Вчера во просториите на нашето Здружение „Борка – за секој нов ден“ беше одржан првиот состанок на пациентите кои се заболени од рак на грло односно ларингектомија. На овој состанок кој го водеше претседателката на „Борка“ Биба Додева, присутен беше и Д-р Игор Ценевски кој работи во Јавната здравствена установа – Завод за рехабилитација на слух говор и глас.

Пациентите кои беа присутни, а броеа околу петнаесет, дискутираа за проблемите со кои се соочуваат, препреките на кои наидуваат како во здравствениот систем така и во општеството, а разговараа и за потенцијалните решенија кои ние како Здружение би можеле да ги понудиме. Еден од најголемите проблеми според заболените од рак на грлото е што нема доволно едукација и информации до новозаболените оперирани пациенти. Следниот состанок ќе се одржи за еден месец, а сите кои се заинтересирани да присуствуваат можат да ни пишат на нашиот мејл info@borka.org.mk или пак на нашата фејсбук страна.

Во продолжение преку нашиот фотоапарат, погледнете каква беше атмосферата вчера во „Борка“.