Започна втората фаза на оваа акција, во која за прв пат во улога на поддржувачи се јавуваат жени победници кои директно испраќаат охрабрувачки и мотивирачки пораки не само до пациентите, туку и до одговорните институции

Акцијата “Во прегратка на пријатели”, чија цел е да им даде поддршка на сите жени во нивната истрајност против ракот на дојка, ги даде првите конкретни и мотивирачки резултати. Поддршката која беше пружена во првата фаза резултираше со охрабрување на жените кои успеале да го победат ракот на дојка лично да се вклучат, да ги споделат своите искуства, да дадат поддршка и прегратка и да помогнат на сите други жени да излезат како победници.

Започна втората фаза на оваа акција, во која за прв пат во улога на поддржувачи се јавуваат жени победници кои директно испраќаат охрабрувачки и мотивирачки пораки не само до пациентите, туку и до одговорните институции:

“Сфатив дека во животот човек мора да биде борец. Да не и се препушти на судбината, туку да се фати во костец со лошото и да верува во себе. Многу е важно пациентите да не се третираат како бројки, туку како лица на кои им е потребна помош и поддршка” – порачува Вера Златева, победник над ракот на дојка и претседател на Организацијата на жени на Општина Свети Николе.

Македонка Шурдовска од Скопје, исто така охрабрува со директна порака до секоја жена дијагностицираина со ракот на дојка: “Нашата енергија, желба и љубов претставуваат најсилно оружје против непријателот кој го знаеме, не го криеме и треба само на време да го пресретнеме и препознаеме”.

Покрај раната дијагноза, Борка во рамките на оваа акција се залага сите жени кај кои е дијагностицирана оваа болест да започнат на време со адекватен третман. Потребен е особено внимателен пристап кон пациентите бидејќи постојат различни видови на ова заболување, а при тоа и различни третмани за секој од нив.

Само со адекватна терапија, дадена на време, може да се извојува победа над ракот.

“Во прегратка на пријатели” вклучува и јавни личности кои со својата хуманост и општествена одговорност даваат директна поддршка и помош на дијагностицираните со ова заболување. Во исто време, тие се и гласот на пациентите, кои бараат вистински и навремен третман на сите жени на кои тоа им е потребно за да го победат ракот на дојка.

По Весна Петрушевска и Васил Зафирчев, кои беа првите поддржувачи на акцијата, во оваа фаза се приклучуваат и Ирена Спировска, Петар Младеновски и Амернис Нокшиќи. Тие учествуваат со сопствена приказна и сопствен придонес кон емоционалната поддршка.

vo_pregretka_na_prijateli_-_amernis_i_snezana_poster_b2_ver2.jpg

vo_pregretka_na_prijateli_-_irena_i_makedonka_poster_b2_ver2.jpgvo_pregretka_na_prijateli_-_pece_i_vera_poster_b2_ver1.jpg