Хепатоцелуларен карцином – HCC : смртоносен тумор во пораст

• Ракот на црниот дроб е шести најчест вид на рак во светот и е трета водечка причина за смртност поврзана со ракот

• Повеќето случаи на HCC се јавуваат како резултат на хронично воспаление на црниот дроб или повреда • Инциденцата на HCC се зголемува поради долгорочните последици од хроничен хепатит Ц и хепатит Б вирусна инфекција

• Повеќето пациенти со новооткриен HCC не се кандидати за куративен третман, поради инвазивна или метастатска болест и / или слаба функција на црниот дроб Повреда на црниот дроб и HCC Се верува дека повеќето случаи на HCC се појавуваат како резултат на хронична повреда на црниот дроб.

• Хронична повреда го зголемува хепатоцитниот промет во средина на воспаление и оксидативно оштетување на ДНК

• Митогени и мутагени услови промовираат случајни мутации кои може да доведат до клеточна трансформација и развој на HCC Цирозата на црниот дроб е клучно прашање • Единствен најголем фактор на ризик за развој на HCC е цироза на црниот дроб, која е присутна во 80 % до 90 % од пациентите кои развиле HCC

• Ризик факторите кои водат до развој на HCC се разликуваат според географски регион

–  До 70 % од пациентите во Европа или Северна Америка се со присутна цироза од хепатитис Ц

– 70 % од пациентите во Азија или Африка (со исклучок на Јапонија) презентираат цироза на црниот дроб од хепатит Б инфекција

– 70 % од пациентите во Јапонија се со цироза од хепатитис Ц

– 10 % од пациентите се со цироза на црниот дроб од употреба на алкохол во отсуство на хепатитис Ц или хепатит Б инфекција на глобално ниво

– < 10 % од пациентите се со цироза на црниот дроб од други причини (кои вклучуваат хемохроматоза и афлатоксин Б1 од загадена храна) на глобално ниво