СВЕТСКИ ДЕН БЕЗ ЦИГАРА

Со делење на флаери кои предупредуваат за штетноста на пасивното пушење и второстепениот чад врз здравјето на најмладата популација, Борка го одбележа Светскиот ден без цигара. Активистите на невладината организација Борка таргетираа родители на Плоштадот Македонија во Скопје и ги потсетија дека секоја нивна запалена цигара влијае врз здравјето на децата.

Во оваа прилика претседателката на Борка, Биба Додева, изјави: “Многу често додека ги слушаме оние фрази за штетноста на пушењето за нас и оние околу нас забораваме дека и најмладите се дел од нашата околина. Сите оние статистики за зголемената шанса детето да биде пушач доколку родителите пушат и за зголемените ризици за белодробни, срцеви, како и останати заболувања, не се создадени само колку да заплашат. Напротив, тие се реални – и мораме повеќе да мислиме на нив секогаш кога ќе запалиме цигара. Оваа мисла несомнено би ни помогнала во напорната борбата против пушењето.”

Денот без цигара се одбележува низ целиот свет, при што се охрабруваат сите пушачи на 24-часовна апстиненција. Неговата примарна цел е да потсети за штетноста на цигарите врз целокупната здравствена слика и да го потенцира како една од најголемите здравствени закани со кои некогаш се соочил светот. Денот без цигара датира од 1987 година, а е идеја на Светската здравствена организација.

[Not a valid template]