Психолошката поддршка ќе допринесе пациентот подобро да ја разбере ситуацијата во која се наоѓа, и да разреши одредени дилеми во однос на изгледот на своето тело. Според многу светски истражувања и она што го констатирвме според наше искуство, пациентит со канцер се соочуваат со голем психолошки стрес поврзан со променетиот изглед на телото и со намалената самодоверба. Пациентите кои се соочуваат со овој вид на стрес имаат поголема веројатност да доживеат  психолошки, физички и функционални проблеми, затоа давателите на здравствени услуги мора да бидат информирани и свесни за промените и предизвиците со кои се соочуваат жените со рак на дојка.