Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“, како полноправен член на Европската Асоцијација за рак на грлото на матката (ECCA), во соработка со Здружението за Хуман Папилома Вирус (ХПВ)  на Македонија, ќе реализираат едукативна кампања како дел од Европската Недела за превенција од рак на грлото на матката, 23 – 29 Јануари, 2011 год.

Едукативната кампања ја следи глобалната кампања „Бисер на Мудроста 2011“ во чии рамки Здруженијата ги повикуваат девојките и жените да сторат се за превенција од рак на грлото на матката, преку редовни гинеколошки прегледи, ПАП тестови, одговорно сексуално однесување со сите мерки за заштита од полово преносливи болести и преку редовната програма за вакцинација против ХПВ вирусите.

Главниот настан на Европската Недела за превенција од рак на грлото на матката, ќе биде Втората Конференција под името „Дали знаете дека ракот на грлото на матката може да се спречи?“

Конференцијата ќе се одржи на 27 jануари 2011 год (четврток), со почеток во 12:00 часот, во Мулти-бизнис центарот на Скопскиот саем.

Ве покануваме на оваа Конференција, со што сметаме дека ќе добиете можност за дополнителна едукација за начините на превенција од рак на грло на матка.

По завршувањето на Конференцијата следува коктел.

Се надеваме дека ќе покажете интерес за  присуство  на оваа Конференција.

Со Почит,

Биба Додева
Претседател на Здружението за борба протв рак
„Борка – за секој нов ден“