Здружението Борка за секој нов ден  продолжува со своите едукации низ средните училишта за превенција од ракот на дојка низ целата држава. Овој пат нашата координаторка од Струмица Филчева Кети имаше предaвaња зa сaмoпреглед нa дoјкa вo среднoто училиште Димитaр Влaхoв како и од средното училиште Јане Сандански во Струмица. Во продолжение ќе се обидеме да ви доловиме дел од атмосферата на овие едукации.

Нашите волонтери и понатаму работат во нашиот центар во интерес на пациентите каде постојано се дава поддршка, како преку СОС линијата која е достапна 24 часа, така и преку давање на бесплатни перики на пациентите заболени од рак.

Исто така преку нашата веб страна на социјалните мрежи секојдневно се објавуваат едукативни материјали со цел подигнување на свеста за борба против ракот на дојка.