Здружението за борба против рак „БОРКА-за секој нов ден„ од Скопје кон крајот на Мај 2016 година ја организира Кампањата за подигање на свеста кај населението за тироидна жлезда „Виолетов Караван 2016„ . Централната активност на Кампањата ќе биде одбележување на Интернационалната недела за подигање на свеста за тироидната жлезда во период од 23 до 29 мај 2016 годинаво Скопје и градовите низ Македонија. Неделата ќе се одбележи на тој начин што во 7 седум града низ Македонија ќе бидат поставени мобилни ординации за преглед на лица именувана како „Виолетов караван 2016„. Прегледите ќе ги извршуваат искусни доктори специјалисти од Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина и ЈЗУ Клиниката за ендокринологија во Скопје. Мобилните ординации за преглед ќе бидат поставени во градовите по 8 часа дневно(2 доктори по една четиричасовна смена) и ќе можат да бидат прегледани по 100 лица дневно со симптоми на заболувања на тироидната жлезда и лица кои немаат симптоми.