Со заеднички сили меѓународните институции, владите и граѓанските организации прават активности со една цел, да влијаеме на промената на статистиката против глобалната епидемија на рак. Денешниот светски ден за борба против ракот го одбележуваме и ние во „Борка“ со цел да ја подигнеме свеста на граѓаните за ракот, да поттикнеме превенција, можност за рано откривање и за современ, адекватен и навремен третман, но и да ги мотивираме владините субјекти, институциите и индивидуалците да преземат акции во борба против ракот.

Ова се активностите кои што „Борка“ ги направи во 2019 година.

  • Доделени 105 перики на жени кои се под хемотерапија со полош социјален статус
  • Организирање на над 20 настани за подигнување на свеста за различни видови на рак
  • Едукација, тренинг и обука за самопреглед на дојка во 12 средни училишта во нашата држава
  • 104 пати посетени пациенетите со малигни заболувања на клиниките на торакална хирургија, клиниката за онкологија и хематологија
  • Над 120 илјади посетители на нашата веб страна
  • Над 300 илјади на фејсбук страната на „Борка“
  • Бевме домаќини на првиот балкански состанок на организации од балканските земји
  • Одржана 11 традиционална кампања Напред розово – чекори против ракот на дојка
  • Одржана 12 Национална конференција за борба против ракот на дојка
  • Едукации на 12 членови – претставници од „Борка“ на меѓународни конференции, семинари и конгреси
  • Над 40 пати беа организирани групи за психосцоијална помош и поддршка за заболените од рак
  • Над четири илјади јавувања на СОС телефонските линии
  • Над 150 посети во канцелариите во дневниот центар на „Борка“
  • „Борка“ е номинирана за „Country Champion“ во 2019 во светски рамки и учество на светскиoт конгрес организиран од страна на интернационалната Унија за контрола на ракот, во Казакстан.
  • Над 30 едукативни предавања за различни видови на рак, начинот на детекција, начините на лекување и ресоцијализација на жените кои се заболени од рак
  • Неколку состаноци одржани со министерот за здравство и министерот за труд и социјала со цел решавање на проблемите со кои се соочуваат канцер пациентите

Ова се дел од активностите кое нашето Здружение ги имаше во текот на изминатата година, а во продолжение еве дел од атмосферата која владееше во нашиот дневен центар по повод одбележувањето на светскиот ден на ракот на кој присутни беа и министерот за здравство Доц. Д-р. Венко Филипче, директорот на Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија, Спец. Д-р. Нино Васев, директорката на Универзитетската Клиника за хематологија Ирина Панева Ставридис како и голем број на наши членови и поддржувачи.

Воедно сакаме да упатиме благодарност и до медиумите кои дојдоа во голем број за да го одбележат светскиот ден на ракот заедно со нас.