Европскиот месец за подигање на свесноста за колоректалниот канцер е годишна иницијатива, лансирана во Европскиот парламент во Брисел од 2008 година од организацијата Европа- Колон. Се одржува секој март и е координирана од организацијата и нејзините 43 членки.

Колоректалниот карцином е малигнитет на дебелото црево и / или ректумот. Со исклучок на кожните карциноми, карциномот на дебелото црево е третиот најчест дијагностициран рак кај мажите и кај жените во САД.

Colon cancer, computer artwork.

Многу луѓе не се информирани дека колоректалниот канцер (КРК) е третиот најчест тип на рак кај мажите (746,000 случаи – 10% од сите канцери) и вториот најчест кај жените (614,000 случаи – 9,2 % од сите канцери) на глобално ниво. Алармантен е фактот дека глобално секоја минута се дијагностицираат три нови случаи.

Во Европа секоја година на околу 440,000 луѓе им е дијагностициран овој тип на канцер и пола од нив најверојатно би умреле.

И оваа година сме обединети против КРК, рак кој може да се превенира и успешно да се третира дотолку навремено се дијагностицира. Ги повикуваме Владата, политичарите, здравствените професионалци, министерството за здравство, медиумите, јавноста, пациентите и сите останати заедно да се бориме против ракот на дебелото црево.