Трибина за превенција од рак на грлото на матката која ќе се одржи на утре во 11 часот во Порта Македонија.
Почитувани,
Здружението за борба против рак “БОРКА за секој нов ден” во соработка со Македонското Здружение за Цервикална Патологија, Колпоскопија и ХПВ и оваа година ја одбележуваат Европската недела за превенција од ракот на грлото на матката.
На наша чест и задоволство Ве покануваме да бидете дел од оваа Едукативна трибина. Вашето присуство пријавете го на info@borka.org.mk или на телефоните:076 496 451 или 077 558 162 бидејќи бројот на присутни е лимитиран.
На овој настан учество ќе земат и Г-ѓа Биба Додева, Претседател на Здружението за борба против рак “Борка – за секој нов ден”, Доц. Д-р Венко Филипче, Министер за здравство на Република Северна Македонија, Доц. Д-р. Горан Димитров, Претседател на Македонското Здружение за Цервикална Патологија, Колпоскопија и ХПВ, Проф. Д-р Александра Грозданова, од Фармацевтски Факултет при Универзитетот Кирил и Методиј – Претседател на Комитетот за имунизација, Министерство за здравство како и Д-р специјалист Јованка Брајовиќ Григоријевиќ, претставник на UNFPA.
Ве очекуваме.
Со почит, тимот на БОРКА.