Јануари е месец за подигнување на свеста за сериозното заболување рак на грлото на матката. Здружението за борба против рак „Борка за секој нов ден “ како и секоја година ќе се приклучи кон одбележување на Европската недела за борба против цервикалниот рак.

Големиот број на жени заболени од овој рак, е уште една причина плус да му обрнеме внимание на овој глобален здравствен проблем, кој што станува кошмар за околу половина милион нови жени секоја година.

Секоја година во светот 500.000 жени се дијагностицирани со карцином на матката, кој е еден од најчестите видови карциноми и ги зафаќа женските полови органи. По карциномот на дојката, овој тип канцер е втората најчеста причина за смртност кај жените. Во последните години бројот на жени со оваа дијагноза значително се зголемува.

Овој вид карцином го зафаќа долниот дел од матката, односно цервиксот, кој ги спојува вагината со матката. Канцерот настанува кога на површинскиот слој од грлото на матката. Станува збор за прекарциномни структури кои доколку не се дијагностицираат во почетниот стадиум, преминуваат во карцином на матката. Основен одговорен фактор за оваа промена е ХПВ, познат како хуман папилома вирус. ХПВ е вирус кој се пренесува по сексуален пат и ги предизвикува гениталните брадавици.
Гинеколозите советуваат секоја жена барем еднаш годишно да направи ПАП тест бидејќи само преку овие тестови може да се откријат какви било промени на грлото на матката. ПАП тестот, познат како Папаниколау тест, овозможува рано дијагностицирање на абнормалните клетки во грлото на матката, пред тие да започнат да се менуваат во преканцерозни структури или да прераснат во карцином на грлото на матката. Во развиените земји, каде што жените редовно прават ПАП тест, значително е намалена стапката на болни од карцином на грлото на матката.

ХПВ вакцинирање
Од суштинско значење за спречување на овој вид карцином е ХПВ вакцината, која се прима во периодот пред започнување со сексуални односи. Целта е пациентките да се заштитат од пред цервикалдиплаза, неоплазија, карцином на матката, генитални брадавици  и прекарциномогенитални лезии. Дури иако е примена вакцината за ХПВ, треба да се продоложи со испитување на грлото на матката, односно ПАП тест. За да се спречи пренесување на вирусот за време на сексуален чин, како метод за заштита се препорачува употреба на кондом.
Се смета дека ХПВ инфекциите имаат големо влијание во развојот на карцином на грлото на матката. 99,7 проценти од цервикалните карциноми содржат ХПВ ДНК. Постојат 200 видови од овој вирус којшто е откриен на кожата и мукозните мембрани, а 40 % од нив се наоѓаат во епителот на анусот и гениталиите. Најчестиот начин на пренос на инфекцијата е преку сексуален однос.