Европска недела за превенција од рак на грлото на матката, 20-26 Јануари 2013

Здружението за борба против рак – „Борка-за секој нов ден“, како полноправен член на Европската Асоцијација за борба против рак на грлото на матката(ECCA) во соработка со Здружението за ХПВ на Македонија и оваа година по четврти пат ја одбележуваат Европската Недела за борба против рак на грлото на матката(20-26 Јануари 2013 година) во рамките на глобалната кампања за превенција од рак на грлото на матката „Бисер на Мудроста“. Со оваа кампања се повикуваат девојките и жените да сторат се за превенција од рак на грлото на матката, преку редовни гинеколошки прегледи, ПАП тестови, одговорно сексуално однесување со сите мерки за заштита од полово преносливи болести и преку редовната програма за вакцинација против ХПВ вирусите.

Со цел одбележување на Европската Недела за борба против ракот на грлото на матката 2013, Ве покануваме на едукативна трибина и прес конференција на 23.01.2013 год. во 14 часот, Ресторан Воденица- Мулино (Конференциска сала) на која ќе бидат најавени активностите кои ќе се организираат во рамките на оваа кампања и во наредниот период.

Говорници на едукативната трибина и прес конференција :
–    Г-ѓа Биба Додева , претседател на Здружение за борба против рак „Борка-за секој нов ден “
–    Г-дин Јовица Андовски, заменик министер, Министерство за здравство на РМ
–    Г-ѓа Лилјана Поповска, Претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието на РМ
–    Асс.Др.Мр.Горан Димитров, Претседател на здружението за ХПВ на Македонија
–    Др. Славица Велјаноска, специјалист радиотерапевт, Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, Скопје

Низ Европа годишно над 60.000 жени развиваат рак на грлото на матката, а 30.000 од нив умираат како последица на оваа болест. Во светски рамки пак над половина милион нови случаи се регистрираат годишно, од кои 300.000 случаи се со фатален исход.Во Македонија од рак на грлото на матката секоја година заболуваат над 200 жени, а приближно половина од нив умираат од овој тип на малигном.
Ракот на грлото на матката може да се спречи!

Со почит,
Биба Додева,
Претседател на Здружението за борба против „ Борка-за секој нов ден“
info@borka.org.mк

Асс. Др. Мр. Горан Димитров
Претседател на Здружението за ХПВ на Македонија