По повод светскиот ден на ракот кој е на 4 февруари решивме да ви извдвоиме неколку интересни работи поврзани со овој ден, што претставува и кои се целите. Светскиот ден на ракот е идеална можност да се рашири зборот и да се подигне свеста во умовите на луѓето за оваа опака болест.

Светскиот ден на ракот се одржува секоја година на 4 февруари и е единствена иницијатива според која целиот свет може да се обедини заедно во борбата против глобалната епидемија на рак.

Светскиот ден на ракот е иницијатива на Унијата за меѓународна контрола на ракот (UICC), која има за цел да се помогне да се спасат милиони и да се спречат смртни случаи секоја година со зголемување на свеста и едукација за ракот и придобивање на влади и поединци од целиот свет да преземат акција против болеста.

Најблаго кажано, глобалната епидемија на рак е огромна и има голем потенцијал да се зголемува. Секоја година, околу 8 милиони луѓе умираат од рак и овие смртни случаи можат да се избегнат со зголемена владина поддршка и финансирање за превенција, откривање и третман програми. Освен ако итно не се преземат мерки за подигање на свеста за ракот и развивање на практични стратегии за решавање на болеста, милиони луѓе ќе продолжат да умираат. Значајно е тоа што бројот на случаи со рак и смртните случаи од него е проценето двојно да се зголеми во текот на следните 20-40 години. Со најголем пораст се земјите со низок и среден приход, оние што се најмалку опремени да се справат со социјалните и економските последици од болеста. Во тесна соработка со Алијансата за незаразни заболувања, Унијата за меѓународна контрола на ракот одигра клучна улога во обезбедувањето на целта на Светската здравствена организација (СЗО), а тоа е 25% намалување на прерани смртни случаи од незаразните болести. Унијата за меѓународна контрола на ракот сака сите нејзини членови и партнери да ја поддржат во користењето на овој ден за да се охрабрат сите (поединци, заедници, граѓански општества и влади) да ја завршат својата улога во помагањето за намалување на глобалниот товар од ракот. Крајната цел е да се помогне во намалување на прераните смртни случаи од рак и други незаразни заболувања за 25% до 2025 година.