Почитувани,

Здружението за борба против рак „БОРКА – За секој нов ден“ од Скопје по петти пат го одбележува 15 Септември – Светскиот ден за борба против  ЛИМФОМОТ-малигна болест на лимфниот систем.

 Во светот има околу 1.000.000 луѓе кои боледуваат од лимфом. Секоја година се дијагностицираат околу 360.000 нови пациенти со лимфом. Лимфомот е најчесто малигно заболување на крвта и трето најчесто малигно заболување кај децата.

За таа цел организираме прес конференција проследена со едукативно предавање кое ќе се случува на ден 14.09.2010 година (среда) во 10.30 часот во просториите на Клубот на новинари(до Соборен храм).

  На конференцијата свое обраќање ќе имаат г-ѓа Биба Додева, Претседател на Здружението Борка, и д-р Зоран Стојановски, раководител на секторот за примарна здравствена заштита при Министерството за здравство на РМ .

Едукативното предавање за лимфомот ќе го изведе Асс. д-р Сања Трајкова, специјалист-интернист и магистер по медицински науки од област на хематологија, ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија од Скопје