Раната дијагноза е критична во успешното лекување на колоректалниот карцином. Наједноставните скрининг тестови за колоректалниот рак се дигитален ректален преглед и тест на окултно крварење во фецесот (FOBT). При дигиталниот ректален преглед, лекарот го внесува прстот со ракавица во ректумот и ги чувствува евентуалните неправилности. Во FOBT, примероци од столицата се тестираат за траги од крв. Тестот може да се направи дома и да се испрати во лабораторија за анализа. FOBT може да ја намали стапката на смртност за околу 33%. За жал, во САД, помалку од 35% од населението прави FOBT.

Флексибилна сигмоидоскопија и / или колоноскопија се прави за да се види внатрешноста на дебелото црево. Првата го испитува ректумот и дебелото црево за присуство на рак, а втората ја испитува целосната должина на дебелото црево. Во текот на овие постапки, лекарот внесува флексибилна цевка со мала, фибер-оптичка камера (ендоскоп) низ ректумот во дебелото црево. Лекарот внимателно ја испитува обвивката на цревото за присутни знаци на рак. Исто така, ако е најден полип при преглед, истиот е отстранет, обично со отсекување со остра жица во форма на јамка прикачена на апаратот. Со отстранувањето на сите полипи, се спречува оние кои се немалигни да се развијат во рак. Ткивен примерок (биопсија) на дебелото црево најчесто се зема со помош на ендоскоп за да се испита под микроскоп како доказ за малигнитет. Двата теста може да предизвикаат непријатност и може да се изведат под локална анестезија.

Серија на ниски гастроинтестинални X-зраци може да биде корисна во одредувањето на тоа колку од цревото е вклучено во текот на болеста. Кашест раствор наречен бариум, кој делува како контрастен агенс за да го осветли гастроинтестиналниот тракт на рентген снимки, се аплицира во форма на клизма кај пациентот. Во некои случаи, воздух, исто така, се уфрла во ректумот за да се обезбеди јасна слика на дебелото црево. Ова се нарекува двојно контрастна бариумова клизма. Притисокот во стомакот на пациентот од воздухот и бариумовиот контраст, најверојатно, ќе  предизвика некои непријатности.

Почнувајќи од 2007 година, истражувачите развиваа алтернативни скрининг методи кои предизвикуваат помала или никаква непријатност во споредба со ендоскопот. Техника на X-зраци која користи компјутеризирана томографија со скенирање (КТ скен) и се нарекува виртуелна колоноскопија била во ограничена употреба до 2007 година. Други методи кои се развиваат ќе го користат изметот или примероци на крв за скрининг на рак. Неколку причини се наведуваат за нискиот процент на луѓето на возраст над 50 години кои прават скрининг за колоректален
рак. Една од нив е дека постапката е непријатна и одзема многу време. Уште една дестимулација е
лаксативната подготовка која обично е потребна пред колоноскопијата. Се надеваме дека новите, помалку инвазивни техники на детекција ќе го зголемат процентот на луѓето кои се тестираат.

За повеќето луѓе, колоноскопија или сигмоидоскопија се препорачува на почетокот на возраст од 50 години, а потоа да се повторува на секои 10 години за колоноскопија и секој пет години за сигмоидоскопија. Колоноскопија била за прв пат користена во 1969 година. Одкако колоректален карцином е дијагностициран, дополнително тестирање е потребно за да се утврди колку има ширење на ракот. Оваа постапка е позната како стејџинг (градирање по стадиуми).