Жените што преживуваат рак на дојка се соочуваат со следниве предизвици:

ЕМОТИВНИ ПРОБЛЕМИ: анксиозност, страв, депресија.

КОГНИТИВНИ ПРОБЛЕМИ, поврзани со функцијата на мозокот – намалена концентрација, меморија, проблеми со задржување на вниманието, како и ментален замор.

Дали жената ќе може постепено да се врати на работното место или ќе мора да се врати и работи со полно работно време има особено влијание врз нејзината вкупна состојба.

ТИПОТ НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ исто така, дали станува збор за работни задачи кои се приспособени на работничката која се соочува со оваа болест.

Како последица може да се видат случаи на понижувања на работното место, намалени шанси за унапредување, преместувања од едно на друго работно место без согласност на работничката, како и непријателско однесување кон жената. Ваквите видови на дискриминација тешко можат да се докажат.