Европскиот месец за подигање на свесноста за колоректалниот канцер е годишна иницијатива, лансирана во Европскиот парламент во Брисел од 2008 година од организацијата Европа- Колон. Се одржува секој март и е координирана од организацијата и нејзините 43 членки.

Многу луѓе не се информирани дека колоректалниот канцер (КРК) е третиот најчест тип на рак кај мажите (746,000 случаи – 10% од сите канцери) и вториот најчест кај жените (614,000 случаи – 9,2 % од сите канцери) на глобално ниво. Алармантен е фактот дека глобално секоја минута се дијагностицираат 3 нови случаи!

Во Европа секоја година на околу 440,000 луѓе им е дијагностициран овој тип на канцер и пола од нив најверојатно би умреле!

Во 2017 година сме обединети против КРК, рак кој може да се превенира и успешно да се третира дотолку навремено се дијагностицира. Ги повикуваме Владата, Политичарите, Здравствените професионалци, Министерството за здравство, Медиумите, Јавноста, Пациентите и сите останати заедно да се бориме против ракот на дебелото црево.

Европа Колон и Борка се посветени на превенирање на луѓето заболени од колоректален канцер. Соработка и застапување на пациентите се основа на нашата работа