Намалете го ризикот од рак со подобрување на исхраната
Новите истражувања покажуваат дека една третина од смртните случаеви од карцином се поврзани со начинот на исхрана и физичка активност.

Вие ја имате моќта да ги смените вашите навики во исхрана
Започнете со намалување на внесот на масти, особено масти од животинско потекло. Збогатете ја вашата исхрана со овошје, зеленчук, ореви, грав и цели зрна.

Имајте трпение
Никој не може да го промени начинот на исхрана многу брзо. Со додавање на неколку порции на овошје и зеленчук, може да го намалите ризикот од рак. Вклучете лиснат зеленчук (спанаќ, марула) во вашите салати. Јадете праски или други светло обоени овошја за ужина.

Ограничете го конзумирањето на алкохол
Конзумирањето на алкохол е поврзано со зголемен ризик од појава на карцином на усна шуплина, на хранопровод, на фаринкс, ларинкс, црн дроб како и рак на дојка. Доколку пиете, мажите треба да се обидат да пијат не повеќе од два пијалока дневно, додека жените би требало да пијат до еден пијалок дневно.

Јадете помалку црвено месо и преработено месо
Прекумерното јадење на црвено месо го зголемува ризикот од рак. Избегнувајте преработено месо како сланина, шунка, чадена плешка, колбаси, салами, виршли и сл. Изберете риба наместо наместо говедско, свинко или јагнешко месо. Доколку сепак се одлучите за месо, одберете посно месо и јадете помали порции. Подготвувајте го месото со печење на пониски температури, избегнувајте печење на прекумерно високи тепмератури како и пржење во масти.