„Бројот на новооткриени случаи со карцином на дебелото црево се зголемува. Ако до пред 10 години годишно биле откриени околу 350 до 400 пациенти, сега тој број изнесува меѓу 500 и 600 новозаболени. Кај две третини од нив болеста е откриена во трет или четврти стадиум“

Ова денеска го изјави деканот на Медицинскиот факултет и абдоминален хирург Никола Јанкуловски пред почетокот на едукативната трибина за одбележување на светскиот месец за ракот на дебелото црево и гастроинтестиналните видови на рак.

Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“, како член на Европската асоцијација за борба против ракот на дебело црево (колоректален карцином) ЕУРОПА КОЛОН, ја организираше Едукативната трибина за одбележување на светскиот месец за борба против овој вид на малигном и по осми пат активно учествуваше во информирање и едукација на граѓаните на Република Македонија.

[Not a valid template]

На трибината свои обраќања имаа и:
– Г-ѓа Биба Додева, Претседател на Здружението за борба против рак „Борка-за секој нов ден“
– Др. Јованка Костовска, Министерство за здравство на РМ
– Проф. др. Радо Јанша, Универзитетски клинички центар Љубљана, Словенија
– Др. Марина Ходолиќ, Асс. проф. по нуклеарна медицина, супервизор за клинички истражувања, Медицински факултет Оломоу, Р. Чешка
– Др. Билјана Гроздановска, спец. радиотерапевт-онколог, УКРО, Скопје

„Прогласувањето на ГОДИНАТА НА РАКОТ ВО МАКЕДОНИЈА од страна на Алијансата на пациентски организации (АПО) на Македонија со цел поставување на малигните заболувања како приоритет на здравствениот систем и владата на Република Македонија продолжува и сметаме дека треба да се превземат конкретни мерки и акции се со цел проблемите со кои се соочуваат овие пациенти, осигуреници на здравствениот систем, да се надминат и да се воведе долгорочна, одржлива стратегија и план“ – изјави претседателката на БОРКА а воедно и претседателката на АПО, госпоѓа Биба Додева.

Здружението БОРКА за секој нов ден, како член на Европската асоцијација за борба против ракот на дебело црево (колоректален карцином) ЕУРОПА КОЛОН, ја организираше Едукативната трибина за одбележување на светскиот месец за борба против овој вид на малигном и по осми пат активно учествуваше во информирање и едукација на граѓаните на Република Македонија.