Како што веќе најавивме едукациите за самопреглед на дојка низ целата наша држава продолжуваат, а овој пат бевме на гости во Средното училиште на Град Скопје, Никола Карев. Нашиот тим кој беше составен на чело со претседателката Биба Додева, оддржа предавање на околу педесетина ученички која оваа година ќе матурираат. Нашата цел беше исполнета откако успеавме младите лица да ги доближиме до реалните проблеми што можат да се јават во иднина.

Изразуваме огромна благодарност до одговорните лица во гимназијата Никола Карев кои со раширени раце и позитивна енергија не пречекаа и ни ги обезбедија сите услови за да ја одржиме оваа едукација. Во иднина би сакале да Ве известиме дека Здружението Борка за секој нов ден планира и едукација на колективот во гимназијата се со цел подигнување на свеста кај луѓето за овој тип на карцином.

Борка овој период ќе продожи со своите едукации низ средните училишта за превенција од ракот на дојка низ целата држава, како и со своите работилници и психолошки терапии. Нашите волонтери и понатаму работат во нашиот центар во интерес на пациентите каде постојано се дава поддршка, како преку СОС линијата која е достапна 24 часа, така и преку давање на бесплатни перики на пациентите заболени од рак. Во прилог ви претставуваме дел од атмосферата на предавањето во кои учествуваа Биба Додева, Зорица Аџиевска и Иван Николовски.