокарцином се дели на интестинален и дифузен. Интестиналните тумори почесто се среќаваат кај мажи и постари пациенти. Прогнозата за овие тумори е подобра отколку за дифузните. Дифузните тумори почесто даваат метастази во други делови од телото.

Терапија

Бидејќи симптомите на ракот на желудник се благи, третманот најчесто отпочнува во напреднатите фази на болеста.

Операција

Во почетните фази на развој, операцијата може да се користи за отсранување на ракот. Оперативното отсранување на аденокарциномите е единствениот начин за елиминирање на болеста. Најчесто пред операцијата се користи лапароскопија за да се утврди дали канцерот може да се одстрани оперативно. Ако ракот е широко распространет и неможе да се одстрани хируршки, се прави напор да се одстрани блокадата и да се конторлираат симптомите како што се болка и крварење.

Во зависнот од локацијата на канцерот дел од желудникот може да биде одстранет, преку процедура која се нарекува парцијала гастректомија. Во процедурата позната како тотална гастректомија целиот желудник се одстранува. Муѓутоа лекарите преферираат, доколку е можно, да остават барем дел од желудникот. Пациентите кои биле подложни на парцијална гастректомија имаат подобар квалитет на живот одколку тие кои биле подложени на тотална гастректомија.

И тогаш кога целосно ќе се одстрани желудникот пациентите брзо се навикнуваат на друг начин на исхрана. Ова вклучува јадење почесто на помали количини на храна. Генерално се препорачува храна богата со протеини. Парцијалната или тоталната гастректомија најчесто се придружени со други оперативни зафати. Најчесто се одстрануваат и лимфните јазли, како и делови од или цели органи кои се зафатени од канцерот. Прелиминарните испитувања покажуваат дека пациенти кои пред отпочнување на третманот не биле кандидати за оперативно одстранување на туморот во подоцнежните фази на болеста може да станат подобни за оперативен третман. Комбинацијата на хемо и радиотерапија може да помогне во намалување на карциноми кои првично не можело да се одстранат оперативно.

Хемотерапија

Дали пациентите кои се оперираат од рак на желудник треба или не треба да примаат хемотерапија е контроверзно прашање. Хемотерапијата може да се користи како примарен начин на третман или после оперативниот зафат за да се уништат клетките на канцерот кои мигрирале во други органи. Најголем дел од канцерите на гастроинтестиналниот тракт не регираат добро на хемотерапија, меѓутоа, аденокарциномот на желудник како и непреднатите фази се исклучок.

Хемотерапевтскиот лек доколку се користи изолирано обезбедува бенефит кај барем еден од пет пациенти. Комбинација од агенси може да има и поголем бенефит, иако со сигурност не обезбедува подолго преживување. Иако хемотерапијата со еден лек се користи понекогаш, најдобар ефект се постигнува со комбинација на повеќе лекови. Така да,покрај истражувањата кои се прават за да се утврди ефектот на новите лекови, се спроведуваат и истражувања за да се утврди ефектот од комбинацијата на одредени медикаменти со цел да се обезбеди највисок степен на помош на пациентот.

Радијациона терапија

Радијационата терапија најчесто се користи после опертивен зафат за да се уништат оние клетки на канцерот кои можеби не биле комплетно одстранети со операцијата. Во третманот на ракот на желудник најчесто се користи надворешна радијациона терапија. Во овој случај високо енергестки зраци од машина која се наоѓа надвор од телото се концентрираат на регијата каде се наоѓа туморот. Во понапреднатите фази на болеста радијационата терапија се користи за олеснување на симптомите како што се болки и крварење. Меѓутоа голем број од испитувањата покажале дека радијационата терапија била неефективна кај голем број на пациенти.  Испитувачите активно ја проценуваат улогата на хемо и радиотерапијата пред оперативното одстранување на туморот. Тие бараат начини со кои и радијационата и хемотерапијата ќе се употребат во поефективно излекување и продолжување на животот на пациентите со рак на желудник .

Прогноза

Приближно 20% од пациентите со рак на желудник преживуваат барем пет години по поставувањето на дијагнозата. Пациентите кои се дијагностицирани во поран стадиум од развој на болеста имаат подобра прогнозаа одколу тие дијагностицирани подоцна. Во раната фаза на развој , туморот е мал,лимфните јазли не се афектирани,и туморот се нема проширено во белите дробови и црниот дроб. За жал само 20% од пациентите со рак на желудник се дијагностицираат пред туморот да се прошири во лимфните јазли или пред а метастазира.

Многу е важно да се запамти дека статистикте не се секогасш во право. Секојдневно се развираат нови терапии кај кои сеуште се нема утвредено стапката на пет годишно преживување.Исто така најголем дел од луѓето кај кои се дијагностицира овој тумор се на возраст од 60-70 години со што може да се потврди дека и дел од овие пациенти умираат не од тумор на желудникот туку од други болести поврзани со возраста. Како резултат на тоа може да се очекува дека одредени пациенти со рак на желудникот може да имаат подолга стапка на преживување одколку што имало пред десет години.

Превенција

Избегнувањето на ризик факторите кои се асоцирани со оваа болест може да спречи појава на истата. Храната која е пресолена, димена, скиселена како и богата со нитрати треба да се избегнува. Исхараната богата со зеленчук и овошје се верува дека помага во спречувањето на појава на одредени канцери, меѓу кои и канцерот на желудник. Американското Канцер Друштво препорачува консумација на пет различни порции на овошје и зеленчук дневно како и храна од други растителни извори како што се зрна, тестенини, грав, житарици итн.

Антиканцероген потенцијал на маслото од црн дроб на ајкула
Маслото од црн дроб на ајкула се добива од ајкули кои ги населуваат длабоките и чисти води на морињата.

Познато е дека маслото од црн дроб на ајкула помага да се зајакне и регенерира имуниот систем и поволно делува на многу други функции и органи на телото.

Др. Астрид Брохулт и нејзиниот сопруг Проф. Свен Брохулт востановија дека луѓето со ослабен имун систем стануваат резистентни на инфекции после примањето на алкоксиглицероли кои се содржани во маслото од црн дроб на ајкула.

Силниот имун систем може да го заштити човекот на сосема природен начин и затоа луѓето од поларните региони земаат масло од црн дроб на ајкула за да ја сочуваат високата отпорност на инфекции.

Ајкулите се познати како едни од најздравите животни кои имаат одлична отпорност на инфекции, нивните рани заздравуваат двапати побрзо одколку кај луѓето и само една ајкула од 25000 може да добие малигно заболување. Биолозите заклучиле дека ајкулите умираат од длабока старост.

Маслото од црн дроб на ајкула е промовирано како додаток во исхраната кој допринесува за зголемување на имуниот систем, во борбата против инфекциите, зараснувањето на рани и како помошна терапија на карциноми.

Маслото од црн дроб на ајкула со стотици години се употребува во народната медицина од луѓето кои живеат на бреговите на Норвешка и Шведска за заштита од грип, како ефикасен антибактериски, антивирусен, антигабичен и антипаразитен продукт.

Синдромот на хроничен замор, состојба која често ги погодува некои луѓе во поново време ефикасно се третира со препарати од црн дроб на ајкула. Во текот на животот нашиот имун систем станува помалку ефикасен како резултат на животните навики и стресот.

Алкоксиглицеролите се наоѓаат во мајчиното млеко и го заштитуваат доенчето од инфекции и други заболувања. Во црниот дроб на ајкулите алкоксиглицеролите се наоѓаат во најголема концентрација од било каде во светот.

Маслото од црн дроб на ајкула е корисно за возрасни и деца во следните состојби:

- го зајакнува имуниот систем

- состојби на стрес и умор

- состојби на нарушена крвна слика

- има антиоксидативни својства

- помага за одржување на здрава кожа

- автоимуни заболувања

- малигни заболувања

Ефектите на маслото од црн дроб на ајкула веќе половина век научно се проучувани. Тоа резултирало со објавување на студии и книги како “Shark Liver Oil, Nature’s Amazing Healer” и “Devour Disease: with shark Liver Oil.”

Европска недела за превенција од рак на грлото на матката
Почитувани,

Ве известуваме дека по повод одбележувањето на Европската недела за превенција од рак на грлото на матката 23-29 Јануари 2012 година, Здружението „ Борка- за секој нов ден“ во соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на РМ, организира Јавна Расправа на 25 јануари 2012 година (среда), со почеток во 10.00 часот, во Сала Борис Трајковски, Собрание на РМ.

ПРОГРАМА

Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на РМ, 25 јануари 2012 година, на тема:

“Превенција од рак на грлото на матката – македонско и европско искуство”

10.00 – 10.15 Поздравни обраќања

- г-ѓа Лилјана Поповска, Претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието на РМ

- г-ѓа Биба Додева, Претседател на Здружението за борба против рак “Борка”

- г-дин Никола Тодоров, Министер за здравство на РМ

10.15 – 10.45 Воведни излагања

- Др.Јованка Костовска, Раководител на секторот за превенција во Министерството за здравство на РМ

- Асс.Др.Мр.Горан Димитров, Претседател на здружение за ХПВ на Македонија.

- Др.Марија Кишман, Шеф на канцеларијата на Светска здравствена организација во Македонија

10.45 – 11.30 Дискусија

Со почит,

Тимот на Борка – за секој нов ден

Рак на паратироидна жлезда
Ракот на паратироидната жлезда е редок, бавнорастечки тумор на паратироидната жлезда на вратот.

Опис

Четирите паратироидни жлезди во човечкото тело обично лежат во непосредна близина на тироидната жлезда, но ретко може да се најдат во горниот дел на градниот кош. Паратироидните жлезди лачат паратироиден хормон, кој игра централна улога во регулирањето на нивото на калциум во крвта.

Во состојба наречена примарен хиперпаратироидизам, вишокот произведен паратироиден хормон доведува до абнормално високи нивоа на калциум (хиперкалцемија).

Аденомите или хиперплазија на паратироидние жлезди се одговорни за околу 99% од сите случаи на примарен хиперпаратироидизам. Ракот на паратироидната жлезда е одговорен за останатите 1%. Ракот на паратироидната жлезда е бавно растечки тумор кој се манифестира главно со производство на паратироиден хормон.

Демографија

Само неколку стотици случаи на рак на паратироидната жлезда се пријавени во медицинската литература. Тоа е повеќе честа појава во Јапонија отколку во западните земји. Нема разлики во однос на преваленцијата по полови. Просечната возраст на пациентите со рак на паратироидната жлезда е петта деценија.

Причини и симптоми

За разлика од некои видови рак, нема предиспонирачки фактори кои јасно го зголемуваат ризикот за рак на паратироидната жлезда. Постојат некои пријавени случаи на рак на паратироидната жлезда кои произлегуваат кај пациенти со аденоми или хиперплазија на паратироидните жлезди.

Повеќето ракови на паратироидната жлезда се функционални тумори, со тоа што претерано лачат паратироиден хормон. Поради тоа, знаците и симптомите на ракот на паратироидната жлезда се главно поврзани со хиперпаратироидизам и произлегуваат од хиперкалцемијата. Чести поплаки се слабост, замор, губење на тежината, анорексија, запек, гадење и повраќање. Пациентите, исто така, може да го пријават честото мокрење и екстремната жед. Вишокот на паратироиден хормон предизвикува коските да ослободуваат премногу калциум во крвта, пациентите може да имаат болки во коските и фрактури. Вишокот калциум во крвта може да се депонира во бубрезите, што доведува до формирање на болни камења во бубрезите. Панкреатитис е уште една последица на хиперкалцемија. Нивоата на паратироидни хормони и калциум кај пациентите со рак на паратироидната жлезда обично се драстично зголемени, многу повеќе отколку кај пациенти со бенигни причини за хиперпаратироидизам.

Понекогаш ракот на паратироидната жлезда е доволно голем за да формира маса во вратот која лесно може да се чувствува. Ако масата е доволно голема, може да притиска врз нервите што ги контролираат гласните жици, што доведува до засипнатост. Спротивно на тоа, овие карактеристики се невообичаени во бениген хиперпаратироидизам.

Дијагноза

Дијагнозата на рак на паратироидната жлезда може да биде тешкоа затоа што произведува симптоми слични на оние на бенигниот хиперпаратиреоидизам поради аденоми или хиперплазија. Сепак, симптомите на рак на паратироидната жлезда се обично потешки и нивоата на паратироидни хормони и калциум се обично повисоки. Присуството на мацса во вратот или засипнатост, исто така, укажува на рак. Покрај ова, нема биохемиски или радиолошки тестови кои дефинитивно може да дијагностицираат рак на паратироидната жлезда.

Постојат четири генерални начини за дијагноза на рак на паратироидната жлезда:

• рак на паратироидната жлезда е суспектен врз основа на симптомите и знаците. Операција се изведува со намера да се отстрани ракот.

• пациент со хиперпаратиреоидизам се подложува на операција за отстранување на една или повеќе жлезди кои се смета дека содржат аденом или хиперплазија. За време на операцијата, се открива дека основната лезија е најверојатно рак.

• слично на тоа, пациентот со хиперпаратиреоидизам се подложува на операција за отстранување на една или повеќе жлезди кои се сметаат дека содржат аденом или хиперплазија. Откако операцијата е завршена,  ресецираниот примерок содржи рак.

• кога симптомите на хиперпаратиреоидизам се појавуваат по операција, треба да се посомнева на нецелосно третиран рак на паратироидната жлезда. Овој рак може да биде локализиран на вратот или може да се шири во далечните органи.

Неколку тестови можат да бидат корисни во оваа ситуација. Сцинтиграфија и ултразвук се корисни во откривањето на рекурентни тумори на вратот. Компјутеризирана томографија (КТ скен) и магнетната резонанца (МРИ) може да откријат рак на далечните органи, како што се белите дробови или црниот дроб. Понекогаш, внимателна биопсија од сомнителниот тумор може да потврди дијагноза на рак.

Клинички стадиуми, третман и прогноза

Ракот на паратироидната жлезда започнува во паратироидните жлезди и се протега на соседните структури. Доцна во текот на болеста, се шири на лимфните јазли и на крајот на белите дробови и црниот дроб.

Најдобар лек за ракот на паратироидната жлезда е хируршко отстранување на канцерската жлезда. Со цел да се обезбеди комплетна ресекција на ракот, дел од тироидната жлезда, во близина на лимфните јазли, како и друго адхерентно ткиво мора да се отстранат заедно со примерокот. Доколку постојат метастази во далечните органи треба да се отстранат, ако е можно.

Хируршко излекување не е можно ако ракот се проширил премногу. Терапијата тогаш станува фокусирана на контролирање на хиперкалцемијата. Општи мерки вклучуваат вклучување на солен раствор интравенски за враќање на изгубените течности и поттикнување на уринарната екскреција на калциум. Диуретици се лекови кои понатаму

стимулираат уринарна екскреција на калциум. Бифосфонатите и plicamycin инхибираат ослободување на калциум од коските. Други агенси, како што се галиум нитрат, покажаа ветување во третманот на хиперкалцемија поврзани со рак на паратироидната жлезда. Сепак, понатамошните студии мора да да се спроведуваат за да се потврди нивната ефикасност и безбедност.

Прогнозата на ракот на паратироидната жлезда зависи од стадиумот на ракот и комплетноста на хируршката ресекција. Ако ракот се открие рано и целосно отстрани, излекувањето е можно, но пријавено е враќање на ракот и после 20 години по операцијата. Излекувањето е невозможно по повторувањето. И покрај тоа, преживувањето може да биде значително продолжено со хируршка интервенција со цел отстранување на што повеќе повторувачки или далечни метастази. Во принцип, ракот на паратироидната жлезда расте и се шири полека, така што преголемата секреција на паратироиден хормон е повеќе клинички евидентна од вистинскиот раст на ракот.

Има неколку случаи кај кои радиотерапијата или хемотерапијата делумно го контролираат растот и симптомите на ракот на паратироидната жлезда. Во поголемиот дел од пациентите, овие интервенции не биле успешни.

Рак на матката
Ракoт на матката може да се подели во две основни форми, рак на грлото на матката и рак на ендометриумот. Ракот на грлото на матката најчесто го зафаќа вратот на грлото на матката или отворот на матката. Ендометријален канцер ја зафаќа внатрешната слузница на матката.

Опис

Ракот на грлото на матката е многу поприсутен од ракот на ендометриумот, некои го проценуваат соодносот на инциденцата дека е 3:1. Статистиката наведува дека ракот на грлото на матката е втора водечка причина за смрт од рак кај жените на возраст од 20-39 години, а петта водечка причина за смрт од рак кај жените на возраст од 40-59 години.

Во Македонија инциденцата односно бројот на новозаболени жени од рак на грлото на матката изнесува 297 случаи на 100 000 население, додека за рак на ендометриумот, т.е. рак на телото на матката тој број изнесува 192 случаи на 100 000 население. Бројот на смртните случаи изнесува 147 жени на 100 000 население за рак на грлото на матката или 37 смртни случаи на 100 000 за рак на ендометриумот.

За разлика од многу други видови на рак, почетниот рак на грлото на матката може да се идентификува 10 или повеќе години пред инвазија на ракот во другите ткива. Овие видливи промени во структурата и активноста на клетките на грлото на матката се гледаат под микроскоп со Папаниколау (ПАП) тест и се познати како лесна дисплазија. Во текот на еден период од пет до 10 години, овие абнормални клетки може да исчезнат без третман или може да ги нападнат подлабоките ткива и напреднат во вистински рак. Канцерските клетки може да се шират на ендометриумот, лимфните жлезди и нервите во карличниот регион.

Како што населението старее, ракот на ендометриум станува се почест. Статистичките податоци укажуваат дека околу 50% од жените со постменопаузално крварење се дијагностицираат со ендометријален карцином. Овој ран симптом на неправилно вагинално крварење често овозможува отстранувањето на матката да резултира со излекување на болеста, бидејќи ракот на ендометриум напредува и се шири полека.

Иако сите жени се изложени на ризик за развој на рак на матката, специфични фактори на ризик за рак на матката вклучуваат сексуална активност на рана возраст, сексуални односи со повеќе партнери. Неплодност, шеќерна болест, прекумерна телесна тежина и естрогенска терапија се фактори за висок ризик за ракот на ендометриумот. Други фактори на ризик за рак на матката се: ендометријална хиперплазија, сексуална неактивност, менопауза по возраст од 59 години и никогаш немање деца.

Причини и симптоми

Важен фактор поврзан со рак на матката е инфекцијата со една од најчестите сексуално преносливи болести – хуманиот папилома вирус (ХПВ). Некои видови на ХПВ можат да предизвикаат генитални брадавици, додека други немаат видливи симптоми. Поединци инфицирани со херпес симплекс вирусот, вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ) или синдром на стекнат имунолошки дефицит (СИДА) се изложени на зголемен ризик за развој на рак на грлото на матката, а поврзаната супресија на имунолошкиот систем им овозможува на ХПВ полесно да ги нападнат.

Други хронични инфекции и ерозии на грлото на матката, исто така, може да го зголемат ризикот од рак на матката.

Додека некои жени кои имаат преканцерозни промени на грлото не чувствуваат никакви симптоми, други приметуваат поболни или подолги менструални циклуси или вагинално крварење после испирање, односи или меѓу циклуси.

Симптоми на веќе напреднати фази на рак на матката може да се непријатен по мирис вагинален исцедок, ректален притисок или запек, губење на апетитот, замор и болки во нозете или грбот.

Дијагноза

Годишен ПАП тест и карличен преглед штом млада жена станува сексуално активна или на возраст меѓу 17-20 години, се најважните дијагностички чекори за рано откривање на рак на матката. ПАП тестот може да ја открие дисплазијата на грлото на матката и докторот тогаш може да изврши колпоскопија и биопсија на грлото на матката за да даде подобар наод за абнормалностите. Ако само една мала област на грлото на матката е засегната, препорака е да се прават што почести ПАП тестови (на секои 3-6 месеци) за мониторинг на промените во клетките на грлото на матката. Дополнителни дијагностички тестови за рак на матката може да вклучуваат лапароскопија, лапаротомија или вагиносонографија.

Агенцијата за храна и лекови (FDA) предлага додавање на скрининг тест за ХПВ во прилог на пап тестови, бидејќи ХПВ е толку висок фактор на ризик за рак на матката. Скрининг тестот може да помогне да се одвојат одделни жени со висок ризик за што почести скрининзи од жените без висок ризик.

Третман

Истражувањата покажаа дека дури 67% од жените со дисплазија на грлото на матката се дефицитарни во различни хранливи состојки, вклучувајќи фолна киселина, бета-каротен, селен и витамини Б6 и Ц. Додека овие студии не потврдуваат дека земањето мултивитамини или минерални додатоци може да ја намалат напреднатата дисплазија на грлото, користењето на овие додатоци превентивно може да има корист.

Жените со рак на матката, исто така, ќе имаат корист од додатоци во исхраната и исхрана во насока на зајакнување на имунолошкиот систем. Суплементи од Ехинацеа и лук не само што имаат позитивни ефекти врз имунитетот, туку, исто така, се спротиставуваат на несаканите ефекти од лекувањето на ракот. Многу елементи во трагови, флавоноиди и други фитохемикалии се обезбедуваат со добро балансирана исхрана, што некогаш не може да се обезбеди со пилули.

За употребата на било какви додатоци или промена на исхраната треба да се разговара со доктор кој го лекува ракот, со цел да се избегнат какви било несакани интеракции со лековите или несакани ефекти.

Раните фази на дисплазија на грлото на амтката може да бараат само чести повторни оцени за следење на прогресијата или регресијата на абнормалните клетки. Регресијата на абнормалните клетки може да се случи како резултат на имунолошкиот одговор или промени во животниот стил, како што се прекинот на пушењето или оралната контрацепција. Во понапреднатите случаи, слузницата на грлото на матката може да се отстрано со каутер, замрзнување или ласерски процедури.

Возраста, целокупната здравствена состојба и присуството на други абнормални наоди ќе влијаат на изборот на најсоодветниот третман за ракот на матката.

Операцијата може да биде опција како третман за инвазивен карцином. Степенот на хируршки процедури ќе зависи од фазата на ракот. Хистеректомија, лимфаденектомија или тотална карлична егзентерација (евисцерација – отстранување на сите карлични органи) може да се препорача. Радиотерапија може да се понуди наместо или како додаток на хируршко отстранување на погодените ткива. Во зависност од фазата на болеста на поединецот и одговорот и толеранцијаѕа на зрачењето, третманот може да се обезбедени од надворешни зраци насочени врз карлицата или со вметнување на радиум цевки во матката и / или вагината. Хемотерапијата исто така може да се препорача, вклучувајќи инфузија на цитостатици директно во циркулаторниот систем.

Очекувани резултати

Резултатите за индивидуа со рак на матката се значително поврзани со стадиумот на болеста кога ракот е пронајден и терапијата. Рани интервенции може да резултираат со речиси 100% стапка на излекување, а оние индивидуи чијшто рак не е откриена се додека абнормалниот ткивен раст не ги зафатил околните органи, можат да имаат помалку позитивни резултати. Оние со напредната болест, може да доживеат болка, вагинално крварење и / или исцедок со непријатен мирис или цревна опструкција.

Превенција

Најдобра превентивна мерка против ракот на матката е годишен карличен преглед и ПАП тест. Всушност, извештај од Колеџот на американските патолози изјави дека 80 проценти од жените кои умираат од рак на матката немале ПАП тест во последните пет години пред нивната дијагноза. Признавање на факторите на ризик за рак на матката, заедно со свеста за раните знаци и симптоми на дисплазија на грлото, може да промовира рано откривање на промените на клетките на грлото на матката.

Емоционално здравје кај заболените од канцер
Здравствените проблеми кои ги вклучуваат емоциите се во постојан пораст ширум светот. Експертите бараат веројатни причини за да го објаснат овој пораст , иако сеуште многу малку е јасно зошто како општество се соочуваме со емоционални проблеми повеќе од кога и да било. Помеѓу нутриционистите, едно нешто е сигурно: на нашата исхрана во голема мера и недостасуваат клучните нутрициенси кои не снабдуваат со суровини кои се потребни за создавање на примарните мозочни хемикалии како што се допаминот и серотонинот , два хормони потребни за емоционално здравје. За многу индивидуи, додавање во исхраната на есенцијалните масни киселини и амино киселини, значи разлика од едноставно постоење, и живеење со страст, радост и среќа.

И да не заборавиме, на нашиот мозок му треба особено многу чиста и свежа вода.

Основни суплементи за подобрување на емоционалното здравје

• Омега-3 есенцијални масни киселини – лененото масло е добар извор на оваа есенцијална масна киселина, како и рибиното масло, кое обезбедува доволни количини на ДХА и ЕПА кои се две од основните Омега-3 есенцијални масни киселини за мозочно здравје, иако вашиот црн дроб треба да го конвертира маслото од лен во овие масни киселини.

• Калциум и Магнезиум – Калциумот е апсолутно неопходен за здрав нервен систем и прави чуда за намалување на емоционалните грижи, додека магнезиумот се бори против стресот.

• Витамин Б и Ц – потребни се за нормално функционирање на мозокот и нервниот систем. Очекувано, многу луѓе кои се чувствуваат под стрес се дефициентни од Б-комплекс и витамин Ц.

Стрес и спиење

• Осум или повеќе саати спиење на вечер се есенцијални за здравје и добросостојба. Телото се репарира за тоа време и создава многу важни хемикалии кои се составен дел од имуниот систем .

• Можете да ослабете и да бидете поздрави доколку спиете минимум 8 часови на вечер , отколку често да седите касно навечер и да вежбате. Всушност истражувачите од Stanford University School of Medicine неодамна открија дека регуларното слабеење при спиењето е поврзано со зголемените нивоа на грелин, хормон кој го поттикнува апетитот, и намаленото ниво на лептин, хормон кој го информира вашето тело за ситост.

• Спиејќи 8 или повеќе часови ви помага подобро да учите за време на работните часови. Далеку од тоа да се биде мрзлив, некои делови од мозокот се всушност повеќе активни за време на сонот отколку кога не спиете. Мозокот за време на спиењето ги процесира и организира информациите кои ги акумулирате во текот на денот, складирајќи ги во долговремени информации за да неможат да бидат изгубени. Доколку спиете доволно, ке откриете дека полесно може да учите повторувачки вештини.

Суплементи кои можат да го подобрат спиењето и одморот

• спиењето зависи од опуштеноста на мускулите, затоа бидете сигурни дека ги земате потребните нутрициенси кои се потребни за релаксација на вашите мускули како што се Б-комплекс, витамин Ц, магнезиум, есенцијални масни киселини, валериана, хмељ и камилица

• студиите покажуваат дека Кореанскиот и Американскиот Женшен помагаат во намалувањето на стрес хормоните, веднаш по стресните ситуации и за време на пролонгиран стрес. Женшенот, за разлика од другите билки, е поефективен кога се зема во период од неколку месеци до една година, отколку во пократки периоди.

Несоница и суплементи кои се борат против истата

Недостатокот на некои витамини, минерали, амино киселини и ензими можат да го попречат спиењето, како и недостатокот на калциум, магнезиум, фолна киселина и Б витамините.

1.Калциумот, особено во состав на храната, има смирувачки ефект врз организмот. Недостатокот на калциум во организмот доведува до немир и слабост. За возрасни, дозите од околу 600 мг течен калциум се покажале дека имаат релаксирачки ефект. Дозите се движат од 1500-2000 мг на ден, во поделени дози, после јадење и пред спиење.

2.Магнезиумот, во дози од околу 250 мг, може да помогне во заспивањето. Недостатокот на магнезиум е одговорно за нервоза која го спречува спиењето. Храна богата со магнезиум е келп, бадеми, индиски ореви и пивски квасец. Дозите се движат околу 1000 мг. дневно. Недостатокот на калциум и магнезиум може да предизвика грчеви на нозете за време на ноќта. Калциумот и магнезиумот имаат смирувачки ефекти врз мозокот. Тие се есенцијални за нормално спиење. Калциум и магнезиум земени 45 минути пред спиење имаат смирувачки ефект. Користете ги во однос 2:1, како на пример 500 мг. на калциум и 250 мг. на магнезиум.

3.Б витамините е познато дека имаат смирувачки ефект врз нервите.

Витамин Б6 суплементите од 50 до 100 мг. на ден можат да помогнат во превенцијата на несоницата. Пивскиот квасец е одличен извор на витамин Б6. Витамин Б12 е уште еден потребен суплемент за третирањето на несоницата. 25 мг на витамин Б12 , со додаток на 100 мг. на пантотенска киселина (витамин Б5) во голема мера помага при несоница. Најдобри извори на Б витамини се црниот дроб, житариците, никулците, туна, лешници, кикирики, банана и сончоглед. Инозитолот го подобрува РЕМ спиењето. Земете 100 мг на ден , пред спиење.

4.Хромот е честопати користен кај луѓето кои имаат висок крвен шеќер (дијабетичари) кој ги одржува будни навечер. Пивскиот квасец е добар извор на Хром. Доколку преферирате суплементи, дневната доза е 250 до 500 микрограми. Смирувачките билки, како што се хмељ (Humulus lupulus), валериана (Valeriana officinalis) и камилица (Matricaria chamomilla), се користат за релаксација на нервниот систем, што помага за природно, обновувачко спиење.

5.Валериана (Valeriana officinalis)

Валерианата има релаксирачки и заспивачки ефект, ги намалува спазмите, ја подобрува дигестијата и го намалува крвниот притисок. Корисна е за чести несоници и несоница пропратена со болки, грчеви, менструални болки, напнатост, анксиозност и пренадразнетост. Валерианата овозможува мирен сон без утринска поспаност или други несакани ефекти или опасност од зависност. Студиите покажаа дека валерианата има огромна корист за луѓето кои малку или неправилно спијат (особено жените), како и за луѓето кои имаат тешкотии во заспивањето. Валерианата покажува ефект споредлив со тој на бензодиазепините, како и способност да ги зголеми фазите на длабоко спиење 3 и 4. Валерианата, како и да е, не предизвикува дневна поспаност, а исто така нема никакви ефекти врз физичките перформанси, во смисла на намалување на истите. Валерианата, како и секое средство за помагање на спиењето, делува како депресант на централниот нервен систем, и не треба да се употребува секоја вечер. Најдобро е ако се зема околу 45 минути пред спиење.

6.Хмељ (Humulus lupulus)

Хмељот е релаксирачка, смирувачка билка која предизвикува спиење, а има и антисептички својства. Добар е за генерална несоница, особено асоцирана со напнатост и анксиозност, или немир, проблеми со дигестијата или главоболки. Хмељот не треба да се зема доколку имате депресија, како и првите три месеци од бременоста.

7.Камилица (Chamaemelum nobile)

Камилицата е смирувачка билка, ја подобрува дигестијата, ги отстранува грчевите и болките, а исто така делува како антисептик и помага во заздравувањето на раните. Исто така добра е за анксиозност и воспаление.

Генетско тестирање за рак на дојка и рак на дебело црево
Почнувајќи од 2001 година, откриено е дека гените се поврзани со или пак се одговорни за неколку видови на рак, вклучувајќи хронична миелоцитна леукемија, Буркит-ов лимфом, ретинобластом, Вилмс-ов тумор, како и рак на дојка и на дебелото црево. Остатокот од овој текст ќе се фокусира само на генетско тестирање за двата најчести видови на рак – ракот на дојката и на дебелото црево.

Генетско тестирање за рак на дојка

Кај сите жени постои ризик дека ќе се развие рак на дојка или рак на јајниците во тек на нивниот живот. Додека ракот на дојка е доста чест облик на рак кај жените, ракот на јајниците не е. Поголемиот дел од жените се дијагностицирани со рак на дојка или рак на јајниците после 50-годишна возраст и поголемиот дел од случаите не се наследни. Но, од оние 5-10% од случаите на рак на дојка или рак на јајниците кои сепак се јавуваат во иста фамилија, повеќето се должат на мутацијата на два гена – генот BReast CAncer 1 (BRCA1) и генот BReast CAncer 2 (BRCA2). Првиот од овие два наведени гена (BRCA1) се наоѓа на хромозомот 17 и бил откриен во 1994 година. Генот BRCA2 се наоѓа на хромозомот 13 и бил откриен во 1995 година.

BRCA1 и BRCA2 гени

Гените BRCA1 и BRCA2 се тумор супресорните гени и се наследуваат на доминантен начин. Ова значи дека децата на родител со мутација на еден од овие два гени поврзани со ракот на дојка имаат 50% шанса да ја наследат оваа мутација. Овие мутации може да се пренесат или од мајката или од таткото и нив може да ги наследат и машките и девојчињата. Мутациите може да се откријат со генетско тестирање на  примерок од крвта на пациентот. Мутациите на овие гени се најчести кај луѓето кои се Ашкенази Евреи (Ashkenazi  Jewish) (од источна или централна Европа). Иако овој вид мутации е најчест кај оваа специфична популација, сепак мутација може да се идентификува и кај личности од било кое друго етничко потекло.

Ризици од рак

Жените кои ќе наследат мутација на гените BRCA1 или BRCA2 имаат зголемен ризик за развој на рак на дојката и / или рак на јајниците во тек на нивниот живот. Овој ризик во текот на животот кај овие жени изнесува околу 85%, за разлика од вообичаените 13% кај општата популација.  Ризикот за развој на рак на јајниците може да биде околу 60%, за разлика од ризикот од само 1,5% кај општата популација. Мажите кои имаат наследено мутација на (барем) еден од овие два гена се исто така подложени на зголемен ризик за развивање на одредени типови на рак, вклучувајќи рак на простата, рак на дебелото црево и машки облик на рак на дојка. Мажите и жените кои имаат наследено промена кај BRCA2 генот исто така имаат зголемен ризик за развивање и повеќе други ретки типови на рак, како рак на панкреасот или стомакот. Сепак, овој ризик е значително помал отколку оној кој се однесува на рак на дојка, јајници или простата.

Скрининг и опции за превенција

Се препорачува лицата кои се изложени на зголемен ризик за развој на рак на дојка да се подложат на зголемен надзор. Ова значи дека тие можат да изберат да го посетуваат својот доктор за медицински скрининг тестови од порана возраст и малку почесто отколку кога би немале изменет ген. На пример, се препорачува жените кои имаат променет BRCA1 или BRCA2 ген да се подложат на мамограм т.е. мамографски тест на порана возраст отколку што е препорачано за општата популација. Исто така се препорачува овие жени да ги посетуваат нивните лекари почесто со цел да направат испитувања на дојките, како и самите редовно да вршат испитувања.

Бидејќи жените кои имаат мутација на гените BRCA1 или BRCA2 се исто така изложени на зголемен ризик за развој на рак на јајниците, препорачливо е исто така да се подложат на зголемен надзор и за овој вид за рак. Овој скрининг процес вклучува подложување на тест, таканаречен CA-125, кој ги испитува нивоата на протеини во крвта на жената. Жените исто така може да се подложат на ултразвук на карлицата со цел да се провери големината и обликот на јајниците за да се утврди дали можеби се развива рак во таа област. Важно е да се спомене дека ракот на јајниците е доста тежок за откривање и може да се случи овие скрининг методи да не го детектираат т.е. дијагностицираат ракот во рана фаза, фаза во која е потребно да се открие ракот со цел да може да се примени успешно лекување т.е. третман.

Мажите со променети гени BRCA1 или BRCA2  исто така може да изберат да бидат подложени на скрининг тестови порано и почесто, за оние видови на рак за кои постои поголем ризик да се развијат. Скринингот на простатата се состои од тест наречен PSA (Prostate Specific Antigen – антиген специфичен за простатата) кој ги проверува нивоата на протеини во крвта на мажот. Исто така мажите може да се подложат и на преглед кај лекар. Не постои некоја стандардна скрининг препорака за мажите кои имаат зголемен ризик за развој на рак на градте. Вообичаено се препорачува тие самостојно да прават преглед на градите и да разговараат со лекар во случај да наидат на било какви промени во ткивото на градите.

Некои жени кај кои постои зголемен ризик за развој на рак на дојка или рак на јајниците може да се одлучат на профилактичка т.е. превентивна хирургија. Ова значи дека тие можат да изберат да им се отстранат здравите дојки или пак јајници пред воопшто да се развие рак. Сепак, дури и најдобриот хирург не може да го отстрани во целост ткивото на дојките или јајниците. Затоа, дури и ако некоја жена ги има отстрането дојките или јајниците превентивно, таа се уште може да развие рак во остатокот од ткивото, но се верува дека овој ризик е многу мал.

Конечно, некои здрави жени кои се изложени на зголемен ризик за рак на дојката или рак на јајниците може да одлучат да земаат одредени лекови кои се покажале дека влијаат на намалување на ризикот за појава на рак. Бидејќи некои од овие лекови се испитувани само врз општата популација, потребни се понатамошно истражување за да се утврди нивниот ефект врз жените кои имаат наследен зголемен ризик за развој на рак.

Генетско тестирање за рак на дебело црево

Мажите и жените од општата популација имаат ризик од околу 6% за развој на рак на дебелото црево во текот на нивниот живот, а просечна индивидуа се дијагностицира со овој  тип на рак на свои 60 до 70 години. Слично како и кај ракот на дојка и ракот на јајниците, повеќето случаи на рак на дебелото црево не се пренесуваат во фамилијата. Сепак, некои случаи на рак на дебелото црево се наследни и може да се резултат на мутација на ген кој ја дефинира подложноста на рак на дебелото црево. Три од најчестите синдроми на рак на дебелото црево се:

Фамилијарна аденоматозна полипоза (FAP)

FAP е синдром во кој поединци развиваат бројни полипи (израстоци) во дебелото црево или ректумот. Нарушувањето се нарекува фамилијарна полипоза или Гарднер-ов синдром. Машките или женските со FAP често имаат стотици пре-канцерогени полипи на млади години, како на пример уште додека се тинејџери или веќе млади возрасни. FAP се должи на мутација во генот наречен APC. Мутациите на овој ген се доминантно наследни. Кај околу 80% од семејствата  врз кои било извршено генетско тестирање врз примерок од крв можела да се најде промената на APC генот што всушност и го предизвикува ова нарушување. Се верува дека 2/3 од лицата со FAP го наследиле мутираниот ген од своите родители. За останатата 1/3 од лицата со FAP се верува дека станува збор за нови (спорадични) мутации, што значи дека промена во APC генот не е наследена од родителите. Поединците со спорадични мутации може да го пренесат мутираниот ген на нивните деца.

Ризици од рак

Поради фактот што лицата со FAP развиваат толку многу полипи во дебелото црево, постои многу висок ризик дека овие полипи, доколку не се отстранат, ќе се развијат во рак на дебелото црево. Поединци со FAP исто така може да развијат преканцерогени полипи и во други органи, како на пример желудникот или тенкото црево. Младите луѓе со FAP исто така може да се изложени на зголемен ризик за развој на тумор во црниот дроб, познат како хепатобластом. Тие исто така се изложени и на зголемен ризик за развој на тумори во другите делови на телото, како што се тироидната жлезда или панкреасот. Машките или женските со FAP исто така може да имаат и други манифестации на болеста. На пример, тие може да имаат цисти или испакнатини на кожата или пак на коските на нозете или рацете или точки налик на пеги во нивните очи.

APC I1307K мутација

Во 1997 година научниците идентификувале друга мутација на генот APC, позната како I1307K. Оваа мутација може да се најде само кај поединци кои се потомци на Ашкеназиските Евреи. Се проценува дека околу 6% од лицата кои се Евреи ја имаат оваа мутација. Мутацијата I1307K сама по себе не предизвикува зголемен ризик за рак на дебелото црево, туку предизвикува APC генот да има поголема веројатност да подлежи на други генетски промени. Овие други генетски промени го зголемуваат ризикот на лицето за развој на рак на дебелото црево. Може да се изврши генетско тестирање на примерок од крв за да се утврди дали поединец ја носи I1307K мутацијата. Кај лице со ваква мутација постои 50% шанса да ја пренесе мутацијата на неговите деца.

Ризици од рак

Лицата кои ја носат мутација I1307K имаат 18% – 30% ризик за развој на рак на дебелото црево во тек на нивниот живот. Во тек се истражувања со цел да се определи дали лицата со оваа мутација исто така може да бидат изложени на ризик за развој на други видови на рак, како што е ракот на дојката.

Наследен неполипозен колоректален карцином (HNPCC)

HNPCC, исто така познат како Линч-ов синдром е состојба во која поединци имаат зголемен ризик за развој на рак на дебелото црево, дури и ако има многу малку или воопшто не постојат полипи во дебелото црево. Се верува дека мутациите во еден од петте гени кои ја одредуваат подложноста на рак се поврзани со најголемиот дел од случаите на HNPCC. Овие гени се познати како hMSH2, hPMS1, MSH6 (сите на хромозомот 2), hMLH1 (хромозом 1) и hPMS2 (хромозом 7). Можно е да се пронајдат т.е. да постојат и други гени кои исто така се поврзани со HNPCC. Мутациите на овие гени се доминантно наследни и може да бидат откриени преку генетско тестирање на примерок крв од пациентот.

Ризици од рак

Поединци со променети HNPCC гени имаат многу поголем ризик за развој на рак на дебелото црево и тоа често на помлада возраст (помалку од 50 години) за разлика од општата популација. Оние со HNPCC мутација се изложени и на зголемен ризик за развој на други видови на рак, вклучувајќи рак на желудникот, уринарниот тракт, жолчните канали, матката и рак на јајниците. Заради тоа се препорачува зголемен скрининг и за овие типови на рак.

Скрининг и опции за превенција

Се препорачува сите лица кои се изложени на зголемен ризик за развој на рак на дебелото црево да подлежат на скрининг тестови за овој тип на рак. Скринингот за рак на дебелото црево се состои од два главни вида на тестови. Првиот тест е наречен сигмоидоскопија. Се изведува со внесување на флексибилна цевка наречена сигмоидоскоп во анусот со цел да се погледне ректумот и долниот дел од дебелото црево. Со оваа процедура лекарот може да види дали има присуство на полипи, но притоа овие израстоци не може да се отстранат. Вториот тест е познат како колоноскопија. Иако е многу сличен на сигмоидоскопијата, разликата е во тоа што му овозможува на лекарот да го види целото дебело црево. Исто така, со употреба на колоноскопот полипите може да биде лесно отстранети истовремено додека трае тестот. Сепак, поради тоа што колоноскопијата е поинвазивен тест, пациентите треба да бидат под седативи. За пациенти кои се со зголемен ризик за развој на рак на дебелото црево се препорачува да подлежат на овој скрининг тест на помлада возраст и почесто за разлика од луѓето од општата популација. На пример, од причина што рак може да се појави кај лица со FAP на рана возраст, се препорачува да се почне со сигмоидоскопија на 11 годишна возраст.

Конечно, мажите и жените со мутација на генот кој ја дефинира подложноста на рак на дебелото црево може да земаат одредени лекови кои се одобрени за употреба кај лица со зголемен ризик за развој на рак на дебелото црево. Единствениот начин да се спречи развој на рак на дебелото црево е да се отстрани дебелото црево во целост. Доколку кај некое лице со FAP, HNPCC или мутацијата I1307K се развие рак на дебелото црево, тоа може да избере да се отстрани дебелото црево. Покрај тоа, доколку поединецот е многу загрижен за развој на рак на дебелото црево тој може да избере да се отстрани дебелото црево пред воопшто да се појави т.е. развие рак. Постојат неколку различни постапки за отстранување на дебелото црево кои овозможуваат лицето да функционира нормално и без него.

Жените со HNPCC мутација исто така може да ја разгледаат опцијата за профилактичко  (превентивно) отстранување на јајниците и на матката.