Во саботата (19.04) со поставување информативен штанд на улица Македонија, Борка продолжи со кампањата за борба против ракот на крвта – лимфом, која интензивно ќе ја спроведува во повеќе населени места. Оваа година активностите, кои имаат главно едукативен карактер, ќе продолжат да ја остваруваат целта што поголем број на граѓани непосредно ги добијат неопходните информации за оваа болест, нејзините симптоми, дијагноза и третман.