Луѓето низ светот поставуваат прашања и бараат одговори кои ќе помогнат во борбата против ракот на бубрезите

Скопје – 22 Јуни 2017 Ракот на бубрегот е сериозна болест која афектира стотици илјади луѓе на светско ниво. Но сепак, малкумина во Македонија имаат познавање за ракот на бубрег – што го предизвикува, како може да се превенира или зошто има поголем број на дијагностицирани луѓе од овој тип на рак.

Се предвидува дека глобалната инциденца на рак на бубрег ќе се зголеми за 22% до 2020 година. Причини за ова се страеењето на популацијата, ризик факторите како високот крвен притисок, зголемена телесна тежина и високите стапки на пушачки статус во државата. Ако рано се дијагностицира овој тип на рак може да се лекува, но во напреден стадиум најчесто завршува летално при потрагата кон одговори. 

Во Македонија ракот на бубрегот се наоѓа на единаесетто место по честота од сите видови на рак, со 91 новооткриени случаи на 100.000 население и стапка на смртност 41 на 100.000 во 2016 година. Ракот на бубрезите најчесто се јавува кај мажи над 40 години, кои имаат два пати поголеми шанси од жените да добијат на рак на бубрегот. 

Ова се причините зошто Здружението Борка – за секој нов ден како дел од Интернационалната Коалиција за борба против на рак на бубрезите оваа година со здружени сили го обележуваат првиот Светски ден за борба против ракот на бубрезите. Денес, 22 Јуни пациентите, здравствените работници и пациентските организации заедно извикуваме за подигање на свеста кај населнието за оваа болест. 

“Се бориме за подобрување на квалитетот на живот кај пациентите, почнувајќи со зголемување на свеста и едукација – знаете ги симптомите, третманонските опции и лекувањето, но и дека не сте сами. Здружението Борка е тука за поддршка во Вашата борба,”оваа е пораката на Биба Додева, Претседател на Здружението. 

“Здравствените работници и Министерството се сложуваат дека само преку соработка и партнерство со пациентските организации, со тимска работа, заедно сме посилни и може да направиме повеќе за пациентите.”

Интерактивен квиз за ракот на бубрези – Едуцирајте се!

Здружението Борка заедно со Интернационалната коалиција за рак на бубрезите состави квиз со прашања и одговори кој е поставен на worldkidneycancerday.org и на интерактивен начин ќе помогне во запознавање на болеста, но исто така ќе овозможи и собирање на средства кои ќе помогнат за истражувачки студии и проекти од кои пациентите со овој тип на рак ќе имаат бенефит.  Со секое решавање на овој он-лајн квиз, ќе бидат донирани 5 долари од страна на Интернационалната коалиција за пациентите со рак на бубрег.