За жените кои се во социјален ризик што ја изгубиле косата како последица од хемотерапија при лекувањето од рак, Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“ февруари го прогласува за месец во кој се донира за перики наменети токму за овие жени.
Досега Здружението донираше повеќе од 800 перики, благодарејќи на разни донатори и хумани луѓе.
За жените кои ја изгубиле косата,  по третманот од хемотерапијата, периката е многу важен психолошки момент, велат лекарите.
– Периката ги враќа жените повторно во живот, и покрај исрпувачката терапија, тие се убави со нова фризура на главата. Во „Борка“ доаѓаат многу жени, секогаш расплакани кога бараат перика, емиционално скршени, но кога ќе одбереме соодветна перика за нив, насмеани си заминуваат. Барем за малку не размислуваат што ќе рече околината, некогаш периката им служи и како маска доседа трае третманот и лекувањето. Секоја жена има своја приказна зошто сака да носи перија, но најважно е дека таа им помага полесно да го надминат периодот додека не им порасне нивната коса. Периката може да ја задржат се додека не им порасне нивната коса, вели психолог волонтер Афродита Давчевска, во канцаларијата за помош н на „Борка“.
Давчевска додава дека сите заинтересирани кои сакаат да донираат перика за жените кои немаат пари да си купат своја, за повеќе информации може да се јават на СОС- телефонот за помош и поддршка на лица заболени од рак 075 22 88 99 .

Марија Тасев

 


Медицински и естетски перики
Денес периките се носат од естетски и медицински причини.

Зошто естетски причини?

Косата претставува украс на човековата глава. Не на сите луѓе природата им подарила квалитетна и убава коса. Некои луѓе ги краси густа, бујна и квалитетна коса која лесно се обликува, а многумина мака мачат за да постигнат пристоен изглед. Носењето на перика во овој случај овозможува постојано да изгледате средено, модерно, како штотуку да сте го напуштиле фризерскиот салон, а со тоа и да имате поголема самодоверба.

Зошто од медицински причини?

Многу чест проблем представува опаѓањето на косата заради разни здравствени проблеми ( кожна болест, алопеција и др.). Посебен проблем е и временото опаѓање на косата предизвикано од примање на хемотерапија. Во овие случаи носењето на периката е компензација за изгубената коса и значајно влијае на психичката сосотојба на луѓето со наведените проблеми.
Видови перики
Индустријата за производство на перики го има развиено до совршенство процесот на производство. Денес за среќа, на пазарот постои голем избор на перики и модели. Периките можат да бидат изработени рачно или машински, од природно или вештачко влакно. Предноста на периките изработени од вештачко влакно е во тоа што се изработени од тестирани материјали и можноста од предизвикување на алергиски и други кожни реакции речиси и не постои. Поради специфично изработената внатрешност овозможуваат идеална вентилација на кожата на главата