Почитувани медиуми,

По повод 10 годишнината од своето формирање, здружението БОРКА заедно со креативната агенција Пи Ворлд ја започна кампањата за подигнување на свесноста за ракот со цел да им укажат на граѓаните за сериозноста на овој проблем, да ги поттикнат властите и здравствените институции да превземат активности во насока на решавање на овие живото-загрозувачки проблеми.

Во прилог ви испраќаме линк од првото од трите видеа, кои што би можеле да ги поставите на вашите веб портали.

Исто така во прилог се и неколку фотографии од жените кои ја преживеале оваа борба и кои за прв пат говорат јавно за својата болест.

Ќе бидеме благодарни доколку не подджите во оваа кампања, заедно да ги поттикнеме нашите граѓани да прават превентивни прегледи и воедно да ги поттикнеме властите да го стават ракот како приоритет во здравствениот систем, да овозможат достапност до соврмени терапии и да спасиме повеќе човечки животи.

Со почит,
Биба Додева

   

   

   

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ (DOCX)

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ (PDF)