Опциите за третман вклучуваат хирургија, хемотерапија и зрачење. Колоректалниот карцином се третира нс два начина, на локално ниво, за да се елиминираат туморските клетки од дебелото црево со хируршка интервенција и радијација, и системски, за да се уништат клетките на ракот кои пристигнале во другите делови на телото. Системската терапија вклучува употреба на лекови за хемотерапија.

Хирургија
Обемот на операцијата зависи од видот на колоректалниот карцином, без разлика дали болеста се шири или не, од возраста и здравјето на пациентот. Хируршка процедура позната како ресекција или сечење на цревото, се врши на ракот на колонот, каде должината на дебелото црево која содржи канцерогени клетки се отстранува, заедно со околните ткива и лимфни јазли. Двата краја на преостанатите две црева се спојуваат повторно заедно.

За ракот на ректумот, повеќе други хируршки методи може да бидат употребени, вклучувајќи ги локалната ексцизија на ракот (каде канцерогените клетки и околните ткива се отсечени од ректумот) и трансаналната ресекција, каде инвазивното канцерогено ткиво се отстранува заедно со нормалното анално ткиво.

Во зависност од степенот на зафатеност и потребниот степен на операција, некои пациенти може да имаат потреба од колостома. Колостомата вклучува хируршки прикачување на дебелото црево на отвор на абдоминалниот ѕид, каде што изметот е елиминиран во спроводна кеса.

Присуството на клетките на ракот во лимфните јазли може да бара многу поширока операција. Ако ракот е раширен на јазлите, на пациентот ќе му треба зрачење, хемотерапија, хормонска терапија или комбинација на сите три по операцијата. Ова се нарекува ”адјувантна терапија.”

Зрачење
Откако ракот ќе се отстрани, лекарот може да препорача терапија со зрачење за да ги уништи евентуално останатите клетки на ракот. Во случаи кога ракот се наоѓа во тешко достапни места, зрачењето може да се користи за да се намали големината на ракот или туморскиот раст.

Зрачењето го запира делењето на клетките на ракот и особено добро делува кај брзо-растечките тумори. За жал, тоа исто така ќе ја спречи делабта на некои видови на здрави клетки. Здравите клетки кои се делат брзо, како оние на кожата и косата, се погодени најмногу. Поради оваа причина, зрачење може да предизвика замор, проблеми со кожата и опаѓање на косата.
Радиотерапија може да биде внатрешна, каде честичките на радиоактивните материи се имплантираат во туморот, или надворешна, каде што енергетските зраци (зрачењето) се насочени кон ракот од надворешноста од телото. Надворешното зрачење, најчестиот вид на третман за колоректален карцином, обично се спроведува пет дена во неделата неколку недели.

Некои студии укажуваат на тоа дека радиотерапијата ја намалува веројатноста за локална повторна појава на колоректален рак на значајната маргина. Некои клиничари сметаат дека терапијата е најефикасна кога се дава пред операцијата отколку после. Нема дефинитивни клинички испитувања кои го покажуваат најефикасниот тајминг се до крајот на 2001 година.

Хемотерапија
Операцијата на колоректалниот карцином може да биде проследена со хемотерапија дури и во најраните фази. Хемотерапијата се администрира или усно или со инјекција во крвен сад. Таа обично се дава во циклуси, по што следи период на обновување, следен со уште еден циклус на лекови. Третманот може да се движи помеѓу четири и девет месеци. Есента 2001 година, Американската Агенција за храна и лекови (FDA) одобри испитувања за нова вакцина за помош во лекувањето на колоректалниот карцином. Истражувачите планираат да ја даваат вакцината задно со хемотерапијата за да се спречи повторување на болеста. Во 2003 година, FDA одобри нов лек за хемотерапија наречем BEVACIZUMAB во борбата против ширењето на метастатскиот колоректален
рак.

Некои типови на хемотерапија даваат значителни несакани ефекти, вклучувајќи ги гадењето и повраќањето, привремено губење на косата, рани во устата, кожен осип, замор, ослабен имунолошки систем и неплодност. Сепак, повеќето несакани ефекти се привремени и исчезнуваат кога лекувањето е завршено.

Очекувани резултати
Стапката на смртност кај оваа болест опаѓа во текот на последните неколку децении на 20 век и од 1985 година, годишните смртни случаи како последица на колоректалниот карцином се намалија со просечна стапка од 1,6 % на годишно ниво.

Раното откривање е клучно за подобрено преживување; пациентите со колоректален рак откриени рано (стадиум I) се со 96% стапка на преживување. За споредба, кај пациенти кои се дијагностицирани со стадиум IV на колоректалниот карцином имаат 5% стапка на преживување.