Откако нашата волонтерка од Струмица Кети Филчева ги посети средните училишта Јане Сандански и Димитар Влахов, вчера едукација за самопреглед на дојка направи и на матурантите од средното училиште Никола Карев. Борка овој период ќе продожи со своите едукации низ средните училишта за превенција од ракот на дојка низ целата држава, како и со своите работилници и психолошки терапии. Нашите волонтери и понатаму работат во нашиот центар во интерес на пациентите каде постојано се дава поддршка, како преку СОС линијата која е достапна 24 часа, така и преку давање на бесплатни перики на пациентите заболени од рак. Во прилог ви претставуваме дел од атмосферата на предавањето на нашата Кети.