Почитувани,

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на Првата едукативна трибина за мултипен миелом која ќе се одржи на 18 мај (среда) 2016 година, со почеток во 18 часот, Хотел Холидеј Ин, Конференциска сала: Дневна.

На трибината свое обраќање ќе имаат :
– Г-ѓа Биба Додева, Здружение „БОРКА-за секој нов ден“
– Г-ѓа Весна Стојмирова Алексовска, Алијанса на пациентски организации(АПО)
– Проф.др.Лидија Чевревска, директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија, Скопје
– Доц.др. Само Звер, Клиника за хематологија, Универзитетски клинички центар Љубљана, Словенија
– Г-ѓа Гордана Панчиќ Ленарчиќ, CELGENE INTERNATIONAL, подружница во Словенија, Љубљана

Ве молиме да ни потврдите присуство најдоцна до 16.05.2016 година на info@borka.org.mk или на 02/3224 636