Како дел од активностите за борбата против ракот на белите дробови, Борка, една година од започнувањето на борбата со оваа болест, објавува 5 радио пораки до населението со цел подигање на нивната свест за потребата од вршење навремени прегледи заради рано откривање на болеста.
Кампањата посебно се однесува на активните и пасивните пушачи како најризична група, бидејќи пушењето е најчестиот причинител на ракот на белите дробови.

Ракот на бели дробови е болест со најголема смртност од сите малигни  заболувања. Статистиката покажува дека раното откривање на болеста и навремениот третман го продолжуваат животот, за повеќе од пет години од дијагнозата, кај 70 % од заболените. Но, разочарува сознанието дека навистина е премал бројот на пациенти кои навреме, во рана фаза, го откриваат карциномот. Според статистиките на светско ниво само 1 од 20 пациенти заболени од белодробен карцином на време го открива заболувањето и живее 5 години после дијагнозата, а благодарение на успешниот третман.

Современите достигнувања во онкологијата можат да му овозможат на пациентот продолжување и зголемување на квалитетот на животот, но за да се постигне успех во лекувањето потребно е, од една страна, населението да биде свесно и навремено да се прегледува, а од друга страна, терапиите да бидат достапни за секој пациент.

Во Македонија годишно се дијагностицираат околу 900 нови заболени од карцином на белите дробови. Најголемата причина за тоа е пушењето на кое му се припишуваат 9 од 10 случаи на болеста. Бројот на дневно испушените цигари и пушачкиот стаж го зголемуваат ризикот за појавата на оваа болест и затоа одвикнувањето од цигарите се смета за најдобрата превенција.

Прегледај ги твоите бели дробови на време!
Ако си пушач (макар и пасивен) твоите бели дробови се изложени на ризик од заболување од рак. Пушењето е најчестиот причинител на ракот на белите дробови.
Ракот на белите дробови е се почеста болест, чија смртност е на највисоко ниво.
Ракот на белите дробови е потенцијално излечива болест.
Лекувањето е успешно единствено доколку болеста се открие во рана фаза.
Затоа, прегледај ги твоите бели дробови на време!

Пораките ќе се емитуваат на националните радио станици – Антена 5, Канал 77, Радио Вати.

22 илјади пати

Цијанид

Не сум пушел

Никола

Воз