Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден како полноправен член на Европската асоцијација за борба против ракот на дебелото црево „Еуропа Колон со поддршка од  Клиничката Болница „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ од Скопје го одбележува март-светскиот месец за превенција од рак на дебелото црево.  За таа цел во 2014 год. Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден” спроведува продолжение на кампањата  „Не смислувајте изговори” започната во 2013 год. која опфаќа повеќе активности се со цел подигнување на свеста на општата популација за овој тип на карцином.

1

Како дел од оваа кампања, на 4 април 2014 год. (петок) во Плеј Кафе во Скопје City Mall, во 11:00ч. ќе се одржи прес конференција на која  кратко обраќање ќе имаат:

–  Г-ѓа Биба Додева, претседател на Здружението  “Борка – за секој нов ден”

– Претставник од Министерство за здравство

–  Претставник од Институт за јавно здравје

– Проф.др. Васко Василевски, спец.гастроентерохепатолог, Клиничка Болница „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“  Скопје.

– г-дин. Милан Ѓорѓевиќ – претставник од Еуропа Колон,  Србија

По обраќањата, присутните ќе имаат можност да  ја разгледаат МАКЕТАТА на дебело црево  која одново е достапна за посетителите.  Оваа макета ќе биде достапна за сите посетители  на 4 април (петок) и 5 април (сабота) 2014 год. во холот на  Скопје City Mall, веднаш до Плеј Кафе. Целта на оваа макета  е на експлицитен начин  да ја запознае јавноста со  ракот на дебелото црево и кои се начините за негова превенција, рано дијагностицирање, како и современ третман.

Под мотото на кампањата “Не смислувајте изговори“, која се спроведува на европско ниво, Здружението Борка – за секој нов ден”, обезбеди печатен едукативен материјал (брошури, флаери, водич) наменети за општата популација, со корисни информации за превенција, рана дијагностика и современ третман на ракот на дебелото црево. Волонтерите од Здружението, ќе ги дистрибуираат едукативните материјали, запознавајќи ја јавноста со овој тип на карцином.

2