Почитувани,

Оваа акција се организира со цел болните во неколку болници низ Македонија да може да добијат можност за позајмување книга од библиотека на одделот каде што лежат.

Употребата на книги за терапевтски цели е познато како библиотерапија. Книгите се користат на овој начин веќе многу години, но сега се препорачуваат како средство за обезбедување психолошка поддршка и терапија за луѓето кои се соочуваат со емоционални и психолошки проблеми кои произлегуваат од соочувањето со болеста и третманот .

Ефективноста на библиотерапија е добро воспоставена во клиничките третмани. Таа се препорачува од страна на Националниот институт за клиничка пракса (NICE) од Велика Британија како корисна во лекувањето.
Библиотерапијата е експресивна терапија која вклучува читање на одредени текстови со цел за побрзо оздравување. Таа го користи индивидуалниот однос на поединецот кон содржината на книгата и поезијата како терапија. Библиотерапија честопати е во комбинација со пишувачка терапија. Таа се покажа како ефикасна во третманот и на депресијата настаната поради болеста[1]. Овие резултати се покажаа како долготрајни. [2]

Идеално, процесот се случува во три фази: 1: персонална идентификација на читателот со еден одреден лик,2: што резултира во психолошка катарза, 3: која води до рационален увид во значењето на решението предложено во текстот. Се препорачува помош од обучен психотерапевт или социјален работник.

Читање е една од оние работи кои можат да помогнат да се нормализира престојот и искуството , кое што може да биде се друго освен нормално. Непознато место, звуци и мириси, многу различни луѓе и нови рутини, за да се навикнеш треба да помине многу време кое е стресно за пациентите.

Познато е дека читањето го намалува стресот и има смирувачки ефект.

Поради сето ова решивме да овозможиме употреба на книги избрани врз основата на содржината, во една планирана програма за читање која е дизајнирана да го олесни закрепнување на пациентите кои страдаат од онколошки заболувања и емоционалните нарушувања предизвикани поради тоа (соочување со природата на болеста и должината на третманот).

Приказната во книгата не мора да го подигне срцето, со цел да го подигне расположението. Како што еден автор посочува “Многу луѓе, меѓу кои и јас, се чувствуваат подобро по само еден поглед на книгата”.

Соочувајќи се со ситуациите и страдањата на ликовите во книгата, можеме да се отвориме за проблемите кои сме ги игнорирале. И секогаш има една книга да ве потсети дека другите биле таму пред вас, дека поминале низ тоа и тоа искуство да ве направи посмирени и помудри за како да ја прифатите ситуацијата.

Идејата е на младиот доктор Божидар Кочоски, беше препознаена од професор Тихомир Јанчовски и Саша Шотаровски – Шоте, сопственикот на Дебармаалското култно кафуле „Децата од нашата улица„ каде што се одржуваат голем број на едукативни настани и промоции на книги, кои веднаш се нафатија за работа целата оваа идеја да биде реализирана.

Сигурно дома имате по неколку книги кои се вредни и убави а се чудите што да им правите. Одберете некоја таква книга и подарете ја во сабота.

Ве очекуваме.

26.12.2015, сабота

Место: Децата од нашата улица„

од 11:00 – 15:00 часот

Подарете книга, подарете љубов!