На Европската “црна листа” по смртност од рак на дојка, Македонија е на прво место , во земјава умираат најголем бројот од пациентите кои заболеле од оваа болест. Оваа информација е застрашувачка ако се земе во предвид дека во повеќето европски земји, оваа болест успешно се лекува.

Ова се дел од најфрапантните заклучоци од 10. Национална конференција посветена на ракот на дојка, во организација на Здружението за борба против рак “Борка- за секој нов ден”, а ги изнесоа еминетни професори и лекари од Европа, повикувајќи се на истражувњата и податоците на Светската здравствена организација.Дел од лекарите кои имаа свое излагање на конференцијата, заклучија дека во Македонија нема основни санитетски услови за работа со пациенти кои се заболени од рак. 

Професорот од Клиниката Тенон во Парис Франција, кој работи како дел од Сорбона Универзитетот ( Пр Јосепх Глигоров- АПХП-Тенон, ИУЦ-УПМЦ, Сорбонне УниверситéПарис, Франце)

За да се постигне напредок во лекување на оваа болест во земјва, која за жал е прва по смртност во Европа треба да се запазат еден од овие параметри : 
• едукација на луѓето и на лекарите,
• посветени средства  на сите видови на нега
• пристап до иновации и истражување

Клучни стратегии
• Едукација
  • Општа популација
  • Пациенти
  • Здравствените работници
• Фер информации за пациентите
  • Иинтернационални препораки
  • Национални или регионални препораки
• Пристап до базични и иновативни терапии
невладини организации: Борка +++ 
Национална политика  +++++ 

Глигоров смета дека иднината е секогаш во рацете на тој што верува во неа, а морална должност на онколозите е да бидет оптимисти и да се борат за правата на пациентите. Но исто така  легална должност на политичарите е да ги бранат граѓаните !

Заклучоци :
• Ракот на дојката е најчест рак ппи жените во Цветот, Европа и Македонија 
• Постојат значајни разлики помеѓу земјите на инциденцата и морталитетот 
• Трендот во повеќето земји е намалување на смртноста во последниве 20 години, иако има зголемување на инциденцата, само во Македонија има зголемување. 
• Ракот на белите дробови стана нај смртоносен рак кај жените во повеќе земји, вклучувајќи ја и Македонија за следните години 
• И покрај високата фреквенција, ракот на дојката станува болест која може да се излечи и повеќето  жени да живеат долго време во оптимални услови .